1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.794
    Допаѓања:
    163.065
    Ах да ми опростите меѓу се останато. Дур некој се трудеше да дискутира,некој го правеше ненормален дека се КАРА,дека се НАМЕТНУВА,го правеа ЧУДАК. Сакавте лав и хепинес,епа сега,можете да се држите за раце,со насолзени очи и да си викате,да,сосема те разбирам,јас сум ти пријателка. Сега Теодора го забележа тоа и го стави на танца,сега Трендафилка забележа дека Ким има премногу место на насловната на фемина и ми е многу драго за истото!
    Преку машкиов полов орган!
    Е од тој момент кога го сфатив начинот на кој што ЖЕНИТЕ сакаат да функционираат СЕКАДЕ,па така и тука,престанав да се трудам да ДИСКУТИРАМ. До тогаш,ќе пишувам само во сдк и ќе си тресам зелени во рамките на он топик онаму каде што ќе ми дојде.
    И фемина треба да биде корисна се додека се кажува вистината,каква и да е. Значи да потенцирам ВИСТИНАТА.
    И да не заборавам да кажам,мерило за вистина нема,ама гледам престанало и совест да се има!
    Преку све веќе. Искрено дури и жал ми е за администраторите на кои им упоропастуваме парче нивни труд,па каков и да бил со бљувотини. А меѓудругото,меѓусебни глупости кои не се наивни да се разбереме! Јас да оддамна реков,разграничете го реалниот живот од форумот,ама го реков кога никој со никого не се познаваше,ама сега...работите се сменети! И мене и уште стотина фемина умее да ни биде дневник,значи е веќе СЕРИОЗНО до степен да може да се злоупотреби. Не знам колку сте свесни дека оддамна го надмина моментот ова е САМО форум и веќе е длабоко навлезена во односите и надвор од него.
    Така што фак оф веќе! Крајната оцена е дека жените се исклучително глупави,а ако сакате навредувајте се. Просекот е тој,крајно глупав и површен. До тој степен да се лаже,значи крвно да се лаже до жолчна иронија. Жените се хистерични до тој степен да се закачат до нештото како за дечко кој упорно им раскинува и не сакаат да го увидат и прифатат тоа.
    Све о свему,соберете се и соберете два со два,приберете си ги гнасните пипци на мрачните делови од вашите личности,филтрирајте се самите,па после допринесувајте како-така тука,ЗОШТО МЕНЕ ЛИЧНО МИ Е ДОЈДЕНО ПРЕКУ КУРЦА! Воспитана сум да бидам болно искрена кога работите ги надминуваат сите граници,воспитана сум да бидам културна што во моментов одбивам да бидам во името на иднината на форумов и сите болни работи и гадости кои течат низ феминската канализација која никој не ја гледа,ама точно знае колку се искакал и каде!
    Фала многу и приетно!
    Мизерија веќе!


    П.С.И инсистирам веќе ако сакате расчистување и бришење на каки,правете го јавно за да се задржи веродостојноста. Има работи КОИ СИТЕ ГИ ЗНАЕМЕ, СИТЕ СМЕ ВКЛУЧЕНИ,ама не,тет-а-тет или не знам како се решавааТ,НАВОДНО,АМА пак ќе има цинкарење зошто вистината очигледно е далеку поразлична.
    Е кога ќе бидете мангупки тоа да го направите,ќе ви подадам рака! Лесно ми е вака да зборувам зошто тврдам дека на никого му немам згрешено,ниту директно сум била засегната,зошто односот ми бил чист,ама затоа знам за еден КУП други девојчишта кои сешто кажале на моја сметка и тоа замислете без да ме познаваат која сум,што сум,зошто сум. Впрочем не ни треба,ама барем здраво како си Лилит по лп да сме размениле,па да имале три чисти било што да речат за мене.
     
    На Ariel, Ashling, mims-89 и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Се извинувам што пишувам втор пат во темава,ама се вратив од прошетка и полна сум со доживувања. :lol:
    Шетајќи се по градот случајно налетавме на индијанци кои свиреа и играа на сред плоштад.
    Колку се интересни и слободни.Со ведар и слободен дух.Душички.Цели шаренкасти,облечени во некои чудни алишта со реси и пердуви во сите бои.Свиреа на некои чудни инструменти од дрво и сите имаа долги црни коси.Очињата коси и темен тен на кожата.

