1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    убаво започнат ден... :D
    не се наспав но сепак денес некако се чуствувам убаво :)
    имајте убав ден :D
     
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    еве вака
    не пишував,читав и потајно си се смеев (небаре само тоа и можев)
    гледам дека од ден во ден ова катче за дружење за разменување идеи,за споделување искуства и ред други работи,го изгуби стилот за истите.
    на сите им е јасно што се случува овде и зошто тоа се случува,овде несмееш да погрешиш бидејќи ќе те осудат,веднаш како оси за благо се нафрлаат.
    сите овие работи исчезнуваат само ако си во добар однос со некоја од поактуелните форумџики и и се лигавиш во стилот дека е најискрена дека е реална ( не зборам дека овде не треба да постојат такви дружења,од овде можат да се створат пријателства-но сето тоа изгледа поинаку)
    на овој форум се створи една слика дека главниот збор го имаат едно 5 форумџики и воедно истите можат да си земат преголема слобода,а сите останати се занемарени и ги немаат истите права како нив
    многу од ликовите кои ја сочинуваат оваа дружина се нереални, а други глумат лудило за да привлечат внимание (не осудувам никого -ова е место каде што владее слободата)
    но не гледам зошто за да се помине досадното време некој би бил омаловажуван и исмејуван :fubar:
    знам дека ќе превртувате очи додека читате,некој нема ни да прочита бидејќи не сум актуелна како останатите,но сите знаете дека ова е вистината но никој не се ни обидува да се направи нешто за да се промени
    јас решив дека нема да пишувам повеќе - да можеби не сум била ни забележана од вас но мене ми било пријатно
    и знам дека и многу други ќе се откажат од форумов и после ќе барате да се вратат
    плукајте ме колку сакате ама јас си кажав
    го чекам денот кога Фемина ќе си се врати во нормала
    ви посакувам се најдобро
     
    На Lov3, Evellyn, Linn1 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    2.474
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчерашната промоција во мое студио беше интересна, баш на нивоу
    со познати фаци од естрадата, а домакинот весел, расположен
    а јас бев :$ цела вечер се чуствував ко да сум во бајка , а што ме беше фатила една трема, не можам да ви опишам :lol:па едноставно се блокирав, иако музаката малку ме расположи
    комплиментот дека имам убави очи ми ја разубави вечерта, само не успеав да дознаам која е личноста што го изговори тоа :wasntme: баш штета.
    денес нели Дадар ми е сосед(под мене му се наога студиото) бев да му се претставам(вчера ме виде, ама во тој хаос не се запознавме официјално) и ми рече ти беше вчера, си помислив како ли си запомнил :D и ако може некако да ми помогне, да ме препорача за работа,оставив контакт тел, па ке видиме што понатаму(инаку студиото е супер масажа, фризерај, шминка) а курс за шминкање кој трае 4 месеци е 2000 евра, кога ми кажа бев :o па добро професионалец е, и обучуван е во странство така да тоа е тоа(а како соседка ке имам попуст на фризерај и други услуги) :P
     
  5. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    [​IMG]

    ... :wasntme:
     
    На TeddyGrey, SuperGirl2010, BeYourself и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Е сега и официјално имам 22 години, ова време сум родена!

    Денес ми е роденден, ама не се чувствувам како да ми е, дали дека не сум дома за расположението да е поголемо или дека сум тука сама и над книга, не знам, ама знам дека не е до годините :P , зашто јас во душата сум едно големо дете што никогаш нема да порасне, како и да, важно сум среќна и убаво ми е, ќе пробам да се расположам - роденденски!

    Се потсетувам на родендените од детството, колку само со нетрпение чекавме да ни дојде роденденот, да ги собереме другарчињата и заедно да прославиме, торта-морта, песни, игри и дури имавме план и за наредниот, а овој уште не поминат :) . Деца!

    И денес ќе прославам, скромно со цимерките и дечко ми, но сакам да си го одбележам денов, а после дома кога ќе си одам ќе има и торта и како уште роденден ќе ми дојде :) .

    Феминки, еве и за вас частење, иако виртуелно, сакам и со вас да го прославам роденденов и многу ви благодарам за искрените честитки, многу ми значи!

