1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Ти благодарам драги за подарокот...баш знаеш каде да ме пецнеш
     
  2. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.671
    Пол:
    Женски
    Aко животот ти се насмевне, врзи му шамар... Шо има тој да ти се смее :!:
     
    На BeYourself, angel92, AnaKarenina и 4 други им се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Една слика можеби вреди 1000 зборови, ама некои слики вредат 1000 лаги!
     
    На crazylady, angel92, senza.parole и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Ниеден пост во СДК не е офтопик доколку почнува со СДК...
    Ниеден пост во СП не е офтопик доколку некаде пишува СП...
    Не е битна содржината, битно е да пишува СДК или СП...
     
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.234
    Допаѓања:
    12.686
    Пол:
    Женски
    Боли, боли.. А зошто не би болело? За да е полесно? Нема потреба.
     
  6. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
    ...!
     

    Прикачени фајлови:

    На senza.parole, L-a-d-y-Bug, Nymeria и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Ах толку ми е празно срцето, чиниш ништо нема во него а го чувствувам, силно бие.
    Бие од среќа,како некогаш!
    Со истото темпо уште кога бев девојче кое излегуваше со патики.
    После толку многу време, после толку многу промени во животот бев на онаа истото место.
    Местото каде што најмногу сум се смеела и ми било најтопло на душата.
    Каде што го креирав мојот сон, иднина а сега сето тоа е срушено и само спомените во душа ми останаа.
    Дури и тоа е променето, реновирано но уште го паметам секое делче како изгледаше.На кај и да се свртев синоќа, во секој дел гледав слики од минатото.Куп насмевки, луѓе кои веќе ѓи нема во мојот свет, песни кои сум ѓи заборавила...
    Сега сваќам колку тоа некогаш сум била среќна.
    А тогаш...ах дури ми се плачеше бидејки не можев да останам цела вечер како останатите.Срцето ми се кинеше кога ќе ја слушнев омилената песна а веќе се симнував по скалите.
    Сега можам да останам и повеќе но нема ништо од тоа.Ништо!

    Синоќа, да и синоќа си поминав прекрасно.Имам уште еден спомен од тоа место.
    А до толку ми беше убава вечерта што сонував сон кој мислам дека траеше,траеше и траеше се додека рано наутро не ме пробудија.
    Утрото, денот и дел од вечерта го поминав во едно старо селце во Кожуф планина.Снег, снег а кога газиш не чувствуваш, чиниш лебдиш пола метро над земјата и нема никаква шанса да пропаднеш.
    Снегот замрзнат а сонцето печеше ли печеше.Убавини!Па и опкружена со истите луѓе со кои ѓи делам спомените од детството.Со оние кои се качував по дрвјата, акав по планината, тркалевме снежни токи за снешко по цела долина...
    Вечерта уште поубава. Ѕвездите толку јасно се гледаат од таму чиниш до тебе се и може да ѓи доприш.
    Се вратив токму на време пред да започне натпреварот.Па луп уште едно возбудување и радост.

    А сега, сега се молам да не заврши викендов.Сакам барем уште малку да се порадувам, макар и секунда :)
     
    На zhap4e, TheCandy880, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Колку неинспиративен ден...или период. Дали е до испитнава сесија не знам, ама најверојатно е, обавезно се депримирам со секоја.
    Едвај чекам да дојде денот кога ќе можам слободно да излезам надвор без да ме чека тон за учење. Да почувствувам слобода. Сакам да си одам во парк, таму најудобно ја чувствувам слободата, самиот збор ме асоцира на слобода. Или до кај еден другар на планирано кафе, а да испадне пијанчење и спиенка.
    Ај, февруари влева надеж најверојатно. Ако преживеам до февруари.
    А згора на се па и ме мачат маки љубовни :lol: Не е за смеење, ама па не сакам да плачам.
    Не можам да одлучам дали верувам, или сакам да верувам дека на крајот се ќе биде во ред.
     
