[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Ммм.... Мрзеливо неделно попладне.
    Се наоѓам во стиховите "Се проѕеваш се тегниш, наспана и гладна" и се тркалам по креветов повеќе од 3 часа уживајќи во звуците на Schiller...
    http://www.youtube.com/watch?v=hJVCfhYZdfU
    Уживам во топлината на собата и погледот низ прозорецот...
    Го сакам Јануари.
    И неделите...
    И чајот од цимет и јаболко.
     
    На CharmedGirl, marama и MandyLane им се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Женулчињааааа... ми фалевте... :hai:
    Јас сега да ви кажам нешто што сигурно го знаете - Животот е убав. Да, тежок, трагичен, на моменти комичен, волшебен, суров... Да, поради тоа што е таков затоа е убав....
    Имав најпрекрасен викенд... :)
    Работен викенд е богами кога готвиш за 15 деца, кога треба да ги пазиш, да им викаш да не маваат јако со топки снег... Да измиеш и средиш се и на крај како задњи сељак да седнеш во тоа селско куќиче што се грее на дрва, да се учадуваш максимално и да пиеш винце, греено, не греено, ракииче исто...
    Селска идила...
    Можев да умрам од среќа.... :) :) :)
    И најубавата сабота, кога ќе извадиш школска клупа и столчиња ќе ги зариеш во снегот и ќе седнеш со кафето и цигарите и коцките за јамб и го впиваш сонцето, го впиваш животот... :rock:

    И така жени мои... Уживајте во животот секогаш, зашто и кога не е убав, убав е!
     
    На Peperutka90, AnaKarenina, SuperGirl2010 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    СДК 2 Здраво Јас сум _______ а пријателите ме викаат.... кога им требам.Се чуствувам подобро откако избришав неколку фаци од фбто и мснто.Доста беа тие игри на недостапност и бегање а јас ги толерирав.
    Ова сум новата јас.Наместо попуштање одсега строго. ;)
     
    На palavoto.devojce и Idonea им се допаѓа ова.
  4. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Ова е еден од типичните Ашлингови постови во СДК кои немаат некаква цел.
    Некои ги читаат, други превртуваат очи, трети скролаат too long didn't read.
    Кога и да пишувам вакви истрипани постови на рипит ми е ставена една песна.
    Вчера имав опасни мисли кои сакав да ги кажам тука, но не можев да ги запишам,телото не ми дозволуваше.
    Место тоа со опасни нагони за повраќање и горење на душата, ја гушнав цветната перница и потонав во длабок сон.
    И денес сфаќам. Сакам пак да бидам мало дете.
    Оддеднаш почувстував голема љубов, љубов за која си спремен и живот да дадеш без размислување. Ниту снегот, ниту студот, ниту виулиците не ги забележуваш.. ниту потенцијалната опасност на која си изложен. Само сакаш да заврши. И завршува со прегратка.. од која не ти е ни малку потопло или поладно, затоа што не си заинтересиран за времето и луѓето околу тебе. Запира времето, но не и настаните.
    Продолжуваш..
    Тапа ти е.
    Викаат ако те интересира нешто-прашај!
    Ако сакаш да кажеш нешто- кажи, пред да биде предоцна!
    А, мене.. ме интересира, но не сакам да прашам, зошто не сакам да знам. Сакам да кажам, но не треба. И од сите тие сеќавања,сакам да останат само насмевките, прегратките и грижата. Затоа што ми годи кога ме гледаат како бебпче.
    Повторно продолжуваш, овој пат друг пресврт. Поголем или помал ти оди на нерви. Сакаш само да седиш дома и да спиеш. Да ги помниш само детските, безгрижни и невини фаци.
    Не ти е дојдено до ништо такво.
    А, оддеднаш сфаќаш дека не си ништо подобар.
    Дека си ја предизвилкал младоста и границата на зрело размислување и дејствување.
    Врати ме на почеток, сакам поинаков живот.
    Ниту парите, што веќе исчезнаа пред да бидат врачени не се важни. Ниту едниот пар фармерки кои ги немаш соблечено од себе, ниту патиките кои влегуваат во втора година активно носење или безвременската слаба јакна од која ти се тресат коските не ги забележуваш во сите тие работи. И ти навираат солзи кога во ова студено и сончево неделно попладне,наместо семеен ручек ти слушаш грчење од позади иако си со слушалки на уши и го јадиш остатокот од вчерашната храна.
    Нека течат и тие се некој одраз на душевна состојба.
    Солзите не се само тажни, истовремено се и среќни.. затоа што ги виде насмеани.. иако како што би рекол Маријан "системот ги ебе". Радоста што ти ја носи Ајше,Миљачка му пркоси на системот.
    Ако секој ден би бил светол и убав, луѓето со насмевки, наместо со тмурно лице, заборавено во времето и испиено од парите.. нема да помислуваш на смрт.
    Трудот како труд..не е доволен. Многу пати сум пишувала и за судбина и сум заборавала како ја сфаќам, но моментално што и да направиш, ако судбината е поинаква ќе те тресне. Гледаш, чувстуваш и знаеш.
    Ќе го завршам овој пост со еден совет до самата себе
    Почитувај, сакај и заборави на материјалното. Можеби не било создадено за тебе. Но, секогаш ќе можеш да сакаш и да почитуваш.
     
