[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...денов излезе тапа-јас, лап-топот и Pretty little liars се дружиме откако се разбудив. :emo: Серијата супер, ама каков ден е ако не излезеш од дома?Ако не вдишиш свеж воздух?Ако не се изнегледаш лепота надвор, што од природата, што од луѓето? :?: И добив понуда за искачање и знаете што...ја одбив! :devil: Доста беше искачање-3 пати излегов од дома вчера...Доста се изнадишив свеж воздух вчера-се смрзнав по тоа улиците...А богами, и доста се изнагледав лепота вчера, дојде и тој што требаше и тој што не требаше, се деси и тоа што сакав и тоа што не сакав... |( Епа сакам еден ден да ми е мирен, предвидлив, обичен...И така, ќе си останам дома денес, ќе си ја гледам серијата, ќе си ја дочитам книгата, а и ќе имам повеќе време да ве дружам :*
     
  2. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Сдк денес глумев мајка!Брат ми под рака и двајцата на заболекар.
    Седиме, чекаме ред и го прашувам страв ти е :worried: И овој- нее, зошто да ми биде страв?
    Јас грејна само ваков поглед му дадов :^) и си велам Хај и тебе не ти е страв :D А да не речам гаќите ми се тресат од самата помисла заболекар.
    И нели мечка страв мене не страв влегуваме и нели јас како голема храбра дада мора прва да седнам.
    И ајде завршивме работа, а овој малиов па силно детиште бре ни зуц ни муц.Има деца се пред себе ќе рушат...
    А и оваа нашата работа дете носи дете на заболекар :rofl:

    И да ви се пофалам ја прочитавме Снежана и ги одговоривме прашањата :rock:
     
    На FortuneTeller.xD, kate21, AnaKarenina и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Xtinna12

    Xtinna12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    6
    Сакам да кажам дека ми е многу досадно |( ии нема што да се прави :^)
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека денес денот е интересен
    а како шлаг на тортата промоција на Мое студио Дадар(новата локација)
    ке биде интересна вечерта :)
     
  5. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Сега и стара-нова се третира како нова година?
    Ги гледам се фалат кој во стан, кој во кафана, кафич... Па се фалат што си купиле.
    Кичерај невиден е надвор.

    I'll pray for them. :music:
     
    На crazyinlove19, Asterion, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека не ми работат веќе финтите што ги имав, не знам што ќе се прави. Порано функционираа ептен добро. ;( ;( ;(
     
  7. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    6.771
    Денеска и е роденден на мајка ми .
    На работа е замината од 12 саат и јас дури сега седнувам да се одморам . Дома исчистив , почнав од својата соба , ги измив чиниите , метевме чистевме свети куќава сега. :D Кога ќе дојди во 6 нема да и се верува. :lol: Толку време не сум фатила ништо низ дома мислам дека заради тоа ќе се изненади повеќе отколку дека наравивме една прилично комплицирана торта со сестра ми . Ја грешивме малце на почетокот се распекмези , ама после дотуривме густин во пудингот и се угоде :rofl:

    Незнаев дека имам вештини за правење торти . Одозгора неможевме да најдиме толку свеќички па зедовме една што испушта искри нагоре и претпоставувам дека кога ќе ја запалиме ќе вели леле деца пазете тепихот, кој ќе чисти :lol:

    Вечер си велам да излезам ,пошто цел ден изигравам маченик и чистам ( колку ли пати повторив ) :D да се одморам малце нели е реднооо :P Абе прав Гарфилд сум ама ајде...
    И ви викам, да излезам јас вечер, со другаркиве да се договориме за Стара Нова година... тоа мазничето можи ќе се пријавам да го напраам :angel:
     
    На Elennaa, starbucks, Strumfeta93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Или мене нешто денес не ми е денот, или навистина станав алергична на луѓе кои мудруваат за нешто за кое немаат поима и се прават експерти за се' и сешто. Зарем не може секој да биде она што е?
    Простотија, а не широко знаење на секое поле, се крие зад долги реченици преполни со зборови на кои не им е местото таму.
    Па нели можат да пронајдат друг начин да привлечат внимание? :x

    И ни-за-што сум. Ама буквално деновиве за ни-за-што сум. Од премногу замарање со ствари секундарни за мојот живот. :tmi:
     
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Dva minuta mrznje :D
    copyright 1984

    Критериумите кои некогаш биле поставени ко непишано правило, се намалуваат. Знак прашалник само како биле поставено и кој ги поставил. Како што порано било во социјализмот, строго во школо, камшици хатиш, хатиш, се знае кои се добри ученици и дека се многу помалку од оние, ајде да кажеме со помалку потенцијал; така и денес, се знае кои се подобри ученици и дека тие се помалку од другите ученици, кои денес сите ги нарекуваат мрзливи. Кога бев во основно, сите бевме добри ученици. Два-тројца беа лош пример и требаше да се срамат. Критериумите се намалуваа и се пумпаа од секаде добри оцени и примерни ученици. Оцени на лепи очи и оцени за мама и тато.

