[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    На marama и Wild.Child им се допаѓа ова.
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека си седиме со мама и ги слушаме Металика. :D И враќам за вчерашната тортура што ми ја нанесе со турските серии (иако моево е далеку од мачење, ама неа ја нервира). Треба да чистам бидејќи го очекувам друштвово кај мене на седенка, мада знам дека откако ќе си отидат пак ќе биде како кочина, ама нека биде.
    Иако ова ми е втор ден со главоболка, денов ми мириса на убавини... и ќе мириса се додека мајка ми не ја стави запршката за компир манџата во дневна. :rofl: Се шалам де, не сакам гостите на црвен пипер да ми мирисаат. :rofl:
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Било која книга...
    Колку и да е убава...
    И да уживаме во неа...
    Некогаш и споро да ја читаме...
    Да прескокнуваме делови...
    Да препрочитуваме пасоси...
    Крајот не може да се смени...
    За жал...
     
    На Miss.Ricci, kate21, teddybear и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Административна таксо ... проклета да си!!! И сметката за струја на стероиди што ми е месецов.
     
    На teddybear, drugarka и Srekicka им се допаѓа ова.
  5. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Јас пак не можам да те сФатам зошто се замараш, тоа си се сменил за 360 стапени сите го употребуваат (па и јас понекогаш, морам да признаам), а дали некој напишал свати или Сфати ама ич не ме заболе ако сепак има смисла тоа што се кажува. Ова твоево е трошење енергија која не се трансформира, туку лебди во празно.
    Мислам Коељо има напишано во некоја од тие водичите за беспрекорен живот (кои што сите ми личат една на друга) дека ние луѓево сме чудни, во смисла, дека големите несреќи и проблеми ги премолчуваме, а ситниците не разбеснуваат. Ете морам да признам дека човекот е во право.
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    За ќотек сум! :fubar: :fubar: :fubar:
    Ама тоа ти е... Се фатив на орото и ќе го играм до крај. :sweat:
     
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Леб и игри.

    Мотото познато уште од антиката како народот се држи во покорност. Доволно силна стимулација на свеста е се‘ што треба, бомбардирање константно на сетилата, при условно земено сит стомак и остварена редовна столица... Додека низ арените испуштале душа гладијатори на најсвиреп можен начин, рајата восхитено воскликнувала и скандирала како еден, цело стадо со една мисла и идентична желба за крв... На крајот на Римската Империја нуделе пари и накит за телата на починатите луѓе и животни во арената, владеел канибализам, бидејќи немало храна ни за лек, а игрите биле уште актуелни. Кога дошле освојувачите тие биле само парталави и гладни дивјаци, на работ на очајот и кога зад ѕидините кои ги освоиле нашле купишта вредни предмети, а ни трошка храна, паднале во поголем очај. Ова не го пишува во учебниците по историја. Ни империјата не била голема, ни па нејзините освојувачи, ама нема ласкавост и помпа во вистинскиот тек на настаните. И наравоучението е - кога нешто на прв поглед изгледа лошо, голема е веројатноста да е уште полошо.

    Денес кога голема е веројатноста дека и денот кога ќе сме само на леб и вода е блиску, протестирам за недостаток на игри. Ако Шител и нејзиниот шоумен во обид Латас, купохоличарки и принцези на часови за принцези (иако не ни бега да останеме Пепелашки, ама без принцот и хепи ендот, само во пепелта), статии како 70% од мажите сакаат мали гради бидејќи цврстината на истите ги асоцирала на младост и дрн дрн (и така вие што јадете смоки и ленено семе ќе се зезнете, таман ќе ви пораснат и не ќе сте ин, а јас толку посакувам овој проблем да ми беше најголем во животов), креми и пасти и сите останати културни напасти - ви е врвот на понудата, мојот одговор е - слабо, дечки, слабо :Down: ...

    Имам чувство дека живеам во новото dark age (ама без витези во сјајни армори и принцези на зрно грашок заробени од змејови), дилемата е дали да се препуштиш на апатијата, да си легнеш во кануто и нек те вози по брзаци и разбива по карпи или да си останеш со стерилниот, вербално јак и ербап, ама ноу екшн инволвд, револт :?: ?!

    Зима е да, ама the future is so bright I feel like getting sunglasses 8) :geek: ...
     
    На kate21, SexyLady, teddybear и 13 други им се допаѓа ова.
  8. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    СДК ни СПЕЦИЈАЛЕН позз до ........ не е тоаааааааааааа што беше ..........поздравував обично некој што ми оставил импресија на било каков начин али..

    СДК слабо ми е интересен деновивие форумот,читам онака без некоја голема интерес ......

    И да за девојка со големи поетски пориви слаба ми е инспирацијата деновиве, дури ни во тоа кое си го нарекувам МОЈ ЛИЧЕН ТРУД не можам ни збор да напишам се чувствувам како лејка не до лејкана како ....никако како рестарт да си барам ете така.
     
