[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Скроз сум изгубена. Денес ме докрајчи, не го можам веќе. Едвај чекам да дознаам дали целава моја нервоза и замарање вреди нешто, ќе имам ли барем некој ќар? Ме разочарува, па ме радува, ме збунува, па ме одјебува, онака, неприметно, педерски.
    Моите секиранции се секаде измеѓу. И најискрено си се надевам дека волку се замарам зошто немам друга работа. Уствари не, имам. Имам за учење, и тоа веќе цела недела, а јас ќе се сместам удобно во кревет со книгата во раце и буљам во ѕидови, го мислам. Понесконцентрирана од овие денови не сум била.
    И at the end of the day, се што сакам да знам е што сме ние. Само сакам да збориме, по можност и да се видиме, да дознаам што му е , што мисли за мене, што сака од мене. Нека биде и најјака корпа у историји, само сакам да знам. Ќе тажам два дена и ќе заврши. Ја мразам неизвесноста.
    И не дека ми е нешто многу битно, ама ептен да не останам покуса и ја да промрчам нешто у врска со форумов, за прв пат :D Многу сте напнати жени, секс ли ви фали, занимација ли е, појма неам. И едната и другата страна. Како бе може да се замарате со небитни ствари, затворени-отворени теми, па нова тема, па стигнавте и до диктатури и забрани и автономии, па некакви суети. Јасно ми е, поминувате многу време тука, исто и јас, сакате да кажете, да се пожалите, да прашате зошто е нешто вака и вака, ама се си има своја граница, од мрчење до злоупотреба на "функција".
    Фала чао пријатно :*
     
    На Dushica-sk, Barbie-mwa и Grunge им се допаѓа ова.
  2. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    СДК Имало Господ ... конечно и јас да ставам интернет после толку долго време..Имам ептен она многу за кажување од каде да стартовам незнам...ај со школото прво почна школската година а јас дома немав интернет за да пишувам тука и да се жалам како ми е досадно на школо, дека несакам да учам итн но после три недели кукање по дома за тоа дека несакам да учам, досадни ми се професорите и дека сите професори ме мразат, за некое чудо почнав да учам си носам дома 5 и 4 и си се радувам најискрено..сега сите професори на друг начин ме гледаат демек еј оваа почна да учи нешто и се згрешило , подобри се со мене ... тоа е за школото.За љубовта и за неа немам зборови иако напати по живци ми гази ама нема гајле се трпи..освен тоа денеска нешто господ го збрлави па незнаеше што зборува шта чеш...

    Поздрав до сите девојки :inlove: :*
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас тон не повишувам често, ама кога ќе го повишам повишено е и кажано е се со една кратка и јасна реченица.
    Тука не спаѓаат блискиве секако ... нив од љубов знам да им подвикнам почесто. :D
    Зборот ми е, тешко ми е од кога ќе ми пукне така некој нерв ...
    Знаете ми се спојуваат во тиквата моја плус и минус жичките и баааам, експлозивно дејство.
    Денес го повишив тонот пред цела група на вежби обраќајќи и се на една колешка, ама апла ја претера ... плус не стави во каша цела група, а плус и ги излажа сите ... епаааааа стојанке, стојанче не чука секој ден. И кажав два три збора ...
    Го пишивам ова да се олеснам затоа што бев во право и немам намера да се извинам за начинот на кој и се обратив( не урлав, ама не беше ни нормален тон, да не речете оваа хистерии ја фаќаат :rofl: )... таа ми правеше муабет и после, и се беше океј, ама мене бедови ме маваат, злобно се осеќам. Ау!

    Последен пат, пред овој денес, му се испонашав на еден дечко. Или беше 8ми септември (си редактирав пошто прво грешно сум го пишала празникот, пошто сум тенџере тенџереросано и се надевам дека никој не примети :$ ) или нешто со кошарката ама страшна гужва беше на плоштад, и ме уби дечкото ама буквално ... јез да беше убав поштено си ја наместив ташната и косата, му се завртив го погледнав, и мртва ладна му реков ... ако уште еднаш ме удриш или допреш толку насилно ќе ти ги искршам забите :rofl: Ма јас тоа никогаш не би го направила иако ржев во моментот...
    Си ја свитка опашката и си отиде а ќе му се извинев во рок од 5 минути зошто ептен ми беше тешко :D
    Да се исповедам и за тоа.

