[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    СДК дека сум невиден талент, ми беа отворени две страни, покер и фемина, и додека играм покер нешто ми титка како некоја мелодија свирнува на кратко и се чудам од кај, отварам фемина нема ништо се враќам на покер и таму нема, и така на периоди си свирка кратко а јас мислам вонземјани се, за малку ќе напишев приказна во-необјасниви случки и сега слушам тинининаана и почна да вибрира, дури сега приметив дека ми титкал мобилниот дека е празна батеријата и ете го се исклучи. Па јас мобилниот не си го познавам што е нон стоп со мене а камоли некој друг :lol:
     
    На Flow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам дека сум ужас ... уште поголем ужас е што од оваа болка не се умирало, така ми рекоа ...
    па баш затоа што се е ужас, и затоа што ми е смачено да заспивам расплакана и да се будам потечена, и затоа што сум буквално за нигде утре или евентуално задутре фаќам џаде од државава неколку дена, да си ја одморам душата, и главата, и да се средам, па и јас трезвено и со ладна тиква да донесам одлуки што сакам да исполнам во 2012. Мислам дека сум единствена што не си направила таков список а потребен ми е.
    Лошо е кога се зборува и зборува и зборува, а не може да се најде заеднички јазик. Лошо е кога за некој можете да кажете somebody that i used to know. Лошо е што не можете ништо да преземете за да го спречите хаосот.
    Само седите, квачите, гледате како светот ви се руши, како домот ви се руши, како врската ви се руши. И никој за ништо не е виновен, и се ќе помине, а најповреден ќе излезе оној што најмногуи ќутел, а фали толку малку за да пукнете, да експлодирате, да урлате и да им кажете се, да им кажете колку грешат што се караат за глупи работи, да им кажете колку не вреди ова или она, да му кажете дека она што го имате многу вреди и дека сте идиот затоа што сакате да го гушнете, да речете стоп на срањата, а немате сила и едноставно замижувате, се штипнувате, и да сфаќате ... реалност е, и од што трпите ви доаѓа да се превиткате на земја од болка, додека слушате ужасно депресивни песни, и морате да се усилите да се насмеете пред некои рандом фаци, зошто не треба да ај знаат тежината на вашата болка, а мојава моментално не се мери со ни едни мерни единици.
    И тоа е тоа.

    Надежно е да се вратам, со нови сили, свежа, насмеана и позитивна личност каква што си бев. Надежно е дома да си ги средат глупостите во меѓувреме, надежно е да си ја вратам врската во нормала и да можам да му се пикнам пак во прегратките, надежно е да го средам факултетот...
    А најнадежно е повторно цврсто да ги фатам во раце конците од сопствениот живот пред да дозволам да пропаднам. И во истото ќе успеам, затоа што не е ни прв, а сигурна сум дека како што растеме нема да е ни последен пат да ми се руши целиот свет... а нема кој друг, морам јас одново да го изградам, за да биде онаков каков што јас сакам ...

    Останете ми со здравје, знаете дека ќе ми недостигате... паааа очекувајте ултрапресреќен пост во недела вечер.
    И не заборавајте, љуби вас мече.
    :hug:
     
    На Miss.Ricci, Chocoholic, AnaKarenina и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    СДК Ултрапозитивен пост што во моментот кога некој го чита му краде благо-кисела насмевка и му ѕирка зупчето.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека 9 јануари дефинитивно ќе го памтам по тоа што х припадници на посилниот пол успеаа да ми ги уништат сите нерви.
    Свака част на исклучоци, ама понекогаш сте стварно безчувствителни, повеќето! |(
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.640
    Допаѓања:
    161.565
    Сдк ми се лоши кога ќе чујам муабет кај НАС од типот...знаеш,ние имаме многу силна твитер заедница. Инстантно ми доаѓаат пар идеи кои вклучуваат многу жални моменти со луѓево. Како силна објасни ми?! Како?! Ако те закачаат у маало,сите се збирате и го тепате копукот?! Кога не те примаат во дискотека, ги викаш сите и ги кршите батките?! Кога имаш лош ден реално те тапшаат сите 24034930593 следачи (па да,манијачки збор за манијачки народ)?! Дејствувате прогресивно некако?! Како?! Мислам мене не ми е јасно ништо! Едино направи некоја минимална промена со движењето против полициското насилство,ама и тоа беше позерски чин од импозантни размери.
    Место каде што квази интелектуалната клапа се збира за да мрси муда, а де факто не прави промена во општеството зошто се задоволува со позиција која е маргинална. Ма дај човеку, ако толку си револуционерен имај муда и надрасни се,направи промена и стишај си ја ароганцијата која пропорционално расте со твоето емоционално незадоволство зошто си премногу мрзелив да направиш нешто корисно кое би те направило свесен доволно за да се вреднуваш. А вака потсвеста те јебе зошто си мрзлив идиот.


