[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Купишта валкан снег,подмрзнати дрвца,бррррррррррр ама е ладна и тмурна денес Битола :x
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
    Честит петок 13-ти 8)
     
    На ana-girl, CharmedGirl и anabel-a им се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... ми се појави на ФБ и сакам да ја споделам ... убав текст содржи

    [​IMG]
     
    На bittersweet, Lepaaa, Strumfeta93 и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Петок 13. Наместо ден за одмор по вчерашниот ден, мене ми е ден за чистење и гости. :) Ама ако, за убаво нека е, се надевам некои работи ќе се сменат во иднина и ете конечно ќе бидат како што сакам јас! :lol:
     
  5. Belieber163

    Belieber163 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    444
    [​IMG]
     
    На FBI и MonnaSi им се допаѓа ова.
  6. Queen-b

    Queen-b Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    не знаев каде да го пишам ова затоа во оваа тема. молба до админите, во категоријата хуманитарни акции да смееме сите да отвараме теми!!!!!

    http://www.donacii.mk/2012/01/09/apel-z ... -petkoski/
     
  7. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Денес се чувствувам многу убаво ! Не, не многу убаво . Одлично :D Уште од сабајле сум супер :wasntme: Толку супер што денов себично не би го делела со луѓе. Би седела во пижамиве на столче и во кревет цел ден.
    Среќен роденден на мене од сега памет во глава 18 е страшна работа ]:) :^:
     
    На Lepaaa, Divinebutterfly, MandyLane и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Знаете што женчиња?
    Остана една тема каде што дискусијата никогаш не прекинала.
    Едино на таа тема никој не вели доста, оваа е заклучокот,оваа е решението, овде ставаме крај.

    А знаете ли дека таа тема ја отвараат едно 10тина жени и чат пат по некој маж?
    Останатите претпоставувам дека уште кога ќе ја видат косата им се ежи.
    Понекогаш може би некоја се осмелува да погледне, колку да виде што толку овие се разгракале.
    Отвара и што да виде: реплицирање,реплицирање,смеење,карање,слики,лајкови, што ли нема.
    И веднаш помислуваа ауу не сум јас за овде чиниш овие ќе се испоубијат една со друга.
    И да така е затоа што тие 10тина жени не се плашат да го кажат своето мислење дури и сите да им контрираат, не се плашаат од мала кавка и со сет инает, абе ако треба една вреќа сол ќе изедат ама одат до крај и не попуштаат.Биле во право или не!

    А знаете што е друго интересно?
    Тоа што се убиваме ама едино на темата а надвор од неа сите сме другарки и си пишуваме и на чат
    и по Лп и многу се дружиме!Барем кај мене е тоа така,бидејки сите тие со кој си контирирам секој ден ми се едни од омилените форумџики овде.
    Е доклку сите теми вака функционираат, барем на моменти да се заборава кој од овде познаваш а кој не дискусијата никогаш нема да престане.
    Бидејки очигледно е тоа колку овде во чест на пријателството се премолчува и нели честа, бидејќи не дај боже да ти контрираат...
    И повеќето си помислуваат паметниот молчи, барем со сите ќе си се имам и ќе си уживам!

    Знаете за која тема зборувам или уште не се сетивте?
    За фудбалски натпревари драги мои, за жените кои следаат фудбал.
    Е оваа не значи дека сега сите треба да нурнете во темата, тој што не е заинтересиран не може
    на сила да се прави нешто што не е.
    Но како што видовте поентата не ми беше да ја фалам темата и да ве терам сите да следите фудбал туку она второто,последното,поцртаното ;)
    Кој смета дека лажам или грешам слободно нека ми контрира или некоја форумџика од таа тема што сум скарана нека крене 2 прста.

    И како за крај ми се смачи веќе да пишуавам и да читам депресии наместо импресии :)
     
    На Breezy, BlackSwan5, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Има полоши работи од Петок 13.
    На пример, Боки 13.
     
