Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Веќе да не знае човек на кого да се потпре на кого да му верува. Сите гледаат да ти забијаат нож в грб.
    Нема човечност, избледе. Ретко се среќава кај луѓево на денешницава. Се нешто ќе чуеш ќе видиш, а се правиш на "удрен" или ти викаат така да се правиш, а кога станува збор за МЕНЕ или НАС е тогаш сите виделе сите слушнале... с с с с.... Оф Господе златен..... дај ми само трпение ништо друго.
     
    На vitomir, stetoskop, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Овие месеци само славења.Вчера роденденот на маж ми, си наполни фино лепо 45 години.Нека му се множат во здравје и љубов.А морам да признаам дека првите 45 години од неговото детство беа навистина напорни.Тој никогаш нема да порасне.
    Си го гледам аваторов,и на вчерашен ден сум се регистрирала на форумов,во почетокот читав а после почнав да тропам глупости.И каква мака сум имала па сум се регистрирала на роденденот на маж ми?
    Него се некако си мислам дека чичко Алцхајмер ќе ме земе под рака.Мислам, сега германец е,можеби и богат, :D ама па ми се случува да застанам на моменти и да се прашувам дали дојдов или појдов.Заборавам имиња ,настани па дури и зборови.Ми се случува да запнам за некој збор ,на врвот на јазикот ми е ,ама ете не можам да го плукнам.
    Се разбудив со болка во кичмава и со празни гради воздух.А можам да се кладам дека го почувствував ветренцето на лицево.
    Ја читам Анушка и јас се чудам како може на луѓево да им е досадно.Јас еве невработена па не стигнувам во еден ден да направам и постигнам што сакам.Секогаш ми фали уште некој час за да го направам тоа што го сакам.Дури го испиеш првото кафе,да исчистиш,алишта да испереш,испеглаш,доручек ручек,ако излезеш до чаршија,да прочиташ нешто,малку нет,да поразговарам со децава,комшивка на кафе,ова она,летнал денов.Како стареам се побрзо ми лета времево.Порано јануари ми траеше една година сега летна дури кажеш кекс.
    Постојано се вртам назад и си го погледнувам животот.И сета смеа и тага,радост и болка е сместена во по некој ќош.Се осмелувам некогаш да ја дувнам прашината,да вратам по некое сеќавање назад,да го проживеам повторно,некогаш ме насмевнува некогаш растажува,некогаш предизвикува да ги стиснам усните во права линија.
    Мачкава ми скокна во скутов.Дали и таа некако ме чувствувава.Ја загледувам во тие очи кои како да сакаат некогаш да ми кажат нешто а јас неписмена ,не знам да прочитам.Наместо тоа гушкањето на нејзиното крзно ми носи топлина.А знае таа да почувстува болка,кога легнувам на стомак ми легнува на кичмата,ме загребува дури да најде соодветно место и се сместува,ме топли и преде.Кога би можела да ми легне на душава и неа да ја стопли.
     
    На Dust, anuskaNESTLE, SparkyAngel и 26 други им се допаѓа ова.
  3. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Истото сакав да го кажам,ме претече :!:
    Ке додадам,никој не е играчка па да си играш со неа..Неможе еден ден едно,друг ден друго :doh: .Секој ден го наоструваат ножот уште повеќе,а потоа ти го уништуваат денот.Те гледаат во очи и те лажат,ти си ми најдобрата другарка/те сакам ,а после ако им кажеш нешто лошо си ја откриваат намерата.
    Ох ,заборавив сите се до тебе кога им треба нешто.... :!:
    Сурови се луѓето.... ;(
     
    На rici.aaaaa и Agrona им се допаѓа ова.
  4. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    660
    Станав.Пијав кафе.Пуштив радио и играв сама...
    Отварам лаптоп. И читав пошта па после на фб.
    Добро, до кога вака ? :devil:
    За 30 минути девојчево собрало 60 лајкови.А по пижами е и на шанкот дома и пред неа овошје.
    офф, леле :@ ( на сликата)
    зини земјо голтни ме.
    Еве настрана. Можеби секоја сака да има лајкови повеќе.
    Прво ги заклучував сликите.Па после кога клавав слика не ја заклучував.Е сега, имам само на една 101 лајк. И нонстоп ме зеза дечко ми за тоа.Ама таа слика ми е од есента |( така да, заслужено.
    Ама ме нервира тоа.Кој к** бе девојко па на утро да се сликаш или па да те видам колкави подочнаци имаш :yawn: .Или пред некој ден кога имаше снег...цел фб ми беше на почетна со слики објавувани од моб. како го пишуваат невниото име и името од саканата личност.
    :rofl: да се смеам или да плачам.
    Не се замарам многу, многу.Само не знам во што се задоволни тие луѓе.Наместо да уживаат секоја секунда помината со саканата личност тие се тагнуваат во некој трговски или пак објавуаат слики.Пијајте чај или некој др. топол напиток и уживајте. поромантично е така, 8) плус никој нема да знае, каде сте и што правите.
    дефинитивно ФБ не дозволува да имааат некои личности приватност
    Можеби сурово е напишано, но морав.Извинете за некои ако ве повредив.Не го напишав за тоа
    Позз :*
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Мојот живот се состои од погрешно распределени животни шанси.
    Истовремено ти излегуваат неколку и не знаеш што да одбереш и што е најдобро да одбереш.
    И паничиш, наместо да мантраш - ќе ја донесам најдобрата можна одлука за себе си.
    Ама што кога пред една си на неизвесност...целосна, а си заглавен до гуша со другата, има и добри и лоши моменти.


