[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ако е вистина тоа што го прочитав дека парите за Горги Николовски се соберени ми олекна на душата.Да имав сите пари ке ги дадов :)
    Инаку моите пари денеска отидоа на глупости :D .Масла за коса,шлаг за палачинки,чај од јаболка и цимет брашно и млеко,дезодеранси(не се фалам :P )а како јаготка на шлагот отидоа сите пари во мобилен заради едно момче кое не ме остава да спијам :* Нека живее љубовта :inlove:
     
    На crazyinlove19, sparklie, sweetyears и 7 други им се допаѓа ова.
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Конечно и јас да начекам огромно намаление... КОНЕЧНО. Обично купувам скапи работи и после 2 недели ги ставаат на пола цена, немам ич срека од таа страна. Ама денес е некојси исклучок, дали бидејки се падна паричката во мене за Божик па имав срека да се подновам за помалку од 1000 денари со фармерки и зимна блуза. :$ Фармерките да не се фалам ама сон ми се. Со машна на газот, темен тексас, уф уф едвај чекам во петок да ги подновам. :wasntme: А блузата ми е плетена зимна со V-израз и бели баклави. И секако и овој мини неочекувам шопинг не можеше да помине без расправање со продавачките. Нели тие знаат поубаво кој број ми е точен де... И затоа по 400 пати се пресоблекував бидејки не свакаат дека јас сум слаба со ОГРОМЕН ГАЗ иако не излгедам на таква воопшто, многу имам проблем со пронаогање со фармерки кои ке ми се точни од горе до долу. Ми даваат S, а мене ми е точен L. Само за без врска облекував фармерки кои не ми влегуваа ни до колената, за да им го направам меракот и да им покажам дека МУШТЕРИЈАТА Е СЕКОГАШ ВО ПРАВО. Многу мразам кога треба да се објаснувам со продавачки за гардероба, море молчете вака последен пат се расправав пред 2 години и тоа за кожни хеланки. :lol:
     
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Јас сеуште се чудам кој го воведе тој термин за тој преубав празник? Како луѓето не знаат да направат разлика? Па уште реклами фрчат со тоа: Дочекајте ја стара нова година во хотел ХХХХХ... Или карневали спремаат, како демек ја исмеваат македонската реалност, а само му штетат на празникот и верата.
    Е тие работи не ги разбирам. Постојат и други денови, други начини за да се изрази револтот, сарказмот и иронијата. Не на 9gag.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.121
    Допаѓања:
    124.397
    Навистина не ми е јасно,како некои не научиле дека во секоја манџа не одат сите зачини,па и си земаат за право да се вмешаат во нешто што не ги засега,зошто нели се најпаметни (демек).
    Но луѓе сме,и не има од сите по малку,нормално,па ајде да сфатам ;)

    Денес ме израдува еден убав подарок од драга особа.
    Добив машина за еспресо,со комплет шољи и еспресо кафе.Го добив овој комплет шољички од Педро Алмодовар,директно од Итали.
    [​IMG]
    Се израдував ептен ^_^
    Сега одам да се напијам едно јако еспресо,за да ме расони зошто следат подготовките за убави 2,3 дена на снег .
    Бидете умни,како секогаш нели, или не? :)
    :hai:
     
    На kate21, Shelea, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  5. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Кога постојано си разочаран од луѓето во твојата најблиска околина и од општеството во кое живееш околу тебе ти нема спас...

    Денес ( како и речеси секое утро ) бев во продавница. И внатре имаше полно луѓе .Леле кој ќе чека сега реков за два леба . Ама ред си е ред и нема тука што. Ај реков ќе прошетам низ продавницата да видам што има. И така шетајќи и чекајќи и мене да ми дојде редот за да наплатам, не можев а да не забележам две слатки дечиња. Братче и сестриче, брaтчето имаше околу 8-9 години , сестрата беше 1-2 години помала од него. Беа со мајка им. Дечињата си разговараа каде да се скијале и расправаа каде имало повеќе снег во нашот град. И така по кратко време ја видов една од моите комшивки од зградата. И отиде ги гушна децава и им вели „ Ајде тие на тета, одберете си кое чоколадо си го сакате“( а баш блиску бевме до чоколадата). Нивната мајка и рече дека не е потребно, ама бидејќи комшивката инсистираше, децата си одбраа чоколадо. И мојата комшивка вели: „ А како така не било потебно, па поминаа Нова година и Божиќ, а еве на десет минути живеам од вас и никако не ми испадна време да дојдам“. Ептен се изнервирав, не за нешто друго туку женава не е вработена и десет дена немала време да оди за да им ги честита празниците ? Наплатив и излегувам од продавница и комживката ми раскажува дека немала време за да ги посети децата на кои им купила чоколадо. Ми вели: Па што и да одам кај нив пак ќе им го дадам истото“ Ај да го оставиме тоа, туку повеќе пати ја имам забележано истава постапка кај повеќе луѓе. Ова ми асоцира на ПАРИТЕ ГО ВРТАТ СВЕТОТ. Па не можам цел ден да го замислам ова. Кога јас бев мала, многу сакав за распуст да дојде некој гостин и да ми донесе барем едно пакетче смоки. Пак ако ги понесеше и своите деца кај нас на гости немораше ни тоа пакетче. Онаа еуфорија и атмосфера што ќе се направи во домот, разговорите, слаткото и искрено детско смеење вреди колку едно чоколадо?? Само толку?? А спомените? Што ќе му остане врежано во главчето на едно дете, дека ти си ги посетила заедно со твоите деца, спомените, радостите што ги доживеало или дека в продавница им купи чоколадо?

