[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Блескав :nod:
    Нели ви реков дека ќе биде така и беше 8)
    Плус местото ми се погоди, во центар на внимание....песните ги знаев, виното не беше лошо и сето тоа е добитна комбинација. Не лажам бе :wasntme:
    Ене и виртуелно има докази кои се гледаат :rofl:

    Ах Нова 2012 што ли ќе донесеш.....започна со здравица, уште поубаво да завршиш ;)
     
    На CIA, crazylady и Springy им се допаѓа ова.
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Што е вистина, ма вистина е!
    Колку толку, можеш да видиш каде ти се оставени работите, а не така, ко на втората, до утре ќе барам, и во последното нешто ќе го најдам.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  3. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    СДК Вака не сум се осеѓала од мала. Два дена се смеам без престан, без некоја посебна причина. Стомак ме болит од толку смеење. На среде соба од нигде никаде ми иде смеа и сите ме гледаат вака :^) . Ама што ми е па гајле за другите. Си го продолжвам животов. Уживам со гаранција. Се зезам со останатите. Некои ја сфаќаат мојата шала, некои не. Убаво им беше додека се смееа на моја сметка, сега е ред јас да се смеам на нивна. Ако сакаат нека се лутат, ако не ич не мораат. Некои се нервираат... Просто кажано се чувствувам како Итар Пејо меѓу селаните.
    И уште нешто! Хахахах. :rofl: Ма дај смејте се!
    :* :rofl: :rofl:
     
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.238
    Пол:
    Женски
    ПМС, Настинка не знам веќе поќе шо ме фаќа,само знам дека не ми е ич арно.
    А јас си се смеам цел ден, си смеам без престан.
    Мајтапи цел ден со татко ми, шубо ми е, сега ја испратив другарка ми, ќе се берат негде на оган.
    Јас решив ова Коледе првпат во мојот живот да го поминам дома, покриена со топло ќебенце, и со чајче и ќе си го чекам Саваш и некое убо филмче. :lol:
    П.с
    [​IMG]
    Hope it's true. :doh:

    Имајте убава вечер, кај и да сте. :hug: :l:
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    ајде на огин , не чмајте тука. :)
     
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886

    Рано е мор Каша.
    Главната багра доаѓа увек покасно. 8)
     
    На starbucks и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  7. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    ааа како покасно кога ќе нема ништо за јадење и пиење останато?
    не не , сега е право време. си идеш си фаќаш најбоља позиција лајк а бос. :)
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Таман пред да ми изумре надежта и тотално да ја замразам поштата сосе поштари и се остало заѕвони домашниот телефон. Скоро никогаш не кревам ама викам ајде .... и оп дедо, честитката им стигнала. Па леле радости, па мислеле сме ги заборавиле, па и сами си ја прочитале(а јас намерно со огромни букви пишував), абе срцки се колку ме израдуваа.

    А на оваа баба денес и е роденден, таа жена ништо друго не сака освен да дочекала да ме омажи. Јас сум една девојчица, другово се од еден до последен се машки магариња, затоа јас сум мазена и галена и чувана ... и замислете чувала и слатко од смокви летото го направила, цели две тегли ... и денес го изедовме. Љубов се тие стари луѓе.

    Не можам да се помирам со фактот дека треба пред мене да си отидат ... ама на оваа болна тема друг пат.

    И баклавава направивме, и сарма, и масата убаво ја наместивме. Па да ја личи како што треба.

    А да, не знам дали ви кажав ... јас сум среќна, заљубена, уживам во празнициве. Просто искрено уживам, шетам, се смеам, гушкам, љубам ... и се полнам со убавини.

    Аххххх животецу убавецу. (до наредното пмс) :lol:

    Ве гушкаааааааааааам. :*
     
    На la-chicka, TeddyGrey, starbucks и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Ах, сите на оган, само во моја населба некако слабо. :doh:
    Треба дури после неколку улички, епа не одам кај други згради бе. Не сум ја издајник. ]:) Ќе си го земам компјутерот, и креветот, па ќе го запалам станов, има да фрчи оган. :wasntme:
    Пих, ама си замислувам, јас од моиве воспалени мускули, неможам да мрднам, а не па цел кревет да носам. :fubar:
    Ми се оди на Коледе, до годинава, не сум испуштила ниту една година, ама оваа морам. Уште пред 2-3 години, кај што бев да коледарирам, ми рекоа, а па ти не си голема? ]:)
    А што убаво, си собирав парички. [​IMG]
    Епа чорба, ништо од бизнисот. Ако ништо друго, ќе си се наспијам, и онака коледари, и тоа малце слабо..
     
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.838
    Допаѓања:
    25.747
    Пол:
    Женски
    Само овде оган дури утре.
    Ах,најубав период ми било ова порано, а сега главава не знам каде ми е, ни оган ќе видам, ни роденден ќе видам, ништо.

