1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    убав ден...
    си се прошетавме со него во центар,го собравме студот,дојдовме дома си пиевме кафенце :)
    мама частеше сендвичи што фати спортска,па го натеравме некако тато да оди да ни купи :D
     
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.108
    Допаѓања:
    257.621
    Премногу е суров животот.
    И неправден!

    После убавите празнични денови кои денес сум благодарна што ги имав, се вратив во реалноста, која уште на самиот почеток од денот ми покажа колку знае да биде грозна.

    Велат, подобро удри му шлаканица на човек, помалку ќе го боли од некои зборови кои може да го скршат.
    Денес денот ми почна со лоши зборови кои ми ја изгореа душата.
    Но не остана само на тоа.
    Денес се соочив со една тажна приказна на една млада девојка која води борба со една многу лоша болест. Со солзи на очите ја гледав и се прашував зошто, побогу, зошто?
    Млада, а веќе со толкав товар на себе.
    Додека другите имаат мака со лајковите на фб, таа има мака со нејзиното здравје.

    За денот да биде посуров слушнав една многу непријатна и жална вест.
    И тоа беше капакот.
    И сега се сетив дека беше вторник.
    Ах прколет вторник, проклето суров и лош ден, исполнет со солзи и воздишки за уште една минута здравје и живот.

    Затоа бидете среќни, бидете благодарни што имате коса на главата, што ја имате мајка ви до себе, што го трпите татко ви кога се закчка со вас, што е тука сестра ви да ве гњави, што брат ви го расипал компјутерот, што имате еден фустан и за преку ден и за излегување, што имате само два пара чевли, што имате еден капут од пред 3 години и што ве топли. Бидете благодарни.
    Некој тоа го нема!
     
    На Go-Girl, Strumfeta93, Hopeful и 30 други им се допаѓа ова.
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Почивај во мир,Бубин..ќе се трудам да останам секогаш прекрасна како што ми велеше... ;( ;( ;( ;( :l: љубки,љубки,моите последни љубки до тебе ;(
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Многу места во градов ми се смачија од оние новокомпонирани квази убрани фаци.
    Глумат снобизам, а вода во очи немаат.
    Што е уопште забавно у тоа да глумиш фаца, да облечеш вреќа на тебе, нормално најновиот тренд хипсерски очила, некое патиче братче во ванземаљски стил и да глумиш андерграунд, а до вчера урлаше у мементо. Епа неможам!!!
    Влегувам у кафич и наместо секој да си го гледа друштвото и кафето онака буљаат у мене ко да не виделе нормален човек, па после прашања и фацки од типот, од каде шмизлава на вакво место (епа незнаев дека треба посебна дозвола и соодветен „аутфит„ за да влезам у најобичен кафич). А у суштина немам ни ш од шмизла нити пак сум глумела нешо, грев е човек да изгледа средено и облечено најнормално?
    Неисе, и онака веќе се е извртоперено и отидено у неповрат, само ќе седам и ќе чекам да видам кој ќе биде најновиот тренд или шема шо ќе го инфицира Скопјево, па да видам пак кој у што ќе глуми.
    Шала на страна интересно е, иако се напнав малце, од друг агол работите изгледаат прилично смешно.

    Мене ми е убаво на крај краева затоа што живеам без да се замарам со глупости и сеа за инат убаво ќе спијам :hai:
     
    На eli25, AnaKarenina, CIA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    [​IMG]

    Отварам на 37 страна,првата реченица :Па ова не е фер! :clap:
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Не е таа, таа книга, одма друга барај :)
    И ако таа не ти се свија, иди додека не најдеш на некоја што ти се свија :)
    Битно мора да ти се свија тебе, иначе не праиме муабет :lol:
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Нон стоп почнувам да пишам нешто во темава, и го бришам :emo: Многу променлива сум :emo: А и некако деновиве го имам пуштено мозокот на пасење, па некако не можам да смислам нешто покомлицирано :D Ми се пие кафе сега, одма, дали сум нормална? :^) :D
    И ако има некој пица дома, слободно нека ме покани, ич да не се срами :emo:
     
    На CIA, Miss.Ricci и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  8. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    [
    quote="CIA"][​IMG]

    Отварам на 37 страна,првата реченица :Па ова не е фер! :clap:[/quote]

    И јас се намамив на ова, па ајде си викам да си ја пробам среќата. :D Отворам на страна 37 и еве што пишуваше:
    "Одеше во чекор со мене -јас побрзав -со намера да побегнам, но го чувствував од страна неговиот поглед.." :)