    Тежок ден денес. Тежооок ден. Па и супстанциине тешки бре, како под дејство на наркотици да сум. Нема врска, сеедно.

    Клецкај се да не бидеш клецкан или евентуално клацкан ... или клуцкан.
    Абе свеедно.

    Утре си ги земам новите патичиња. Нема што да зборувам бре, најубави ми се и веќе капарисани. А фрлив мерак и на еден новчаник, пошто јас сум новчаникоманијак ќе го имам ако не го купи некој пред мене па да заржам повторно :D

    Депресии ме маваат а се смеам, и си викам мече ват д фак ис вронг вит јур психа? Бу ху, се е во совршен ред.

    Со другар ми се гушкаме на далечина. Се сакаме преку скајп. Прити шити, ама кога нема друго а тој ти е би еф еф, и тоа е во ред. Секако не кога косата ми е расчупана и кога изгледам тотално недоквакано. Тогаш камерата ми е расипана и барак обама ми е како некоја анимација. Не се смејте не знам да си го сменам. :D

    Неговиот глас е последното нешто што ќе го слушнам тунајт, значи и мирно ќе спијам и на време ќе станам во раните зори.
    Мирноо спијте и вие, и помалку ширете негативизам, тешка болест е и тоа.
    Ај со здравје одам да се пикнам во најубавите пижами.

    Што да правам, најубава сум, и се ми е најубаво.
    Пу пу да ме серат кокошки, ама колку за информација да си знаете, се зафркавам. Не сум толкав сноб бре, ама убаво ми е да тресам будалштини и на истите да се смеам.

    И така.

    ПоздравЉам ве.
    :hai:
     
    На ines.h и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    СДК сите тука пишуваат за тоа како ги нервираат луѓето што се мешаат во туѓи работи, луѓето што судат а не знаат ништо за оној на кого го судат..
    Е па сега вака, нешто што ме изнервира прилично.
    НАПОМЕНУВАМ, значи НАПОМЕНУВАМ!!! ова не се однесува на ниту една феминка што коментирала (подоцна ќе објасна за што), ниту па конкретно на некоја, туку општо на нашиот менталитет. да не испаднат препукувања после сум била ваква или онаква, пред време кажувам! Фала :)
    Ким Кардашијан, се разведе после 2 месеци и кусур брак. Добро, се разведе, така? Е, така.
    Е сега, сум се изначитала доста постови како на сите ни е смачено колку луѓето судат според изглед, според работи кои воопшто не се никаква мерка за процена така? Е зошто тогаш на веста дека Ким се разведува по точно на нејзината изјава "Навистина сум заљубена"бла бла..одмa фрчат коментари од типот "Како да не нема шанси да го сакала, или па Лелее збесната се за пари, или Што ли нема да измисли" и тако даље.. :^) (мислам ме сваќате). Како може да и се суди (неа и на било кој друг) кога ниту сме и во срцето, ниту во главата, ниту па сме биле некогаш во нејзина близина. :^) Снимила порно и што? Сите нели барем еднаш во животот сме направиле некоја голема грешка? Не ми е муабетот само за неа туку општо, не можеме да судиме на некој што го знаеме само преку малиот екран, со кого не сме застанале ни муабет да направиме, или на некој што сме го сретнале на улица на поминување.. У осталом, нејзин живот, нивни живот. Си се снашле, си живеат.
    ЗНачи наравоучение: Не судете по изгледот, посебно не на некој што воопшто не знаете ништо за него и за неговата внатрешност.
    Не сакам ниту една феминка да се пронајде во постов, не е за тоа наменет, туку општо за нас и нашиот менталитет, бидејќи како што можеби забележавте цело време зборувам во ПРВО ЛИЦЕ МНОЖИНА-НИЕ, така да не препукувам никого.
    Имајте прекрасен остаток од вечерта :) :f:
     
  5. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Така монотоно започна и овој ден, среда .. 8 часот наутро.. каснења како и секогаш.. вообичаено! И зошто некои работи ги сватив дури сега, толку касно? :!:
    Неморам да сум на фб тогаш кога ќе си ти, ако мобилниот треба да ми се полни ќе се полни и каде и да одам нема да го извадам од полнач само за да титнам, и нема да пропуштам да излезам со роднини и пријатели само за да сум со тебе.. и нема да се откажам од својот животен сон само затоа што тебе така ти одговара и само затоа што ти така сакаш! НЕМА!

