1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    И кај нас само едни, и толку. Јас ги преспав, не ги слушнав. И лани немавме многу.
    Требаше да одам јас, се договоривме се, и дождот ни растури. :( :lol:

    Интересен ми е овој празник, и јас да одам, и да доаѓаат коледарчиња. Па јаболки, портокали, колачиња, пари, радости!
    Штета, за некое време ептен ќе изумре адетов...

    Едит: Само што слушнав еден гаф на Тротоар

    водителот: Денес е денот кога се крши паричката! :rofl:
     
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.022
    Кај мене дојдоа едно 10тина групи... во 5-7 саат 3-4 групи циганчиња , после од 10 саат нашиве :D

    Среќа после пред влез (во голема зграда сум) не ги фрлиле сите јабуки и бомбони а ги изеле сите чоколади и ги собрале пари . Јас еднаш бев со другари од маало , пред 6 год .... и ми отвори на врата некое девојче , ама убаво и јас и останатите 4 машки се усрамивме и не ... нема више коледе :$


    А сега треба да направам неколку ритуали , да ми се падне паричката .... вие што сакате кажете , АМА еднаш ми се падна паричката после 2 год пауза и си фатив девојка

    Мислам ако идеме , треба сите расположливи средства да ги користиме нели


    Среќни празници за тие што ке постат , ама после и самите знаеме дека ќе излапаме една кафеава , полна со лешници , што се топи во уста , што се лепи на заби , што ти го скокотка грлото , што те јаде од внатре

    ЕДНА МИЛКА (*ЛИЗ ЛИЗ) ЧОКОЛАДА :*
     
    На Strumfeta93 и martinuska им се допаѓа ова.
  3. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Сдк денес ми се роди внука..Уште едно бебенце во нашето семејство...Овојпат внука од прва братучеда..
    Денес на овој голем ден Бадник се роди бебенце кое ќе си добие име Христина :)
     
    На FortuneTeller.xD, TheKiketoo, mims-89 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Бидејќи панта реј...
    Некои одат, други доаѓаат.

    Anyways, сакав да кажам, дома имам мандарини и лешници за цела година.
    Сестра ми се лути кога ги јадам.. .се мрзнела цело сабајле, као демек.

    Инаку, незнам што има сега на Сител, некоја турска серија и типкава посојано кенка за тоа што се и смета. Лично, би ја опалила со токмак по фаца. А овој дечко и, многу ропачка фаца има. Аха, Саваш се вика. Јасмин била. Ајмееее... ете што било работата.
    До кога бе вака бе? До кога? Не трујат со квази морални вредности.
    Ебате турското, ебате.
     
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    25.752
    Пол:
    Женски
    Ја натерав мајка ми да им отвора на коледарчињата со ваква маска:
    [​IMG]
    Да видите автоматски стишување! Хаха, душичиња..
    Со солзи се смеев..
    За тие што не знаат овде се преправаме за Бадник. :emo:
     
    На zhap4e, Elennaa, Dulceee и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    На оваа мака и температура од 39°C убаво се изнасмеав со брачед ми кој има 5 годинки. Дојде сам, низ снегот, целиот наврнат и пее ли пее, ама не таа песната што треба да се пее туку некоја негова измислена. Кога го прашав зошто така пее, замислете итрецот ми вика нова верзија на коледарската песна била таа, од годинава почнала да се пее, како сум можела тоа да не го знам и една фацка ваква :^) имаше . :lol: Будалче мало! :rofl: :rofl:
     
  7. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Да ти е**м факултетот да ти :@ Ќе заглавиш некаде и да нема кој да ти помогне ... Кој не знае, кој прв пат слуша за предметот дрн мрн ... Блазе си и на сестра ми, книга 700 страни (не викам дека неа и е полесно, она си знае) ама тоа е, се знае таа книга треба да се научи и крај ! Тоа е материјалот за колоквиум, таа дефиниција е така и крај. Па ти седни и бубај како знаеш . Ќе се сликам јас сега, ќе заглавиш некаде и нема мрдање, дај бе помогнете ми ;( Ај ако има некое програмерче на форумов расположено да ми помогне нека ми пише лп , инаку да не правам глупости на вака голем ден :D
     
  8. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    BRACE YOURSELF "Кај мене се падна паричката" POST ARE COMING!

    Туф, туф не отварам фејзбук оваа вечер :D
    Мама сакаше јас да ја имам честа за да ја ставам паричката во лебот но избегав како преплашена.Не сум јас за тие работи.Баксус невиден сум.
    И така мама меси јас гледам со желба еден ден и јас да имам семејство па да им спремам лепче и крашник :)
    Брат ми ме покани на танго и секако не можев да го одбијам.Го качив на столче и ме вртеше на секоја секунда, паметот ми го заврте.Тато ни даде комплимент дека сме се нишале како чамец :$ :D Само нека порасни па ќе го научи дада него како да ѓи врти сите моми.Има да се ниши како брод!
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Утре е Божиќ и мене ми е роденден. Се надевам дека една личност нема да заборави да ми го честита, зошто глупаво е да се заборави роденден на ваков датум :worried: :worried: :worried: :worried:
     
  10. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Во текот на деновите во годината, секогаш јадеме кој каде ке стигне, јас во моја соба, моите во дневна. Исто така, заради разни обврски дали на работа, во училиште ретко да се собереме сите на маса, а уште поретко да напраиме моабет како ни поминал денот.

