[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Цел ден го поминав во размислување "што ако биде..." а не се замислив да превземам нешто.
    Епа ако ми е.
    Јас само чекам ситуацијата да се среди, а не помрднувам од место. Изненадена сум од самата себе. Нели бев силна личност?
    Искрено, уморна сум од тоа да бидам силна. Само ќе го чекам моментот кога ќе се прелие чашата. А тогаш ќе биде интересно.
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Ја гледам мачкава како лежи покрај парно, си се топли и со шепите ги гушнала ребрата. И нејзиното предење ми ја исполнува целата соба. Сакам да си легнам покрај неа, ама не книгиве на маса сами нема да се научат. Милион шеми и пенкала, забелешки и прибелешки. Вторник и среда нека поминат, после тоа раат.

    Баба ми ќе ме носи на шопинг во Солун, јухуууу. Земала незнам какви пари и сега ќе не части цела фамилија. Сакам блузи и џемпери од 2 евра што планови им кројам.

    Имам стар куфер кој сакам да го наполнам и да се уфрлам во некој воз. Ете во Швајцарија да отидам. За да ја јадам чоколади, да гледам кравички, да имам плетенки со црвени машни како Хајди и она познатото олеееолееихуууу.

    3 пати сакам има во постов. Себично створење со многу желби. Но што би правеле без желби...
     
    На la-chicka, LivingGlam, Star19 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    [​IMG] :|
    Едноставно, има работи кои никогаш нема да ги простам. Мои сторени, нечии сторени (не)грешки.
    Не сум многу тврда, едноставно не можам. Не со блиски. Еден ден - нема да ти зборувам, ама другиот - пак ќе попуштам јас. Велат, кој е попаметен попушта, а следниот пат јас пак ќе попуштам. Со нервите ќе да е. Оти некои работи не се трпат.
    И добро, може ќе ти зборувам, како ништо да не било, ама не простувам. Или пак многу тешко. Понекогаш, дури и сама си се карам, не можам да си простам за некои работи. Ви се случило некогаш да се гледате во огледало и да си велите „Зошто БиЈу(вашето име), тикво зелена??“ ?
    Епа, ако ви се случило, ќе ме разберете. Подобро отколку што мислите дека можете

    И реков дека новата година нема да мрчам. Ама, мислам дека колку повеќе се заречувам, толку поголем мрчатов станувам. А, не дека сум по природа.
    Ама, на моменти мислам дека ме прифаќаат.
    Ај,ај, чао.
     
    На Strumfeta93, eli25, Rock-a-Fella и 2 други им се допаѓа ова.
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Ова ми беше еден од поубавите денови во мојот живот. Прво и основно, се наспав. Во 2 ипол отидов на кафица со либето и се вратив во 6. Во мегувреме со дечко ми се мислевме дали да одеме на пица вечерва или да си правиме сами пица. И се одлучивме за второто. Купивме 3 готови теста за пица и шунка и кашкавал, и вечерва ке се разпечеме во мојата кујна заедноооо :D Едвај чекам жими се. Цела недела не сум го видела убаво после 7 дена конечно е слободен од работа и ова време само за нас ке ни дојде многу убаво. Јас вечерва се замислувам вака: :inlove:
    [​IMG]
    А до тогаш ке гледам филм кој многу од вас го препорачуваат. :) :* Имајте убава нок.
     
    На eli25, moonlight-girl.55, Beauchamp и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    120
    Колку е тешко кога родител ти се појавува сред живот и посакува да ти ги смени и најситните и наједноставните навики :@
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Кога нема, значи стварно нема. Но, кога има... да не знаеш каде да се свртиш. Интересно е како вниманието од страна на погрубиот пол, ни ја зголемува самодовербата. Ама фуче, многу. Без да се креваат акции секако. Цената е непроменета, доколку знаеш да се процениш. Доколку знаеш колку вредиш. А ако не знаеш, ќе те тркалаат. Во снег или.. не знам.

    Периодов е за оптегнување на кауч, слушање лабава музика и гушкање. Кој со кого најде. Куче, маче, перничиња, дечкич. И гледање филмови. И празнење трпези, фрижидери, флаши.
    Легачењево ми завршува денес. Наутро си фаќам друго темпо. Колку да се потсетам дека сепак има што да се прави, дека не ми е досаден животов. Само насмевки луѓе. И да не е смешно, можеби е убаво, искрено. Необично се чувствувам кога ќе добијам нечија насмевка на улица. Онака рандом. И кога ја возвраќам. Прајслес. Не мора да значи дека е флерт, доколку го поздравиш шоферот во автобус, или се насмееш на продавачката на семки. Доколку се заблагодариш, нема да си ја погазиш гордоста. Ни малку. Но ајде, ќе даваме, и ќе добиваме. Секогаш се‘ се случува со компромис, со компензација. Фидбекот е многу битна работа. Во која сакате смисла сфатете.