    Него, за друго дојдов тука...Велам, Бог секојдневно ми дава многу, премногу, а јас само му ја туркам раката.. Отсечно..Како да ме моли, земи, потруди се, еве ти се, имаш се што сакаш од мене..А јас упорно-не!! Ете така се чувствувам, го одбивам она што другите го сонуваат. Нека, ќе си ја чукам главата од ѕид, и па нема да ми дојде паметот.. Господ нека ми прости и нека има трпение со мене, и тој и сите околу мене.... :|
     
    На CIA и Chocoholic им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.673
    Допаѓања:
    161.916
    Тоа е тој момент кога ѕвони црвениот телефон во 2 и пол наутро и срцето ти бие 200 на час. Добиваш силен шок,ти се тресат рацете,трчаш во темница од една во друга просторија,избезумено го штракаш телефонот со цел да кренеш и не ти успева,се прашуваш дали чекате бебе за мекици за да дадеш оптимизам во ситуацијата,попусто,не можеш да кренеш. Веќе го гледаш бројот дека е непознат и престанува ѕвонењето. Водиш борба за да свртиш ти и конечно успеваш,слушаш глас кој ти вели,извинете,погрешен број... Во моментот не знаеш дали плачеш од олеснување,од среќа или тешкотијата на која забораваш заглавувајќи во баналности секој ден и ги гледаш сите лица на леснотијата на постоењето само ако го погледнеш од друг агол,а не само ко сувопарна кованица од живот полна со ритуални глупавости, жолчна иронија,безвезалност... си даваш мотив дека утре нема да се нервираш за глупости.
    Не ќе беше лошо да беше мојот телефон,беше на мајка ми...
    Јас само сакам да се наспијам...ми се намножија ваквите ноќи...сакам мирно да се наспијам и да се разбудам свежа...

    И во цело бунило,си помислив,сакам да го купам фајненшл тајмс,ама и вог,за да го направам сериозно парче политичка критика со сите обратни правила на модата,а Винтур да си направам поданик кој секој ден ќе митари по 100 опосуми во име на многуте милиони убиени на сметка на нејзината висока мода која ја промовира...
    Ми тропка некоја меќава на ролетните и ме растажува што не е снег до колена.
     
    На Strumfeta93, caroline.costa, TeddyGrey и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Akana

    Akana Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    93
    Кај мене :lol:
    "Што има да се гледа тука... па тоа е толку просто!"
     
  11. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Сакам да научам да зборувам Италијански. :lol:
     
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Имаше еден период од животов кога имав ултра депресивни моменти и тогаш пуштав некои српски балади и као се пронаоѓав во нив... Е вчера на фб на еден ѕид видов текст од една песна, напишан како статус и ми заинтересира па денес ја побарав песната и ја чув. И останав :o Зарем српските текстописци изгубија инспирација и пишуваат такви текстови?? Ќе цитирам:
    „Трошимо без мере,
    динаре и евре,
    певамо до зоре,
    ајмо руке горе, горе.“
    Натака текстот вели дека друштвото на лето одело на море и се журкало, а на зима на планина... :^)
    WTF??? И ова е песна?
    Нејсе, решив да видам што има друго од истата пејачка за која да напоменам од првото појавување ми е антипатична и ја мразам!!
    И вика дека е полно ко Маракана, скокала без падобран и не знаела каде е, ама знаела дека е без него!!!
    OMG!! Ќе ме стрефи мене инфаркт!
    Следните стихови говореа за некаков огномет!!
    И тука прекинав, ги исклучив!!!!
    Тоа не е вредно за слушање. И битен момент во целава приказна е дека пејчката единствен потег кој го прави цело време е чепкање на косата и ставање зад уше и вадење од зад уше... |(
    И уште еден момент: косите им се подолги од фустаните!
    Не само за оваа, туку на сите грандовки! Стварно имаат убави тела, долги нозе, ама зошто мораат да изгледаат онолку ефтино??
    Јас не ги поттценувам српските пејачки, некои навистина имаат убави гласови кои се унаказени со квазипесните, ама некои работи едноставно ги повредуваат сетилата за слух и вид! Некои работи не се вредни за емитување!! А сепак Балканот е полуден по тој турбофолк! Да не ставаат дрога па ги навлекуваат луѓето на нив и со самото слушање? :!:
     