    Во хороскоп ми пишува успех на професионален план, ама толку ми е тапа концентрацијава што се сомневам..
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.666
    Допаѓања:
    161.829
    Сдк...останав без зборови помеѓу сите симболи и очигледни работи. Ми останува само да изберам добро и да си ја одржам главата високо токму како што ја започнав годинава.
    Уживам мешавина од емоции кои едни со други се побиваат.
    Ми студи повеќе од обично.
    Градов корне на чад и ракија. Веќе кога сте околу огнот ве молам изведете танц за повик на дождот зошто без леб ќе останеме годинава. Земјичкава наша насушна,пресуши.
    Јасно ми е дека морам да го организирам времето најдобро до сега затоа што почнува да маршира по грбов мој и ми создава главоболки.
    Никогаш немав проблем со ниска самодоверба,ама затоа сега се плашам дека ќе почнам да имам проблеми со многу висока самодоверба! :lol: :wasntme: Сепак не умеам да јадам луѓе...има важна разлика од кучка со нездрава самодоверба,до она кое мене ми го обвива срцето во моментов,а е здраво мајке ми. Се чувствувам добро во врска со себе и нема никаква поврзаност со останатите луѓе и мојата позиција во однос на нив,ама никаква...само јас со сите мои Лилити внатре!
     
    На Strumfeta93, mims-89, Magnolija и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.142
    Допаѓања:
    81.644
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сум воодушевена од мајка ми, по којзнае и кој пат.
    Мајче, толку смиреност не е на арно, верувај. :D
    Понекогаш, ко самата јас да зборам од неа, или пак она зборува од мене, а всушност толку сме различни.
    Нејсе, сум била риби во хороскоп, во некој минат живот. :lol:
     
    На Lepaaa и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    12.447
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам кога последен пат имав излезено на бесцелна прошетка.
    Е, излегов денес. Го знаете оној момент кога ќе почувствувате колку му припаѓате? И кога сакате само да го гледате? По 100ти пат повторно го доживеав.
    А кога од ладното има толкаво Ху, и тој ве гушка кога ќе кажете колку мразите зима? Јас знам.
    И кога ќе ви купи ракавички од детето што продава на плоштад, затоа што вие од пуста немарност цела зима имате испукани раце :D ?
    Тогаш знам дека и тој е целосно мој
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Денес низ семејното пазарување за бадниковата трпеза, пред очи ми поминаа спомени од деновите кога јас бев коледарче. Имав торба со Дедо Мраз поголема од мене која морав да ја празнам дома на неколку пати затоа што луѓето вообичаено беа многу дарежливи. Еднаш од толку многу што ми беше тешка, ми се скина едната рачка, па си плачев :lol: Со другарките поминувавме низ цела населба, а кога ќе испеевме пред нашата врата, тато задолжително не збираше на топло и ни даваше чајче за да се згрееме пред да продолжиме. Потоа дома ги истурав торбите и како мало организаторче уште од тогаш, ги сортирав овошките во посебни кесиња :wasntme: Па потоа печевме од насобраните костени, мама правеше торти со оревите, а паричките ги ставав во каса бидејќи тогаш собирав „за одмор на море“. :)
    Гледам дека времињата се измениле... Народот нема пари, ама денес на Зелен пазар не можевме да се разминеме. Колку е - толку е, Бадник е, и треба да се купи за на трпеза. Како што поминуваат годините, се поскудни се торбичињата на коледарите. Ама секогаш се насмеани и неуморно од куќа на куќа продолжуваат да пеат и да собираат костени.
    Оваа година имам желба јас да ги пречекам. Им направив пакетчиња со мали мандарини, ореви, костени, бомбони, сокчиња, јабоки и по некоја паричка. А и онака до доцна ќе останам со книгата, па ќе скокам од кревет секогаш кога ќе заѕвонат :)
     
    На Strumfeta93, Mishela, Lepaaa и 8 други им се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред малку го листам онака каталогот на Орифлејм, да видам што има
    (не дека ке купувам, ама да разгледам, нешто криза ме фати, рецесија владее :worried:)
    и :o го гледам Пол ван Дајк на еден од парфемите заштитно лице :inlove: поубаво изнанедување за нова Година не можев да очекувам :$
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    5.060
    Некогаш и со право треба да им замериме на новите корисници затоа што се мешаат каде што не им е местото..
     
    На glow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    ЕХХХХ љубов, радости, оган биквиттчињаааа,црвени и насмеани лиценца.........

    Штета што знаеме да бидеме штетен народ па само во вакви и некој слични моменти да бидиме луѓе пред се , и да бидиме луѓе со повеќе љубов.Не се сметам за таква секако дека и јас имам слабости и не сум совршена ама сепак мислам дека оние кои ме познаваат знаат дека не сум таква смао на вакви денови..Луѓе што ќе ни се прави.