    Ке ви ставам и слика да ги видите.Многу се слатки :clap:
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC0000487.jpg
      DSC0000487.jpg
      Големина на фајлот:
      93,1 KB
      Прегледи:
      560
    • DSC0000485.jpg
      DSC0000485.jpg
      Големина на фајлот:
      45,6 KB
      Прегледи:
      560
    На zhap4e, AnaKarenina, kate21 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.606
    Пол:
    Женски
    Кумановка момичка,а?
    И јас бев во гужвата,можеби и сум те потчукнала случајно на поминување :)
    Инаку често доаѓаат луѓево и мислам дека се Перуанци.Првпат ги видов на Златибор пред некаде 7 години и уште тогаш купив ЦД, бидејќи нивната музика е прекрасна за медитација.
     
    На Loritaa, srcekrsacka и Gordana10 им се допаѓа ова.
  4. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Што е со негативната енергија на форумов бре чупиња? :)
    Има тема „Испукајте се“- таму карајте се, колете се виртуелно, капс-локирајте се... Барем во оваа тема да не го загадуваме воздухот, квалитетните форумџики скоро и да не пишуваат веќе поради тензијата.
    Рилекс. Станавте како политиката во државава..

    Туку ајде, ваше си е.
    Јас си замесив кифли, ги извиткав, ги испеков.. И сега си уживам, си шмркам кафе и чекам моите да се вратат и да ме пофалат :angel: :rofl:
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mameha

    Mameha Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    490
    СДК дека овциве на GEA најјаки се :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Gea и Cynthia им се допаѓа ова.
  6. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Исто и јас мислам се Перуанци, едно време ги имаше тука во Скопје, скоро беше, сега нешто ги нема, иначе да и мене ми се интересни, откачени некако, во позитивна смисла де :D ми се допаѓа нивната музика :) баш сакам пак да се појават :D
     
    На Loritaa и Gea им се допаѓа ова.
  8. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Зима е, зимовина, грчовита ладовина, помалку снеговина но сепак ново поглавје и Нова година...
    Ех, зима.
    Ја љубам. Ја обожувам со сите нејзини мириси, студени допири, пустелии од улици, магловити светлини од уличните светилки, мене на некој чуден начин ми го грее срцето.
    Ме потсетува на љубов и романтика.
    Романтика ми фали...некогаш.
    Не мене и на мојата врска, сполај му, мојот господин Либенце знае, вешто, мудро и лукаво да го допре моето срце со неговата специфична романтика.Да ме разгалува..доволно, колку да не станеме две тинејџерчиња со извитоперен бебешки јазик кои си гугукаат и им ги креваат цревата на сите присутни во собата.
    Како и да е...констатацијата беше глобална.
    Фали бре романтика, фали онаа правата романтика, нешто повеќе од литите фејсбук коментари, исрпувачките навидум љубовно идилични муабети на мсн...фали она што се случува на реално место.
    Кога бев мала уживав во расказите на баба ми, кои беа најверојатно малку напрскани со пекмез арома, ама како и да е, идеа неверојатно добро со топли костени и плеталото на баба ми.
    Писмата, андолираните фризури, намигнувањата на дедо ми Боро, и нивниот прв бакнеж...
    Со каква сласт, со каква доза на умереност е раскажувана таа приказна. Приказна во која има очекувања, неизвесност.
    Сега таквите приказни се знаат од почеток.
    Тој: Здраво, ти кажал некој дека имаш најсекси газе во цела дискотека?
    Таа: Ух...Колку си сладок.
    Тој: Овде е гужва, да идеме кај мене.
    Следната сцена е веќе позната. Толку ти е романтиката, три реплики и се раѓа љубов која трае и траееее....до следното утро. Подоцна во главно следуваат плачки, кукања, стотици смс, и мал милион песни со одмазничка содржина на ѕид (ако воопшто успеат да си разменат фб).
    Не осудувам, не сакам да звучи така. Животот не сум му го подарила никому за да бидам создавач на животни правила.
    Само пусто е бре некако, веќе видено и проживеано е...фали онаа трошка на старска убавина шо би се рекло. Сите си дозволивме да не понесе налудничавиот тек на развивање на светот и се во него, или барем тоа ни е најдобар изговор.
    Некогаш ми се чини дека заборавивме да бидеме само обични.
    Без сите исфорсирани начини да докажеме колку сме оригинални, без сите напори да бидеме модерни и општо прифатени...едноставно, да бидеме едноставни.
    Мора да е до транзицијата.:))
    Во времето на другарот Тито немало само гага прошетки низ бившата ни голема југословенска татковина, ами имало и љубов зачинета со романтика.
    Ова излагање е само пуста носталгија.
    А, за љубовта и нејзиното конзумирање нема дефиниции, нека биде ко што е воља.
    Чин чин фор дет...зимата ме потсети, проклетство.
     