    На kate21, JuLleE, booba и 8 други им се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    истата и јас! :D имаше мајка ми едно куферче со винтиџ накит од кога била девојка, го отворив, и најдов некои доста интересни тракатанци :)
    A за облеката,фала богу ист вкус имавме така да ќе си носам! :)
    ќе пребуричкам низ нејзиниот шкаф деновиве, сигурно има доста работи зам кои не знам, зашто немав навика да и фаќам во шкафот, т.е не ми даваше да ријам :lol:
     
    На Neytiri, JuLleE, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Понекогаш, во последно време пак многу често, ми се случува некоја мелодија да ми шета по глава, и тоа најчесто непозната, досега нечуена, и така од уста почнуваат да ми излегуваат некои стихови обично на англиски јазик, не ретко и на македонски, и почнувам да пеам некои стихови кои исто така досега не биле во нечиј репертоар, или вметнати во нечија песна...
    И се чудам бре, си викам: Тееееј, се ствара во мене некоја жица музичка, време е да творам!

    Тоа не би било чудно, сметајќи дека во мојата фамилија од страна на мајка ми излегоа познати музичари, во вујко ми има нешто musically, мајка ми убаво почнала во основно, штета не продолжила, а јас...

    Јас отсекогаш сум ја сакала музиката.
    Дали звучи или не клише, стварно сум израснала со музиката.
    Музиката била поим за моето заспивање, поим за моето будење, хранење, причина за мојата смеа, мојата тага, мојата изолација, моето СЕ.
    Сеуште моето постоење е пропратено со некои звуци.
    Да можам, ако би имала услови, би живеела од музика искрено.

    Не сум талентирана нешто посебно за музика.
    Не ретко се случува некоја моја омилена песна да ја доловам ко оригиналот, замислувам дека некогаш можеби јас ќе бидам нешто во музиката. Но, тогаш ќе влезе некој во соба и ќе ми рече: „Ај прекини да викаш толку, се обидувам да спијам!“ или „Не гракај бе, што гракаш“.
    Не дека некој ми ги уништува соништата, не вредам толку на музички план за да покушам нешто, но и кога гледам какви ликови со расштрафтен глас се главни на сцена кај нас, си викам: Is it worth?


    Moжеби некогаш, во некои идни времиња, за моја душа, клавир и гитара и убави звуци, полиени со чаша црвено вино, пригушени светла и јас на микрофон...
    Можеби некогаш.
     
    На eli25 и marama им се допаѓа ова.
  9. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Печени јаболка, филм и сок од боровинки... прајслес.. :angel:
    [​IMG]
    И не, не се замарам дека проста раја која нема 2 чисти успеала, благодарение на врските на тате или поради тоа што има нешто повеке пари.. Не се замарам бидејки знам дека ке дојдат и моите 5 минути, а кога ке дојдат ке траат нешто подолго од 5 минути, а во случај да не дојдат, сама ке си ги земам! И да, ке успеам и јас не се сомневам во тоа. Од каде вакви мисли сега?! Па овој ми е последен семестар на факултет и почнува да ме мава на психа дека треба да мислам за работа. И не, нема да прифатам ништо помалку од она што мислам дека заслужувам и за што сметам дека сум способна. А сум. Некои добиваат преубава работа и ја прокоцкуваат од разни банални причини, и јас не можам да се помирам дека некои не ни добиваат шанса, а се далку поспособни. Да работиш во банка и да украдеш пари за да играш спортска. Да работиш во казино и да те отпуштат бидејки си сакал да прошверцуваш една штека цигари. Да си менаџер и да дадеш отказ бидејки ти било многу тешко?!?!?! WTF? Некои не се свесни што имаат дефинитивно..
     
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Некои во 2 часот на пладне, ручаат. А јас во 4 и пол часот на пладне, доручкувам. Ме поремети долго очекуваниот распуст. Ама подобро вака.