    Денес во основните е хаос, критеруми... страшно, па и нема некој критерум де. Сега овие деца се демек посвесни за самите себе, понезависни и попаметни, тие црпат пример од западот. Ако сакаш да го смиреш темпераментот на мало детенце, стави го пред компјутер! Греота.

    И не ме толку нервираат овие работи, ниту пак приказните на баба за Тито (кој ја држел глупа, заробена, но среќна оти сите се такви, инаку правец Голи Оток, ама за неговата смрт плакала до безсознание) туку стагнирањето. Грев над гревовите. Или пак благо мрднување од мртва точка, на погрешен правец, те прави многу моќен. Да, браво ја голташ Софи Киселата и Агата Кристи и си страствен читач и попаметна од твојата генрација.

    Не дека се правам јас нешто поарна... Тоа што си играм игрички за возрасни е мој личен пропуст. И не тврдам дека денешните деца не ги бива, дај да правиме нови :D туку малку ми е досадно. Досадно од работите, за кои некогаш треба да ги погледнеш од птичја перспектива за да сфатеш колку се бјак.
     
    На Asterion и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ако продолжи Марфи да се зафркава со мене да знае дека ќе си пукам во слепочница.
    Оток, досаден е, се мислам дека само јас сум изрод на платенава со вакви дешавки марфиеви.

    А зјапате ли и вие по убави модерни девојки низ градов?
    На моменти повеќе зјапам во жени, него во мужи. Па добро нормално, поубави сме :D
    Е така денес се разминав со една дама.
    Да бре дама во вистинска смисла на зборот. Убава, негувана, коса исфренирана, убави кожни ракавици, преубав капут, ташна кожна и чизми кафени високи кожни, абре совршени :inlove:
    И нормално се свртев да ја дозјапам и ОП гледам познати чизми многу, голем патент и црвен ѓон одоздола и знакче Лоуботин.
    Нормално е да си љубоморен нели?
    Епа сум :D
     
    На marama, crazyinlove19, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  11. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    СД и’ К на Вајлд примени, измисли нови. ;) :*
    СДК Секогаш кога ми е најубаво јас мора да настинам. И сега мора да ги слушам сите како не сум се облекувала, не сум јадела, бла, бла, бла... Ама воопшто не ми е битно то. Не ве слушам. Богата сум, да, да... Среде зима мене ми цутат розеви цветови.
    И уживам. :f:
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    СД ви К дека мене лично и не ми значат многу мерењата на туѓите мислења во период од ден, недела или година, ни па бројот на лајкови и начинот на нивно стекнување ми е било каков репер за било што, ни толку ме интересира мерењето на (не)расположенија или енергии кои се ширеле... Било кој од овие бројачи ми е значаен колку и ланскиот снег. Дури се занимаваме со видот и обликот на рамката, мислам дека ни бега самата слика.

    Не знам колку од вас приметиле колкав период немало дискусија, ама вистинска, здрава дискусија низ темите?! И нема ни да има, се додека постои кај голем дел став дека реплицирањето е = кавга и контрирањето на СТАВ, не е АТАК НА ЛИЧНОСТА на форумџиката/јата со цел за нејзина девалвација, мотивирано од некаква си виртуелна нетрпеливост. Не дека ваквото сценарио е сосема исклучено, ама е скоро занемарливо за да биде генерална слика...

    Дотогаш ќе се постира само што бил некој од дневните оброци или што е нашиот музички избор, не дека имам против темите и сама сум оставала и би оставала постови и натаму, ама тие се во безбедната зона на ноу дискашн инволвд... И дотогаш ќе биде освежување секој нов трол, бидејќи моментално тоа е најбрзиот начин да се вратат од мртвите многу теми и ,,нешто да се случува,, без разлика дали некој минува половина час или е рандом број на часови тука, мислам дека секој треба да посакува времето поминато тука да е инспиративно или стимулативно, или пак јас сум во заблуда :?: ?!

