[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    ^^Да се надоврзам на муабетиве погоре..
    Тукушто се вратив од гости и мене ми се случи нешто такво..
    Искрено посреќна сум кога нема да ме понудат со ништо освен кафе, отколку да ми натрупаат маса полна со свашта и да ме силуваат да јадам. Па земи си од ова јас го правев, па земи си од она мајка ми го правеше она махер е за готвење, мораш да го пробаш тоа рецепт ми бараат од него.. |( Кој рецепт мори?! :fubar: Сигурно некој се зафркавал со тебе! :devil:
    А па, една баклава на крај што пробав ми се згади животот. Не можев ни да препознаам што се' имаше внатре.. Иако сум љубител на баклава ова ме унакажа за цел живот. Не знам колку време ќе треба да помине додека се одлучам пак да јадам.. :puke:
    Тоа е, од главата и желудникот страда. Не само нозете..
    Одлучив веќе да не глумам култура и да не јадам по гости. :!: Ќе се вадам на картата - диета. И така се здебелив за празнициве па ќе ми држи вода муабетот ептен. :lol:
     
    На CIA и Elennaa им се допаѓа ова.
  2. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    На почеток.. секој почеток е тежок. Додека да стекнеш почит и доверба, градиш една огромна кула од тули и недостига само да завее малку ветер за да се сруши. И ти почнуваш понатака пак да градиш врз рушевинити, но не е тоа, тоа.

    Се‘ е поразлично и носталгично за почетокот, а свесен си дека немаш временска машина. И кога некој ке ти забие нож во грб, те тапшал по рамо и секогаш бил тука покрај тебе. Ти давал надеж, потпора, ти бил рамо за плачење и ти ги собирал загубените мисли низ воздухот. Сето тоа кога ке го сведеш на најмал заеднички множител изнесува 0 во математиката, а во твојата глава к о р и с т.

    И после сето тоа.. животот продлжува, личности губиме и сфаќаме кои се тука покрај нас од љубов, почит и доверба, а кои се од едно е*ано позајмување за пегла на коса, си и местела дечко(додека не раскинат), ја частиш кафе у кафиќ или ондак крајна варијанта нема со кој друг, па ај со тебе додека не најде замена. Како паразит се храни од туѓо тело, додека не ја исцица крвта до последната капка, па потоа пак истата приказна во круг.

    Си давал, си давал и си давал, а ништо за возврат, ама да удоволиш некому се‘ би направил. Искористуваш, си играш со нечии живци, и оп на крајот чашата се прелила.

    И користољубниците на крај си остануваат сами, затоа што со компатибилна личност како нив не можат да се издржуваат, не можат меѓу себе да користат, нема што да искористат. Наоѓаат друго тело, домаќин. А искористениот пати, мава со глава у ѕид, се треска од земја, плаче, корне коси, но утре ден ги брише солзите и продолжува со крената глава и со совест, учи од грешките и ги поправа истите.

    Оштетен е оној што корсити, впрочем денес сите наликуваме еден на друг, и се ставаме во групата на искористувачи, се ставам и јас, ретко кој е човек далеку од физичкиот изглед, туку со човечките карактеристики.
     
    На Mawata666 и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  3. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    СДК само што не сме кренале на честито и сестра ми се дотерала...Стилот и е катастрофа :puke: :fubar:
    Оправдано и е зошто е малечка :lol:
    Розева блуза со некакви цветчиња,кремаста тексас сукња,розеви хулахопки со некакви квадрати и кафени чизми :D :tmi: И ми вели:Дадо ма добра ли сум? :D :rofl: :lol:
     
  4. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Секој чин на креација, првобитно е чин на деструкција. Како моменталниов низ кој проаѓам и барам начин да го извлечам најдоброто, безболното, несебичното, а сепак да не биде обично.
    Без разлика колку вистински зборови да пронајдам, не постои вистинскиот момент да ги кажам. Ќе се запрашате зошто токму овој? Зошто сега? Одговорот е секогаш ист. Не знам, веројатно затоа работите ги нарекувам случајни, бидејќи не ја знам причината поради која се случуваат.