    Не ми се допаѓа тоа што чекаме празници за да се собереме сите на маса, и да јадеме во мир, да сврземе добар моабет, без префрлања и предрасуди.

    Затоа денес на овој ден, во мојот топол дом сите ке се собереме целото семејство на трпезата која изобилува со храна, колку се има-толку, и тоа малку, доволно е, ке пиеме, јадеме и ке се смееме. Куќата ке ни зрачи од Љубов.

    Нека е Среќен празникот на сите православни христијани :d:
     
  11. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Вечерата е скоро спремна. Бело гравче, пита со зелка, компир-салата, печена тиква, пита со јаболки..... и се разбира леб со паричка

    Среќен празник и имајте пријатна вечера
     

    Прикачени фајлови:

    • P1064695.JPG
      P1064695.JPG
      Големина на фајлот:
      42,6 KB
      Прегледи:
      225
    • P1064699.JPG
      P1064699.JPG
      Големина на фајлот:
      138,7 KB
      Прегледи:
      225
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    :yawn:
    Кој бе? Јас? Оти? Ова ми се прашањата кои од сабајле ги дадов во самоодбрана! :rofl:
    Брат ми ми донесе купишта среќа, и гушкање до Нов зеланд и назад, и реков веќе ни два дена нема да оди! Па уште кога го видов подарокот останав ваква :o па сега два дена се фалам ко ѓупка со златен синџир и се радувам ко дете со шеќерно стапче. Нема никој ко мојата колекција шминки, немат ]:) ! Синоќа го потерав единствениот оригинал Бадел, и кренав раце на секоја песна иако не памтам ни стих :drunk: Љубовта ми ја згреа душата со бакнеж и оригинални зборови :wasntme: . Од пет посабајле ги дочекував коледарчињата во полутрезна состојба и две леви влечки, зелена горна пижама и циклама долни тренерки и подскокнував од мераци. Вечерва ќе пијам црвено вино и за арно за убаво ќе наздравам :) А вие, наздравете со мене. За многу години, СДК празнициве се мерак :)

    СДК гарант пак ќе снема струја, гарант! И ко примитивци на свеќа ќе си вечераме и ќе играме парија покер(нелогично, прости ни Господе :angel: )
    И СДК кај нас нема паричка сега, паричка има за Василица, а таа кај мене нема да падне :rofl:
     
    На teddybear, caroline.costa и Doozy им се допаѓа ова.
  13. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.098
    O.l.e.....k.i.m сестри? :geek:
     
    На Rozich и k.i.m им се допаѓа ова.
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не знам за вас ама јас паднав од смеа кога едно другарче ми кажа дека мајка му наместо во погачата паричката ја ставила во зелникот(по грешка де ) и од 4 часот како се седнати се уште не ја нашле :D :rofl:
     
    На esperanca и Magnolija им се допаѓа ова.
  15. Mameha

    Mameha Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    490
    СДК во секој агол во нашава куќа во секое ќоше во собичкава некој нешто работи, приготвува, доработува :lol: а пак татко ми уште мајтап ни прај собава како работилница сме ја направиле :lol: СДК најубав празник :inlove: семејна љубов на сите страни си го сакам Божиков наш
    ај ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА НИ Е НА СИТЕ
    СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ
     
  16. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Кутрата моја тетка, бидејќи има 2 мали дечиња, во лепчето става по 2 парички... да нема галама нели.
    Е легенда е бре. :rofl:
     
    На zhap4e, AIT, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Среќен Празник Уште многу години да си го славите многу радост среќа. :)
     
  18. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    ^^ Ах Маца, и мама правеше така. Разликата е во тоа што мама кога бевме помали ставаше по 4 парички и сите се радувавме кога ќе видевме дека има по една паричка за секое дете. :lol:

    СДК .. дека вечерва си уживам во една плеј-листа со песни од Архангел и Мизар. :mm:
    Пред некоја минута на ред дојде Милион долари и душава веднаш ми се стопли. Се вратив 10тина години наназад, кога во мојава детска брат ми ја свиреше песнава на гитара а јас ја пеев со сиот глас. На само 5 годинки сум ја знаела песната на памет .. и сеуште се чудам како.

    Сеќавајте се на убавите моменти од детството, бидејќи тие со сигурност барем малку ќе ве насмеат и расположат, без разлика колку е сегашноста лоша.

    Бидете ми поздравени. :hug:
    http://www.youtube.com/watch?v=HRYL7I4g ... re=related
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  19. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    If i were you i would fucking adore me :P
    Аман на секои 5 минути снемува струја во станов . изгледа немам платено :wasntme:
     
  20. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Ах, каков ден!
    Видов дека трите испити си ги положив со убави оценки и да да, заврна снег во Охрид, шетав и се смеев со брат ми лизгајќи се на снегот, па пелинковац на шанк со my bff а во позадина саксофон и акустична гитара (оу јеа :music: )... но(!) она за што најмногу се радувам е дека смислата на аватаров што го имам се исполна :*:

    Бре бре бре.. животов во црвена панделка ми е подарен изгледа :lol: И покрај се‘ си го љубам!

    И да, така задоволна и среќна со мамичка правев торта, како само ме соблазнуваа ресаните, ама не, денес се пости (како и вчера, завчера..) па утре знам дека ќе ми е послатка тортата :)

    Среќен Бадник драги христијани и христијанки, славете го денов, за многугодини!

    Брајт :sun:
     
    На LivingGlam, la-chicka, Hopeful и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.