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Bright, Izaabella и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.986
    Некогаш бактеријата е единствената култура што некои луѓе ја имаат. |(
     
    На Bright, Gea, WhiteAngel и 9 други им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Како нежна, саксиска темјанушка, грижливо си се чувам дома од студот со страв да не овенам.
    Ме мачи ова сивило на градот, јас сакам весели бои и топол ветар.
    Ми недостига зајдисонцето.
    Имав навика да го гледам секоја квечерина од балконот, и секогаш е различно.
    Толку и се восхитувам на таа магија од прелеани, вжарени бои кои го сликаат небото.
    Ми недостига зеленилото. Ме фрла во депресија оваа црно-бела глетка низ прозорецот.
    Ми треба сонцето, за да ми влее малку ведрина и расположеност.
    Сакам да вдишам мирис на јоргован, зумбул и нарцис, на цвет од цреша што цути.
    Ќе ја чекам пролетта, за од овој зимски сон да ме разбуди.
    [​IMG]
     
    На mims-89, TeddyGrey, marama и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    ... јас искрено не можам да сфатам како Фемина е изгласана за сајт на годината.
    Единствената светла точка е форумот, кој на моменти е повеќе арена на судир на сечии комплекси, фрустрации и ранливи душички, ама пак, го чувствувам ко жива материја, ние го креираме, ние му даваме душа и го обликуваме, некогаш подобар, некогаш полош; сепак сметам дека е најдобриот и најкорисниот дел од сајтов.

    Остатокот... вестите кои ги прикачува Фемина се тривијални и бизарни на моменти.
    Жива глупост.
    Жената со две вагини, мажот и жената кои се држеле за рачиња еден час откако починал едниот, чевли, чевли, чевли, Ким, Бритни, рекла-казала, Бибер, 5010 совети за постигнување ефект на смоуки ајс...
    треба дневниот и месечниот хороскоп да го вивнуваат во облаци?
    :^)

    Ова го кажувам најдобронамерно, без грам горчина, едноставно пробувам да сум искрена и реална.
    Од гледна точка на дизајн, ајде некако се џвака, иако сум видела далеку поинвентивни сајтови на изглед.
    Од функционална гледна точка да речеме дека сум задоволна, не сосем, си има некои фалинки, ама уште тоа фали - да се кочи сајтот со најголема посетуваност.

    Нема никаква секција за литература, филм, музика, уметност...

    Светлата точка за која се радувам се Фемина колумните и се надевам ќе изберат добри и содржајни текстови.

    И пак ќе кажам, Фемина е форумот.
    Бидејќи вестите кои се објавуваат месеци наназад се благо ретардирани и сериозно читам една на 10 статии.
    Просто ми е срам воопшто да гледам наслови од типот - 9 месеци лажела дека е бремена, се обидела да киднапира новороденче, камоли да ги прочитам, со моите 26 години.

    Повторно, благодарна сум за се' што нуди форумот, но дефинитивно треба да се редизајнира сајтот и да се филтрираат вестите, да се внимава на квалитетот, а не на квантитетот.
    Знам дека е правен по теркот на останати Фемина сајтови, како британскиот, ама нема да боли ако се обидат со поинаков пристап, нели?
     
    На Marilyn-Monroe, FBI, mims-89 и 45 други им се допаѓа ова.
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Работите се земаат здраво за готово, а лошите вести се шират ко епидемија. Да, епидемија би бил вистинскиот збор, зошто луѓето ги прифаќаат лошите вести безусловно исто ко грипот. Вирусот навлегол во нив и ја направил бељата без нивно знаење, сега ги претрпуваат штетите и е премногу доцна. Единствено што останува е да се зајакне имунитетот. Ретки се тие што на време го направиле тоа.
    Ама вирусот се пренесува при блиски контакти со заболениот, секој со здрав памет би знаел дека треба да ги одбегнува тие луѓе. Лош е периодот на инкубација, кога не знаеш каква болест носи некој и упорно му даваш шанса.

    А искрено, сето ова жалење по форумот, односно х-форумот, е многу непријатно за нас новите членови, дури и демотивирачки. А најинтересен ми е феноменот - еден ако рекол дека не чини одма сите се свеснуваат колку тоа не чини. Да, сум приметила дека за разлика од други форуми, тука дискусиите се водат само во љубовни проблеми, ама си помислев дека е само период кој секако ќе се надмине. Сега кога гледам како сите почнавте да плачете по тоа како било порано, кој ќе си идел од тука, кој се жали зошто одредени феминки биле во центарот на вниманието и го воделе форумот, се заразив и јас и се преиспитувам пред да напишам нешто дали воопшто да го напишам и дали истото да го испратам. Искрено, воопшто не сакав постов да ми отиде во оваа насока, преку к** веќе од жалопојки за форумот, и секако моментот, еден ќе се направи паметен прв да го фрли каменот, и уште 100 идат по него со иста содржина, со цел збирање ѕвездички. Али нејсе, не ми беше тоа поентата.