    Кога нема-нема, ама кога има, едноставно има. Изгледа затоа не треба да се секираш у животот кога ќе ти тргне. Ако имаш вистинска желба, кога-тогаш ќе се наместат работите... АМА НЕ БАРАВ ВАКА!!!
    Не знам што да одберам!!! Ако се стрпам, може да излезе и уште поголема работа, ако си останам на местото каде што сум. Ама па може и да останат и празни зборови...
    |(

    А и така е и љубовта. Кога нема-нема, ама кога ќе нагрнат мажишта, а ти се осеќаш кааао принцеза, уствари како гомце. Не сакаш да бидеш груба, секако ќе те мразат одбиените, а одбраниот поим немаш дали е прав и дали е тој што треба да биде избран, оти може да не се погоди, па после нема назад кај некој фин дечко кој си го одбила.
     
    На Trnche, mims-89, Antoninaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  6. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Што се нема да прочитам во животот.

    Денес, на час по физика една со тежина на сумо борец (чија интелигенција всушност е негативен број) почна да навредува едно дете.

    Некако вака:

    Се дереше. Ја наводнуваше училницата со плунки. Го користеше нејзиниот омилен збор, „глупак“.

    Скарани сме одамна, па не можев да се воздржам, а да и напишам „глупоста е релативна работа“...Го прочите, едвај, па се заврте накај мене и и згрчи рамињата. Решив истото да го направам и јас.

    Потоа другарка, ми врати многу паметна досетка...

    Еве, погледнете сами.
    Онаа со големите букви е нејзино дело...па какви правописни грешки...Боже...
    Колку паметно. :^)
     

    Прикачени фајлови:

  7. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Абе навистина ги разбирам овие што се секираат и оданапред еден месец што планираат што да им купат на дечковците и какво изненадување да им направат за Валенатајн. Другарките мои на раб на нервен слом се, секој ден се нервираат, се мислат што да купат, какво изненадување да им направат, дури косата почна да им побелува од толку нервози. Секој ден истото па истото, ме потекоа, веќе. Па стресна работа е ова бе. Нервози, триста чуда, ова е најважното нешто па. Ај тие еден месец однапред се спремаат, ами јас што да речам, што да правам ? Останаа уште две недели , а јас уште немам појма што да си купам и какво изненадување да си направам. :sweat:
     
  8. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Во последно време, се почесто ги истакнувам и користам моите знаења од основното училиште по кафеани, биртии, крчми и подруми!
    Па и кога ќе размислам подобро, 90% од наученото по оние предмети како историја, географија, хемија, па и физика, математика и слично, некако не ми се најдоа многу многу во животот надвор од кафеаните... До сега не ми се случило да ми биде поставено прашање од типот “Колку дена траело Илинденското Востание” или да треба да објаснувам кој бил цар Самоил, што било напишано во Букурешкиот мировен договор во 1913тата година и од какво значење е истиот за Македонија...
    Биографијата на Колумбо или детали од првата светска војна, животот на Адолф Хитлер, не биле од големо значење за моите досегашни достигнувања. Подобро кажано, не биле од никакво значење.

    А од друга страна, каде и да се наоѓам со луѓе кои знаат дека 6 пива прават еден оброк, секогаш си нарачувам 7. Па мора нешто и да се напијам...
    Имено, секој “разговор” започнува смирено и цивилизирано, се додека не почнат расправии за мојата нација и моето потекло (тема со приоритет за мене), или Дарвиновата теорија, еповите “Илијада” и “Одисеја”, влијанието на Америка во светот и последиците, теорија за смртта на Гадафи или Осама Бин Ладен и ред други работи.

    Уште како мала, многу ја сакав Историјата. И сеуште ја сакам.
    Уживам додека говорам на горенаведените теми, имам свој став и изнесувам факти и аргументи. Ја сакам таа жешка атмосфера, надвикување, кажување и докажување, исто како што го сакам и алкохолот.
    Таа е причината поради која во слободното време сум се почесто во друштво на пијандури, на најголемата и најгласната маса во секоја биртија.
    Можеби ја немам најдобрата публика и најкомпетентните соговорници, но јас уживам.
    А можеби и јас сум една од нив, пропадната инвестиција и идна пијаница.
    Овците блеат кога се жедни, а луѓето кога се пијани.
    Уште една овца во стадото!
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Чудно ми е.