    На bittersweet, Lepaaa, Breezy и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Сдк че си чекам вечерва паричето мене да ми падни :D:D
     
  11. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Мени је увјек весело... :)
    Надвор нема сонце,ама мене ми е топло на душата. Верувајте,не е од греалката... :lol:
    Јас одам да поуживам уште малце од овој распуст,кога и онака неможам да се натерам да бидам продуктивен денеска. :D



    Имајте ми сите убав ден! :l:
    http://www.youtube.com/watch?v=1G4isv_Fylg&ob=av2e
     
    На Avril.09, Divinebutterfly, SexyLady и 3 други им се допаѓа ова.
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Ова сакав да кажам ... :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Lepaaa, Loritaa, mims-89 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    СДК: Знаете ли дека Tрајче наш ги добил картите? Треба да части :)

    СДК 2: Ме нервираат денешните детски емисии. Прават дебили од децата. Кога бевме ние мали немаше такво нешто, тогаш сите многу повеќе мислеа на децата. Со задоволство би седнала и дури и сега би ги гледала емисиите што го одбележаа нашето детство.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Знаете што е малер на денешниов петок 13ти-кога во едната рака носиш полн филџан со кафе а во другата полна чаша вода и да кивнеш :D Кафето ми остана половина,водата не е проблем ама малку и се изгорев од што беше жешко.Ај нека е за арно.

    Ма мене ми е убав денов.Мирисот од кафето така ме релаксира,уште два саати нема да ми се станува да се спремам и да одам на кафе со другарка ми.
    Уживајте и вие во денот,зграпчете го,каде и да одите вечер да си поминете незаборавно. :party:
     
    На Star19 и anabel-a им се допаѓа ова.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.986
    Форумов е бебе, на кое му растат запчиња, па сега сака да каса, да проговори, да биде свое мало човече.

    Петоков е убав, поубав не може да биде. Зошто? Немам поим. Така. Како илустрација во бајка. Гледаш, светкаво е, и те радува. Слушам Suedehead од Смитс, и се чувствувам ко отворен прозорец кон светот.
    Разгледував понуди за Канада, за неколкумесечен престој со работно искуство во тие лудите полиња нагоре по Лабрадор, кај што Аурора Бореалис е секојдневие. Би го сакала тоа доживување.
    Мачкиве се распоебаа, цел ден слушам owowowowo и многу радости ме спопаѓаат.
    На 18ти ќе биде Песнило, седма сум по ред, ќе глуматам и читам.
    Да ми дојдете, тие што можете, почнува во 8ипол вечерта.

    Си зготвив палента со сусам и кисело млеко и јадам ко забаваче.
    Ми недостига Иван, му пратив порака, изгледа пропаднал во љубовна јама. Поарно во таква, одошто во септичка. Ма да кога ќе го видам, ќе го скршам. Мама купила тегла лутеница и ја мерка од прееска и ми врти ем сучи дали да почнеме да ја јадеме, а екшли, она сака да и се џитне и да ја јаде со кило леб. Свашта.
    Не знам ни зошто крцкам вакви редови. Можеби зошто немам паметни идеи повеќе.
    Или сум само доволно ок, па ми се движи пеш.
    Утре 5 месеци љубов.
    Што можам повеќе. Ништо, да слушам гласна музика и тивки воздишки. :*

    Среќна Стара Нова, љубете се.
     
    На Lepaaa, Breezy, mims-89 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Брее, сосила се прават луѓево глупи! :fubar:

    Пред испит, јас ништо не учев, ллеле, ќе паднам, и оп, вади 10ка. Абе сестро бе, кажи си, седнав и учев. Нит е срамота, нит па греота, срамота е кога не учиш. АМА неееее, уште се во некој хајскул филм кога е кул да пушиш зад школо и да се правиш мадафака дека не учиш ништо. И зарем убаво е да те сметаат дека си троа приглуп и прост, дека животот ти се состои од кафе, трач и цигари? НАЛЕТ, ако ви е тоа целта во животот!

    Петок вечер, сака да си седне дома и да се опушти со книга, со филм, со чоколадо, ма секој различно си се опушта, еве не ти се испаѓа! Ама како тоа.... Што ќе речат другите?! Па ајде, изговори еден куп, не можам, ова вака, она така. КАЖИ си бре, кажи си, јасно и гласно. Ова ми се прави. Ми се чита книга, ќе седам ќе читам. Ми се оди во кафана да се опијам, ќе одам ќе се опијам. Сакам да одам и да се прејадам лесковачка, па ќе одам и мајка Јана нека е! Маж и дома ја тепа, жена му го изневерува, децата трпат со трауми со глупости, ама јок, развод, не бре! Пак другите побитни од сопствените деца, од сопствениот мир. Дебела женска во ресторан не нарачува нешто нормално за јадење, јаде салата затоа што другите ќе ја гледале накосо. Нек гледају сестро, што друго да ти кажам.