    После излегувам в чарашија и ептен се нажалив кога видов дека едно 7-8 годишно детенце проси. Верувајте ми дојде да заплачам кога вдов како слабо е облечено. А пола од младинава им се лутат дома дека имале само две капичиња, баретки или било како. А да немаш ни една... А ниту една зимска блуза...Се замислив во истата ситуација. Можеби поради тоа што дознав дека финансиската ситуација се повеќе и повеќе ни се влошува. Се разочарав од овој свет. Тотално... А во парламентот земаат по 2000 евра плата, ако не и повеќе. Како не му текна барем на еден и да предложи да се одвојата само 50 евра од секој пратеник за бездомниците или болните деца. Па колку деца во Македонија има што им е потребна операција во странство. А кој родител во вакви услови е спремен да издвои неколку илјади евра за неговото дете да остане живо и без никакви аномалии? Да го гледа здраво и право како сите останати родители?

    Некој да седи во топло и да јаде чоколатца, а некој да нема ни корка леб. И пак се навратив на својата кожа. Учам , се справувам со проблемите во општеството, и утре можеби нема да ме пуштат ни на факултет. И можеби јас ќе дојдам во негова ситуација. Тогаш срцето ќе почне да ми се пара, поради тоа што и јас како ова дете кое проси не сум виновна за тоа што овој свет функционира на овој немилосрден начин. Ќе почне пополека да се пара бидејќи сите напори во животот можеби биле залудни...

    СДК се почна да оди во погрешен правец. Повеќе не се цени пријателство. Доаѓање дома на комшии и слично и да речиш :„ Имав гости“ очигледно се повеќе и повеќе ќе се намали. Ќе опстојува купување чоколадо во маркет. А околу луѓето кои просат треба да превземи мерки оваа држава ( без разлика која партија е на власт), гревота е да мрзне било кој на вакви температури под нулата, а не не посакувајќи ни чоколадо , ни месо, туку само топол дом и едно парче леб.
     
    На maca99, BeYourself, Hiii и 8 други им се допаѓа ова.
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да залутам некаде по улиците на Рим. Сама. Да направам промена нова која ќе ме задоволи. На некоја уличка да седнам и да јадам паста карбонара. Да пијам вино. Да ја мирисам романтиката. Да среќавам погледи, да правам возбуди, да фотографирам моменти. Да се изгубам во непознатото, да застанам на утрински сончеви зраци. Да штипкам машки газови. Да бидам Македонка изгбена меѓу сите тие Италијански мотори. Со очите да бидам цело време во прeтпазливост. Да дишам стари архитектури. Да мерам улици, да љубам машки убавини. Сакам да си зборам со самата себе и да си кажувам дека не сум лута на самата себе и на Животов оти ми даде и одзема и беше суров, ама кога ќе ги видам тие убавини да кажам благодарам и за ова. Сакам да ги видам големите плантажи со грозје, и да трчам меѓу нив. Некои денови да ми бидат баш dolce far niente. Сакам, а не дека и не можам. Еден ден знам..

    Ете така посонував малку!
     
    На crazyinlove19, Elennaa, Peppermint и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    767
    Ајде, уште еднаш да ми го избришете мислењето не можете?
    :D
    Само ќе кажам дека форумов не е тоа што беше.
     
    На Linn1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Колку е убаво кога ќе прошеташ низ градот навечер.Колку и да си нервозен и нерасположен веднаш се опушташ.Новогодишни украси,светилки,украсени дрвја...едноставно прекрасно :inlove: .Баш затоа го обожавам овој период од годината,колку и да ми е студено ја обожавам атмосферата низ градот.Во лето ја нема таа магија,тоа чувство.
    И така.Сфатив дека некои луѓе треба едноставно да ги избришам од животот и дека подобро е вака.Не ми требаат повеќе,ако заслужувале да бидат во мојот живот ќе беа.Се се случува со причина.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ^Имаш таму горе пребарување, имаш напредно пребарување, имаш опција да прашаш модератор по ЛП, имаш опција да прашаш во темата дали постои таква тема каква што ти треба, за мрчење најлесно е ;) Никој не бриши од ќејф, правилата важат за сите подеднакво без исклучоци.

