1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kikitta

    kikitta Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Среќен Божик!!!!!!!!
    зошто коледарчињата се почесто се намалуваат????... нема голем број на дечиња кои шетаат и пеат убави коледарски песни... од тој аспект не се чувствува атмосферата од Божик... но затоа во семејството атмосферата е прекрасна.. утрово греана ракија со татко ми .. весели муабети... смешни случки.. а мајка ми се ,,вртка,, низ кујната припремајќи ја посната вечера... дефинитивно ми е омилен празник ... уште еднас СРЕЌЕН БОЖИК !!!!!!!!!!
     
  2. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Ми мириса на рибини струготини.
    И на штотуку испечената погача со паричка.

    Ми мириса на Бадник. И на многу желби!
    И на љубов, семејна.
     
    На kate21 и Doozy им се допаѓа ова.
  3. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.994
    И го мислам уште од лани да го кажам ова-
    Да ти се падне паричката, ќе имаш цела година среќа, да ти се паднам јас ќе имаш цел живот среќа!
    :D :D
    Денес времето е ограничено, кој меси зелник, кој меси лепче за паричка, кој пече тиква..
    Домаќинки жени и жени што помагаат на домаќинките.
    Скромна трпеза и среќни семејства.
    Ви посакувам убава бадникова вечер. И паричето нека се падне кај тој што најмногу му треба среќа! :*
     
    На baguf4e, glow, Special.Someone и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    ....тажна сум...ова ми е прв бадник да не сум со моите......но се надевам ќе имаат убава домашна атмосвера како и секој бадник! Ве сакам ајде си доаѓам следниот викенд! :*
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Верувале или не мене не ми дојде ниту едно коледарче. Многу сум разочарана, се убаво си имав спремено :(
    Живо пиле немаше по улициве, се тешам дека ради дождот ги нема ама не брее, ни кај комшииве не дошол никој. Се прашувам што е со дечиштава :@ Па ми текна, сеа дојде време да им е понижење да идат на коледе, да пејат пред врати, па сега се сите уфурани шмизли, не се праи тоа ноу њеј ноу хау, треба некој да спие до 2 попладне, да дреме на фејсбук или евентуално да се гледа реприза од турската серија што ја пропуштиле вчера пошо чоече се напраиле камења на оган :o
    Или нема деца веќе, трета причина незнам.
    Тажно е енивеј.
    Дури сега пред малку поминаа на улица неколку ромчиња со постар човек и влечеа огромна количка полна со коледарски дарови, па мајка ми искочи да им даде нешо колку да не сме останеле така за бадник на никој ништо да не дадеме.
    Муки, сеа сама морам да изедам 43289429843 кила бонбони, слатки и чуда, ајде повелете кој е за, абе изгорев за да слушнам дечиња како ми пејат пред врата :(
     
    На FortuneTeller.xD, Shelea, baguf4e и 8 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.087
    Допаѓања:
    257.340
    Секоја година јас на моите родители им пеам песна за коледе :$ .
    Секоја година сум коледарка, и оп и паричка си добивам 8) .
    Се чуствувам како мало дете, се навраќам на детството, на моментите кога утрото како коледарка им пеев на комшиите.

    Божиќ е празникот кој најмногу го сакам.
    За Бадник се собираме околу посната трпезата од која зрачи љубов.
    Љубов која го обединува моето семејство и не прави неизмерно среќни што сме собрани сите, седнати на трпезата и уживаме во вечерата.
    Но речиси секој Бадник не е целосен за нас. Секогаш фали член од семејството.
    Оваа година татко ми е дома, со нас ќе е, ама сестра ми ќе фали.
    На скајп ќе ја ставиме и таа ќе вечера со нас ;) .

    Го сакам Бадник, го сакам Божиќ.
    Јас која толку многу сум приврзана за семејството, ги сакам моментите кога тоа е покрај мене.
    Тогаш мојата среќа е најголема.
    Башка се спрема и снегче.
    Божик и снег. Прекрасно.
    Уште да се падне паричката во мене. Мината година за малку не ми падна, статива :D .
    Се надевам вечерва ќе ме послужи среќата, сакам да ми се посреќи годинава.
    Имам доста работи зацртано кои мора да ги извршам годинава.
    Ме чека магистратура и посакувам вработување.
    Скромно!

