[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.353
    Убаво рекле дека стомакот управува со умот :P

    Откако ќе се најадеш убаво, се е поинаку 8)
     
    На Peperutka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк денес убав ден е. Рано почна за сите. И оние кои сакаа да поспијат, неможеа. Станете и отпејте ја коледарската песна дома. Ќе добиете едно оревче, јаболко, слатки, па и некоја паричка. Немора голема, битно се одбележува денот.

    Бадник и бадникова вечер. Секој сака да му се падне паричката. Нели?! Па за да ви тргне годината. Може баш оваа ќе ви биде таа! Јас вечерата ја чекам со голема нестрпливост. Цела вечера зготвена од страна на баба ми (мала помош од страна на нас секако), испаѓа најслаткото нешто во годината. Заедно сме и со чичко ми и неговата фамилија, и колку повеќе сме толку помали се шансите во мене да се падне паричката. Се сеќавам како мала секоја година беше во мене. Ми ја местеа (ова го сфатив откако пораснав), а јас радосна. Ништо неможеше да ми ја скрати среќата тогаш. Но ако, несакам да престане ова, особено од глупостите на бато од кои го полнам стомакот, па правам стомачни од смеење. Хепи фемили!

    А нас, нас некако не следат мали незгоди околу денот. Пред некоја година бато ја скрши ногата на овој ден, а брат ми вчера ја скрши ракта. Дали треба нешто околу ова да се направи?

    Туку ајде, доста беше.
    Ви посакувам среќен празник, и убаво да си поминете вечерва.
    И се знае, паричката во вас!
     
    На kate21, Peperutka90, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... кој ви е крив што не сте наспани? :^) ]:) Затоа кај нас вечер во пристојно време си чекаме и испраќаме бадникарчиња, не коледарчиња :P ... И така ние наспани и најадени со расположение, си го прославуваме Бадник и си го дочекуваме Христовото раѓање Божиќ ... и то.

    [​IMG]

    Среќни празници!
     
    На MandyLane, esperanca и Hopeful им се допаѓа ова.
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    СДК се откажувам од форумот.
    Веќе не пишувам. Но, понатаму ќе продолжам да комуницирам со оние феминки што ги имам на фб.
    Ај со здравје.
    Edit: Фала ви на сите со кои сум комуницирала преку ЛП, на сите ваши поздрави, желби и честитки.
     
  5. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Надвор е прекрасно, магично.
    Од пред некое време врне снег, ама не да врне, туку како некој со вреќа од горе да турива.
    Толку е убаво, со душа чекав да заврне. Прекрасна е глетката, насекаде белина, а тоа се повеќе и повеќе врне. Убавини!
    Е вака го личи Божик, снежен.
     
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Ех колку го сакам овој ден, бадников.

    Не сум религиозна, но ја почитувам секоја традиција која го зближува семејството и го мести околу огништето. Баш се радувам, станав дури и порано (ако славев 5та вечер од новата година) за да го почувстувам врнежливото утро и тмурниот и ладен воздух од наросениот прозорец, а топлиот, пријатен и семеен воздух внатре помешан со мирисот од вкусното чајче.
    Цел ден дома со кафеавото околу мене кое ми влева сигурност. Неколку партии макао, крадење колачиња од кујна, редење на лушпи од портокал.

    И плус, трпезата е највкусна ... била сам дебела, дебела...
     
    На AnaKarenina, esperanca, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283
    Луѓе, значи ве молом, ве молам не ја силувајте песната “Na badnje veče “. :(
    Каде сте преку годината да ги слушате овие песни или да ги постирате, не е фората демек се викала песната на бадна вечер и ајде, ќе ја ставаме, а се прашувам дали сте и свесни која тежина ја има и која тага во песната, а вие ја ставате само ради насловот без да помислувате дека не е весела, не не... :worried:

    Ова не е насочено директно кон никоја тука, не знам и дали пишувал некој за ова, сега седнав на Фемина, инспирирана сум од мојот фб профил, каде што секој трет, да не кажам секој втор ја постирал од сабајле :@
     
    На Buttterfly, Lilit, Asterion и 18 други им се допаѓа ова.
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.401
    Допаѓања:
    143.018
    И конечно Ариел стана хард-кор домаќинка, а хард-кор домаќинка е таа што знае да прави сарма :D
    И да, прв пат правев и пита која супер ми се погоди, и гравче-тавче, а ќе правам и пинџур.