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.262
    Допаѓања:
    43.951
    Сакам да си чувам лемур или некоја таква удрена животинка.
    Кога гледам Енимал Пленет, секогаш ме спопаѓаат љубови по слонови, мунгоси, лемури и тапири и се чудам од каде имам толкава желба за зоолошка по дома. :angel:
    Морав утрово да си направам кафе и да се погледнам во внатрешното огледало.
    4 кг плус, пролонгирана дипломска работа, снег ни за лек, фантазирање на велико. Страв од малодушности и завршници.
    Каде ли одам, баш се прашувам. Па после воопшто не му ја мислам. Плими и осеки. А и месечината чинам беше полна деновиве! Лудост. И после, зошто толку немир, несоници и несаглам емоции.
    За се’ е виновен оној дукат горе.
    Или јас сакам да си замислувам такви нешта.
    Секој се плаши од конечното. И јас исто така. Знаеш, како оној момент кога ќе завршиш со добар оброк. Кога ќе ти заврши омилената песна. Како кога возиш и повеќе те радува самото возење одошто дестинацијата.

    Но, тоа е поентата. Не за џабе имам таков знак за себе.
    Чувај ја бескрајноста во срцето, таа е мотив дека нема граници.
    Убава среда имајте, неутрална и чиста.
    И размислувајте за Вас. Прочитајте некое книжуле.
    Купете си ситница.

    ПС:Штотуку увидов дека сум си ги лакирала ноктите како семафор, можам комотно среде раскрсница да застанам и да давам насоки.
    Прво себеси, а потоа и на другите :lol:
     
    На Springy, MandyLane, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Блазеси ви со ова со книгава. Моево е најфејл: „Потоа беа раскажувани фантастични приказни за телесната сила на Макс Демијан.“ :rofl: Или ќе биде некој Демијан, или и реченицава е збркана како што е и мојата глава моментално, трето нема. :D
    А некој па телефонски именик што има, на 27 страна, 27 име (доколку е од ист пол или нема страни се бира 2 или 7, а доколку и тој број е од ист пол така ви било пишано :D ) ќе ви биде партнер во 2012. :D
    Денеска сум принудена да го гледам P.S. I love you, а колку многу мразам такви плачопојки - не сте свесни. Ама ајде, за атер на другарка ми. Ќе преживеам... ваљда. :wasntme:
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.480
    Допаѓања:
    120.977
    Пол:
    Женски
    да спознаам што се случува со мене во врска со она што ми пречи.

    Супер !!!!

    СДК дека денеска навистина ќе ми биде среќна среда. Чекам најмили гости, внуци на тета арслани, да ми дојдат да ми го разубават животот, и плус вест која ме израдува. Има вратка, за се во животот има вратка. Само трпение, спасение и се ќе си дојде на свое!!!
     
    На Hopeful, JuLleE и julie77 им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... смешно ми е кога некој ќе промрчи во едно две, три ... пет, десет реченици за одредена работа во која буквално може себе да се пронајде ... Ноо не нема врска! Нели сме ние сите сами за себе совршени?? :wasntme:
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Предлагам тема да се отвори! :D
    Мојата реченица - Yes sir!
    Дали тоа значи дека ќе се омажам, наскоро?? :rofl:

    Јас, арна добра, ве читам само... Уште два проклети испита и слобода од 5 дена дури. Во тие 5 дена планирам барем 3 да ги поминам во пијана состојба, испадната, на некоја луда журка, а останатите 2 дена ќе ги спијам, ќе ги читам сите книги што си ги изнакупив (да, си купив 2-3 книгички, плус и дома имав некоја, плус и таа што ја читам), ќе ги изгледам сите филмови, ќе јадам, ќе пијам кафиња и ќе уживам! Немој некој да го лажел ѓаволот да ме задева од 24ти јануари, јас сум на официјален распуст! :D

    Гросе Лиебе,
    Дузи

    Почнав како писмана глупави што ги пишувам и постовите да ги пишувам. :D

    п.с. Времено плаче да испаднеш и да шеташ, а јас плачам за да испаднам, само јок бурда.

    4 down, 2 to go, official countdown! :whew:
     
    На CIA, Miss.Ricci, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    СДК дека вчера беше првата подалечна вожња на Лук, Кичево-Охрид и обратно. :lol:
     
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Yes sir, yes! Ај со среќа, за убаво за арно.
    Јас па немам книга во близина моментално, само еден деловодник и телефонски именик, а баш ме интересираше што судбина ми е пишано во нај блиската книга :lol:
    Времево на секунда се менува, исто и болката на местото на вадениот заб, и мене ме мами за шетање, уфф само колку би сакала ама до 15.30 пак ќе залади, епа чорба :(
     
  20. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...Кај мене е: Да, како во песната: „Што му треба на секој млад?Трпение, трпение, трпение!“

    Не верувам во ова, ама излезе многу точно.Дефинитивно тоа што најмногу ми треба е трпение... |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.