[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    6.769
    Aбе мене 3 дена ми касни , а овие што немало струја 5 минути ја искршија тастатурана да напишат :lol:
     
    На kate21, Bright, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    СДК
    http://www.youtube.com/watch?v=pey29CLID3I

    I'd rather be a sparrow than a snail.
    Yes I would,
    If I could,
    I surely would.

    I'd rather be a hammer than a nail.
    Yes I would,
    If I only could,
    I surely would.

    CHORUS
    Away, I'd rather sail away
    Like a swan that's here and gone
    A man gets tied up to the ground
    He gives the world
    Its saddest sound,
    Its saddest sound.

    I'd rather be a forest than a street.
    Yes I would.
    If I could,
    I surely woud.

    I'd rather feel the earth beneath my feet,
    Yes I would.
    If I only could,
    I surely would.
     
    На pink4ever и DAngel им се допаѓа ова.
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Песимист станав единствено затоа што кога размислував позитивно за работиве, ме следеше некоја несреќа и никогаш не испаѓаше како што се надевав. Од инает, песимист сум. А сега не оти ми е нешто подобро. Се тешам со помислата демек немало да се разочарам, демек очекувано било. Ма какво очекувано бре, потајно секогаш се надевам дека ќе се случи чудо.

    Ги мразам ваквите моменти кога ме напушта надежта, кога ме демотивира материјалот за учење затоа што си мислев дека ќе постигнам се за кратко време, а испаѓа дека професориве јаделе супа со букви и повратиле книга, па ја издале. Сериозно, на колку појасен начин може да се напишат и објаснат некои работи, ама неее, ова се книги за академски граѓани, а истите мора да имаат академски речник. Епа sсrew you system!!! Некој може убаво да се изрази и без тие глупави нејасни изрази и зборови за кои пола од населението не ни знае дека постојат, да не зборам за оние кои што случајно ќе чујат некој таков збор и постојано го употребуваат го додаваат ко вегета во секоја манџа без да го знаат значењето, ама ако, важно паметни излегле. Не дека сум до толку глупа да не разберам, само ме нервира тоа курчење со зборови. You're smart we get it! Ама не беше тоа проблемот всушност, начинот на опишување е тоа што не штима, неможноста да се претопи во пишана форма. Ама да не должам сега и за тоа, доволно сум изреволтирана.

    Од празников ни п не чувствувам, исто ко целиов овој период, не сум свесна дека почна некоја нова година. Може е само резултат на гооолемо разочарување од луѓево околу мене, кое не треба да го има ова време од годината, зошто нели, овој период е резервиран за љубов и разбирање, саншајн енд хепинес.
    Среќно на сите кои не го делите моево расположение, уживајте во него додека можете. Јас очигледно не можам. Единствено добро од денов, е тоа што ми дојде и што нема догодина ова време да слушам плач од некое мало ѓаволче кое ќе ми ја скрати младоста :lol:
     
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Како за општеството така и за поединецот можат да бидат штетни и опасни луѓето кои, поради својата ограниченост, неограничено веруваат во својата памет и проникливост и во точноста на секој свој суд и заклучок.
     
    На Doozy и marama им се допаѓа ова.
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Уф. Уф. Уф.
    Сега сум само за на токсикологија. Ама не заради вадење алкохол, туку храна. :wasntme: Има да извадат посна сарма, риба, гравче на тавче (да продолжев уште малце, и тавчето ќе го извадеа), пита со јаболки, урми, смокви, пола мандарина и едно 20тина овошни бонбони. Ама 20 не е ништо, завчера изџвакав околу 30 негро, го мавнав цело ќесиче. Невер мајнд.
    Среќна нека им биде годината, на тие што им се паднала паричката, а и на оние што не им се паднала.
    Ние дури другата сабота, ќе јадеме пита со паричка. Меѓутоа, јас ко јас, мислам, невиден малер, и баксуз, и 2 во едно, нема теоретски шанси да се падне кај мене паричето. Всушност, и не памтам кога последен пат ми се паднала, освен кога ми ја местеа како мала. А и да ми се падне, сигурно ќе се задавам во неа.
    Кога му викав на снегот, не доаѓај, не доаѓаше. Сега коа му викам доаѓај, не доаѓа. Ама јас знам, дека ќе дојде на 20ти, баш кога ќе почнеме во школо.
    И да не биде се така негативно.. да ве израдувам.. Хурем е бремена!
    Генијално. |(
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Утрово ги пречекав првите коледари.
    Со пакетчиња во раце, розеви пижами и топлинки во форма на прасиња врз чија глава има круна, се појавив пред врата со насмевка до уши! И мислам дека јас повеќе се израдував кога им ги ставав пакетчињата во торбите, отколку самите коледарчиња :lol:
    Традиционално, на Бадник снемува струја, ама за среќа во несреќа овојпат немаше фаза. Па струја дома имаше на право место - во кујна. Додека мама ја придготвуваше трпезата, јас се обидував да одолеам на пријатниот мирис и да се сконцентрирам на облигациите објаснувајќи и на мама зошто морам да учам на Бадник. Па, како во времето кога Христос бил роден, вечеравме на свеќи. Му викам јас на тато дека овие од ЕВН намерно прават така, сакаат да ни направат бадникова атмосфера. :lol:
    Откако тато ја кажа молитвата, седнавме да вечераме, а сестра ми убедена дека паричката не е во нејзиното лепче, малку фалеше да си ги искрши забите откако убаво ја загриза. Дефинитивно ни е најголемиот среќник во фамилија :) Моите не немаат разгалено, па никогаш не ни ги местеле паричките. Не научија дека кога ќе дојде нашата година, паричката ќе биде во нашето лепче :) После вечерата тато, инаку чистокрвен Кумановац, се преправи во криво магаре кое носи кошница полна со урми, смокви, мандарини, јаболки, костени, ореви и други десерти.
    Тропа на врата и вика: Сакате ли гостиии?
    А ние со сестра ми: Нееее...
    И тој пак: Сакате ли гостиии?
    Ние: Нееее...
    И по трет пат: Сакате ли гостиии? Ако не сакате ќе одам во комшии!
    И ние: Сакаме, сакаме!!
    Кога бевме мали откако ќе влезеше го јававме, пошто нели е криво магаре, ама ни поминаа годините.
    Инаку тато рече дека дневната ни личела на чорапара, па сериозно ме замислив: Дали ние претеравме со новогодишните чорапи, или он нема сенс за естетика? :wasntme:

