1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.308
    Пол:
    Женски
    Hемој така,не е можно да не те сакаат родителите.Oти мислиш така :?:
     
  2. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Затоа што МОЈОТ ТАТКО не беше тука за мојата матура апосле се лутеше зошто сум и воопшто славела ако тоа може да се каже славење фамилија да ме испрати на матурската вечер. Затоа што кога неможев да се запишам на факс ( не да неможев се мислев каде) ТОЈ ми кажа дека и ова образование што го имам ми БИЛО ПОВЕЌЕ ОД ДОВОЛНО. Затоа што се скарав со него и не зборуваме веќе 3 месеци. Затоа што воопшто не ми честита роденден ни нова година. Затоа што кога бев во ск во болница не ни праша за мене.
    А И НЕ МИ ГО ТРЕБА НЕГОВОТО САКАЊЕ ВООПШТО :)
     
  3. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Знаев дека ќе се врати, едноставно знаев. Знаев дека нема да издржи повеќе од еден ден. Како би згазнала таа љубов што ја имаше? Само уште не ми е јасно, зошто? Како и да е среќна сум што повторно е се во ред и ќе се потрудам да биде се како порано. :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Barbie20, Gordana10 и Gea им се допаѓа ова.
  4. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Иако моментално животот ми е вистинска бура, хаос, просто не е ни чудно, јануари никогаш не се покажал во добро светло, барем не кај мене, морам да се пофалам дека со факултетов ми оди зачудувачки добро. Толку добро што полека му се гледа крајот, се надевам дека оваа година ќе успеам да дипломирам и да си го шкртнам од листата на животни цели како исполнето.
    Кога ќе ги положиш сите испити имаш една работа помалку која што не те загрижува пред да си легнеш.
    Е за тоа дојдов да си кажам, верувам дека сите во одреден момент од животот сме го имале она чувство кога преку ден вегетираш, се трудиш да постоиш меѓу останатиот свет се додека не дојде ноќта и ќе се стуткаш под ќебе и милион грижи ти доаѓаат, незнаеш на која попрво да мислиш, не те фаќа сон и стануваш депресивно ненаспиен. Во текот на ноќта се будам, ладно ми е, ми се врти сешто низ глава, се губам малку помеѓу реалноста и сонот и кога ќе станам се чувствувзм уморна повеќе од било кога. Зошто ли мора да има нешто што ќе те мачи пред спиење и ќе те потсетува на тоа колку животот незнае да иде фер?
    А можеби е подобро да престанам тука, неможам повеќе да си ја отворам душата зошто ќе ме фатат анксиозниве моменти и тек тогаш ќе имам мака до рано утринава.
    Ви посакувам пријатна ноќ девојки, на сите вас кои што ќе си легнете среќни и без грижа. Се надевам дека за скоро време и јас ќе бидам едната од вас.
     
    На 1209, SparkyAngel, Desert.Rose и 8 други им се допаѓа ова.
  5. alone-in-the-dark

    alone-in-the-dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    39
    Единствено живот проживеан за другите е живот вреден за живеење.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Некна снег,вчера дожд,денес сонце ко пролет.Значи не мозочни,не срцеви удари,туку страни делови ќе почнат да ни растат од телото.Се е зае**но на планетава.. :D

    Туку,друго сакав да кажам..Не можам да ги разберам оние луѓе што немаат цел во животот,туку чисто онака талкаат низ времето,го арчат беспотребно и со никаква корист ни за нив ни за другите.Добро бре,зар немаат некои идеали или соништа,некоја амбиција за просперитет? Единствена работа им е да лежат,јадат,спијат и да се жалат на општеството и неговите функционални единки..Па придонеси нешто мајка му стара,ако секој одозгора гледа без да мрдне со прст,за кај сме тогаш :x
    Мака ми е само што тие луѓе ќе си живеат подолго и порелаксирано,а ние останатите ќе живееме под константен стрес да се избориме за солиден опстанок...
     