    Едина заедница која сама себе се прифаќа и никако пошироко. Ок,не дека твитер не умее да биде забавен,смешен, ироничен, сатиричен итд итд...АМА жално е што се сфаќа како врв на нашиот интелектуализам и не се користи за корисни нешта. А да не зборувам за арамлукот кој излегува од таму. Трололооо умна мисла,трололо копи,пејст на фб,тролололо!
    Тргнав да си легнам и...тргнав...
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  6. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    СДК премногу си ја сакам тетка ми :inlove:
    Таа е единствената личност која знае се за мене. Се и кажувам. Се... Без срам, без страв да не бидам критикувана....
    Ни на најдобрите другарки не можам да им го кажам она што и го кажувам на неа.

    Што сум викала како мала: Јас имам две мајки. Втората е тетка ми.
    Ова сум го кажала кога сум имала 4-5 години и ден денес кога ќе ја видам го помислувам тоа.

    Фала ти Боже што ја имам :bow: Ја обожавам :hug: :hug: :hug:
     
    На Flow, bittersweet и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  7. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Никој повеќе нема време да слуша луѓе кои се губат во сопствената опширност. Велат, доброто ако е кратко е двојно добро, а малото зло, не е толку зло.
    Да се биде опширен не значи и дека си попаметен. Во најмала рака значи дека не го почитуваш доволно времето на другите.

    Концизноста е уметност која се учи. Јас учам, најмногу благодарение на она - Имаш само една минута, - на мојот шеф.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...Животот е убав и нема да го потрошам на глупи мисли поврзани со небитни луѓе 8)
     
  9. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    Сакам да кажам дека сум многу среќна. Си добив уште едно внуче, првата внука. Само што ми кажаа моиве му се јавив на братучед ми, абе не знаеше кај тера од радости. Чекам сега да видам кое именце ќе и го дадат.
    Се случија и неколку настани што многу ме потресоа, но се трудам да не бидам тажна. Секако, жалам за загубата но не можам ништо да сменам. Животот продолжува...
    Еден живот зајдува, друг изгрева.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  10. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    Форумов некако празен ми се чини. :?:
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Cд ви к на сите феминки фала ви ептен, ептен ми значат вашите пораки, ми давате сила да продолжам напред, без неа! и на мојата најдобра другарка(исто така феминка) која веднаш дојде, но во таков шок бев, што не успеавме ни да се видиме асално! Hавистина ми значи!
    Eве цела вечер немам спиено, сега во црно се облеков.. ;( Hавистина боли боли, а уште повеќе боли тоа што ни свадба ни внуче не си дочека
    тоа највеќе ме боли :(
    Aма ќе биде тука секогаш...
    денес а посебно утре не ветувам дека ќе бидам добро, ама затоа од четврток... ќе се потрудам
    фала ви уште еднаш, навистина ми ја намаливте болката, која е неподнослива
     
    На Smilly, Annie.mk1, Miss-Independent и 23 други им се допаѓа ова.
  12. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Сакам да кажам, јавно да се обратам дека сум изреволтирана од кафе ресторан Groove . Синоќа бев на пастрмајлии, кои беа вкусни, меѓутоа имаше лебарки кои се шетаа како све да е нивно, дури и на сепарињата се качуваа :envy:
     
  13. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Дека вработените во македонските амбасади или неможеш да ги добиеш на телефон или незнаат што да ти кажат, да не згешат. И згора на се ти викаат најубаво во МК јави се прашај, па за кој К.Р си ти таму, за кафе да пиеш? :@
     
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.262
    Допаѓања:
    43.925
    Зад секоја куртоазија се крие многу добра тајна.