    Велат каде и да си за Бадник и Божиќ дома да си!
    Вечерва, зелник, лепче и риба ќе има во секој дом. Секој дом ќе блеска од смеа, од среќа, од радост.
    Тоа се моменти кои се драгоцени, бесплатни, најубави, највредни и незаменливи.
    Не ти треба фустан и чевли, вечерва ти треба само семејството.
    Тоа е најскапата работа која човекот ја има.
    Бидете среќни вечерва, сакајте и бидете сакани.
    Вечерва блескајте и смејте се.
    Вечер е Бадник!

    Пријатна вечер Феминки :* .
    Утре сите на баклава 8) .
     
    На Peperutka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Мимс не си единствена, ни кај мене не дојде ни едно коледарче. Зборував пред некој ден со братучетка ми, и викам а бе јас на твои години од возбуда не можев да заспијам пред коледе. Ми рече дека тоа било во мое време и дека имале на фејсбук група некаква во стил сите што мислат дека е глупо да се станува за тоа сабајле да се стави лајк. Имале 100 и нешто лајкови :fubar: :fubar: И јас имав се припремено ама си останав со неколку кила бомбони, јаболки и портокали.
    Жално е што животот им се состои од фејсбук. :worried:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Не дека ми е намерата да мрчам на ваков ден, но ве читам и сакам на сите да ви кажам:
    Бадник е строг пост (добро кој може и сака пости), НО и коледарските дарови треба да бидат посни (ореви, костени, бомбони, јаболка, портокали, мандарини....), а не чоколади, карамели :tmi:
    Крем бананите се посни, ама другите благи паааа баш и не сум сигурна дека се посни :^)
    Да не ги заборавам месените колачиња кои ретко се прават и даваат веќе.....но се составен дел од подароците за коледарите. За парите нема да пишувам.....зашто ќе се изнервирам повеќе :x

    СДК смачено ми е од извртување на обичаите, помодарство и незнам уште какви се нови трендови :puke:
    Не ги разбирам луѓево, а можеби ни тие мене....како и да е секој на свој начин нека ги празнува празнициве, нека биде среќен што има дом и семејство со кое може да ги сподели овие моменти :)

    За многугоднини нека е!
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    СДК и кај мене не дојдоа коледарчиња. Срамота!
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.664
    Допаѓања:
    161.790
    Денес им е најтешко на верниците кои по некоја случајност се и медиокритети кои имаат хипстери за пријатели,мајке ми. Од вчера навака се утепаа кој помрсно ќе изеде по фејсбукон контра религијата, адетите, поповите (ок,за ова само ќе речам,ако,ако),а у себе сто пати оче наш ја повторуваат и се молат да не горат у пеколот. Кои лицемери!
    Ок,ниту јас не сум религиозен човек, ама немам проблем да ги почитувам верниците кои се до степен на здрав разум, ги почитувам и оние како мене кои генерално не придаваат значење на религијата,не се чувствуваат удобно да ја имаат,веруваат на други начини и пред се,ок се со традицијата која малте не е белег и оние екстремни неверници,затоа што имаат константен став,ама ти братче што до вчера на Бадник ти го местеа паричето, а имаше 24 години,а сега силом прилике јадеш костени по фб контра верниците,си мизерија у движење.
    Никогаш татко ми не дозволи да ми влијае религијата на било кој начин,мајка ми индиректно вршеше притисок како контратежа,чисто ради незастранување,ама од оваа гледна точка,како така речи,атеист или во која категорија и да спаѓам,имам повеќе став и морал од било кој медиокритет кој чувствува стравопочит кон нешто кое не е ни сигурен дека верува во истото.
    ОЛАБАВЕТЕ МАЛКУ,ве молам! Коледарите и мене ме разбудија,но не ми пречеше да им дадам како се викаше тоа де,знаете,слатки,колачи,овошје...емиш или нешто така го викаа,не знам. Фактот е дека не можеш никого на ништо да натераш,освен ако не го прифати сам и не се разубеди сам,а ти пријателе,ни си ваму,ни си таму,не знам како живееш со себе,те жалам.
    Која зрелост,кој осет...просто човек да се згади. Ако христијаните се неразумни и лицемерни верници,гледам ти баш колку си разумен.
    Фала,чао!
     