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Знаете, вчера вечер на ТВ видов реклама за вевчанскиот карневал за Василица!
    И посакав да сум таму, да се скријам под маската на некое страшило, на некој кловн, на некоја принцеза и таа една вечер да сум нешто друго. Да не се грижам дали ми е добра фризурата, дали ми е на место шминката и дали детаљот на долниот дел од фустанот ми се вклопува со накитот...
    Да ги облечам старите маски кои ги носев на Виур Гајдано и да се шетам во таа преправена толпа.
    За прв пат искрено посакав да сум на тој карневал.
    И не можам да опишам како ми лупна срцево кога тато ме праша во што ден се паѓа 14ти. Знаејки дека е во сабота помислив дека можеби ќе рече да одиме. Но, не. Така прашувал само...
    Тој никогаш не сака такви собири и манифестации. Тој сака за викенд да спие и да одмори.
    Залудно се понадевав.
    Кога си легнав се сетив на раскажувањата на мојот наставник по ликовно во основно. Од Вевчани беше.
    Секогаш ни раскажуваше за тие карневали, за неговите припремања за тој ден во младите денови, анегдоти, случки...
    Просто не носеше на местото на настанот. Додека ние цртавме, тој раскажуваше. Како да сакаше да им даде живост на маските кои ги цртавме со неговите зборови. И навистина, секогаш ние, учениците од одделенијата на кои тој им предаваше, имавме најуспешни маски.
    Многумина од нас честопати ќе му речеа да побара да одиме на екскрзија во Вевчани. Сите сакавме да видиме за што тој ни зборува, за што со таква љубов раскажува...
    Велеше: „Карневалот треба да се доживее, деца, не само да се види, да се доживее треба...“
    Навистина е така. Сите оние најави и ТВ преноси се обичен маркетинг и реклама, но сигурно има нешто посебно убаво во Вевчанскиот карневал штом оди толкав свет да го посети.
    А кога само ќе се замислам каде живеам и каде ми е Вевчани се прашувам зошто на моите им било тешко некогаш да ме однесат...
     
    На Lepaaa и L-enna им се допаѓа ова.
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк ооо каква ноќ.

    Вакво чувство ми се нема случено никогаш !
    Ниту пак сум верувала дека може да ми се случе. :|

    Си спијам јас така синоќе и уште не беше се разденило се будам на миг широко отворени очи и чувствувам како туѓи раце да ме држат силно и чувствувам тежина над телото, сакав да викнам по мама но пусто глас не излегува од мене :o (кој страв го изедов :x :worried: ) .

    Чувствувам тежина и никако не можам да го помрднам телото лежам така една минута и ниту движење ниту глас не излегува од мене, и за секунда ме облеа ладна пот и само почувствував како тежината над телото ми ја снема и ми олесна.. Но глас не можев да пуштам ... што беше тоа нз но знам дека пола саат стискав очи под ќебето покриена преку глава, од страв и не можев да заспијам.
    Се исплашив како никогаш до сега... еб#ати чувството :swear: ... :(


    Сабајле му кажувам на дедо ми и кожа ми се ежи, тој се смее и вика ништо дедино тоа во наше време го викавме Мора, и јас таква wtf :^) ....

    И сега низ станот каде и да одам трчам ко кобила :tmi: од страв, се си мислам има некој позади мене :tmi:
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Единствено нешто што никој никогаш не може да ни ги земе се спомените, какви и да се, со кој и да се.
    Брат ми. Душичка е. Синоќа јадеше чоколадо, ми даде и на мене едно парче. Потоа истрча во другата соба да даде и на другата дада чоколадо. Си знае тој, треба се’ да деле со дадичките, ич не е скржав.
    Кога лани за малку ќе го загубев сфатив дека тој е моето сонце што ми ја огрева душата секој ден. Нема ништо послатко и поневино од детската прегратка, нема поубаво од тоа кога тој ми се смее, кога ме удира, па и кога ме буде рано наутро. Секој момент со него ми ја осветлува душата и ми го смее срцето.
    Животот ми е многу поубав откога се роди тој. Фала ти Боже што ни го донесе.
     
    На GarpovaV, Chocoholic, kate21 и 23 други им се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.022

    Кога телото ти е преморено , се случува да мозокот да "заспие" и да те парализира (нешто вака беше :^) :P ) на некои 1 мин , најлесно да се ослободиш од ова е да се концентрираш да го мрднеш малиот прст ... или нагло да се мрднеш ....

    И сега кога го откри тоа , знај дека ќе ти се случува уште милион пати ..... мене на пример два-три пати неделно ...
    Напочеток страв , после возбуда и на крај woah dudeeeee ... :drunk:



    Скд денес официјално сум си возач , си собрав возачката и сега време е

    Its time ,

    for darkness

    for killing spreee

    for Skopje

    for death and glory

    да се возиме

    БРРРРРРМ БРМ БРМ БРМ БРМ БРМ БРМ

    ПЕШАК МРДНИ ИЛИ ГАЗАМ :fubar:
     
    На SexyLady, Strumfeta93, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Само што го прочитав постот на Старбакс се вртам назад и го гледам брат ми со бананка чоколатце во раката.Пола ми ја даде мене, пола нему.Ах се разнежнив :sweat:
     
    На SexyLady, teddybear, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.261
    Допаѓања:
    43.906
    Почеток на уште една здодевна, работна и можеби без возбуда недела.
    Затоа, си ставам слушалки на уши, си набавувам куп грицки и си сурфам наоколу.