    На TeddyGrey, Gea, JoxyTheFreak и 3 други им се допаѓа ова.
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    :hai: :hai: Тука сум јас! ве читкам малце по малце да си знаете :D Не ве заборавам, убаво ми е тука, позитивната енергија се уште си ја осеќам!
    денес и вечра си каснав од се по малце за нејзина душа, и само ја слушам, деееее ма луддооо не јадиии, види колкава си :D
    Еве си се смеам по малце, нема да плачам веќе, тоа и беше желбата!

    уште малце, и пак ќе ве смеам со моите лудории, нема да престанам да бидам откачено дете брејјј :wasntme:
    и Офице ќе дојдам бре женче во иднина ќе спиеме кај тебе, кафе ќе ми вариш, и ќе ти го здивам мачолот ете така да си знаеш :D
     
    На Ema.Sk, femina90, Ariel и 47 други им се допаѓа ова.
  10. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    Додека јас си ја трескам главата од ѕид зашто Д.Ј. ми дал елиминаторен тест и се прашувам дали да се фрлам во Вардар, нешто се случи :x

    После мојата помисла си удрив еден шамар во буквална смисла на зборот, малку да се освестам дека има многу повредни работи од еден тест :$ , па си удрив уште еден шамар за да се освестам дека сум жива и дека времето си минува. Животов ми е убав и покрај една непријатност која ја дознав. Но, нели подобро е да се лечи со време отколку подоцна. Гледам наоколу, ја читам сета среќа и тага во очите на минувачите.. Секој крои своја приказна, од време на време ќе ја сподели со некој, а некој како мене скромно ќе ја заклучи во длабочината на својата душа, но нема да ја заборави. Резултатите не излегоа како што очекував и во право беше мама што ме натера да се испитам со време :doh: . Па така, додека некој се кара за нешто што е минливо (денес е актуелна тема на која утре никој нема да се сеќава), некој планира како да си ја исполни секоја минута од животот. Знам дека секој ден не може да биде совршен, ама исто така знам дека во секој ден има барем малку светлина која ни го покажува патот за да излеземе од темнината..

    И уште не ми е јасно што се случува на Фемина зашто сите се разочарани, а и не сакам да знам |( . Затоа што денес сите зборуваат за тоа, а од утре веќе никој не се сеќава :!: . Сите сме поминале низ поголеми проблеми и нервози, па ќе помине и ова. Важно е да останеме приземени, ништо не се решава со заминување од форумот, не посочувам никого затоа што навистина не знам што се случува, но знам дека само слабите луѓе се откажуваат како јас на времето. Ја пропуштав секоја прилика, не сум онаму каде што требаше да бидам, премногу верував и премногу сфаќав се при срце, ме повредува, ми маваа шамари, ме омаловажуваа, но се освестив и си реков ЧЕКАЈ МАЛКУ СТОП, поради тоа сега сум појака личност, затоа што имам свое ЈАС како и сите вие. Затоа сега живеам и се надевам за подобро утре.

