1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ахх, какви (не)луѓе. Стварањето идоли од другите луѓе кои се обични смртници како вас многу ми е...себепотценувачко. Никој не ми е идол, освен самата јас. Мислам како може бре друг да ми е идол?! Па и славна личност да е, дали било тоа политичар, пејач, актер што ти знам ја таму, ќе го ценам и почитувам ама нема да ми е идол бе. Колку глупаво, мислам идол еј?!

    Ич не ги почитувам луѓето што се восхитуваат од другите, а се омаловажуваат себеси. Даден ви е живот кој самите треба да си го организирате бре, а не да бидете нечии постојани следбеници и да дозволувате да бидете манипулирани. Мислам дај опрајте се, ако не се почитуваш самиот себеси не очекувај ни другите да те почитуваат. Ама тоа важи за мене и за моите истомисленици, не за вас драги мои кои чекате ставовите на другиот, идолот нели, да ги оформи вашите ставови и погледи кон животот. За жалење се тие луѓе. Sorry for being honest. :fubar:

    [​IMG]
     
    На crazylady, Elennaa, Breezy и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Треба само да молчам, можеби само така ќе се свати значењето на моите зборови!
    И треба да се правам на Тошо за некои работи, друго чаре нема.
    Е така.
    Убав помин вечер.
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    СДК понекогаш ми е убаво да живеам во минатото,признавам.
    Барем за кратко,барем на момент.Убаво ми е да се присетувам на некои моменти,на некои случувања.
    И не знам дали само на мене ми се случува тоа чувство но секогаш сум носталгична за периодот кој одминал.Може минатата зима и не ми беше нешто посебно но сега кога ќе се сетам сакам да се врати.Знам дека кога и оваа зима ќе одмине и оваа ќе сакам да се врати и се така.Работата е што минатото не може да се врати и се што ни преостанува е да го извлечеме најдоброто од сегашноста и да се надеваме на најдоброто од иднината.
    Но ајде да не филозофирам многу затоа што не ми е тоа баш јака страна :) .
     
    На Lepaaa, BeYourself, Hiii и 2 други им се допаѓа ова.
  4. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    СДК Се изгубив. Целосно се изгубив во прегратките и бакнежите, во редовите, во гужвата и луѓето, се губам во зборови и погледи. Не знам што точно се случува со мене. Навистина не можам да сфатам. Знам само дека ми е убаво и дека ова сакам да трае и трае и трае.... :angel:
     
    На Lepaaa и thelittle17 им се допаѓа ова.
  5. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК Боже дај ми храброст да и мавнам машинка на косава! :D Ќе начекам јас момент бесна кога ќе бидам, па ќе биде и тоа. :D
     
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    А, нажалост и славните дискусии по кои тажите беа водени од меѓусебни лајкувачи и беа сведени на групен генг-бенг.
    И не видов вистински дискусии, бидејќи позанимливо беше да се открие дали форумџиката последно имала секс пред година или редовно го добива, Грујо ја пратил да трола, или чекај :wasntme: нема она живот па пишува по форуми :sweat:... факти во дискусија, па обично имаше во цели четири букви ФАКТ! Сите се повикуваа на зборот, али папала маца остатокот од фактот :clap:.
    И...дискутиравме за форумџиката, колку е неинтелигентна уствари, а не за темата на дискусија, но добро, што е битно, некое време подоцна си се прочитавме во другите теми пак почнавме да се љубиме по Специјални поздрави, да се лајкуваме и фалевме во СДК, пошто ау, сепак тие истите исфрустрирани поради мањак секс биле интелегентни бе, мислам, држ ме да не полетам...
    Е, затоа ќе остане форумот без дискусија, оти за дискусија освен дежурни истомисленички треба да се има опоненти, кои опонираат на она што сте го рекле од чиста забава и баланс во дискусијата, макар бранеле став кој не е лично нивни, пошто... ќе биде досадно ако сите велиме е да, баш така, така е!
    Е, затоа, а не за друго ќе си водите дискусија сами со себе на темите, на кои несфатливо ви е, како тоа другите не го гледаат она што за вас е јасно ко ден. Сами си ги бркате тие што ви ја прават дискусијата, па потоа ги барате. Еми, што да ви речат, ваљда нашле попаметна работа во животот и почнале да се сексаат бре 8)
     