    Родителите се лоши родителите се вакви,такви,онакви .. се што е изговорено од нивната уста е со најдобронамерна причина, колку и да се чувствуваме лошо во тој момент ТИЕ СЕ ВО ПРАВО и сето тоа е направено само заради наше добро,за да не страдаме,за да го постигнеме тоа што тие не го постигнале и да се воздигнеме врз нив, да тоа го сакаат сите родители.. Секоја врата кога тогаш ќе ни се затвори но вратата од родителите секогаш ќе ни биде отворена, затоа што тие се единствените пријатели кои никогаш не би направиле нешто од корист.. Секојдневно знам и можам да ја истурам својата нервоза врз мајка ми поради некој си трет небитен човек, еднаш убаво ми рече "НА МАЈКАТА И Е ТЕШКО КОГА НЕЈЗИНОТО ДЕТЕ ПЛАЧЕ" затоа и таа плаче со него, затоа и таа целиот свој живот го посветува на своето дете, за кое би го дала и животот! РОДИТЕЛИТЕ СЕ СВЕ, ЧУВАЈТЕ ГИ.. ЗАТОА ШТО НЕКОЈ ПАТИ ЗА ДА ГИ ИМА!
    -само незнам зашто сето ова го сватив сега, сега кога е премногу доцна да се сменат многу работи.. :|



    Многу е тешко да се откажеш од она што те прави среќен,ПРЕМНОГУ!!!
     
    На Divinebutterfly и Nika666 им се допаѓа ова.
  7. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    На thelittle17, x.Daisy.x и Magnolija им се допаѓа ова.
  8. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Сдк дека само што се вратив од тука. И искрено преубаво си поминав. :rofl: Се изнасеав за цела недела, ма каква недела, месец. Мислам дека ќе пукнев од смеа. Иако крајот можеби беше досаден, ама почетокот, комедии. За утре, ништо незнам за во школо, ма нема врска, само нека прска. :rofl: . :rofl:
     
  9. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038
    дека сум горда што Македонија поседува едно вакво прекрасно место како што е Охрид

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG],
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, mims-89, Chocoholic и 5 други им се допаѓа ова.
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Беден и очаен обид да го имаш последниот збор е да пратиш навредлива порака и да не примаш пораки назад...Колку патетичен треба да е некој да го направи тоа, а?
     
    На mims-89 и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Надвор е -20 ако сакаш да се стоплиш дојди си на Фемина :D поконкретно да ве упатам во темата за форумот . Ватрено је :D
    Ем ќе заштедите за грење паарново поскапе , струјата исто :!: :rofl:

    Едвај чекам успешно да ги завршам колоквиумиве ме чекаат убави работи ... Мнооогу убави добив многу важна вест за мене ме радува што оди како што сакав да биде ^_^ .Ќе вратам многу работи , работи што свесно или несвесно ги загубив . И една посебна личност . Нажалост ненавремено го сфатив тоа но не е предоцна . Знам дека ќе успеам . Ќе сторам се да биде така . Топло чоколадо и ...