    На Acerola, TeddyGrey и Offspring им се допаѓа ова.
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    12.442
    Пол:
    Женски
    Сабајле уште во 4 слушам песна ечи низ двор. Живи радости. Мајка ми стана, цела разбушавена, со горната пижама пикната во долната, отрча да им даде понешто. Многу е радосна на овој ден. Коледарчињата не беа баш мали. Докај 8 одд. После од дождов живо пиле немаше. И гледам 2 шарени чадора по уличкава моја се движат, а децата не ги гледам :lol: . Почнаа да ни пејат, излегов надвор со мама, се смешиме ние, се смешат они.
    Срцки мали. Па уште со ранчиња на грб. И толку. 10 души беа се на се.
    Ние порано кога коледаревме бевме по 30 деца. И помали и поголеми. Се делевме во неколку групи, сите почнувавме од различен крај и по неколку пати се враќавме да ги празниме торбите.
    Сега слабо. Незнам дали нема деца, или збрлавеле и ги заборавиле вистинските вредности.

    Имам чувство дека вечерва паричката ќе се падне кај мене. Ете тоа заборавив да го кажам :)
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Сдк можеби и јас сум лошата во цела ситуација ама тоа .. збориш вака така против неа мене ме браниш а после месец дена дознавам се дружите ? ? Па добро бе останаа ли ЛУЃЕ ???
    Најубаво е сам ..со своите мисли и со замислените пријатели затоа што вистинските .. ха ГИ НЕМА!
    Непријателот на мојот непријате Е мој пријател СУПЕР ! Играм така :) нека не те изненадува тоа што ќе го правам во наредните месеци .. ТОА ќе биде моето право лице ‘‘ пријателке‘‘ видеЌеш :*
     
  13. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    637
    е ако де офи ќе остане повеќе за тебе :)
     
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Ние по дома сме тажни, дождот ни ги растера коледарите :(
    Само 2 одсабајале рано...
    А мајка ми среќна им купила соленки, чоколатца, бомбони и јаболки :)
    Ништо ќе останат за нас, уште дебелеење, како малце да ни беше :$
    И срамота на тие што бараат пари и ги фрлаат јаболките...верувајте има и такви бесрамни кои дури и во лице ќе ти кажат, не ми давај јаболки, ако даваш давај пари, кај да ги носам јаболките на грб :o
    Баш вакви останавме :o :x
     
  15. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    Добро утро или сепак добар ден :D Не можам да се одлучам :rofl:

    Како и да е, важно е да е добар! :!:

    СДК дека коледарчињата ме вратија во времето кога и јас бев како нив со капче, шалче, ракавички и црвено носе итавме низ цела населба. Колку и да бевме измрзнати одевме од врата на врата, пеевме, се радувавме.. А дома, дома беше среќниот момент, броевме парички, се радувавме мислевме којзнае колку сме собрале.. Ах, колку бргу си минува времето :inlove: Кога ги гледав нив ми навираа солзи во очите.. Но, морам да кажам дека сега се помалку има деца кои одат на коледе, не се исти времиња, не знаат што пропуштаат :)

    Јас сепак се радувам, ништо не ми ја трга насмевката од моето лице, навистина годинава ми донесе нови победи, нови предизвици.. Нека потрае... :$ Сакам и вие како мене да сте среќни, весели, полни со љубов и желба за живот...

    Имајте убав ден и фалете се кај кој паднала паричката :rofl: јас наскоро ќе дознаам :* :D :hug:
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    СДК дека Старбакс си замина од форумов, ќе замине и некој друг, а форумот нема да биде онаков каков што некогаш бил, или како што сум го гледала дека е.
    Одеднаш се ствараат кланови, се ствара оклоп околу некои форумџики, одеднаш се откриваат работи кои некој ги прави, и одеднаш се губи смислата и постоењето на форумов, на ликовите овде со аватар и корисничко име, кои се живи особи во реалноста.
    Настапуваат на сцена повеќе лошите човечки особи, а дружбата и искрениот разговор и совет паѓаат во сенка пред овие погоре наведените.