    На LilBaby, mims-89, caroline.costa и 10 други им се допаѓа ова.
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Си направив ушички на Мини Маус колку да ја одбележам Стара Нова Година. Вакви се исти како на сликата и многу се слатки. Едвај чекам да ги ставам вечер иако малку ми е срам бидејки од друштвото ке бидам само јас со “маска“. Ама многу ми е гајле, да не ке ми каже некој нешто? Вечерва планирам да си поминам убаво, а сега се спремам за кршење на пупа со паричка... again :!:
    [​IMG]
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Точно е дека имаше генг-бенговски и силувани и абортирани дискусии, ама факт е и дека постоеле и постојат дискутантни способни да ја поднесат тежината на тоа да бидат макар и осамени на ,,столбот на срамот,, :D што одат сами против сите. И го преживеале видиш истото и заслужиле дури и респект, ама некои мислат дека поразот во дискусија ќе им го падне ,,рејтингот,, а тоа ти е трагедија од епохални размери.

    Околу сите теми кои се совршен параван на сето она што веќе го набројав и заеднички наречете ги со едно име лицемерни во суштина, т.е. тоа им е средно име така добро сраснато во нив лиги да му потечат на човек (макар што :!: има и тука извесна доза на искреност, ама е повеќе во примеси) каде се врши мерење и премерување на памет или убавина или што и да е, формата е небитна дали е во облик на листа или ѕвезди и соѕвездија на славни булевари, според мене може и да не постојат и онака целта им е наголемо злоупотребувана, ама оваа одлука се знае кој би требало да ја донесе.

    Никој не бил избркан ако самостојно не решил да избега, а мотивацијата за истото сам/а си ја знае, ама во поголемиот дел случаеви не ќе да е сексот, бидејќи оној кој знае квалитетно да си ги балансира ресурсите и организациските способности, ќе најде белки време измеѓу 2 - та и 3 - та тура да се пофали за бројот на оргазми, ако не за друго...
     
  9. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Сите со румени обравчиња, јас со румени прстиња.
    Вечерва ќе се дознае кој се учи да биде домаќинка т.с. кој брцкал прсти во екстракти :$
    Како и да е на маскембал ќе одам :D
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Aбе Ashling,ти не зафркаваш,а? Па и доста наседнавме :D Ама како и да е,да ти е здраво и живо роденото братче уште од 89 :D

    Денес онака,уште еден ладен ден,ама сепак ќе биди необичен пошто ќе си вртиме мазник со паричка,ќе се посмееме и ќе си ја пробаме среќата ;) Ај да видиме на кој ќе падни денес парето :) А и утре дома ко ќе вртиме. Интересно ќе е.Убаво е кога има вакви празници на кои можиш да се собериш и да се видиш со стари пријатели или дома сите од семејството (среќна сум за тоа :sun:). Убаво е да се посмееш.ТАка да,место да седам дома и да кукам,ќе излезам и ќе си славам. Учењето ќе почека еден ден :) После па,ќе нема како да ги видам,затоа грабај додека можиш :D (ова и со намаленијата го правам,кога нешто ми се допаѓа,а немам мн пари,па си го купувам пошто после ќе имам пари,ама нема да го има нештото :lol: А пари ќе стигнат некако)
    Ајде да не ве тормозам поќе,имајте убава вечер,кој ќе слави убаво да си помините и на тие шо ќе вртат паре,им посакувам да им се падни :D

    Ве сака Дивајн :*
     
    На Lepaaa, AnaKarenina и Doozy им се допаѓа ова.
  11. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    767
    Како тоа некој напишал дека форумов е веќе досаден и неинспиративен и одма сите се согласувате? Не се темите закржлавени, туку вашите ставови.
     
    На Lepaaa, Bright и anneyy им се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Внимание : Документарниот програм содржи материјали кој не се претпорачуваат за деца помали од 15 год , или пак се претпорачува присуство на родител



    The Battle for Femina : Rise of the Trolls

    16.07.2009 . Датум кој ќе го промени светот на фемина.
    Датум кој беше за првпат прекршен договорот Раштански лозја за ненапаѓање помеѓу силите на фемина и Троловите.