    Форумот е тоа што вие сте го изградиле, ваше дело, на старите членови, истите кои се жалите за истиот, истите кои сметате дека само 5 форумџики го водат. Епа кој ги издигнал ако не тие форумџики? Вие самите. Плус тоа, кој ви е крив што не пишувате нешто паметно кое би им се допаѓало на повеќе членови и кое би служело за пример. Не за џабе некои членови се форум авторитети, и подобро е што е така. Ако толку сакате живост на форумов, бидете исто толку паметни како што бевте кога се жалевте тука, и одете во некоја тема, активирајте ја повторно. Бидете промената што сакате да ја видите кај другите.

    Да потенцирам дека не алудирам на никој конкретно со постов, секој што се пронашол ајирлија нека му е, морав да искоментирам зошто приметив дека мислењава се движат во верижна насока водени според едно. Не знам какви проблеми си имате меѓусебно, не ме ни интересира, ама глупаво е што ги изнесувате на форумот, и ја кршите сликата за некои членови. Вашето мислење, какво и да е, колку - толку, влијае на секој што ќе го прочита.
     
    На sanjaeva, Go-Girl, AnaKarenina и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Пишував, пишував и пишував долг пост(за прв пат откако сум тука) за на крај да ми се избрише и тоа ни сама не знам како. :@ Фер ли е??? Од сега постови по една реченица, две најмногу..А пукнав више.. :devil:

    ЕДИТ:
    Ма ќе го пишам одново, ме држи инспирацијата сеуште..Имам да кажам нешто и ќе си кажам. Е така 8)
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    И мене почна да ми се случува the пиши-бриши thing. Како и да е, деновиве сум крајно омалаксана. Немам волја за ништо, а и се ми е досадно ко ќе размислам подобро. Апчиња, температура, главоболки, чај од шумско овошје, компјутер и малку на ладен воздух. Можеби минативе две вечери седев дома, но оваа и утре ќе излезам сигурно. Од една страна подобро ми е дома, а од друга...атмосферава ме задушува. Се чувствувам заробено. Сакам да си ги прочистам мислите, да ме фати воздух макар и да смрзнам, сакам нешто забавно, нешто поинакво од досадава и монотонијава што ме прогонуваат. Искрено, сакам да отпатувам некаде во некоја далечна, прекрасна земја како Германија, Шпанија, Франција...и повторно Италија. Колку ми фали Италија...постојано си ги разгледувам сликите и си викам морам да се вратам некогаш пак да ја посетам таа земја. Да шетам, да гледам убави градби, нешто што го нема кај нас! Ама кога би било топло, доцна пролет или рана есен, совршено. Исто размислувајќи за сите обврски, оставам мал простор да размислам каде на одмор летово...некаде во странство. Зимскиот распуст поминува, си лета, веќе сме 12-ти. Хммм 12-ти ме потсеќа на роденденот на сестра ми, на кој јас ќе полагам државна матура по англиски јазик.
    Едноставно ми доаѓаат постојано информации од сите страни за тоа што се треба да правам и ми го блокираат мозокот. Добро е и постов што го склопив конечно по толку мислење, бидејќи мојата муза ме беше напуштила и заминала на зимски распуст веројатно :lol:
     
  13. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    СДК познато е дека после дождот, сонце изгрева, па се надевам истото важи и во случај на бура. Со душа го чекам моето сонце, кое (би) треба(ло) да изгрее по овој викенд, но истовремено психички се спремам за викендов, кога е кулминацијата на сето она што се случуваше изминатиов месец (па и многу подолго). Да очекувам идиличен викенд е практично невозможно, па затоа само посакувам да дојде и помине што е можно побргу, со што е можно помалку траги во иднина. Дека следниот понеделник е нов ден, никој не може да негира, но се надевам дека по подолго време ќе го почнам со нови сили, нова насмевка, но истите цели кои ме туркаат напред веќе со години. На крајот сум од справувањето со она што извесен период ме враќаше назад, и буквално горам од желба да го постигнам зацртаното: за доброто на моите, блиските околу мене, и секако...
    ЗА МЕНЕ!
     