    Не сакам да верувам дека тоа ќе биде така во целост.
    Добродушна сум, позитивна, и верувам во човечките доброти, и бар знам дека сеуште постојат во ликовите кои редовно ги читам. Од една страна, желна сум и сакам да ги запознам во живо, но од друга страна пустите лоши навики и особини го трујат човека и сеуште сум плашливка што се однесува до запознавањето на форумските ликови од тука.


    Да не биде толку сиво и тмурно мислењево на овој убав ден, но веќе така ми почна, па немам волја за ништо позитивно во него, освен да посакам искрени желби за убава помината семејна вечер со најблиските во домашна атмосфера!
    Баталете бар за момент дискотеки, излагања, или пак љубење со дечковците, има време, не ви бега ништо, уживајте барем една вечер во годината со вашите ближни! :*
     
    На Doozy, najubava2010, L-enna и 2 други им се допаѓа ова.
  17. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    6.769
    Koга се разбудив пред еден час гледам надвор снег имало . Ветрот го дува де лево де десно .
    И ми падна криво дека не станав порано да и речам да одиме на другарка ми в центар да му се порадуваме малку . Што вака низ прозорец не е интересно , а таа е веќе замината в чаршија.
    Ајде се тешам дека за Бадник треба дома да седам со моите , еве мајка ми пици ќе ми правела да ме теши миличка :inlove:
    Ми кажа сабањево дошле 3 коледарчиња со црвени носиња и со кошнички се распеале на врата :wasntme: Јас толку што бев уморна вчера ,цел ден работевме, и не сум ги ни сетила дека се тука кутрата...Затоа и ме остаи мајка ми да си поспијам . :$
    Нека ни е за многу години денов феминки ! :*
     
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Навистина зошто си отиде Старбакс?
    Мене ми беше една од поквалитетните форумаџики.Но тоа е,троловите ќе го реметат форумот а квалитетни ликови ќе си одат.
     
    На Special.Someone и LilBaby им се допаѓа ова.
  19. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Во мојот град изгледа изумрел адетот со коледарчињата бидејки откако знам за себе никогаш не сум одела на коледе. И дома кај мајка ми, и откако сум домаќинка самата (10 години), не сум видела деца да одат ниту пак ни дошле на врата. Јес дека сега во новиот стан сме на најгорниот кат, каде дури и крадците ги мрзи да се искачуваат без лифт, ама па сред центар сме.... Не ни очекував, најискрено :worried:

    Пријатна Бадникова вечера и посакувам среќата да не прати сите без разлика во кого ке се падне паричката.
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ги љубам празниците, го сакам Божиќ, а таа топлина на Бадник кога е целото семејство е дома на трпезата, здравицата и кршењето на лепчето, јадењето на најубавата пита на мама, непроценливо е сето тоа.

    Но сеуште неможам да ја разберам црквата.
    На вакви големи празници дознаваме дека поскапеле црковните такси бидејки немале пари. Немале пари и неможеле да ги плаќаат свештениците?
    Овие луѓе најмалку од се изгледа се верници.
    Изгледа им се малку тие мерцедеси и џипови, тие одмори во странство, тие куќи на Водно и низ луксузните приградски подрачја, тие викендички. Ок, ќе ви дадеме пари од сега возете бентли, ролс ројз или евентуално спортски ферари и ламборџини. Приватен авион? Нема проблем.
    А вие продолжете и проповедајте љубов и вера. И ПАРИ!
    [​IMG]

    На крај се заклучува едно, ако сакаш да си верник ако сакаш да си крстен, венчан а потоа и да бидеш погребан мора да си платиш. Да не зборам за тоа дека за секој влез во домот мора да си го платиш попот. Значи ако сакаш да си христијанин ПЛАТИ СИ.

    Верба во Господ ок. Верба во црква? Во онаа која за се ти наплаќа, онаа која е виноновна за многу поделби меѓу луѓето, онаа која е виновна за неколку војни, онаа заради која умреле многу луѓе...
    Само ќе воздивнам и ќе кажам дека такви верници искрено не му требаат на светот.
     
    На TheKiketoo и Ashling им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.