    Неочекувано Троловите се подготвуваа за оваа војна повеќе од 10 години
    [​IMG]

    Првите напади ги извршија кон главниот град СКД и пристаништето СДП ... двете главни точки кој лесно ја онеспособија државата. Предводени од Триксон немилосрдно се проширија низ целата држава.
    [​IMG]

    Немоќни да ја запрат брзата чума , Фемина лидерите повикуваат на помош од соседните земји.
    Меѓувремено 90% од земјата припаѓа на троловите . Плашејќи се од нивнотот проширување низ целиот свет , соседните земји праќаат помош. Тука се истакнува SSS**** Генералот Јипман познат низ минатото како Пустинска Лисица
    [​IMG]

    Подготовките за ослободување Јипман ги одржува во Градовите Насмевка и Форумски Игри каде сеуште не се опфатени од троловските војски. Длабоко во себе знаејќи дека нема да може да извојува победа дотолку го нападне главниот град , Јипман решава да се концентрира на градовите Политика и Општи дискусии ... како главни ресурси за снабдевање на главниот град.

    После 2 недели подготовки се извршува масовен напад под името "Мрачни Тутурутки"
    [​IMG]

    Притоа барајќи помош од искусната генералка офспринг да помогне во ослободување на Политика...
    Со мали загуби Јипман успеа да извојува победи низ неколкуте градови што му даде голема предност и патишта поблиску до главниот град , но сеуште не е војната завршена и војската се поделува на 4 дела кој ќе војуваат на 4 фронта низ земјата тоа троловските генерали ја искористуваат поделеноста и лесно успеваат да го нападнат градот Политика , Офспринг со големи тешкотии и загуби бара помош од Сојузниците ... држејќи го градот веќе месец дена и одсечени од другите војски офспринг ја презема работата во свои раце ... и гради упориште додека не дојде засилување
    [​IMG]
    Градот е цел во рушевини. Јипман праќа посебна текновска девизија на чело со гернералката Жапче да помогне во ослободувањето на градот ..
    Жапче со своето искуство и со помали тешкотии успеваат да ја пробијат опсадата и да продолжат да се борат за слободатата на градот
    Тешките тенкови им овозможуваат држење на градот но не и негово освојување
    [​IMG] ... Нажалост градот Политика ќе остане под опсада на двете сили се до крајот на војната

    Успевајќи да се спаси од пораз Јипман решава преку каналот Љубов да се пробие до пристаништето СДП и градот модни критики.... нажалост СПД е тотално уништено и нема да може да се опорави се до завршеток на војната ..
    [​IMG]

    Ова уништување на СПД ќе ги забави обновувањето на фронтовите и движењето на силите за 4-5 месеца .... Тука веќе доаѓаат воздушните сили кој преку уништување на неколку тенковски девизии и уништување на неколку бункери ќе овозможи на Јипман да ги освои териториите на федерациската земја Живот кој е дел на Фемина федеративна држава.

    После големиот успех и ослободувањето на голем број градови ... Јипман ја праќа специалната артилериска единица на чело со марама да ги пробие редовите на градот модни критики и да го ослободат. Градот МК е главен за снабдување на ресорси поради големиот аеродром
    [​IMG]


    Меѓувремено Јипман успева да се пробие во бункерските редови на Федерацискитата држава Кариера ...
    [​IMG]
    Лесните пробивања на сојузниците ги загрижува троловите... така да ја преместуваат својата војска од градовите Скриено Катче и ги насочуваат кон сојузниците

    [​IMG]


    На другите фронтови Модни К е тотално разурен од артилерија на марама и кој успеа да го освојат градот.... успевајќи да го освои ги насочува своите сили кон главниот град каде допрва ќе биде жештината....

    Воздушните сили успеваат да ги освојат градовите Анализи , Љубов и Секс
    [​IMG]

    Брзата загуба и губење на територии троловската војска се повикува на старите сојузници кој ќе им помогнат во битката за главниот град и враќање на старите градови ....

    [​IMG]

    Големите троловски му нанесуваат големи загуби на Јипман .... неможејќи да се справи со тоа ја испраќа на терен посебната тенковска девизија AA*** На чело со исклучително добриот воен командант Теодора класа KKK*** ....успевајќи да ги одбие силите на троловските земји посебната девизија тргнува кон СП да го освои и да може да ја постави почетната опсада на главниот град
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    После 2 години битка и неможност да се ослободи земјата од троловските земји , Јипман успева да испрати таен шпиун кој ќе го убие Триксон ... надевајќи се дека тоа ќе успее да им даде удар на Троловските земји и ќе ги замагли нивните сили ....