    Она што се случи вчера, во најмала рака беше гром, можеби цунами, но сигурно земјотрес од кои ми се затресоа колената, поради што морав да седнам, пред да го уклучам мозокот и да заминам кај најблиската личност за да го делам неделивото. Да наоѓам зборови кои би ја утешиле. Размислував потпрена на прозорецот од кола, за тоа што би рекла, како би изреагирала дур таксито возеше низ утробата на градов. Платив и излегов од кола. Скршена и разочарана, воздивнав и се отрезив сфаќајки дека моите утешителни зборови - Не постоеа. Како да кажам дека ќе биде во ред, кога знам дека нема? Знам за празнината која ќе се создаде, која наликува на жив песок, а човекот е заглавен меѓу врвот и непостоечкото дно за целиот живот.

    Воздивнав и се упатив вооружена со вистината и отрезнувањето дека колку и да боли губењето на личноста како императив во нашиот живот, сознанието за истото е неверливо и ора од корен во душата. А таму меѓу четири ѕида ја најдов мојата сестра, мојата најдобра другарка скршена како никогаш до сега. Заглавена во сопствената болка. Не зуцнав ни збор. Не можев, не смеев. Таа беше нејзина болка и не сакав да и ја одземам. Човек се додека чуствува среќа или тага е жив. Затоа молчев и плачев со неа. Двете знаевме дека е крај, нема запирка после ова, но молчевме во неверување. Разбирав низ што поминува, последните две години и јас неколку пати поминав низ истото.
    Се што сакав да и речам остана да лебди во воздухот, чекајќи го "вистинскиот момент".
    А тој ќе дојде токму како некогаш кога ќе заспиевме како деца во мојата соба, по долги анализи, разочарувања и делење правда. Знам дека телесно нејзиниот императив го нема, но и покрај проблемите што ги имаше, тој императив уживаше целосно со неа. :*
     
    На Shana, Peperutka90 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Многу досадно бе ова.

    Ете само тоа сакам да кажам.А можеби и нешто друго... :wasntme: ајде ќе си притраам.Да ве поштедам од секојдневното мое жалење и мрчење.
     
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Што им е на луѓево бе? Од новогодишни резолуции ако има нешто поглупаво јас Имелда да не се викам! :!:

    Еуфорија, празнично расположение, не одење на работа, спиење, пиење, јадење и уживање до сто и две...и оп! Стоп! Назад на работа! Време треба за да се врати таа стара рутина, време и нерви! Кога веселбијата веќе поминала, наредниот празник со доволно слободни денови за да се осети како празник е Велигден, кој моментално е онаму толку далеку од дофат на видик и имагинација, а ние кај улежани кај без пари, стани-темно, дојди си дома пак темно, бел ден не видиме, па ладно...абе подобро време да се откажеш од некој порок кој ти дава ронка комфорт има ли!?! |(

    Утре бил денот, оној во кој најмногу од сите поставени резолуции одат во матна вода. Ако мојата шефица не се откаже од откажувањето цигари, како и секој претходен јануари, јас ако не земам да пушам од мака па те! Па догодин јас ќе се откажувам во јануар месец, па да види она! Аааааа :)
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    „Не сме ние тие кои ги зборуваме зборовите. Зборовите се тие кои зборуваат за нас.“

    Доволно е уста да отворат, и веќе можам да ги проценам.
    Човек треба прво да размисли, пред нешто да изговори.
     
    На crazyinlove19, LittleDevil, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК доста веќе со тие поздрави долги како незнам што :!:
    Знам еднаш за Нова Година и Божиќ да честиташ на повеќе членки ама па секој ден :tmi:
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ...

    [​IMG]

    и

    [​IMG]
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Се мразам себе си кога сум ваква.....
    Лигла ;(
    Посилно од мене е,
    Сега и да не плачам мислам на плачење :(
    Камо да можев да запрам се, се да застане!
    На момент барем да се соземам, да се приберам...
    Уште малку да ја помирисам и да ја почуствувам љубовта.
    Но не се живее во фантазија, а уште помалку во лага...
    Но сега би живеела, барем до утре,
    Но и на сонот му дојде крај...
    Прости ми...
     
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Нозете ме бооооооолат. Секое ковче во мене ме боли. Неможам да се исправам правилно, грбот ме кине.
    Забот ме боли..