    Не знам до кога ќе оди ова, повеќе да ти е гајле за другите отколку за тебе. Како некои демони секојдневно да ни седат на рамената и сите не спречуваат во тоа што навистина сакаме да го правиме. И летс фејс ит, знаете дека е вистина. Најозбилно се чудам со кој памет и каде е тргнат светов. Не викам дека јас сум совршена, и јас некогаш правам нешто што не сакам, ама се трудам да го елиминирам факторот ДРУГИТЕ во животов. Некои како цел живот во некоја школка да го поминуваат, се прават оти така требало, а не затоа што така сакале. И гледаш школка, офарбана, гланц нова и очекуваш бисер внатре, а внатре скапана ѓубротија. А зошто не размислуваат дека кога сакаш да се претставуваш со лажна слика пред други, дека нив не ги лажеш, сам себе се лажеш... Пу мајката.

    Крајно, како мислиш за себе, така мислат и другите за тебе. Малку повеќе внимание обрнете на себе, на своите желби и планови, за да се доразвиете и пораснете како личност, а помалку на малограѓанштината. Ова ви гарантирам дека функционира. Испробано, докажано и применето.
     
    На Oxymoron, Chocoholic, bittersweet и 31 други им се допаѓа ова.
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Cдк фала богу испитите ми ги преместиле на крајна недела на јануар, а требаше да бидат сега... уф имам време да учам сега!

    Aбре тие што не се надевав дека ќе ги поминам, ги поминав, тој еден што бев 101% сигурна, го паднав вториот колоквиум |(
    веќе ќе си викам, ситееее ќе ги паднам :lol: обратна сум јас бре, ццц
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    СДК - Уметност на едно македонче:
    Да одиш вечер во меанче на Василица, а утре на фенси роденден, со нула запирка нула нула нула денари во џебот!
    А зошто всушност имам јас да се грижам и да одбивам вакви фини покани и настани?
    Некој се потрудил да биде културен и да ми даде до знаење дека го сака моето друштво.
    Треба да кажам не, само затоа што капутот ми е од пред три години, чизмите ми се од лани или планирам да го носам моето црно (стојатно) фустанче, за погреби, венчавки и ред други свечености од ваков тип.
    Сосема ја сфаќам трагиката инаку, да не мислите дека сум се мавнала од здравиот разум, ама нема да потклекнувам повеќе.
    Тоа е што е, да го извлечеме најдоброто.
    Гнило е во душата кога тргнуваш со броени пари и кога за момент мислиш дека - ете токму тие нови чизми ќе ме направеа поубава, попривлечна, посекси, позабележана, ама реално, секојдневно сум во друштво со некои кои можат да си ги приуштат сите оргазмирачки парчиња од чудото наречено шопинг, а константно сакате да стиснете снуз дугме во нивно присуство.
    Jас ќе се наоружам со убаво расположение и насмевка и парфем добиен од љубов.
    Ќе парадирам во стари чизми и стар капут и старо фустанче и пак ќе поминам убаво.
    Нема вечно да трае мојата бедна ситуација, а еден ден, кога ќе имам можност да си приуштам се што окцето ќе ми посака, ќе бидам благодарна што не сум наведнала глава и не сум ја вкопала во земја кога сум немала.
     
    На maca99, bittersweet, Lepaaa и 22 други им се допаѓа ова.
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Прекрасен е денов, неделава, животов.

    Печени погачици за доручек, Херкул Поаро со брат ми и топла соба. Погодив кој е убиецот од почеток, Агата Кристи и мене ми ги буцка малите сиви ќелии. Роденден на мама вчера, да знате како махерски сум ја декорирала тортата. Чоколадни ливчиња на бел шлаг, како Бади од Cake Boss се осеќав. :)

    Учам затоа што сакам, пијам зелен чај затоа што ми се сака. Вчера на omegle имав длабок разговор со некој од некаде. Развиваме филозофии и дечкото вика Carpe diem. А јас ми враќам Знаеш мислам дека сите го тупат со ова carpe diem само за да покажат дека знаат некој латински збор, а никој всушност и не го применува. Но прекрасно е чувството кога за момент можеш да бидеш апсолутно свој и слободен.

    Два помина, а јас со ветив дека ќе исклучам компјутер.

    Поздрави и честички.

    пс. Знае некој дали Марија Цветковска од ректорат планира во блиска иднина да се појави на работа или го спојува цел месец за одмор додека јас и типот на информации стануваме први другари? :^)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    СТАРА НОВА ГОДИНА ... :)
    Денес вртиме мазнико :D
    одвај чекам да дојди 9 часот и да одам и да се изнаиграм :D
    поради некои причини со домашните денес ке го вртиме мазнико и дома..
    искрено 3 години ми се паѓа со ред...ред е на некој друг сега.. :)
    петок 13 но мене ми е многу убав ден :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.