    СДК Нетот почна да ми зафркава многу, нека си се прибере малку, да не употребам сила :D
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. She

    She Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    54
    http://www.youtube.com/watch?v=36bMqbio ... re=related

    Sometimes I feel so insecure
    And loves so distant and obscure
    Remains the cure
    [​IMG]

    Брат ми си замина, мојве такоѓе, пријателиве не се у Скопје, бојфренд немам. Ептен форевер алоун се осеќам у станов. Башка, до кога ќе бидам сама? Се осеќам awkward кога сум излезена на кафе, не знам што муабет да правам, другаркиве само за дечковциве ми прават муабет и затоа кој им се пуштал на фејсбук. |(
     
    На Breezy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    23.770
    Пол:
    Женски
    СДК ептен ме фати вирусот глупав! :@
    А утре треба да патувам, и многу се нервирам. Испив еден куп пакетчиња Фервекс, ма џабе е се, и чаеви, и овошје, и течности. Кога решило да ме фати, и готово. На глава да застанам сега, пак исто ќе биде.
    Сите паломи од дома ги потрошив за носот, ова не е можно. Традиција ми стана секој распуст јас да сум болна. Само да не закачам бронхит :sweat:
     
  12. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Проблемот на денешното време е што паметните луѓе се полни со сомнежи, а глупавите се полни со самодоверба.
     
    На MandyLane, crazyinlove19, m2m2m2 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.994
    Јас не знам да пишувам, зборовите што ги мислам, просто ми исчезнуваат. Пуф.
    А и читам, се трудам. Едноставно не ме бива.
    Дури и писмените во средно што ги правев ми беа толку конкретни на тема, па среќа што професорката така бараше, и затоа имав петки. Да ми вират мисли и да ги запишам, не се случува тоа кај мене.
    Да кажам нешто, секогаш можам, но знам дека постојат други што ќе го кажат тоа на поубав начин, што сите ќе го прочитаат, ќе го разберат. Јас не можам.
    И сакам да цитирам еден дел во кој што се пронаоѓам напишано од Елизабет Гилберт- "Јади, моли се, уживај"
    "Ако те сакам, ќе ја носам за тебе цела твоја болка, ќе се земам за твоите долгови, ќе те штитам од сопствената несигурност, ќе ти ги прикажам сите добри квалитети кои никогаш не си ги нашол во себе и ќе купам Божќни подароци за целтото твое семејство. Ќе ти го дадам сонцето и дождот, а ако не се достапни, ќе ти дадвам проверка на сонцето и проверка на дождот се додека не станам толку изморена и истоштена, при што единствен начин да ја повратам мојата енергија е да се инспирирам од друг."

    Токму така, ги оставам во минато сите што заслужуваат да се таму.
    Моите лажни пријатели, кои кога најмногу ми требаат, никаде ги нема.
    Вртам нов лист, јас сум друга од сега, од вечерва.
    Се менувам.
    Ми треба промена.

    Таму не постојат тие лажните ликови што се вртат околу мене, лажните насмевки кои секој пат си ги даваме. Таму не постојат луѓето што ми влијаат негативно. Не постојат маските што и јас ги носам кога сум со вас, велејќи дека се е во ред...
    Јас сум среќна, сакам да сум опкружена со луѓе кои ќе се радуваат на мојата среќа, зошто јас се радувам на нивната.
    Кога ќе се тажни, повторно ќе сум тука, ако не можам да им помогнам, ќе ги сослушам, ама се ќе биде за нив. Само очекувам да не забораваат се што сум направила.

    Редно е да се ставам сама себе на прво место.
     
    На Breezy и eli25 им се допаѓа ова.
  14. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк јбг...

    cruel, but true :|
     

    Прикачени фајлови:

    • jjjj.jpg
      jjjj.jpg
      Големина на фајлот:
      36,6 KB
      Прегледи:
      278
    На L-a-d-y-Bug, Breezy, crazyinlove19 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    12.450
    Пол:
    Женски
    Мојот социјален живот за време на сесија е како IPhone 4s. Јас немам IPhone 4s.
     
    На MandyLane, sparklie, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  16. lakybuba

    lakybuba Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    СДК - Добро ве најдов на форумот... Веќе долго време сакав да се зачленам, но ете дури сега успеав :)
     
    На cvetce93 и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Кај мене: „Инаку, белам, и твоетоиме можело да влезе во една таква листа.“ :D
     
  18. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Се заразив со песните на Аеросмит последните неколку дена.

    Си зацртав овие две недели да направам нешто интересно, некои украси, да средам соба, да си гледам филмчиња, читам книги, да почнам да пишувам во дневникот, да прошетам. Да се одморам максимално, второто полугодие има помалце празници! :!:
     
  19. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    За малку ќе го доживеев филмот „Како да упропастиш прекрасна 5 и пол годишна врска со љубовта на твојот живот за 15 минути„. За среќа, го сменивме филмот :whew: Се враќаме на стариот добар old school, класика де 8)

    Оооооо женска главо глупава!! (смајлиштосиудирабоксиластикнаглава)
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    СДК Mladi iz zemlje bjeze, izbjeglice se vratit nece ne moraju nek zaradjuju, nek nam salju para mi cemo zivit u mraku i jedni drugima jebavat majku .!.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.