    А во меѓувреме...

    Убав ден за слушање радио, перење шапки и правење пудинг. ;)
     
    На WhiteAngel, Peppermint и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Добре те најдов Скопје.. Биди добар, исполни ми ја душата, направи да не седам на мостот на двоумењето, покажи ми правец... за напред.

    Охриде, се гледаме за околу 3 недели. Чувај ми го.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    колку е убаво кога си здрав :$
    иако денес имам главоболка и не сум нешто расположена, еден резултат ми го разубави денот-НЕГАТИВЕН
    се излечив од таа одвратна габа што ми дишла кај мене на гости а тоа е Хламидија :party: :rock: тралала :D до 6 месеци пак ке ми земат брис(во случај не дај боже се повтори) а на мое барање и за ХПВ
    сепак сум женско, и како и секоја девојка внимавам(можеби повеке од колку што е потребно) на интимата
    а не како некои девојки ПАП тест уште немаат направено(како една моја другарка) жими се ми доага да и закажам еден преглед кај мојата матична, па да нема каде да бега, оти со вакви нешта нема шега, ама кој да го свати тоа :wasntme:
     
  17. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Секогаш не можам веднаш да ги проценам луѓето, ама ги пуштам "јазикот" да им го одреди местото во мојот живот!
     
    На Angelche и Gordana10 им се допаѓа ова.
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    СДК дека едноставно понекогаш мораш да се одкажиш од некои работи, за да просперираш во нешто друго. Алал да му е на тој, што постигнува се‘.
    Јас, за жал не сум таков тип. Морам да се насочам само кон едно нешто, целосно да му се посветам за да постигнам успех таков како што посакувам.

    Дури моите се спремаат за преубавите денови кои не очекуваат во мојот роден крај, јас си ги пакувам куферите, ги грабам тоновите со книги и си одам за Скопје. Точно дека полагам дури на 3ти февруари ама па предметов ми е вреден колку една цела година факултет. :tmi:
    Срцето ме боли. :( Си викам, само да не се премислам, па да ме видат дома моите на 13ти пред врата. :lol: Морам, значи морам да учам. :!:

    Господе, дај ми сила, да издржам и да не заплачам тие денови кога ќе гледам на ТВ што се се‘ случува тука, колку е убаво. Дај ми сила да учам и нека се исплати се‘ ова, да се видам положена. Аххх... |(
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ти ја знам цела АНАМНЕЗА на твојатa КЛАМИДИЈА и твојот МАТИЧ(НА)ЕН гинеколог.
    Јас ќе ти посакам да куртулиш од бактеријата и ќе ти препорачам малку да проучиш од што си боледувала. Еве ќе ти помогнам-

    1. Што е кламидија/ начин на пренос?

    - Тоа е една од најчестите ППИ предизвикана од бактеријата Chlamydia Trachomatis.
    - Бактеријата може да се пренесе од една на друга особа преку сексуанни односи или преку орално-генитален контакт.
    - Може да се пренесе и преку очи: доколку личноста дојде во контакт со
    телесните течности кои ја содржат бактеријата, а потоа се допре за
    своите или неговите очи, на тој начин може да се пренесе инфекцијата.
    - Кламидијата исто така може да се пренесе од бремена жена на своето бебе за време на раѓањето.
    - Не се пренесува преку пешкири, кваки на врати, или од тоалетни нужници.

    2. Какви симптоми дава инфекција со Кламидија?

    Кај жени:

    - Најчесто повеќето девојки немаат никакви симптоми, тоа значи дека особата може да е инфицирана, а притоа да не знае за тоа.
    - Кламидијата најпрво го напаѓа грлото на матката-цервиксот, како и
    уретрата( каналот за мокрење). Кај некои инфицирани жени може да се
    појават следниве симптоми:
    - променет вагинален исцедок,
    - чувство на печење при мокрење.