    Не дека не сум влегла во кујна :D туку едноставно не ме привлекуваат националните јадења. Кај моите многу ретко сме ги правеле, па немам ни навика ни желба.

    Го сакам овој празник повеќе од било кој друг. Бадник, не Божиќ, затоа што е значаен, а интимен - со најблиското семејство - со посна, а сепак богата трпеза. Совршено.
    Кога ќе се вратам од работа, ќе правиме лепче со паричка со децата. Уживаат во месење тесто, а планирам и да им ги испечам нивните лепчиња посебно, само уште не знам дали ќе им ставам парички. Секако ќе им следува дел од „вистинското“ лепче, а таму нема местенки, никогаш не ни имало. Само сакам да направат нешто, и да го видат готовиот производ.

    Во мое време, немаше коледе. Кога почна да се коледари, веќе бев голема. А баш би сакала да одам на коледе. Ама затоа сум фатила други празници, од други религии, или неповрзани со религија кои го одбележале времето во кое јас живеев.

    На коледе не одат ни децата, секоја година ова време некое е болно. Се надевам следната година ќе имаат можност. Баш сега сфатив дека не ги ни знаат комшиските деца. Какво време, каков начин на живот!

    Во наше маало не видов ни оган вчера вечер, барем не беше таму каде што го палеа претходните години. Тоа беше до детското игралиште, едниствено во околинава, ама сега го нема, таму се гради зграда. А ќе има уште една пред неа, баш спроти нашата куќа. Да живее урбаната мафија.
     
    На Annath, glow и JuLleE им се допаѓа ова.
  9. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Коледе леде паднало греде утепало деде, деде се мачи баба го квачи за четири јајца КОЛЕДЕЕ!
    и Лила ѓи прашува распејаните дечиња на бина : понатаму не ја знаете?
    Е нема понатаму толку пееме ние, што по кратко толку побрзо и повеќе бомбони и ореви.
    А да едно дете рече: и на крајта гускини,паткини шаткини коледее :lol:

    Арно ама забавата не ја завршивме со коледарите на бина туку со нашата комшивка од Струмица Сууузана Гавазовааа :rock: Аплаус ве молам!
    Доволно беше тоа за да се испразни игралиштето и секој да си ја продолжи забавата кај знае.

    И каде, каде ајде кај другарите да се стоплиме на огинот.
    Стари, млади сите на едно место собрани, музика до даска, играње оро и танго на сред улица.Колите свиркаат ама на никој не го погодува свирката во срце.
    Згреавме раце и дојде легендарниот ЦАНЕ да ни го згрее паметот :D Дедото Цане беше личност на вечерта.Прво им го даде благословот на сите парови и им рече дека се родени еден за друг а на комшијата негов да си ја зеде другарка ми и право дома да си ја носи :rofl:

    Потоа предавања (цитирам) :кога ќе дојдете на 25/30 години ќе жалете за оваа време во кое сте сега.Бидејки сега само гнетете, гнетете во себе и вечер кога ќе си легнете ќе се стегате цело време бидејки ништо не сте направиле.Правете го онаа што го сакате!Јас кога бев на ваша возраст ја факав женската за ребро или гуша и си ја носев со мене.Прво се бунеше но кога ќе види нема каде да бега и ајде...
    Вака сигурно 1 час зборуваше дури и некои над нормални работи кои не се кажуваат на...ајде да речам деца.Ние сите црвенеевме и потоа почнавме да бегаме кој на каде знае :D
    Се смевме сите, што се вели се репкавме од смеја пре огништето но човекот до некаде и во право беше, ама ајде де :worried:
    На одење по патот велевме дека по 10 години може ќе одиме кај Цане и ќе му речеме е па дедо во право беше :)
     