    Поминаа повеќе од три години како се имам зачленето тука. Болка, љубов, радост, по некој совет, дел од мојата душа споделив и тука. Стекнав добри форум-пријатели, запознав навистина прекрасни луѓе, луѓе од кои можам нешто да научам, луѓе со приказни, доволно интересни за да се создаде филм кој ќе го гледаш до самиот крај со воодушевување закован за столчето. Синоним за остварени, современи луѓе со широки видици.

    За жал, малку останаа од таквите кои редовно пишуваат. И иако се терав себеси да мислам дека не сум ја увидела причината за тоа, полека почнувам да ја гледам.

    Дел од ликовиве овде, толку сакаат жолчно да се караат што маестрално ќе ти ги извртат зборовите и од „Ајде да јадеме, дедо.“ ги преобразуваат во „Ајде да го јадеме дедо.“ Не е ова од конкретно лично искуство. Ова е резултат од она што го гледам низ темиве секојдневно. И почнувам да претпоставувам зошто одредени ликови не сакаат редовно да не` дружат за што ми е многу жал, но ете, пука филмот понекогаш.

    Фалат Офи, Пирамида, Трендафилка, Мерлинка...да не ги редам, не се малку. Фали некогашното често присуство и на други ликови кои сега пишуваат ретко. Голем дел и си се знаат кои се и им имам кажано дека форумот е далеку од ист без нив. Ги гледав баш темите кои се отворени пред неколку години. Можеби не се почитувале толку правила, можеби некои се на латиница (додуша и денес има многу мислења од мобилен без мак. поддршка), но кое дружење и позитивна енергија изискува од нив додека ги читаш, тоа е неверојатно. Пак ќе речам, тоа е мое гледиште, а можеби и на такви теми сум наишла.

    Сега се наоѓам во ситуација да препрочитувам мислења, упорно барајќи нешто од што би можело да излезе расправија. И се откажав. Затоа што една реченица е доволна да се најде еден збор кој ќе се извади од контекст и ќе се направи драма. Секоја чест на поновите прекрасни членови на кои не им е до карање. И тие си се знаат кои се, не ќе ги цитирам како во Специјален поздрав шо праиме, да не си помисли некој дека барам ѕвездички. Но, ете, и нив поретко ги гледам.

    Не сакам никого да обвинувам за тоа, како и да се обидеш да санкционираш некого, тоа нема да го спречи да направи нов профил од кај братучед му од соседното маало. Можеби ќе го откриеш, можеби не. Колку некогаш и да ни` се чини во клучниот момент дека вината е во админите и модераторите, ние сме тие кои ја правиме и квариме дискусијата.

    Сакам да се крене нивото на дискусија на форумов. Не, ова не е од прошталните писма кои знаат да се напишат во цајтнот, ова е една скромна молбичка (желбата е моја, вољата и одлуката ваши :wasntme: ) да се вратат и активираат членовите кои оставиле многу позитивен впечаток и поубав лик на секоја тема. Затоа што добра дискусија ја прават добри дискутанти. Aдмините и модераторите се отсекогаш тие, освен оние кои за жал, ги напуштија тие функции од причини кои не ги знам точно за сите и нема да навлегувам.

    Ако не го најдете мислењево малку подоцна, барем си објаснив која е причината (да не бидам сфатена негативно и да не предизвика караници во кои не сакам да го минувам слободното време).

    Не замерувајте, ме фатија носталгии. :$
     
    На nena2010, Trnche, sweet-cherry и 12 други им се допаѓа ова.
  10. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    На Jenniffer му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Факултетов ментално ќе ме оболи. Што фајде ако го завршам со учење и желба и љубов и одличен просек, кога нема да бидам способна да функионирам понатака нормално во работата и професијата.
    2 саати бев за бирократски работи, пријави изгубени, не му гајле, ти треба услуга не им е гајле, веќе ми го уништија денот а ни половина не поминал.
    Проклета бирократија, професори, асистенти и мрзливи и глупави службеници во администрација.
    Не само што треба да е бесплатно, треба пари да ни даваат за претрпениот стрес и изгубените живци.
     