    На SparkyAngel, Elennaa, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Журка на 4 кат, врева, музика, соседот ја слави убавината на животот, млади ликови, генерација на брат ми, трансформирани во згодни мажишта, убави девојки, дотерани, секоја во исчекување дека нешто магично вечерва ќе се случи. Гласна музика, претежно севдалинки, не ме оптеретува, напротив ме радува и ме враќа години наназад кога јас бев тинејџерка, а журките беа во мода и се правеа исклучително во петок или сабота. Аааа, споменииии:
    Другарките у некој филм и јас не изостанувам, а аутфитот катастрофа, ма уствари не катастрофа туку елементарна непогода. И ден денес не ми е јасно што мода ќе беше, па се облачавме како теткици, жими се, сега помладалачки се носам, отколку тогаш.Фризури - пусти ме да вриснем, како со петарда чешлани, што е тоа четка и фен :^) , а преса за коса? :?: Битно, ние се замислувавме ептен шмизли, што купуваат цигари на делење :lol:
    И музиката имаше некој редослед, прво иде нешто странско комерцијализирано, нели да се погодат сите вкусови и после се прави микс од рап и главен хит „Ајс, ајс бејби“ на кој сите играат ко да растрзаат мекици или се фатиле у кичма, па ги штреца, онда иде пресек со некој сентиш-стискавец (обавезно од бившите Ју-простори), за да на крај - цигани јурриииииииишшш, па то „Сви су ту као некада“, „Кад би био рањен, крви би ти дала“, „Дотак’о сам дно живота“ и гледаш некој ја стиснал девојката у ќош и ја залапал како машина за перење на центрифуга, а оваа прента не може воздух да земе, некој пати по неостварена љубов, некој нема сила на нозе да стои ама ќе се тепа, за причина која ни он не ја знае, ама ќе му текне...и тако то. И тогаш гледаш на часовникот полноќ се ближи, а знаеш дека ако задоцниш дома кочијата нема да се претвори у тиква, ами ќе ти пукне тиквата и автоматски добиваш ембарго за излегување цел нареден викенд, а ако се буниш и цел месец и како посерен си одиш у кревет, без да извадиш шминка и сабајле се будиш како кунг-фу панда.
    Ејјј, комшо ми ја погоди песната! Ајмо, на мој рачун, што пие кафана? :beer: :d: :ninja:
     
    На 1209, GarpovaV, Buttterfly и 26 други им се допаѓа ова.
  9. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    Сакам да кажам дека форумов ми стана навика :D , нешто како фејсбук, само што сега многу повеќе време поминувам на фемина отколку на фејсбук...
    На почетокот кога се зачленив читав само така некои мислења поврзани за факултет, потоа едно време си ја заборавив лозинката... ама затоа сега (последниве месец-два) надокнадувам за тоа време :$
    Некои од темиве редовно си ги читам и можам да кажам дека има толкуу различни мислења, од кои некои знаат да ме насмеат, некои да ми помогнат, а и во многу можам да се пронајдам... Не велам дека не е убаво да имаш некој со кој во живо ќе зборуваш за проблеми и за се, ама овде гледам многу реални и искрени мислења и совети кои ниту некој најблизок гледајќи не во очи не би ги кажал...
    Епа девојки тоа би било тоа, јас само сакав да ве пофалам :clap: Добра ноќ :*
     
    На poenta и Elena69221 им се допаѓа ова.
  10. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Ја знам дека родителите си ги сакаат своите деца, па и некогаш мора со викање да се потрудат да објаснат. Ама кај ме најдоа мене баш ама баш секој ден да ми се дерат?!? Ни крива ни должна ја го јадам Ста**т . |(
    Али гледам да си уживам со "Мажето" :D Вчера си поминавме прекрасно.... Баш и затоа го обожавам снегов, Абе романтики живи :P Се изнајадовме снегулки :rofl: :inlove:
     
  11. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Од утре, од утре, од утре, од утре, од утре...
    Збор кој по цели денови ми одекнува во глава.
    Од утре ќе почнам да вежбам, од утре не се нервирам и не се замарам со никој и ништо, од утре ќе се смеам повеќе и ќе гледам да го извлечам позитивното од секоја работа...
    И уште безброј други работи кои ќе почнам да ги правам "од утре".
    А тоа утре никако да дојде.
    И секое "утре" е исто. Монотоно, депресивно, глупаво. Легачење по цел ден.
    Истите луѓе, истите работи, истата јас.
    И веќе ништо нема смисла.
    Деновите ти се програмирани. Веќе однапред знаеш како ќе ти помине денот.
    Нема нешто ново, нешто што би те изненадило или усреќило.