    Периодов, истотака се изнагледав клипови, каде луди, родители ги исмеваат своите деца. Киндер јајце, со вистинско јајце. Цела глава на Снешко, во главата на нивниот син. Навистина, признавам се насмеав, дури и можеби на глас. Можеби и она злобноно жарче во мене посака да го направи тоа еднаш, но... нема смисла. Да се иживуваме на деца, кои можеби нема ни да сфатат дека се изиграни. Жалосно е. Тоа е исто како нашите внуци, правнуци да ни ги прават истите финти кога ќе бидеме и ние, како деца. И тогаш можеби не би сфатиле што се случува, но садистички изгледа од страна. Многу.

    И како за крај, да објавам дека денес јас и мојата мила Уна правиме 2 години, и се сакаме исто, дури и повеќе од нашата прва средба. Пред 2 години на овој ден си ја посвоив, ни се оцртуваат 2 радосни и позитивни години поради едно мало, шашаво, бушаво, брливо, и верно пријателче. Ма сестра ми е, ќерка, и најголема љубов! :) А кај мене од тој ден до сега се забележуваат многу промени.
     
    На la-chicka, Anja98 и MandyLane им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.978
    Порано, кога не сите навелико го цитираа и го величаа, и кога не сите се правеа паметни со неговата иронија и сарказам, всушност многу сакав да го гледам д-р Хаус. Ми беше интересен човекот, сакам некои малку попоучни филмови и серии од тие па тие и океј ми беше, навистина. Ми се одмили откако почнаа и тие што треба и не треба да го цитираат и да ја ставаат сликата со мозокот - Користете го. Да бе, ние глупави сме, ти си најпаметен дрн дрн... Такви работи кај мене не. Ме нервираат луѓе во тој филм влезени, као, најпаметен, најубав, најдобар. :^)

    АМА, откако дојдов на одредено скалило, и кога видов со какви ДЕГЕНИ треба да се расправам во животот, ми иде на сите да почнам да им ја праќам. Задоцнета божиќна честитка, слика од мозок, кој треба да го користите. САМО, тоа е огромен напор за безрбетниците и преживарите на светов, па за жал, се почесто не го користат. Им стои да им ја пополни дупката во главата, баш како во вицот со плавушите, кога отвориле докторите и внатре нашле конче... кога и го пресекле, и паднале ушите. :D

    Што се видов и чув денеска, поарно да не ви кажувам. Прво нема да ви се верува дека тоа е можно, второ ќе си речете дека ве лажам, па трето ќе се запрашате вие да не не чините и на крај јас крива ќе испаднам. Вака, си ќутам. Да ви појаснам дека секогаш пред вакви настани (читај полагања) заклучувам дека во државава врие од глупави луѓе. Баш глупави. Брееееј, и кога ќе ме прашаат - А од кај знаеш ти дека е така?? Еми пишува сестро, пишува со ОЛКАВИ букви, само кој да прочита. :fubar: Напор е тоа.

    Одам под туш и на спавање. Ѕрцките ми ги извадија денеска. :swear:
     
    На Grunge и Mishela им се допаѓа ова.
  8. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Што да кажам?

    Дека сум скршена, сум... дека ме боли, ме боли... дека сум искористена, искористена сум...дека ме ранија, ме ранија...
    Како ќе продолжам? Не знам...

    Секој ден ќе е болката поголема, за можеби еден ден нагло да ја снема...ама тоа е, за тоа сме луѓе, да не згазат и пак да станеме...


    A,и да...
    [​IMG]
     
    На ViktorijaMari, Rock-a-Fella и moonlight-girl.55 им се допаѓа ова.
  9. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК ме радуват вашите постови...Некои се со нивните сакани...други се надеват на нешто или некој...а јас поима си немам каде сум :?:
    Секој ден се будам со иста надеж дека ќе има некоја промена...сакам акција а не секој ден иста прича.
    Стани,јади,зјапи на компјутер,па на ТВ,па пак јади,излези,врати се,во кревет...и се одново :tmi:

    Пред некој ден баш ми се излеваше...И реков на другарка ми...се договоривме,и после некое време ми вика косата ми е мрсна...неможам да излезам :o Па и на мене ми е некогаш косата мрсна па ја фаќам во репче и излегувам...и мене некогаш не ми се излегува ама излегувам :!:

    Главата ме боли веќе од овој живот...Веќе незнам што сакам,кој и ред други ствари :^)
    Посакувам да имаше ,,delete button" во главата....
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    На HeelsLover му/ѝ се допаѓа ова.
  11. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Спомени.
    Добри, лоши, заборавени, непреболени..секакви!
    Многу нешта знаеле да ми вратат стари спомени..гледајќи стари фотографии, размислувајќи за минатото, средби со луѓе од детството и уште многу други.
    Ама, до денес не верував дека мирис може до толку да ме однесе во едно друго време, до едни други луѓе кои поминале, а за жал не се задржале во мојот живот. :worried:
    Едноставно така требало да биде! Таков е животот, некои работи не можат да се сменат, колку и да сакаме.. Едно е да се сака, а сосема друго е да се може! :!:

    Најадена, напиена, размазена, со наполнети батерии и со 3 килограми плус ( :tmi: ) се вратив денес во големиот град. :x Од снег нема ни С! :o Дури сега ви верувам на сите кога баравте снег. Не дека не сакав да ви верувам, ама нелогично ми беше..кај нас имаше пола метар снег, очекував и тука барем малку.. :wasntme:
    Завршија празниците за мене. :( Не ни сетив кога помина времето, ама ај. Календарот вика дека е готово. Од утре со обврски. Мора да се учи, што да се прави..почнува сесија. :sweat:

    За тие што имаат уште слободно време, уживајте максимално! :!:

    За останатите, ќе се тешиме дека доста ни беше и толку одмор.. :lol:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Спомени.
    Болни, празни, црно-бели, нецелосни...

    А што кога и последната надеж, колку и да била кревка, ќе згасне?
    Што останува потоа да не’ води кон исполнување на оние зацртани цели и соништа, кои (навидум) ни изгледаат невозможни?
    Препуштени сме сами на себе, и на нашиот (не)здрав разум, кој и во нелогичното бара решение.
    А во меѓувреме, несвесно сме чекор и чекор поблизу до фаќање на последниот воз... или самоуништување.
     
    На crazylady, eli25 и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам едно метро снег! Сега! Одма! Сакам снег, снег, снег......Не две-три снегулки туку еден куп!
    Не е фер годинава подобро влечки отколку чизми да купев...таман мислиш ќе заврне ќе не затрупа и ништо..
    И ај ако сака некој нека ми ги положи испитите што следат....Чисто онака..Не се многу, само два :wasntme:
    Отидов да учам...можеби.... |-)
     
    На butterfly.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    долго сум член на фемина..но некако поубаво ми беше да си читам а не да пишувам :)
    па оваа година прв пост и се надевам дека ке бидам многу поактивна од претходната и дека повеке ке пишувам :lol:
     
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    СДК нешто ми е успан форумов :)
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  16. aquafortune

    aquafortune Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    24
    СДК се нахранив со ноктите,ми потекоа прстите.Готова сум веќе,пред полудување.

    Си се сакам назад,весела,се грижев само што да облечам и како да си ја надоградам самодовербата.
    Сега?!Сега сум со гипс и болни мисли.Што ли ќе донесе времето? Едвај чекам да дојде петок,па да го фрлам ова чудо од мене и да трчам.А да,ме пукаат и жештини тешки на -2 C . Супер!
     
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Сакам само снег,снег и снег.Се надевам дека утре кога ќе станам ќе видам снег,кој ќе се задржи барем повеќе од 1 ден. :(

    [​IMG]


    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Miss.Ricci и starbucks им се допаѓа ова.
  18. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Шах-мат позиција.
    Одиш, а сепак тапкаш у место.
    Се што е забрането е послатко и на секој казна следува контра ефект.
    Да да, баш тоа сум го почувствувала на своја кожа. Едноставно додека не го вкусиш кафето, нема да осознаеш дека е горчливо.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  19. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Утре одам на разговор ...не е посакуваниот разговор оној за вработување ,туку е за волонтирање...али како викаат подобро нешто него ништо ,па си се тешам можеби некој врати ќе ми се отворат со волонтирањево ... :)
     
    На Divinebutterfly и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  20. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Eдинственото нешто без кое неможам да се снајдам во животот е моето семејство. Лошите мигови стануваат подобри кога тие се покрај мене. Никогаш нема да успеам во вечната борба со животот, борбата за подобра иднина, борбата за здрав, исполнет и успешен живот без нив.

    Запомнете, само тие ќе останат покрај вас, без оглед на тоа колку и колкави грешки сте направиле во животот.
     
    На Lepaaa, Divinebutterfly и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.