    На MandyLane и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  9. SABAH

    SABAH Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    26
    Конечно исполнетост! Ко полнета пиперка се осеќам :D
     
    На ViktorijaMari и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  10. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Мрак повеќе од светлина.
    И штипски групњак повеќе од штипска пастрамајлија (copyright фраерот)

    Често знам да излезам надвор после полноќ за да испушам некоја цигара и да се погледнам самата , да се испитам внимателно со топло капче и џемперче и гледајќи се во очи да сфатам дека сум полна со неа, темнината.
    Освен лаеж на некое куче, друго ништо и не слушам. Освен пат, неуспешен обид на некои дрвја да направат нешто од себе, малски бандери и некои недифинирани ствари - ништо не гледам. Луѓето се внатре, на топличко, а некои можеби и во длабок сон. И се прашувам, кој го размислува истото како и мене? Кој се прашува каде е неговото место во темнината?

    Го сакам блудот, но сакам и чиста солза.
    Ги сакам сите мои грешки, ја сакам нечистотијата во мене, го сакам мракот и искусниот човек, страст и диви очи, огорченост и движење на мачка, чудна и мрачна љубов,коктел од задоволства, журка со маски и садистичките, но и многу мазохистички моменти кои ги имам.

    Но ја сакам и мојата чистота, на моменти мојата наивноста и мојата чувствителност која ја негувам како најнежна свила. Ја сакам мојата младост. Горда сум на љубовта што сум способна неизмерно да ја дадам и истата да ја примам како најскап подарок. Моето семејство за кое би направила од Африка и Австралија еден континент. Закрилата која може да ја дадам и закрилата која толку ми е потребна.

    http://www.youtube.com/watch?v=U2lITsMb4rA
     
    На AnaKarenina, Marilyn-Monroe, MandyLane и 13 други им се допаѓа ова.
  11. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    СДК дека еден ден сите ќе работите за мене! Е дури тогаш ќе видите убаво.. море на сите ќе ви се врате се, само не сте свесни уште. Ете така да си знаете! ;)
     
    На cigarce и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    ^
    Може јас да бидам секретарката? :lol:
     
    На Peperutka90 и butterfly.93 им се допаѓа ова.
  13. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
  14. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    сдк, да ве почастам сега јас за роденден :)
    [​IMG] и торта :)
    [​IMG] фала ви на сите :*
     
    На BeYourself и Nymeria им се допаѓа ова.
  15. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Ти Саваш Балдар или пак Полат да не си? :D Шала, не се лути...и намали со сериите. ;)
     
    На butterfly.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам дека се чудам и не можам да се изначудам :o до каде дојде светов..
    Значи те викаат на роденден, пази на роденден! и секој си плаќа своја пијачка :x
    Немам зборови.. Не дека ти е за пијачката, кај не отишле тие пари ама стварно не се нормални луѓево...
     
  17. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Зошто толку труд од моја страна не ми е јасно? Хах....епа сега вреди да се проба, требаше да ја приметам незаинтерисираноста уште првиот пат и толку, а јас...
     
  18. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    си пијам топло чајче,за да се стоплам од ладново...а со мислите на сите страни...
    се прашувам дали некогаш некој ќе ги поддржи моите соништа или ќе морам сама да одам до крај...
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Во суштина сегде по Европа е, сите му купуваат пијалок на славеникот, а не тој на нив така да не е воопшто чудно само на Балканот кај нас ја имаме традицијата ние самите да ги частиме сите околу нас..
     
  20. Brojce

    Brojce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    19
    Со последните сили ги извршуам задачите што ми се дадени.Ми горат очите пред компјутерот ама среќна сум што успеав се да завршам.Околу мене се е срушено,неможам да си ги средам мислите од проблемите што се создаваат пребрзо едно по друго...
    Се плашам да одам да спијам зошто соновите се почесто и почесто се претвараат во кошмари инспирирани од еуфоријата околу мене.Ќе одам за момент да се ослободам од се и да пишувам.
    На останатите,лека ноќ.
     
    На zhap4e, Nymeria и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.