    http://www.youtube.com/watch?v=Dp5pGRiEe30

    Вакви ствари го продолжуваат животов ...
    Не се сложувам за Бер Грилс само :!: :D
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    СДК долго размислував што уствари сме ние луѓето?
    Многу повеќе од еден комплициран биолошки организам, а многу помалку од совршени суштества.
    Сите имаме емоции, сите некој сакаме, некој мразиме, друг ни е симпатичен, трет антипатичен...и така до недоглед.
    Но што е со подлабоките чувства, но што е со постојаните чувства?
    Мора некој да замине, да не остави за да сфатиме колку ни значи, некој да не повреди за да се освестиме колку сме го сакале, и за на крај да сфатиме дека секоја емоција што ја манифестирал некој во нас порано или подоцна ни носи болка.
    Иако не признаваме и омразата знае да боли, и љубовта, и апатичноста и секоја друга емоција.
    Некогаш можеби би било добро кога човек ќе може ако не подолго барем за момент да се огради од тие емоции, барем во оние тешки мигови да не пушти солза, да собере рамена и да каже „Јебига живот, шта чеш“, туку да може секогаш трезвено да размисли, да донесе правилна одлука и да продолжи со гордо крената глава.
    Од друга страна добра е и умереноста и прерачунатоста, како и максималната контрола на чувствата, „Ако тој не ме сака, нема ни јас да го сакам, па што?“ и до кога така.
    Имаме партнер кој ни е се, но колку пати пред спиење сте ги затвориле очите и сте се запрашале, што тој чувствува, дали исто и тој љуби, дали вреди повторно себеси да се вложиш во таа врска и да не даде Бог кој би биле последиците и кои би биле полседиците кога секој сам би тргнал по својот пат?

    Милион прашања но ниту еден погоден одговор, само една досадна сентенца дека животот е борба, се бориш, се вложуваш, за малку да го освоиш врвот, кога одеднаш си утнал некое скалило и повторно си доле, и мора се од почеток.

    Затоа љубете со цело срце, искрено...
    Верувајте во себе, и единствено и целосно само во себе, зошто на крајот од денот повторно сме сами, препуштени на себе, без ничие влијание, без ничија подршка без ничие тапшање по рамо...
    И најбитно сакајте се себе како никој друг, зошто секој е единствен и незаменлив и секој од нас е човек вреден за почитување.
    Затоа што никој знае што ни носи утрешниот ден.

    Фала, адиос, бај бај...
     
    На bittersweet, teddybear, julie77 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Добро утро, добри луѓе.
    Среда... Четврток... Петок
    Ни ваму ни таму... Четврток бе.
    Полагам во 10. Утре е петок и не полагам. И ќе спијам.
    Завршува колоквиумската недела.
    What a relief.
    Постов по нерасонет не можеше да биде.
    Ајт,
    wish me luck.
     
    На Doozy, MacenceEna и teddybear им се допаѓа ова.
  14. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    сдк дека многу вреди да го започнеш денот со позитивна песна слушајќи ја џеси џеј се врате насмевката на лицево мое ,ке успеам јас, нема да се одкажам,а и овие шашави песнички алал да му е на тој што ги створил за да ми го разубават денот :*
     
  15. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Е баш сум за пофала... Прв ден од мини распустот јас си станувам во 8 ипол да си ја средам косата, па сега да се нашминкам и да се облечам и правац Ушће. :D Мора да се соберат материјали за нов пост... Следно што ме чека е теретана, и чекање да ми стигне пакетчето со чизмите виии :party: :party: Го обожавам ова “распуст“ чуство иако е само на една недела!
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк едно лице ваму, друго лице таму..
    Немојте погрешно да ме сфатите. Зборувам за луѓа надвор од форумов.
     
  17. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Уште у 7 се издигав и ја мислам писмената по математика... :sweat:
     
  18. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Конечно и јас да најдам малце време за да видам што се случува на фемина имам многу за учење а исто по цели денови на училиште од 12 до 8 вечер сум на училиште немам време за ништо и многу ми недостигате...али тоа е медицината :?:
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Навистина ама навистина не ми е јасно кога се испревртеа наопаку сите животни вредности?
    Мајка ми ми вели постојано - ќерко лошо сум те воспитала за овој свет и со среќа на идните мајки.