    Но незнаејќи дека пред Триксон да умре , големи планови биле скроени ....праќајќи војска во земјата форумски игри и освојувајќи ја за 1 недела ...сето тоа ќе ги забави силите на Сојузниците , кој ќе ги натера да се врати назат на поранешните фронтови
    [​IMG]
    [​IMG]

    Успевајќи да ја дотолчи целосната војска на троловите , Јипман собира сите девизии и сили за концентрација и ослободување на главниот град
    [​IMG]

    Но дали ќе успее да ги искорени троловските војски и стави крај на нивното владеење... останува да видиме во 2012 ..... војната сеуште не е завршена
     
    На Asterion, Simonna7, mims-89 и 32 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.793
    Допаѓања:
    163.060
    До сите...дами ако смеам да ги наречам,кои љубат да носат шубари од вештачко или природно крзно...да ви сугерирам,ако сакате да делувате како права дама и бидете верни на *штосот*,шубара не се носи смкната до веѓи,туку се носи во висина на веѓите (те над веѓите,мора да се гледаат) како најдолна линија,а не со се веѓите,ради некој романтичен дојам (па дури и до клепките,гледам и брцка во очи,страшно). Да се прошетате по сред Москва одма ќе ве познаат дека сте некоја од Западна (централна,ама од победните држави) Европа.
    Да ви презентирам,не е најубава сликава,ама е најрепрезентативна.
    [​IMG]
    Оп,еве ви уште една!
    [​IMG]
    И досадни сте со...додавањето на руски презимиња...смешно е,престанете со истото. Многу се накотивте гледам.
    Фала и чао!
     
    На mims-89, CIA, tigerlady и 3 други им се допаѓа ова.
  14. LaFemina

    LaFemina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    34
    Ве молам, доколку нема тема некоја во која ќе ги зачувуваме постовите кои оставиле белег на овој или оној начин на форумов, да се отвори истиот и постов да се премести таму. Мислам... Секоја чест.
     
    На crazylady и Doozy им се допаѓа ова.
  15. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Love is like a work of art. Once you feel it you hold it in your heart.

    Without you - Laura Pausini :l: :music:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Има тема Мислења кои ќе останат запаметени ... побарај :)

    СДК ... лути помодори шпагети, црно вино ... уживанција :mm:
    Читам и си се смешкам ... а бе сите сте златни :inlove: :wasntme:

    Редакт - Форумов конечно живна ^_^
     
    На Miss.Ricci и blond им се допаѓа ова.
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Остај тоа,туку и градот Тим А Тим Б остана во битка,не се знае која страна е во предност,после проведената акција со генерал Јипман,бевме во преднина,но сега останаа само војниците.Командант Дивајн јавно испраќа повикување до генералот да организира нов план за превземање на градот :D (ко ќе биди послободен :D ) Пошто ќе ни загинат војските.И војниците исто така се повикуваат да се одморат и потоа со нови сили да се активираат (пуштена е специјалната помош за обновување на силите(храната и пијалоците од празниците :lol: )) On your command sir!

    P.s. LaFemina има opsti-diskusii/mislenja-koi-treba-da-ostanat-zapameteni-t3105/
     
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.190
    Пол:
    Женски
    Ах, жени, жени... Слабо напнавте со стилот на пишување, со сликите од Модни критики итн? Бре, бре што толку се потресовте ако вас личноо никој не ве дирнал? Него она индиректно посочување е многу лошо и грдо, за вас, не за тие што ги посочувате.

    Јас лично многу повеќе уживам кога читам нешто фино и убаво напишано или спакувано да речеме. Не дека јас пишувам кој знае колку стилски, но оние постови кои се многу лошо напишани, не се трудам ни да ги прочитам. Среќа што може да се скрола, па употребувајте го скролањето.

    П.С. Yipman2 мојата територија целосно пропадна, тешко ранета сум , не знам како ќе преживеам и јас, а и мојата војска :rofl: :rofl:
     
    На maca99, AnaKarenina, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  19. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.774
    Пол:
    Женски
    Се прашувам дали ја донесов вистинската одлука за утре и дали ризикот ќе се исплати или баш напротив.
    Само времето ќе покаже.
     
    На maca99, zhap4e и Bright им се допаѓа ова.
  20. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Сакам да кажам дека ми падна парето и дека очекувам Бог да е со мене годинава
    И минатата година ми падна, ама некако узалуд, имав многу тешка година. Ми подарија ангел но го изгубив, здравјето ми беше катастрофа, ме разочара близок пријател и излегов од долга врска...

    Нема да жалам за ништо, претпоставувам дека Господ има нешто подобро за мене, па затоа бидна тоа што бидна.
    Останете позитивни фемки, човек смее да си дозволи да се разочара само кога ќе престане да се бори, а мојата борба туку што почнува
    :* :*
     
    На Izaabella, Lepaaa, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.