    На la-chicka, MandyLane, anuskaNESTLE и 10 други им се допаѓа ова.
  13. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Бре колку ми е тупав деноввввв!!!! Незнам шо муабет да напрам со никој. Уста немам отворено цел ден. |(
     
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Посуеверен човек нема од мене. И позанесен. И поглупав. :emo:

    Влегов во купатило пред огледало, земав едно ланче дијамантско, на мајка ми, и си го закачив на глава. :emo: Ко Жаде што има на главата:
    [​IMG]
    Отпозади со штипка го закачив и го префрлив напред. Тогаш скокнав :geek: и ланчето се зафрли назад отпозади на главата. Ја извадив штипката (ВЕРОЈАТНО ЌЕ ТРЕБА ДА ПОБЗАМ СО ПИШУВАЊЕ), на неа не беше ланчето, а и не беше на земја, си реков ми останало на главата. Ја растресов косата цела, не паѓа ова. Не ни падна. А во косата не беше сигурно. Го обрнав цело купатуло, неее... исчезна, скапоцено ланче. И кога почнав да си фантазирам, ќај ми исчезна, кај отиде, го снема, пуф, испари... Дури и страв ми стана. Затоа што истиот ден и УСБ-то ми исчезна од џебот. :o Се фатил ѓаолот за мене :rofl: И излегувам цела натажена, нерзовна, изненадена, не знаев ни јас каква сум. И сета филмски го соблекувам дуксерот....
    [​IMG]
    Сум го носела со мене. Во капата. :|

    Благодарам на вниманието, фала пријатно. :bow:
     
    На La.femme, sara3, anuskaNESTLE и 10 други им се допаѓа ова.
  15. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    многу ми е досадно ова време никакво,ладно,се е глупо,не ми се учи,ништо не ми се прави.... уф :envy:
     
  16. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.505
    Допаѓања:
    173.604
    Читај некоја книга или пак во кујна оди...јас кога ќе влезам во кујна-таму останувам.Кујна-место за надминување на досада.
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Пред неколку години, добро не се неколку поише се, кога бев основно наставничката по македонски ми даде празен лист само со наслов „Животот е...“ и ми рече да напишам текст за на некој конкурс.
    Со часови седев и немо гледав во листот, не знаев од каде и со што да почнам, незнаев што точно да пишувам, немав идеја, немав концепт, ништо... Знаев што сакам да напишам, ама незнаев како.
    Помина рокот и кога требаше да го вратам среден и напишан текстот јас вратив празен лист, се зачуди жената и ме праша кај е текстот, а јас одговорив во стилот на : „Па тоа е животот, празен лист и слобода секој да живее и напише што сака, од каде да знам јас со само Х проживеани години што е живот?.“ Ме погледна, се насмевна, јасно ми беше дека не го исполнив очекуваното, но сеедно ми беше.
    Можев јас да напишам текст, креативното пишување никогаш не ми било проблем, но не сакав затоа што се плашев дека мојата концепција не е доволно добра и сметав т.е. сега сметам (тогаш кој знае што сум мислела) дека тоа е превише субјективно. Сите сме ние индивидуи, различни и посебни, така и сечиј живот е посебен.

    Денес некој да го побара од мене истото што и наставничка тогаш веројатно ќе напишам само:
    Животот е збир на поминати искуства и спомени, најбитна е иднината и концептот за неа, посетавените цели, приоритети и задолженија и работата кон освојувањето на тие предизвици го прават животот тоа што е, непрестана борба кон подобро утре.
    Затоа заборави го минатото, дозволи му да живее само со спомените а ти насочи се кон иднината, подобро е да имаш напорна сегашност отколку вечно да живееш заробен во среќното минато.
     
    На kala21, Rubiii, manja666 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Иста приказна денеска.3 саати се маткав околу студентски прашања,па и си слушаше Дино Мерлин господинот одговорен,а студентите нека чекаат.Мрзи,мрзи насекаде :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Зошто толку злоба!Зошто толку завист,луѓево се претворија во чудовишта,не гледаат дека си ја трујат сопствената душа . Не знам не можам да сфатам зошто толку лошотија во луѓево ,ова не се луѓе ова се лешинари . Само сеир да се гледало , само да гледаат како тонеш како ништо не ти оди . Се хранат од туѓата несреќа . Трагично ем жално . Кога мислиш дека се си видел те демантираат . Ме запрепастува во какви чудовишта се претвораме . Кога бев на дното дојдоа до мене јас се си мислев за да ми помогнат да ми подадат рака , кога ги делев неуспесите и несреќата тука бевте . А сега ... ?
    Сега ве нема !
     
    На La.femme, Antoninaaa, Decapitated.Hanna и 2 други им се допаѓа ова.
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Во време на долгогодишна транзиција и неморал,луѓето со убави манири се изгубија на маргините на општеството :(
    На никој не му требаат и никој не ги бара...
    Затоа што не умеат да се вклопат во групата “демократски културни граѓани” кои знаат се и лесно постигнуваат успех ]:)
    Тие секогаш се на врвот,а други секојдневно тонат...
     
    На Elena69221, Silver.E, Bescheiden и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.