    Ве поздравувам сите со песнава:
    http://www.youtube.com/watch?v=rtVSGo3w ... re=related

    (Окапав на Твитер, морам да кажам).
     
  15. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Циркуси.
    Си спијам јас вчера и околу 2 сабајле се будам и слушам..
    Сестра ми збори на телефон со некој и се смее многу гласно..
    Јас внимателно слушав и во момент кога таа прекина со разговорот ја прашав..
    Со кого зборуваше,а она ми вика со Д
    И јас викам кој Д ма и она вика ТВОЈ Д
    И ми раскажа што зборувале,ме барал мене,таа му кажала дека спијам па и честитал празници па се смееле и шегувале,мили онииии :lol:
    Он може со сите да зборува,да се смее да се опушти.За него нема странци.Со сите во рок од 2 минути може да се спријатели.Друштвен е де,иако сестра ми е 10 години помала од него т.е детенце е за него тој сепак нашол теми за разговор.Едно 10 минути зборуваа :)

    Него доста го фалев него,не е светец ни тој :lol:

    Друго,вчера бев да се депилирам и си направив една добра бразилска на интима.Сега сум бебенце таму долу.Сега откако ке го допишам постов ке депилирам нозе и раце со депилатор.Откако ке завршам со тоа ке правам маска на лице и пилинг на тело.Откако и со тоа ке завршам ке лакирам нокти на раце и нозе.

    И тоа ке биде еден процес на разубавување.Кога ке завршам со се одам во бања и ке уживам едно половина час со јаки млазови вода и многу пареа околу мене.

    Животот може да биде и те како убав,само кој како си ја нареди де :lol:
    јас ве сакам ситееееееееееееееееееее ! :* :*

    И така,тоа би било тоа :hai:
     

    Прикачени фајлови:

    На SexyLady и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  16. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Јас морам да се искажам, страшно многу ми се пријадоа њоки! Го спомнав Џино во некоја тема,и летото се „утепав“ од јадење Њоки,и сеа пак ми се пријадоа, дури барам рецепт да правам :wasntme: :wasntme:
     
  17. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК имам нов аватар :)
     

    Прикачени фајлови:

    • high heels.jpg
      high heels.jpg
      Големина на фајлот:
      117,4 KB
      Прегледи:
      248
    На SexyLady, SuperGirl2010, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  18. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.994
    Утре полагам, поправен колоквиум.
    Некогаш се чувствувам како дебил. Најлесниот го утнав. Ама го утнав јако. Сите си положија, се снајдоа, извадија бодови на граница, а јас, си паднав. 8)
    Не се чувствувам дека полагам. Што убаво ми е.. Си седам на итернент. А мајка ми само вика-Земи учи на крај си, немој да зафркнеш. Ах тоа крајот, најтешко ми е.
    Се молам професорката да не ги смени тие комбинации од 25 прашања што ги имам, зошто тешко ми се пишува. А ако се паднат, не ми гинат сите бодови, впрочем само тие ги имам научено.
    Во името на пенкалото, лифчето под тестот, прашањата што ги имам научено, Амин.
    Одам да се подспремам уште малце, па да си го фатам редот со сериите.

    СДК 2-Мојата другарка нема време ич за мене, многу сум тажна. :(
    Многу е заљубена,многу е зафатена, не се имаме со месеци видено, а некогаш се сакавме како сестри.
    Ми недостига. Се трудам да и ѕвонам колку да ја прашам како е, секогаш нема време за мене. Ќе ми одговори на кратко, бидејќи нели, не може да збори со дечкото си е. Се чувствувам како да и се наметнувам. Ќе се повлечам, овој пат ќе се повлечам сериозно. Само криво ми е многу. :( Али тоа е тоа. Сум била и јас таму на тој пат, но сум научила лекција. Некои лекции треба секој на своја кожа да си ги научи.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Се заљубив.
    :wasntme:
     
    На kate21, SexyLady и L-enna им се допаѓа ова.
  20. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Како ми прија ова одморов таманка ми е дома ќе си станам наутро , кафенце мераци и почнувам да се средувам денес излгледа ќе да е ден за депилација и слични ствари иако е рано јас сакам да почнам да почнам да се трансформирам и до лето да бидам цакум пакум :lol: е добро де што ако е далеку летото и зимото беше па дојде (иако не го сакам баш ) . Нооо ете така да кажам дека сум вредна денес абе срцкаста сум едино нешто што ме примрзува е да одам со бус вечер вааааа а можам со такси ме мрзи многу не знам не знам ..сепак мислам дека ќе се одлучам за бус да се штети мора малку ајде и одамна не сум излегла на воздух се од дома во такси од такси дома :?: знам и јас го претерав ама еве од денес понеделнички ќе почнам со бус :)
    Тоа .
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.