  10. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    Мразам мразам мразам снег :devil:
    Па еден чекор шо напрајв, жива вода се напрајв :doh:
    Како и да е ги сакам празниците, па пукнав во јадење бре, се шо ти душа сака све имаш на трпеза.
    Одам да се најадам :rofl:

    Имајте убав ден :*
     
  11. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    На моменти толку многу ми пречи што живеам во оваа населба, посебно на ден како денешниот. Луѓе немав коледарчиња, се ми остана така :( . Добро разбирам дека навистина има повеќе муслимани тука, ама до толку ни едно коледарче да не ми запее на врата?? Е стварно ми е криво бе! Порано јас кога одев на коледе со брат ми и децата од пред маало, сме правеле СТРАТЕГИИ :lol: уште во декември во колку саат ќе се собереме кој се згради ќе ги поминеме. И секогаш се чекавме во 4 и 30 наутро покрај веќе изгаснатиот коледарски оган. Се сеќавам мајка ми секогаш ми викаше ДО БРАТ ТИ ДА СИ, НЕ СЕ ДВОИ ОД ГРУПАТА ДА НЕ ТЕ МИСЛАМ, РАЗБРА МАЛО :lol: :lol: ?? Дома се враќавме веќе во 8 со полни торби, и нормално следуваше ревизија на истите, колку пари сме собрале, колку бонбони... радости. А сега?
    Сега сето тоа го нема, озбилно ми иде да се нарамам со една торбичка и да пеам у зграда, иако сме само 4 македонски фамилии, а јас скоро 22 годишна :) , мерак ми е да се слушне таа песна тука!
    Им пеев сабајле на моите - КОЛЕДЕ ЛЕДЕ ПАДНАЛО ГРЕДЕ, ПЕПЕРУТКА САКА ЛАПТОП :lol: . Се превртеа од смеење.
    Мама почна со приготвување на посната вечера. Се мириса така убаво. Ми се допаѓа овој период од годината, некако сите сме сплотени! Искрено не сакам да ми се падне паричката на мене, сакам да му се падне на брат ми, сакам тој да биде најсреќен годинава- сакам да добие решение на работа за стално, да не му го продоллжуваат договорот!
    Среќни Божиќни празници на сите феминки од христијанска вероисповед!
    На здравје ! :d: :d:
     
    На palavoto.devojce, sweetgirl92, martinuska и 6 други им се допаѓа ова.
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    Џабе се молев 2012 да биде добра кон мене. Џабе!
    Кога тргнало на лошо, така и ќе биде.
    Ако ја преживеам годинава, ќе се прогласам за светско чудо.

    Вчера само што се прибрав дома, ми дојдоа и дечињата на врата. Барем не беа циганчиња.
    Така полупијана се измакнав до влезна и им шибнав по една книжна. Сабајле видов дека сум им ставила по 100-че. Отиде цела петстотка. :tmi:
    За арно нека е!
    Ако ништо друго, нека се радуваат, кога очигледно јас неможам.

    Светла мисла што ме води низ месецов е храната.
    Барем уживам во храната на мајка ми, а вечер ќе се удавам во посно. Така да знаете.
    И ќе станам свиња. Ќе ме тркалаат.

    Јануари, официјално е мојот најомразен месец.
     
    На fashionista, crazyinlove19, Special.Someone и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    Среќен божиќ!!! :*
     
  14. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Сакам кога рандом-бебе ќе ме стегне со рачето за прст со сета сила и ми прави фаца- ]:), па ми запираат и здивот и крвта. :rofl:
     
    На baguf4e, UniqueCreature, Special.Someone и 2 други им се допаѓа ова.
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена, МНОООГУУУ сакам да ми се падне паричката... Можно е да заплачам ако не ми се падне...
    За песната што ја зборите... На бадње вече... Оваа година многу ми прија.... Ама за мене дека ја пеат :D Ја пее, ја пее... И оро игра. :D

    Коледарите ги преспав, ама имало две - три групи дошле. :)

    Немам инспирација за пишување... А очајно пробувам да напишам нешто.