    Заклучок: За никаде сум !!!!!!!!!!!!!! :@ :envy:
     
    На aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    СДК се обидувам себеси да се убедам дека ова не е ништо повеќе од обична искра и мала горделивост |(
    Се извлеков од една, а сега сама се наместив во друга ситуација, и си викам, не прави ништо, зашто и ти не сакаш тебе да ти е направено тоа :doh: Боже, искушенија ли, аман...
    Не сакам, сакам, а не смеам, не смеам и не треба, не можам, иш мисло, иш ти, кај се најде кај се запусти |(
    Грррррррррр :doh: Лута сум на себе, ќе се шамарам дур не ми се врати умот :headbang:
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Знаете како викаат-тоа што ќе си го направиш сам неможе НИКОЈ да ти го направи.
    Точно тоа и го правам сега, свесно си наштетувам и се уништувам. Подобро вака, отколку некој друг да го направи тоа.
    Ова беше еден од најлошите денови во мојот живот...
     
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.273
    Денес е еден од оние |( денови. Некои црни облаци ми надвиснале и во секој момент очекувам да започнат да врнат.
    Не сум загрижена за самата себе, туку за тебе. Те мислам и секој миг воздивнувам. Се надевам дека беше храбра и не го направи тоа!
    Господи, се надевам дека не го допушти тоа ;( ;( ;( !
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Сакам да ви кажам, ние навистина сме семејство! Една за сите, сите за една! Црните облаци кои надвиснуваат над нас, ги истеруваме со мил збор и подадена форумска рака :handshake: А некогаш е тооолку потребна :doh:

    Мислењево не ми соодејствува со претходното, затоа го ставив посебно, всушност сега ми дојде, и не сакам да го мешам со моите беснотии
     
    На crazyinlove19, Lepaaa, CIA и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно :$ :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ми треба пакт со времето. Иако сум необично смирена во ваков бурен период, сепак денеска коцките некако сами си го најдоа своето место. Ама сепак јас и времето сме разидени во голем расчекор.

    Зен расположение со ширење на позитивни бранови, надежта не ме напушти сеуште, не ме напушти воопшто кога ќе размислам, а имаше и уште има огромна причина да си замине. Ќе дојдат убави денови, а јас ќе ги пречекам со отворени раце. Ќе впивам сончеви зраци и ќе релаксирам екстремитетни мускули, ќе вежбам фацијални експресии сето тоа придружено со најдоброто кафе до сега. О колку живеам за тие денови. И се е подобро кога ќе се пронајдеш. Само треба да се отвориш и да бидеш искрен кон себе. Се изненадувам колку искреноста може да открие. Побогу, и сродни души се пронаоѓаат.
    Штета за несвесните, изгубено талкаат во просторот, дури и бесцелно, со толку погрешна насока. Еден поинаков поглед и кон најмалата навидум неважна ситница, преобратува цели животи. Само што, ретко кој си го дозволува. Изгледа ами поинтересно е да се тоне во монотонија и еднонасоченост, чувајќи ги погледите. Тие барем никогаш не се истрошуваат и се бесплатни.

    Во дефицит сум на храброст. Свесноста дека ништо не е вечно деновиве е обратно пропорционална од нивото на храброст и смелоста за ризик. А сакам да подарам прегратка и да шлапнам едно слатко газенце :lol:
     
    На Cynthia и starbucks им се допаѓа ова.
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Доволна е една голема лесковачка со сосови за животот да изгледа поубаво, а мене да ми е помирно на душата.
    Да живее Вили!
     
    На marama, sparklie, Star19 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Полагање матура и возачка, лична карта, упис на факултет, 18-ти роденден и полнолетство... по се изгледа дека 2012 ќе биде една од најзначајните и најуспешни години во мојот живот, ако не и најважна, се радувам! Се чувствувам многу моќно, nothing can stop me this year. :mm: :muscle: :l:
     
    На Mawata666, Doozy, Lepaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Вкусот на животот....
    Впрочем вкусовите на животот, многу ги има!
    Знам дека има и од оние неубавите, горчливи, лути,кисели, оние кои печат.....ама има и слатки, благи. Како кутија полна со бомбони во најразлични вкусови, се впушташ со раката во потрага по една бомбона и незнаеш каква ќе извлечеш. НО веќе ти е во уста кога ќе го остиш вкусот, и да не ти се допаѓа веќе голтката со вкусот на бомбоната се лизга низ твоето грло. Нема назад, мораш храбро да издржиш се до следната шанса за нов вкус, подобар.....или можеби полош. ;)

    Каков вкус има вашиот живот моментално? :wasntme:
     
    На ljubam, Cynthia, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.