[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Штрумфетке, не мора да се биде возрасен за да се осети тежината на животот...

    Понекогаш животот е премногу суров, кога одбира да биде болка во едно невино детство.

    Тоа сакав само да го кажам.
     
    На Strumfeta93 и TheKiketoo им се допаѓа ова.
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Носталгичните постови кои во последно време ги читам во оваа тема ме навраќаат и мене во некои поодамнешни и убави времиња.Времиња за кои се би дала да се вратат а тогаш едвај чекав да поминат и сакав побрзо да пораснам,каде ми бил паметот? :fubar: Не се вели за џабе дека детството е најубавиот период од животот.
    И јас пред неколку години овој ден веќе бев во кревет пробувајќи да заспијам за утре да можам порано да станам и да одам на Коледе :) .Си имав бела торбичка со дедо мраз на неа и одев од врата на врата пеејќи ја " кој спие нека стане,нека месе колачиња..." и се радував на секое колаче,на секое бонбонче кое ќе го добиев.Потоа си одев дома и следеше пребројувањето на пари и колачиња и тоа кој повеќе собрал.Си мислам,тогаш такви ситници ни беа доволни за да се радуваме а сега со компјутери,телефони и триста чуда и пак сме незадоволни и разочарани.
    Секој период од животот си има своја убавина и печат но детството е нешто посебно.
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ding.dong

    ding.dong Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    СДК, креветот ми е на едно метро од влезната врата. Го жалам првиот што ќе тропне сабајле.. :D
     
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Незнаев како да го започнам постов.......
    Денес, неколку поста прочитав за бабите, и ми беше многу криво. Пред 10тина минути, моите нешто почнаа да зборат за нив, и јас се расплакав како мало дете. Затоа што, сега дознав, дека на мојот роденден, требало на баба ми да и вадат 6 месеци, и и го поместиле денот. И мене толку ми фалеше, и се потсетив на моите две баби, коишто починаа кога бев многу мала, во 2002 и во 2003. Сега плачејќи го пишувам постов. Се присетив на моментот, кога ни заѕвони телефонот, и се јави татко ми, и после неполна минута почна да плаче. Мене не ми беше баш не ми беше јасно, и ми текна. Како одев во забавиште, баба ми, секогаш ми викаше: Ако сум жива, јас ќе ти купам ранец за во училиште. Јас воопшто не ја сваќав озбилно, и баш годината кога бев прваче, како што напоменав требаше да се извадат 6 месеци. Потоа, стрина ми, ми го купи мојот прв ранец, а јас како што паметам и реков: Нели требаше баба да ми го купи? ;( Со нејзе живеев, секој ден, одевме во парк, пешки го град. Понекогаш знаевме и да го промашиме автобусот, и да одиме уште толку пешки. Но, никогаш не ми беше досадно, ме научи да играм тонч, и секој ден игравме карти. Се сеќавам, кога не бев умна, и се карав со сестра ми ни се закануваше: Сега лута пиперка ќе ви дадам, сега.
    За другата баба, не се ни сеќавам многу, затоа што почина една година пред другата, и тогаш бев уште помала. Но, секогаш, кога ќе одев кај нејзе (во иста населба живеевме) имаше нешто да ми даде за јадење, а јас секогаш бев гладна. Знаеше да ми чува и по 2-3 сладоледа, и знам дека и она не сакаше многу, и мене и сестра ми. Се сеќавам, еднаш, моите братучетки живееа врата до врата, со неа. И еден ден, имаше силен земјотрес, се сеќавам како таа затрчана дојде и не тешеше.
    Мислам дека ако продолжам да пишувам, ќе се распискам, затоа подобро, ќе одам во веце, и ќе пуштам вода, така барем нема да ме слушнат. :tmi:
     
    На XMaN и mims-89 им се допаѓа ова.
  5. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Calm down dude, секогаш ќе боли, малку по малку ќе се навикнеш и ќе уживаш во спомените.

    [​IMG]

    Споздрав до тебе!
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Поранешните баби (или сегашните стари баби) навистина биле бабички во секоја смисла на зборот.
    Пожртвовани, вредни како пчелички, меки на уста, река од љубов...

    Не да ги кудам денешните баби, кои сакаат да се во чекор со модата и младоста, ама во чекорите се губат од улогата на баба. Секако, со исклучоци. Да не ги налутиме. :lol:

    Тој мирис од храната..... :P за време на празниците бил неопишлив....Највкусните јадења сервирани од се срце од бабичка....
    Ммммм колку ми недостига.... :worried:
     
    На tweety26 и Elennaa им се допаѓа ова.
  7. Radiance

    Radiance Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    170
    Извини :/ секогаш грешам...
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    додека сите се приготвуваат за утрешниот празник,моите припремаат за коледарчињата...
    мене оваа забоболка ме убива :@ :envy:
    цел ден во пижами,спијам,ги гледав филмовите наместо да одам кај него :(
    но сепак он реши да ме изненади да дојде да ме види :)
    се надевам дека утре ништо нема да ми биде :?:
     