    На Peperutka90, mims-89, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  14. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Пицата спремна, палачинките спремни, другарките тука.
    Како и секоја година, ова време што се собираме, така и оваа. Мераци.
    Ги имам најдобрите најдобри другарки :)
     
    На Juicy и Nightwalker им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Зима и печено јаболко... Некако ја бев заборавила оваа комбинација, ама ете, сега се потсетив :) Убаво ми е дома, се одмарам, уживам... живеам од ден за ден. Ама тука е и воспаленото грло и кашлицата да ме потсети дека сепак е зима :) Времето надвор е толку романтично, те тера само да мислиш на љубов, на бакнежи, на прегратки. Снегот си тера по свое ниту врне, ниту се топи. Толку снег немам видено од кога бев малечка и по цел ден се карав со моите да ме остават уште некоја минутка да си играам надвор. Ех носталгијо, ти си ми пријател овие денови. А за два дена ќе се дружам со сувиот загаден воздух, со бучавата на автомобилите, ама и со нежните прегратки на моето злато. Ех носталгијо, ќе ме оставиш ли тогаш на мира?
    Ако некој сака една снежна прошетка и топло чајче нека тропне на мојата врата :)
    Ај да ве частам нешто :)
    [​IMG]
     
    На Noemi и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  16. Dayse

    Dayse Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Денес кога станав си велам денес е ден како и сите други кои изминаа... Малото дадино злато ја промени таа реченица. Моето мало братче почна уште од утрово да ми го прави денов убав и незаборавен. Срцето мое е тој, за него јас се би дала и јас самата незнам колку го сакам со цело мое срце :inlove: . Добив 10000 прегратки полни со љубов (тоа ретко се случува) обично секој ден само ме куби, ме каса, скокотка но денес не беше така. Што му се случило се чудам Се променил ? Пораснал?

    Си пиеме заедно топло млекце направено од баба.. :*
     
    На Hopeful и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  17. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Пијам чај, јадам морков, гледам филм, и се молам на господ да не се разболам. Не ме бива феминки годините ме газат. Глава ме боли, крајници како круши, а носот ми е чешма. Очите ми се на пола копје и единствената надеж дека ке се опоравам до утре ми е неговото височество Риностоп. Амин. :smirk: шмрк шмрк.
     
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    И јас ќе кажам нешто за форумот... наместо да си заминувате од тука ако сте разочарани поради неговото функционирање, направете нешто за да не биде така. Напишете директен пост и кажете што ви пречи, како што и прават дел од членовите, почнете да го менувате таму каде што мислите дека не чини, со ваши квалитетни постови - како што и прават дел од членовите, и ќе биде подобро, не може да очекувате само на другите. Ако некој ве обвинил за нешто за кое не сте виновни, нема потреба да си заминувате.

    Да и јас сум забележала дека шкрипи, но уште имам верба во форумот и мислам дека има потенцијал.

    За сајтот и неговиот квалитет се слагам со Трендафилка, премногу површно ги прикажува жените. Да, жените се интересираат за шминка, чевли, диети и слично, но треба да се воведат и посериозни статии, вака испаѓа дека жените се ептен плитки, јас искрено ретко ја отворам почетната страна. Едвај ги чекам колумните, се надевам дека нема да се само на теми мода и диети. Може да се воведе и предлог книга и филм на неделата, кои нема да бидат исклучиво чик лит и романтични комедии.
     