    Времево е совршено, барем за мене.

    Идам да јадам нешто, за да издржам до вечера :)
     
    На esperanca и Lovegirl123 им се допаѓа ова.
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.666
    Допаѓања:
    23.942
    Пол:
    Женски
    Бадник е мојот омилен ден во годината, го сакам повеќе и од својот роденден :) Денес е топло и миризливо во секој христијански дом, па така и во мојот. И јас не се наспав, ме разбуди коледарската песна на децата од маало. А богами кај мене во зградата ги има многу мали :D Ама убаво ми дојде на душичката. Само криво ми е што не успеав да отидам до црквата да земам Бадниково дрвце. Тоа ми беше еден вид традиција, но денес не можев, па затоа сосетката ни скрши од нејзиното. Мајка ми со полна пареа во кујната спрема, да има вечер од се по малку, богата посна трпеза. Паричката ја измив јас, и се надевам во мене ќе се падне, ми треба среќа за оваа година :D
    А утре, Божиќ, традиционален ручек кај баба ми, највкусниот во цела година. Со семејството на вујко ми, секогаш убаво си поминувам на тој ден. Плус, се враќам дома со по некој денар, и презаситена од храна :D
    За неколку дена ми е роденден :) Дефинитивно, јануари е мојот месец :)
     
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Убаво ви е вас, ви ѕвонеле коледарчињата во 5 саат.
    А мене знаете во колку?!

    ВО 3 и 30 САБАЈЛЕ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    Слушам и цела збунета :| :?: :o



    Како и да е, дал ќе ви се падне паричката или не, не е битно, задоволството е што ќе бидете со семејството сите заедно, ќе го славите празников, ќе се смеете, јадете, пиете...

    Ајт среќен празник!
     
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Оваа година како и последните 3 години паричката се паѓа кај внук ми, незнам само догодина што ќе прави татко ми кога ќе има повеќе внуци кои нема веќе да бидаат бебиња,и тие ќе бараат паричка:lol:
    Не памтам кога ми се има паднато паричето, лани сама бев, незнаев да си ја наместам, во куќата падна паричето :D

    Коледарчиња нема тука, само внук ми кој неможел да дочека да ми пее коледе, брат ми го донесе во 5 саат сабајле, срце мало.

    За многу години да ни е празникот.

    Христос се роди...Навистина се роди!
     
    На Doozy и MandyLane им се допаѓа ова.
  20. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    од синока почна кај мене малите коледарчиња синока мајка ми ама денес јас давав на нив...колку се радуват они на тоа и по дозд пееат (барем во Струмица се истура незнам за другите градови) сабајле татко ми несакајки така ме има исплашено и изрипано од сон и будна сум од рани зори,се спрема се за вчер а мене ми фали дечко ми ( и минатата год не бевме за бадник и Божиќ заедно :( ) паричката да ви кажам од 25 години живот 22 е кај мене така да ако се падне супер ако не пак супер....утре кај баба ми на ручек се молам да не се фатиме во исто време со тетка ми и нејното семејство немоѓам да ги поднесав толку фалби толку кчови а од стан ги избрка од крадење и пак да се прават на ниво не ги можам бе луге сакам утре убав ден а не да гледам блак особи...


    И само едно нешто ми е криво цел ден постам сабајле морав да јадам риба конзерва (а тоа е последно што би јадела) и како бе бидна да ми бапнат кафе со млеко и откако го испив да се сетам дека млеково е мрсно? :(


    убав помин вечер и во следните две три дена феминки оваа е најубавиот празник во годината...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.