    Друго што сакав да кажам е дека, едвај чекам да дојде вечер, и да гледам ракомет. Ма има да ги згмечиме. :devil: :dance:
    МА КЕ ДО НИ ЈА !! МА КЕ ДО НИ ЈА !! МА КЕ ДО НИ ЈА !!
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Не знам зошто нема совршенство во светов, навистина понекогаш е потребно.
    Не бев свесна досега во која тешка позиција сум. И покрај тоа што знам, и многу добро можам да проценам човек од само неколку кажани збора и говор на тело, и ретко кога грешам, испадна дека не сум ја знаела личност што е покрај мене мнооогу време. Сите тие направени разговори со мене, тоа „само разменување на мислења“ биле направени со некаква цел, со некаква намера, и биле плод на долго размислување и планирање. Не знам дали е ова најважната работа во животот, не знам дали нејзината тежина е поголема отколку се, ама знам дека со секој одминат ден, се повеќе ми смета, и се прашувам дали во животот штом ни се јавуваат толку спротивствености така треба, треба да ги прифатиме и се за наше добро, односно ни ги надополнуваат нашите негативности, или треба да се одминуваат и да се бара полесен начин. Се расплакав после разговорот со таа личност, знам дека уште малку и нема да можам да го избегнувам тој пат, ќе мора да се соочам, а тоа соочување ме плаши.
     
    На crazylady, marama и eli25 им се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ...долго го набљудував пејзажот под веќе кристализиран снег, го сакам овој период од денот првото навестување на преминот на самракот кон мрак. И за чудо толкав спокој владееше наоколу што ме инфицира, ме натера да подзаборавам на толку отворени прашања, чиј провев ми штети, на чудните сонови и еден куп тривијалности на кои им придавам поголемо значење отколку што реално би требало... по навика.

    Моментално размислувам околу тоа дека ми се допаѓа како се сушат и обликуваат полуводените локни од мојата коса, сами по себе, оставени на нивната слободна волја, колку и да е површна и бесцелна ,,активноста,, ми носи делче чисто задоволство. Откинато парче од погачата на мирот, моментално спуштање на сопствениот крст, кој и онака пак стрпливо ќе чека да го кренам и носам секаде со себеси. Годи. Дури и повеќе отколку што би успеале да доловат зборовите.
     
    На Strumfeta93, eli25, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    СДК дека цел распуст го преспав |(
    Не е можно толку да се осеќам ненаспано, мрза сум напраена, арно и шо не јадам толку многу, оти готова сум, ќе се напрам ко прасе :|
    Вие имајте убава вечер и пред се навивајте за Македонија :party: , треба да се бодрат нашите репрезентативци . :muscle:
    Како и да е време е малце да подизлезам, да се видам малце со другарките.
    Заминав јас на кафе. :coffee: :coffee:
    [​IMG]
    Бајјј :hai:
     
    На The.Crab и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  14. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    уште 2 часа и 25 минути до почетокот на натпреварот! нетрпелива сум.. :sweat:
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Brace yourselves quotes about how everyone loves handball and Macedonia are coming |( |( |( |( |(
     
    На CharmedGirl, anabel-a, danniela5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
    Зошто секогаш сите машките ги сметаат за подобри,повредни од нас женските?!Неможам веќе ова да го трпам, НЕ!..Женско си кути си они нека ти се дерат нека те понижуваат,нека ти наредуваат, и чисти ги гомната позади нив!.Зошто неможеме да ги имаме истите права со мажите?!.Уствари нели според законот сите ние без разлика женско/машко ги имаме истите права, зошто тогаш нас не сметаат за ѓубре кое служи само да им чисти по дома?..Додека го пишувам ова солзи ми течат...Огорчена сум, многу и тоа.

    Они можат и да вараат и да бидат кретени и пак ништо, никој на нив нема да им пререче за тоа.

    А, ние да направиме така одма ни вадат имиња како: курва, лесна девојка, лажливка итн..

    Зарем во 21 век, живееме?!.. ;(
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.804
    Допаѓања:
    163.097
    Знаете шо?! Боли ме патка за запросувањето на Сител! Од вакво нешто се попалува само проста маса народ на кој му треба верба дека чуда се случуваат и во реалноста,освен во некоја турско-индијска серија со мексичка продукција.
    Кога се деси,бев у просторија со 10 мажи кои гнетеа и збореа за фудбал и само настанува драматична тишина,некои од нив беа со огромна доза на згаденост,некои и се засркнаа од храната,други мумлаа,каков идиот,друг гласно рече,дал је могуче?! И кога заврши со прашањето,имаше реакција како гужва пред гол на дерби Барса-Реал,со гласни крици НЕ,НЕ,НЕ,НЕ! Девојката вика,мојот конечен одговор е да и сите прават фејс палм и едно долго НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ! :D ВИН ситуација!
    Што е следно?!
    А да ракомет!
     
    На INSIDIOUS, Springy и Pelikuna им се допаѓа ова.
  18. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    СДК Македонија се љуби и кога победува и кога губи !

    http://www.youtube.com/watch?v=U1W6JVFVnaE

    Слика со нашите ракометари во позадина на видеово :rock:
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.326
    Ајде повторно да го обоиме форумов во цвено-жолта боја.

    [​IMG]
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    СДК пак ја барав денес.Очајно.
    И не ја најдов.
    И ми беше ужасно криво и во секој момент очекував да излезе од некаде.
    А подобро е така.
    http://www.youtube.com/watch?v=CLEtGRUr ... re=related
    Им велам иш на лошите вибрации!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.