    Како и да е, нека ви се среќни Божиќните празници!
    Имајте многу здравје, љубов, бериќет и семејна хармонија. Уживајте во ваквите празници кога сте со вашето семејство бидејќи некои луѓе се толку сиромашни, што единственото нешто кое го имаат се парите.
    Јас сум богата. Го имам своето семејство.
     
    На Divinebutterfly, bittersweet, kate21 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Најпрво ви благодарам на сите за убавите зборови и желби. Имав прекрасен роденден. Добив подароци и после којзнае колку време искрено писменце од една другарка :)

    Денес беше прекрасен ден...уште кога се разбудив ме израдува снегот и пријатната атмосфера дома. Жал ми е само заради временскиве услови што баба и дедо денес останаа сами. Ама утре ќе надохнадиме :)
    Да се пофалам, паричката ми се падна мене. Да речеме дека е ова знак кој долго го очекував и ми дава уште поголема надеж дека годинава ќе е добра.

    Ги сакам Божиќ и семејната атмосфера која владее и никогаш...ама никогаш нема да ги разберам луѓето кои трчаат на овој ден да излегуваат по кафичи и кафани.

    Уживајте во празников, бидете со најблиските и нека Божиќ ви донесе мир и среќа во семејството :hug:
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    ... 25 years and counting... no, wait !
    Паричката е кај мене ! ^_^
    Само 25 години ја чекав паричката. За првпат во животот е кај мене и ќе видиме што убавини ќе донесе.
    :)

    Малите градчиња и' даваат душа на Македонија.
    Кратко патување, прекрасни, мили и гостопримливи луѓе, многу смеа, колачиња и мрсни, безобразни песни во далечината.
    Неготинчанки, треба да сте горди на вашето убаво градче и вашите пити. :)
    Да имав повеќе време и времето да не беше фурија како што се погоди, со задоволство ќе ја побарав Мистериозната или Багуфче за кафе.
    Другпат, сега барем знам каков вкус имаат питите.
    Божествен . . .

    Во меѓувреме, трепкав и чинам целото тело ми се тресеше од задоволство и среќа.
    Убаво Коледе и убав Бадник.
    :)
     
    На Buttterfly, LivingGlam, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Е и ова се немаше случено. Откако се преселивме во новата куќа за адет кршиме лепче, а после сите одиме на вечера кај баба и дедо и таму пак кршиме. И седнуваме на маса сите, таман татко ми да почне да го крши лепчето - снемува струја :D И дури сега дојде. На свеќа го кршевме лепчето иии во мене падна паричката !! После отидовме кај баба и дедо, баба кога замесила не лепче , лебиште онолкаво и на сите дедо скршна по малку а на мене и сестра ми по пола леб и нормално во некоја од нас ќе падне. И барај барај паричката ја нема никаде, и таман јас дојдов до заклучок дека баба заборавила да стави паричка, сестра ми го најде во нејзиното парче - горе сосема во корчето :D И се замуабетивме, земавме јас и сестра ми да јадеме зелник и баба ги тргна парчињата леб , никогаш не ги дојдадуваме. И на крај барај барај кај е паричката , ја нема. На сестра ми и текна дека не ја извади од лепчето , и кога да видиме , во рацете на баба таман да ја загризе :rofl: Земала жената да го дојаде лепчето :D
    Убаво беше. Уште поубаво што немаше струја, свеќи запалени, пуштив баладички од ајподот, се шегувавме на татова сметка, се смеевме и ни раскажуваа какви сме биле како малечки. Од кога вака се немаме изнамуабетено.
    Среќен Божиќ феминки , ви посакувам многу здравје, љубов и среќа !!
     