  9. Brojce

    Brojce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    19
    СДК дека не знам дали овојпат пак ќе го ставам во листата со ,,работи кои ќе бидат подобри,, и пак да се разочарам..Правда?Да, кога ми го делеше мајка ми чоколадото со сестра ми.Го заборавив значењето а секогаш си велам дека некој ќе се опамети, само еден доволно е за да воочи дека тој што соли ум е никој и ништо и само ве упропастува.А пак другарство?Не,нека , не ми треба , доволно е само директно да се каже отколку да се лаже во лице , најбедно е што на крајот пак се тиа безчувствителни ѓаволи на кои ѓабе им е да им докажуваш и да им се дереш само ќе те сметаат како изнервирана будала наместо да ги отворат срцата барем свест и разум да покажат.Па имаат срце да се правдат , зошто и помислуваат дека верувам и дека сум како некој со кој можат да си играат?Затоа што молчам?Еве се најубаво им посакувам и нека мислат дека моето молчење е нивна гордост јас верувам дека газдата кога банкротира и работниците се социјални случаи хахах :D
    А мање више и на пат е да банкротира а сега колку сакат нека си се смеат :D
    Јас почнав сигурно да чекорам,и ќе плачам и колнам додека повторно не се издигнам ама со тоа лице пред вас уште еднаш никогаш..сфанете ме како сакате :)
     
  10. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Колку треба да се плати , за да биде денес вчера ? :|
     
    На Shana и DeadMary им се допаѓа ова.
  11. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    2.473
    КЕ СЕ ОТРУЈАМ !!!
     
  12. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    6.769
    откорнав црвен ретровизор пред 15 мин
    видов една мисла и сакав да ја сппделам со вас------------ Не дозволувај да ти биде приоритет оној, на кому си само опција во животот!!!!!!
     
    На srcekrsacka, martinuska и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  13. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    СДК
    [​IMG]
     
    На Strumfeta93, Elennaa, BeYourself и 9 други им се допаѓа ова.
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Kowakot super, dулое и кои супер, дриштво супер,ама сексот нечни, го немаше, црвена птрола на помин! И сите ве љубам ко шо њувам дечкото. Коуј расвра, разбра, утре увабо кевиобјаснам :*
    [​IMG]
    наздрве :drunk:
     
    На Doozy, AnaKarenina, butterfly.93 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Ќе те убијам и ќе те закопам во дворот. Потоа на тоа место ќе посадам пченки и секој ден ќе си варам и со сласт ќе ги јадам.
    Звучи познато?
    Кој видел-знае.
    Замисли да живеевме во сон. Да се разбудиме.
    Се ова да биде јак мајндфак од луциден сон.
    Којзнае.. можеби можам и тоа да си го створам.
    Ако имам доволно силна имагинација, би ја отворила вратата и би летнала како Дадал.
    Само што би летнала сама и безгрижно.
    Далеку,далеку на вулкан што е во почетна фаза од ерупција.

    Оваа НГ, NY или како сакаш наречи ја е година на циркусот.
    Млади сте,а се зацрнувате во сериозноста.
    А,сериозноста е гадна работа.

    Воглавном ние луѓето функционираме на таков начин што на сериозните работи им пристапуваме со блага whatever насмевка, а смешните работи ги сфаќаме премногу сериозно.
    И после кој е крив?
    Јанко е крив.
    Онај што седи на столот и ги чита дневните весници и додека му зборуваш очите му паѓаат пред компјутерот, слушајќи ја само последната реченица.

    Живејте го сонот. Тој гадниот кошмар пред два вечери. Да ви биде убаво.
    И не, не ти е сон.
    Не ти е ни цел,кога не се трудиш да ја оствариш.
    Ти е само една проклето ебана желба, која потајно се надеваш дека ќе биде исполнета ако одиш во црква и запалиш свеќа.
     
  16. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.108
    Допаѓања:
    9.959
    Пол:
    Женски
    СДК вака не сум играла од многу одамна.Луѓе на свадба ми се оди,сакам да играм брзо и да ми биде убаво исто како што ми беше оваа вечер на оган со друштвово. :D Прекрасно се чувствувам!
     
  17. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    СДК населбава ми ечи од детските гласови, ех коледарци :))

    Најубави најреќни Празници!
     
  18. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Сдк дека ме чекаат 3 испити. Тешки се, да. Желба би ми било некогаш на нашиот факултет да имаме колоквиуми. Е тогаш би била најсреќна. :) Другата желба би ми била да немам толку себични колеги како сега. Но :!: таков е народов на денешницава. Штета за нив. Господ гледа!
    Иииииии :$
    Колку е убаво кога ќе се видиш по извесно време со двете најдобри другарки. Се немавме видено скоро 4 месеци. Местата на живеење не оддалечија сите три. Се собравме. Вино,добар муабет, насмевка на нашите лица. Се запијавме, почнаа да фрчат трачеви. Сепак 4 месеци ми беа исти како 4 години да се немавме видено. :angel:
     
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.094
    Допаѓања:
    257.405
    Празнициве се ми се чини дека се измислени само да билдање на килограми.
    Секоја чест на оние кои и покрај богатите празнични трепези се воздржуваат.
    Јас не можам, пробав, ама не оди.
    Што се не ставив во мене :worried:hock:
    А тек ме чека баклавата :wasntme:
     
    На Doozy, drugarka и Beauchamp им се допаѓа ова.
  20. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.609
    Пол:
    Женски
    Баш така,истото и ја го викам ! :D

    Абе не застанувам на вага цел месец! >..<
    Прво да скинам некое килце да не ме удри некој шлог иначе.. :worried:hock:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.