    Не чини да си добар, затоа што ако си добар те газат згора и си мислат дека си глуп.
    Не чини да си фин, културен или воспитан затоа што ќе си мислат дека не си искрен и дека нешто сакаш за возврат и те демнеат со тоа очите мислиш пиштол ќе им извадиш
    АЛОООО не сакам ништо од тебе!
    Не чини да лажеш - сите сакаат да си искрен. А во моментот кога си искрен до степен да констатираш нешто што оној автоегобустерот од другата страна не сака да го чуе за себеси е тогаш си па дрзок. Види богати! Се додека ги величаш добро е, кога ги критикуваш - ма нејќе да им чуе.
    И уште згора на се сакаат да ги фалиш, да им се поклонуваш ко на буда, да им клекнуваш ко пред дева Марија, да им креваш раце ко пред индијански поглавар и ти велат - биди пристоен.
    Која пристојност бога ли ти љубим? Ова се вика г’золижење по секоја цена а јас НЕ ЗНАМ тоа да го правам.
    И ако не играш по нивни правила ондак е лошо, ондак си арогантно копиле кое решило да си игра мајтап со претпоставениот, пријателот, познаникот. A далеку од тоа да е така. И по некоја случајност сечија перцепција е повеќе или помалку субјективно обоена.
    Нашата и нивната, твојата или мојата, неговата или нејзината. Па така различни погледи создаваат напнатост и тешка потреба за еготапшање - најмногу ако истото тоа его ти е повредено и се самопронаоѓаш во се и сешто од недостиг на способност за самопроценка и self - esteem. А богами ако ти фали тоа второто, тогаш тешки фрустрации излегуваат на површина и се одразуваат во секој сегмент на твојот живот. Се претворуваш во напалено, неисполнето, накострешено и пред се а и во суштина многу исплашено нереализирано животинче кое е подготвено да убива и напаѓа во име на сопствениот надстандарден опстанок. Опстаноков разбирај го - да има повеќе, почесто, поинтензивно и подобро.

    Болан, где то ја живим? Стварно не разбирам што има лошо во тоа човек да е коректен, да си ја врши својата работа и да не се плетка во нешто каде што не му е место? И што има лошо во тоа што не диспонирам со маски од различни насмевки кои знам да ги менувам во зависност од потребата?

    Диспонирам со квалитет кој јас лично го ценам. Диспонирам со можност да прифатам критика - затоа што секоја конструктивна критика мене ме мотивира и ме прави подобар човек. Ама извинете нема да дозволам некој да ме прави мутле со сила кога знам дека не сум и зошто? За да се самоиздигне пред останатите и да си излечи по некое комплексче? Ма ајде! Личам на психијатар или небаре гледате некаде троседче за легнување? :^)

    Ако нешто навистина ме ежи, тоа е кога некој арогантно ја потценува мојата интелигенција, перцепција и способност. Ако молчам не значи дека сум глупа, слепа, неспособна.

    Ете во таков свет живеам. Каде што сите сакаат да ги тапшаш бре со или без заслуга. Егоманијаци кои д*каат на туѓи среќи а свршуваат во моментот кога ќе станете несреќни - а и тие често со сила ве прават намерно да сте несреќни (слободен превод и препев од една драга особа која ми ја кажа реченицава и да ви кажам ме бендиса ептен).
    Како А. кога виде дека мојата кукла е поубава од нејзината и ми рече - еј ај да си ги уништиме куклите, така ќе ни бидат поубави. И јас глупа ја трескав мојата најубава кукла која некој ми ја подарил, и сигурно не била најевтина затоа што наивно и поверував.

    Денес наивна не сум. Но се извинувам однапред што не сум спремна да ви го тапшам егото и да ве воздигнувам до стратосферата и назад кога гледам дека моето внатрешно се буни и не ми дава бре!
    Можеби парите и моќта сте ги заслужиле но мојата почит нема да ја имате, а тоа ми е побитно од вашето дебело зелено конто кое го поседувате.

    Ти се плукнам у четвртоков и у такви луѓе! Со задоволство би им ја одземала таа номенклатура, затоа што таквите за мене луѓе - не се!
     
    На Monna.Monna, XMaN, bittersweet и 19 други им се допаѓа ова.
  20. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    СДК (со свесно преземен ризик дека ќе звучам како група од фб :lol: )
    Чувството кога ќе откриете дека некој се разбудил порано само за да ве гледа додека спиете, и ве гали со сета своја љубов, но најнежно на свет, за да не ве разбуди.
    За среќа се разбудив, и уживав во тој миг и во сознанието дека некој толку ме сака. Не му кажав, молчев и уживав. Го сакам и јас.
     
    На Phyramide, Theodora, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.