    На 1209, la-chicka, teddybear и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Што убава e сега Femina,сите се среќни ^_^.
    :inlove:
     
    На eli25, Annie.mk1 и Breezy им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.652
    Допаѓања:
    161.695
    Леле гледам 50ки почнале во лепчињата да ставаат! Малеее! Тек сега 100ки кога ќе имаме...
     
    На christina, Wild.Child и anneyy им се допаѓа ова.
  12. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Romeo & Juliet , Barbie & Ken , You & Me ..
    Колку е упорен,злато.Ама ке го мачам малце.Неможе се готово на послужавник да му се принесе.
    Малце сум :devil: ,ама само малце..

    И да,паричката не се падна во мене,во татко ми е и среќна сум поради него.Нека му биде дупло поубава оваа година и поуспешна оти тој заслужува многу.Сега како раснам ја сфаќам неговата вредност во мојот живот.Всушност тој е голем човек,со големо срце и голема душа.А јас без него сум никој и ништо и не вредам ни за најмала паричка.Така е.Многу го сакам,а тоа го сфатив дури сега ...

    Вие добри? Во кого се падна паричката ?

    Не ми се падна паричката,ама се најадов за следните 3 дена.И покрај убавата трпеза како да не јадам и прејадам? Убавини..се е вкусно и убаво на овој ден..
    Ајде уште еднаш Среќеен празник !

    :*
     
  13. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.994
    Што убаво вака кога не се раскрева трпезата, помини-замини ќе си каснам нешто. :wasntme:
    Уф, што сакам секој ден да е празник.
     
    На Beauchamp, Cynthia, Cence и 2 други им се допаѓа ова.
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    29.416
    Пол:
    Женски
    Убав празник е денес, а уште поубав е утре.
    Одсабајле не ме разбудија коледарчиња се разочарав, но најверојатно поради дождот, но сепак дојдоа неколку и ме потсетија како до пред некоја година и јас станував рано наутро возбудена и подготвена за долг поход до комшиските куќи, па кога ќе ти се наполнеше торбичката ќе се вратиш назад ќе ја испразниш, па пак назад и така неуморно.Знам ден два пред коледе ќе се соберевме и ќе почневме да спремаме стратегии, од каде ќе почнеме, па каде да не одиме зошто минатата година не избркале, па во колку ќе се чекаме, ама да не е касно, па тука започнуваат дискусии, времиња беа тоа.И на крај кога веќе не ве држат нозете ќе дојдете дома па возбудено ќе гледате какви бонбончиња имате, па колку парички имате, па ако и има некое чоколатце, радости.Баба ми денеска ги чекаше подготвена од рано наутро со радост во очите, но за жал не дојдоа многу коледарчиња, па за да ја израдувам и јас и запеав, а таа пееше со мене.Баба, голем збор, кажан со многу љубов.Таа денеска направи ручек, таа го направи прекрасното лепче со паричка кое беше толку вкусно, и морам да признаам без баба не би било тоа тоа, ти благодарам што постоиш бабо!
    А вие имајте убави празници и сакајте си ги бабите, тие се секогаш наклонети кон вас со многу љубов и уживајте во топлата домашна атмосфера :)
     
    На Doozy, eli25 и PinkPanterka им се допаѓа ова.
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Отпадна договорот..Сепак заминуваме утре наутро..А колку се радував вечерва...Ако, ден-ден боље ишта него ништа..Сега останува да си се згреам под ќебенцето и да уживам во овие снежни убавини што ми ѕиркаат низ прозорецов.
    А, да... си имам екстра нови гумени чизмички така да ништо чудно да си излезам во дворот и снешко да си правам....Кој е за снешко нека повели, многу добро ќе се забавуваме. И моркови имам, о даааа!! :D :)
    Среќен Бадник, среќни празници :*
     
    На Miss-Independent, Smilly и tweety26 им се допаѓа ова.
  16. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.048
    Допаѓања:
    5.058
    Фемина и се е можно :)
    Жена неможе да ја излажеш..
     
    На TheCandy880, tweety26 и pupi.girl им се допаѓа ова.
  17. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    СДК дека во последно време не бев баш активна на феминкава поради обврски со школо и т.н ама од сега ќе се активирам верувам :*
     
  18. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам дека стварно се изненадувам од тоа какви луѓе постојат :)
    И сакам да кажам ама баш дека ич К** не ме боли и дека слободно можат да се замараат со мене :)
     
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.485
    Интересно е како поздравиве со 200 форумџии внатре се пат до исто толку лајкови. -.-
     
    На Chocoholic, ines.h, Hiii и 2 други им се допаѓа ова.
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Cд ти к, дека не е тоа замарање со тебе, туку само не е фер и коректно спрема другите феминки што ставаат слики :)

    за таму не знам не сум 100%, ама кога постави слика во мојата шминка низ слики, од другарка ти и тебе, а притоа ја (избриша со брзината на светлината) е за таа слика се кладам дека беше лажна. за 2та зборам, не за таа со сините очи ;)
    ;) Hе знам дали другите ја приметија, ама јас да, и сакав да ти пишам, ама после видов ја немаше.
    пак ќе кажам не е фер :) Oва најдобронамерно ти го кажувам, нити дека се замарам со тебе нити нешто друго
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.