    На mims-89, bittersweet, zhap4e и 25 други им се допаѓа ова.
  19. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Happy birthday to me! Една година се дружам со вас овде, на фемина.
    Можеби оставив некаков впечаток, можеби не. Важно знам дека овој тинејџерски памет стана многу позрел одкако сум овде.
    Прочитав совети, ги применив, ми беше подобро.
    Се здружив, споделував мислења, скромни - но лично мои.
    Да ве почастам и да продолжи оваа наша дружба. :hug:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На zhap4e, Star19, Hopeful и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Луѓето измислиле многу поговорки, кажале многу мудрости - штета што самите ги погазуваат.
    Гледаш ќе напише некој некоја мудрост, ја читаш и си мислиш уау, човеков е во право, а истиот тој не знае што му значи мислата што ја напишал, не знае ни како да ја примени во сопствениот живот а камо ли за помош наоколу...Жалосно..
    Речи, секој зборува за слобода на говор, истакнување на јавно мислење без страв, а никој не го почитува.
    Општо, во животов е така. И сите бараат да бидеш искрен, а кога вистината ќе ги заболи е тогаш со камења фрлаат по тебе. Има една добра, ако не си спремен да ја слушнеш вистината-не ја ни барај..Оди, лажи се себе си во лажен свет понастрана од другите.
    Сите ние, си имаме и добра и лоша страна во својот карактер, во своето однесување, во душата...Кој негира-лаже.
    Што значи да се биде жив? Што значи да го изживееш животот како што треба? Значи ли тоа да бидеш затворен за туѓо мислење, значи ли тоа да не те интересира ништо во животот? Не можеш сам да му пркосиш на светот, ма колку и да се посакува тоа. Секој ќе рече Биди она што си. Зошто тогаш кога го правиш она што го сакаш истиот тој те осудува? Зошто ако ги облечам истите фармеки два дена со ред добивам криви погледи и по некој збор фрлен од страна? Зошто кога сакам да се напијам една чашка плус или кога се смеам на глас добивам едно превртување очи апла пред себе? Па зарем не требаше јас да бидам ЈАС, да сум своја? О да, тоа е само тапкање по рамо кога ти е тешко(или кога не ти е-сеедно)за после тоа да си осудуван.
    Сум добила тапкања по рамо ехеееее..Не ми треба тапкање, ми треба помош. Не ми треба едно Се ќе биде во ред-ми треба да знам дека се ќе биде во ред. Не ми треба некој да ми кажува што да правам во врската, што да правам со факултетот, што да правам со мојот живот, ми треба некој да ме поддржи во своите одлуки и ако упорно грешам а не заприметувам да ме поправи, а не да ми кажува шарени петли бели кокошки само колку да не биде не рекол ништо.
    Чинам сите кога ќе се изгорат учат нешто, ама ретко кој научил нешто од тоа. Има многу луѓе околу мене(меѓу кои и татко ми за жал) кои им придаваат значење на ситните и нај не потребните работи во животот, додека она што треба вистински да се цени, да се почитува-го отфрлаат. Штета што тој не ми е инспирација,...голема штета..Не гледам нешто во него што би ме инспирирало, баш напротив го гледам она што НЕ треба да бидам во никој случај. Себичност, повлеченост..ме боли и да кажам.. Ако и од тоа се учи..
    Дедо ми, он е мојот идол. Штета што не поживеа да ме поучи..Такво суштество нема да се повтори во мојот живот, и без срам ќе кажам го сакам повеќе од татко ми затоа што се два различни света и затоа што од него се учеа само корисни работи. Се присетив завчера на него, плачев како дете.. Колку многу работи имав да учам од него. Да бидеш со цврст карактер во тешки денови, да бидеш добродушен и секогаш со позитивни мисли. Да пркосиш на се пред себе и што е најважно да ја отвораш устата кога има потреба, да молчиш кога треба и секогаш кога ќе кажеш нешто да биде паметно и на место. Сеуште не можам да ја сватам баба ми зошто на таков човек му замеруваше за ситни работи, зошто едноставно не го оставаше да дише..Загуби она многу, и не верувам дека воопшто свати што имала покрај себе иако секогаш кога ќе го споменам неговото име плаче..не сватила, не! Беше така цврст, не се плашеше од ништо, и не можете ни да замислите колку ме болеше неговиот поглед денот пред неговата смрт. Оној силен поглед што кога и да ме погледнеше ми влеваше и страв и почит и доверба, тој поглед се претвори во едни насолзени детски очиња кои знаат дека за брзо време ќе згаснат и нема да ја гледаат светлината на денот..Тој човек со најголемо срце, тој човек изнемоштено се предаде..И не му замерувам, немаше нешто со што не се избори, и кој беше толку проклето злобен што ми го одзеде...Го кутна на земја го собори како некое беспомошно суштество..Тој ден сватив, и на нај храбрите им доаѓа крајот, и они имаат слаба страна..
    Некогаш ме боли се, некогаш мислам дека како на мене на никој не му е, некогаш мислам дека не вреди да се живее..Но што знам јас од животов? Има толку многу што животот ги паѓал на колена секој ден па упорно станувале..Што знам јас со моите 20 години...Па и уште да се пожалам... Ако гледаш што немаш никогаш нема да имаш доволно..И ќе се водам според она што ми го кажуваше тој, нека не те интересираат другите, остави ги и нека те користат, они не те искористиле тебе туку си ја искористиле шансата да станат добри луѓе и чисти пред Бога!
    Нема да дозволам, нема да паднам под ништо..Веќе знам што НЕ треба да сум, а што треба и што ќе бидам, тоа допрва ќе го дознаам, јас самата.

    Пријатен ден.
     
    На mims-89, zhap4e, AnaKarenina и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.