    Колку спомени ми се пробудија се сејќавам какво детство имавме со брат ми и сестра ми, бевме една голема смеа и радост за ваквите празници ......Тон бишкоти собиравме кога ќе го донесевме дома мајка ми правеше сто вида на слатки ,нели да се искористат тоа бишкотите оти се собираа по едно 5 -6 кила бишкоти па прави бомбици триста вида разрлични врсти.
    Црвени во носињата одевме не се предававаме студи ,свежи ма нека !
    Ние бевме деца на играта што се вика ,едно мааало со куп дечиња кои палави кои по палаваи кои страмежливи кои по стамежливи. ама секогашшшшшшш спремни за игра . и невидена отганизација за вакви дешавки .
    Викај пеј КОЛЕДЕ БАБО КОЛЕДЕ ....дај ми едно костенче ......Ех детство детство само ти знаеш да бидиш толку лесно весело и среќно и безгрижно.
    Па кога колбасици ќе собиравме памеетам мајка ми одма ќе ни ги пропржеше за доручек одкако сме се вратиле од коледето и со пресен бурек штотуку правен јади ли јади ,како ги пребиравме тоа поубавите па како ги остававме настран тие што не ни се свиѓааа,тепај се кој поубавото да го земи, а родител ко родител ќе го земи тоа погрдото оставајќи му го на своето дете нјадоброто во емотивна и матријална секако страна .
    Ех родители мои затоа и за многу други работи ве ЉУБАММММММ.

    Среќни празници ви посакувам .
    Инес
     
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк топли колачиња, полно стомаче и цел стан мириса на убавина!

    Овие празнични денови ги сакав повеќе пред неколку години, додека бабичката ми мила ми беше жива и здрава и месеше колачиња, редеше јаболчиња и мандаринки, орасчиња .. едноставно беше овде да ми каже дека сум добра,паметна и вредна мома.
    Денес прави 5 години како замина од топлата соба и нејзината постела, 5 години како ја нема а болката сеуште е овде.
    Дедичко е сам во својата соба,во текот на денот го посетувам пробувам да го разведрам,да го потсетам да намали со јадењето леб и да внимава на шеќерот во крвта, денес седев со него и гледавме стари фотографии.
    А не требаше да ги побарам од него тие стари фотографии,видов дека убаво му дојде но кога ги гледаше фотографиите од него и мама ми така млади и заљубени забележав дека едвај ги задржа солзите во очите.
    Млада,убава, насмеана, вљубена била мама ми.
    Открив дека од неа сум ги наследила "натажените" по форма очиња, широките запчиња и насмевката.
    Бабичке ми фалиш :( ;(

    Останав цен замотана во кебенцето во дневна покрај огнот, немав сили да отидам со дедо ми на гробишта знам дека ќе плакав и ќе го вознемирев дедичко.

    Охх како само животот и саканите личности ги снемува за миг, а ние заслепени од стрес,нервози и трка по подобар живот ги занемаруваме токму тие личности.


    Гушкајте се, бакнувајте се, љубете се ... кратко е ова што го имаме или само бргу поминува...ЖИВОТ!
     
    На Hipster, Doozy, starbucks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.345
    СДК безброј затворени врати, на некои не ни тропаме, знаеме дека се заклучени, други пак сами сме си ги затворале најсилно што можеме, па сега се заглавени и не се отвараат...
    Жално е што ретко кој е свесен дека секој ден, секој час, и секоја секунда ни е избројана...
    Мразам дека само часовникот од времето на сите што ги сакам ми е пред очи во мислите,
    и се сакам на некој да угодам, и пак не бива, се некоја глупост излегува. Арно рекле, ако сакаш на некој убаво да му направиш, обратното ке излезе.
    Душава ми е сива, потемна од сите гнасотии од цигариве кои пак си ги почнав да ги пушам, и ако некој би зирнал во неа, би избегал од мене преплашен.
    Сакам да се лутам за мали нешта, и да правам безвезни муабети со другарки, како којзнае колку сериозни и страшни да се, а уствари нема врска. Мочли на куп собрани, се жалат за нешто, и сите автоматски се согласуваме, и се живо косиме на таа тема.
    Ми се смачи однадвор да се смеам, сакам душава да ми се насмее. Вистински. Иако не заслужувам.
     
    На Serafima, mims-89, Tenna и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Тешко е да се биде возрасен, ако рече некој дека не е така ќе знам дека е најголемиот лажго или пак никогаш не се соочувал со тешки ситуации и не може да сфати.
    Животот е тежок, клише знам, но многу моќно :| .
    А и многу сум возрасна јас да.
    Деца не брзајте да пораснете, не знаете се што може да ве снајде.
     
    На CIA, Mishela, Lepaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.