    - Кога инфекцијата ќе се прошири од грлото на матката на
    фалопиевите туби, кај некои жени нема да се појават никакви симптоми,
    додека кај оние кај кои ќе се појават се јавуваат следниве:

    - болка во долниот дел на стомакот или слабината,
    - гадење,
    - покачена температура,
    - болка за време на сексуалниот однос,
    - крварење помеѓу менструаниот циклус.

    - Инфицирана бремена жена со вагинална кламидија ќе ја пренесе
    инфекцијата на своето бебе за бреме на раѓањето, кое кај новороденчето
    во 50% предизвикува коњуктивитис, а во 20% пневмонија.

    Кај мажи:
    Најчесто и кај мажите не дава никакви симптоми. Кај некои мажи може да се појави:
    - исцедок од врвот на пенисот,
    - чешање или чувство на горење околу пенисот,
    - поретко и оток на тестисите.

    Кламидијата може да доведе до појава на проктитис (инфекција на
    слузницата која ја обложува слузницата на ректумот), при практикување
    на анален секс.

    Кламидијата исто така е најдена и во грлото кај мажи и жени кои имале орален секс со инфициран машки партнер.

    Доколку се појават симптоми, тие обично се јавуваат 1 до 3 недели по контактот.

    3. Како се дијагностицира кламидијата?

    Постојат неколку типа на лабораториски теста за дијагностицирање на кламидијата. И тоа:
    о Земање на брис од инфицираното место ( цервикс или пенис ), со што директно се докажува кламидијата.
    о Друг тест е преку примерок од урина,
    о Преку серолошка метода ( се зема венска крв, во која се докажуваат антителата).

    4. Како се лекува инфекцијата со кламидијата?

    - Кламидијата се лекува со антибиотици 1 до 2 недели.
    -
    Двата партнера треба да се лекуваат иако едниот или двајцата немаат
    никакви симптоми, во спротивно постои можност за повторна инфекција.
    - Додека трае лекувањето двата партнера треба да апстинираат или да користат кондом.

    5.Какви компликации може да настанат доколку не се лекува кламидијата?

    Доколку не се лекува кај мажи
    - типично предизвикува уретрална инфекција,
    - која може да се прошири и да предизвика епидидимит (цефче кое служи да ја прене спермата од тестисите)
    - покачена температура, болак
    - СТЕРИЛИТЕТ
    Кај жени
    - најчесто ги напаѓа клетките на цервиксот,
    - не лекувана може да се прошири на матката или на фалопиевите туби (канали кои ја пренесуваат јајце клетката) и
    - предизвикува инфекција наречена пелвична воспалителна болест.
    Ова се случува кај кај 40% од жените кои не се лекувале.

    Пелвичната воспалителна болест може да доведе до:
    - оштетување на фалопиевите туби,
    - утерусот,
    - како и ткивото кое ги опкружува јајчниците Оштетувањето доведува до:
    - хронична пелвична болка,
    - инфертилитет, како и
    - ектопична бременост(бременост надвор од матката).

    Кај бремени жени, постојат докази дека кламидијата може да доведе
    до прерано породување. Бремените инфицирани жени со кламидијата за
    време на пораѓајот ќе ја пренесат инфекцијата на новороденчето
    предизвикувајќи пневмонија и коњуктивитис.

    6. Како да се превенира инфекција со кламидија?

    Апстиненцијата е најефикасен начин на заштита.
    Сексуално активните лица треба да почитуваат одредени правила за да се заштитат и тоа:
    - Употреба на кондом при секој сексуален однос;
    - Намалување на бројот на сексуалните партнери;
    - Скрининг тест.

    И се надевам дека веќе нема да читам за твојата ХЛАМИДИЈА - габа.. Искористи го интернетот веќе еднаш пред да напишеш нешто, го отупе аман!

    Ќе се навратам подоцна со мојот пост ;)
     
    На Evellyn, kate21, la-chicka и 12 други им се допаѓа ова.
  20. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    2.473
    ова е само форум, не треба да се сфаќа преозбилно !
     
    На zhap4e, Ashling и WhiteAngel им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.