    Ќе ме нема некое време на форумов, чат-пат ќе пишувам ама поактивна ќе бидам од 23ти па натаму. Ани оди на заслужен одмор. А, вие.. Еее вие драги мои, останете свои и помогнете некому, затоа што лесно е да се покаже со прст, ама лесно е и да се подаде некому рака.. :handshake:

    Ве сака вашата Ани :hug: :hai:
     
    На Adi888, ines.h, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    http://www.motika.com.mk/index.php?option=com_content&id=29024

    Како да освоиш девојка која е надвор од твојата лига?

    Ајде ќе го занемарам лошиот превод..
    Линков жари и пали на фб со препукувања меѓу мажи-жени. Демек, ете што треба за да се освои девојка.

    |( тоа ми е фацата откако го погледнав.

    Сега мажите можат да се правдаат зошто девојките ги одбиваат. Ние сакаме само пари и добри коли. Зошто да се мачат џабе они да не импресионираат. Ако нема кеш- нема добивка. Ха, лечете комплекси со клипов.. Друг коментар и да дадам нема да бидам сфатена пошто постои девојкава и нејзините истомисленички...
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Оооо зооошто,зоооошто..?
    -Не знам и не сакам да знам.
    :fubar:
     
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    СДК ова е многу вистинито.Колку и да боли љубовта,тоа не е ништо во споредба со осаменоста која ја чувствуваме кога ја нема.Јас тоа најдобро го знам.

    [​IMG]
     
    На Dgirlll, Nightwalker, moonlight-girl.55 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    6.789
    Се направив со колор шампон и ми испадна баш така како што сакав. :)
    Бев темно плава-светло костенлива а сега сум црна :) Црна ...со плави очи :* хохо па и на роденден сум вечерва , ааа ќе се дотерам :lol: Да не заборавам дека не ми е завршена терапијата со апчиња така да , ќе си внимавам :$
     
    На Avril.09 и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.190
    Пол:
    Женски
    Не знам дали некој забележа, но дури 2, 3 дена ме немаше на форумов. Успеав да ве читнам малку, но недоволно.
    Спремам испити, љубам и уживам во домашната атмосфера. Топло ми е и убаво на душата, и не ми се излегува надвор.
    Со сестра ми шетнавме малку и се восхитувавме на небото, преубаво беше.
    Бев кај малото и душа е најубава. Братучед ми го зел в раце и ми вели- Види го, нели е најубаво? Да, преубаво е!
    Се шишав, имам сега шишки и се вратив на времето кога беше мојата полуматура. Изгледав исто како и денот кога се шишав, очила, шишки и патец на средина. Не знаев дали да се радувам што изгледам како дете од 14 години или да плачам. Се разочарав, па не сум била погрда во животов.
    СДК многу работи и како пишувам следната мисла ми бега. За жал не можам да ги зграбам и зачувам.
    Ми пречат многу деминутивите, од раче- раченценце, нога- ноџенценце, очиња, очулињата... Каде побогу сте ги чуле тие зборови? Разбирам деца под 14, 5 да употребуваат вакви зборови, но девојки над 20 и нешто?
    За жал сфаќам дека морам да се отргнам од многу личности кои се залудно во мојот живот. Со некои близината се изгубила, само годините остануваат. Со некои те поврзува само крвната врска и тоа е.

    Да не трубам, имајте убав ден.
     
    На mims-89, kate21, ljubam и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    СДК се сомневам дека една важна личност ме лаже :?:

    Немам начин да дознаам дали сум во право или не (барем не сега), но се до денес не сум имала причина да мислам така. Можеби немам ни сега, но некој црв длабоко ме поткопува и ми ствара немир. Не знам како да постапам, да си кажам директно или да си ќутам и да чекам? Или можеби да преспијам па да видам што ќе донесе утре?

    Како и да е, останувам да анализирам... Ситуации, реакции, зборови.
     
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Епа вака луѓе, се мислев какво да биде моето мислење на мојов ден, што се вели, да имам еден King's speach, па молим вас пажливо обрнете внимание! :D


    Ко во амерички филмови, станувам од главната маса, чукам со виљушка во чашата полна со шампањ и сакам to make a toast (или како и да се пишува здравица), и барам пажња.
    Сакам да се заблогадарам на сите што ми честитаа овде, и тие што не ми честитаа.
    Баш си мислев, да имам фб и птичките ќе искуцаа „Среќен роденден“, овојпат морав пред некои познати и блиски луѓе сама да се издадам дека ми е роденден, не поради сатисфакцијата од повеќе собрани желби, туку само да видам како ќе изреагираат и извадат, као демек: „Па нели вчера ти беше?! :^)
    Ај нема везе, today is my day.