    Џабе е некогаш да се трудиме да промениме нешто и да се промениме.
    За промена потребна е силна волја и упорност, и секојдневно стремење кон постигнување на одредена цел, кои кај мене, за жал, траат многу кратко, а подоцна сосема избледуваат и пак се враќам на старо.
    Знам дека прво треба да почнам со промени со самата себе, па после тоа ќе се променат уште многу други работи.
    Не знам. Мене, едноставно, ми е тешко да се променам.
    Колку и да глумам и да се преправам дека не сум истата, сепак длабоко во себе јас сум таа што одсекогаш сум била.

    Расположението, од ден на ден се` повеќе и повеќе ми тоне. Не паметам од кога искрено не сум се насмеала. Онака, од дното на душата. Солзи да ми течат од смеење.
    Душава ми е празна. Главата блокирана со триста мисли, филмови кои немаат врска со реалноста и уште повеќе ме уништуваат, стравови, надежи, чекање...
    Решив да се борам за тоа што го сакам и се трудам да успеам барем малку. Ако не, после ќе биде касно.
    Ако не успеам ќе се сломам.
     
    На Someonespecial, Sexybaby86, anggell и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    И форумов не е тоа што беше.
     
    На prettyliar и Dvolicen им се допаѓа ова.
  13. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    652
    Само што отварам форум да пишам тоа што ми се врти во глава кога гледам феминката Barbi20 од збор до збор истото :D нема што да кажам јас ............ мора цврста воља мораааааааааааа ,
    мора да бидам силна да си го одржам ветувањето што си го дадов самата себе!!! Леле се мразам себеси во што се претворам ....
     
    На SparkyAngel, anggell и Barbie20 им се допаѓа ова.
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Ја претерувам значи со форумов. Осет да се немало :worried: Значи за ова време овде уште еден испит ќе спремев... :swear:
     
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам мизерно ;(
    Ех да беше тука барем...
    Многу ми фали
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Еве го скоро и фебруари дојде.Главен критичен проблем во скоро 5 саат сабајле...Дали да ја откитам елкава или еве кај е следнава Нова Година... :!:
     
  17. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    За разлика од кајгана кој стана форум на дечурлии, тролови, џаболебари и беспредметно препукување на дневна база, фемина е супер форум. :up: Каде каде вие женските сте посрцкасти и знаете да напишете убави мислења и да придонесете за попродуктивен форум. За било што повеќе би прашал тука отколку на кајгана. Е сега факт е кајгана ја шие фемина од технолошки аспект, ама тоа е друг муабет. Колку што паметам, како е лансиран овој форум ниту со мал прст не е мрднато технолошки да напредне, само тоа би забележал останатото е супер.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
     

    Прикачени фајлови:

    На vinozito1, Anouk, kala21 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Hipster, ова ме потсети на мајка ми. Беше вторник,гледаме икс фактор со мама и тато и само таа наеднаш стана во 22 и нешто,почна шанкот да го бриши,комодата, почна во кујната да бриши,да премијува чаши. Со татко ми само се гледавме и се смеевме. Што ли и стана на женава море. :lol:
    ---------
    И јас денес ранобудна но повторно алармот го пренавив за 30 мин. понапред. Морам тој проблем со пренавивање да го решам наскоро. :fubar:
    Добро бе,дали има нешто повеќе што мразам на светов од музиката на алармот? Да пееше Цеца ќе се трпеше...Забележувам и кога сум будна онака ќе го пуштам рингтонот од алармот,ме иритира. Уф.


    Имајте убаво утро и убав ден! :hai:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. coralin-e

    coralin-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    98
    Многу пати си имам помислено дека веќе ги имам сретнато најнељубезните и најнекултурните луѓе во животов, и таман ќе си речам дека тоа е тоа, постојано се појавува по некој нов таков за запознавање. Аман бе луѓе, нели ви е срам...
     
    На Dust, Jenniffer, sweet-star и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.