    Форум не е место каде што секој само би лепел мислења како што се лепат сличиња во самолепливи албуми и тоа ќе е единствената мозочна активност, а чепкањето во став да се доживува полошо отколку да му брцнеш во око, радикализам бе. Без дискусија го нема и никогаш нема ни да го има забавниот дел, а за вистинската цел и да не зборувам. Кога ќе порасне форумската свест за водење на дискусија може и ќе се врати форумов од клиничката смрт во која се наоѓа. И ова не е оплакување на некои стари, добри времиња туку насока за барање идно решение :) . Ако ви значи барем малку, размислете ;) .
     
    На LittleDevil, Serafima, LilBaby и 46 други им се допаѓа ова.
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Какви ставови бре, само сликички во модни критики и пукање пуканки |(
    па сега и таа тема ја заклучија... шо ќе се праве....
     
    На Elennaa, crazylady, starbucks и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    СДК Amen to that!
     
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Немам што многу да кажам...
    Не сум ја деновиве... се изгубив... Паѓам во искушенија, повремено си мавам шамарчиња, па се враќам во реалноста.
    Сонувам будна, па си мавам шамарчиња за да се разбудам...
    Солзи одамна не ми дошле се до денес, па си мавам шамарчиња за да си одат...


    Убаво е да си заљубен.....
    Многу е убаво.


    Само сакам некој што знае, да ми се јави и да ми каже, не се секирај, се` ќе биде добро, некој да ми ги избрише солзите... Да ми каже дека нема зашто да се плашам....
    Некој, било кој.

    Што ако го сакам, што ако го сакам до мене, кога и да посака тој така, тоа не може да биде, НИКОГАШ...
    Во вакви денови, идам три чекори наназад од се што постигнав месецов...

    Се плашам, да, многу се плашам, од сама себе...
    Од се што може да се доживее, од се што може да се почувствува... Од цел живот понатака се плашам...

    И нема, не постои никој, што може да ми каже дека се ќе биде добро... Не затоа што не знае дали ќе биде, туку никој не сака да ја носи одговорноста на тие зборови, а потоа да не испадне така. Не може да знаеме дали ќе биде добро, ќе чекаме и ќе видиме... :|
     
  16. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^ Како што дождот бавно но сигурно си оди во оваа прекрасна смирувачка музика, така и ќе биде. Слушни ја со внимание.Ќе почувствуваш како после гмотевиците полека полека излегува сонцето, и птиците одат по својата слобода..Ќе почувствуваш.. Во меѓувреме те гушкам :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=v2wtCKXcnTY
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Сте знаеле ли дека Индонезијците се мажи кои знаат да ве ислушаат?
    Или да ве исчитаат... додека им се жалите на omegle.
    Морав да најдам некој издувен вентил за денешново негативно расположение, па се ставив на сајтов, ми избраа random stranger и се започна со едно hello.
    Си запознав типац по име Далајх од Индонезија, па почнав да му се жалам за моите маки и проблеми. Ај што ме исчита, па и ми даде убави совети. И некако ми олесна.
    Разговор со тотален странец. Онака искрен разговор, без внимателно избрани зборови.
    Утеха и непристрасен совет.
    Тоа е баш она што денес ми требаше.
     
    На Asterion му/ѝ се допаѓа ова.
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    ^_^
     

    Прикачени фајлови:

    На crazyinlove19, MandyLane и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  19. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    9.305
    Можеби работите понекогаш не се такви како што изгледаат на прв поглед. Но...
    Некогаш нема mixed signals, нема потреба од толкувања на секоја постапка.
    Некогаш вистината ни е пред очи, поочигледна од било кога, а ние кукавички ја избегнуваме.
    Нареден пат поштедете се себе си од измачувања.
    [​IMG]
     
    На Miss.Ricci и MandyLane им се допаѓа ова.
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.838
    Допаѓања:
    25.747
    Пол:
    Женски
    Една пукнатина од каде што ми влегува воздух и ми дава сила е денов. Пауза имам од еден ден, кога би знаеле која привилегија ми е периодов.
    Полагав до сега 3 колоквиуми,не знам што сум направила на нив,па со оглед на тоа не знам дали ме чекаат уште само 6 преостанатите, или уште 3 плус поправни на овие. Ако речам дека до 31 јануари полагам секој ден, најточно ќе биде.
    Не знам главава кај ми е, а се осеќам претерано добро.
    Можеби е до роденденот вчера,можеби е до нешто друго, што и да е..нека трае.. Баш ми е супер..
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.