    Не знам после колку години, на овој ден има полна маса, моите омилени: руска и таратур салата. :clap:
    Како во „старите“ добри времиња, само без поклони и милион целуфки од роднини.
    Ќе угостам кој има апетит, дур има уште. :P

    Татко ми секогаш многу драматично и маестрално го опишува денот, поточно вечерта кога сум клоцала да излезам на свет. Околу полноќ се појавила болките на мајка ми, татко ми пали југото, надвор таква невидена магла, ама буквално прст пред око не се гледал, татко ми внимателно вози, се лизгала колата де на лево, де на десно, а јас буткам и молам да излезам. И ете во 00:50 сум дошла на свет, како гордо јарче. И сеуште сум и бескрајно благодарна на мојата мајка, која ми дала толку убаво име. :$


    Денес положив, тоа ми беше желбата.
    Друго искрено, освен оваа краткорочна желба, не посакав.
    Изобилувам со скромноќа, но ќе си посакам нешто длабоко во себе, со надеж, среќа и здравје дека ќе стане реалност некој ден, некоја година.


    МИ НЕДОСТАСУВАТЕ! :hug: :*

    Eве нешто од мене:
     

    Прикачени фајлови:

    • orosz salata.JPG
      orosz salata.JPG
      Големина на фајлот:
      182,2 KB
      Прегледи:
      186
    • 04-02-10tatar3.jpg
      04-02-10tatar3.jpg
      Големина на фајлот:
      144,9 KB
      Прегледи:
      186
    На esperanca, MandyLane, najubava2010 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк ме немало одамна да напишам нешто. Имало инспирација, немало време.
    Утрото кога се разбудив сакав да станам и да се испукам ептен јако. И вчерашната вечер бев до тој степен изнервирана што успеаа да ми бркнат во најдлабоката клетка. И какви..какви.. Ма и не е битно.
    НО!, секогаш има некое но, нели?! :D
    Расположението ми се промени за секунда време откако погледнав во телефонот. Имав пропуштен повик, се јавив и.. Најубавото следува. Чекајте да видите!
    Морам да го споделам со вас, секако неможете да го почувствувате. Ова мора да се доживее!
    Повелете, и плакнете очи:
    И сега можам да кажам слободно (со големи, црни, коси и задебелени букви), денот беше Прекрасен!
    Луѓе, не плашете се од зимата и студот. Погледнете едно вакво колку може да ве расположи, и да ви измами илјада насмевки на лицето, и преубав ден. Преубава е зимата.

    И возење на хауба, за да не се подигне колата додека се искачувавме, не се доживува секој ден. :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC01634.JPG
      DSC01634.JPG
      Големина на фајлот:
      271,3 KB
      Прегледи:
      178
    • DSC01635.JPG
      DSC01635.JPG
      Големина на фајлот:
      361,9 KB
      Прегледи:
      178
    • DSC01624.JPG
      DSC01624.JPG
      Големина на фајлот:
      216,5 KB
      Прегледи:
      178
    • DSC01619.JPG
      DSC01619.JPG
      Големина на фајлот:
      265,8 KB
      Прегледи:
      178
    На bittersweet, kate21, Trendafilka и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    ^Тебе затоа цел ден ти е исклучен мобилниот и никој не може да те добие а? :punch:
    :call: :call:
    :* :* :* :*
     
    На caroline.costa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.252
    Допаѓања:
    258.970
    Ама така е, повеќето од нас нема да го погледнат дечкото што ни го монтира мебелот.
    Да не глумиме лудило и да се правиме најдобри.
    Не зборувам за BMW, можеби кога ќе го видеш во диско или на улица прикладно облечен, ама во комбилизонки, запотен и извалкан не верувам.
     
    На enca.69 и Hiii им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.