[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    „Све је лаж, само пуста лаж, све је лаж осим смрти...“

    Не го мислам ова, ама го помислив и имав потреба да го кажам.
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Ќе го цитирам Влатко Илиевски дента пред да влеземе во полуфинале кога игравме кошарка
    "Боже ако имаш нешто да ми дадеш, дади ми го тоа денес (на полагање сабајле) не ми го чувај за друг пат"
    Феминки пуштете ми ја целата среќа само на саат време, додека полагам, навистина ќе ми треба.

    Мислам дека се мрднав, озбилно ми треба некој одмор, и тоа во планина, сама мечките да ме изедат :lol: :lol: :lol:
     
    На crazylady, Divinebutterfly, AnaKarenina и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Зедов инспирација од луѓето околу себе. Полни раце љубов и желба (нивна) да успеам во животов и да бидам среќна. Едноставно ме буткаат на патот до среќата и ми го осветлуваат до крај. Такви луѓе околу себе да имаш значи дар од Бога, такви луѓе имам и јас. Нема да ми пречи ако досега не сум ги послушала, ќе ми пречи ако не превземам нешто во врска со тоа да ги послушам. И ќе кажам никогаш не е доцна, светот околу себе може да го промените-почнувајќи од промената што ќе ја направите длабоко во срцето. Ама да не биде на сила, туку онака од нај длабоките делови од душата, онаму каде што злото не допрело-сеуште.
     
    На Serafima, Peperutka90 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  4. Dinamickid

    Dinamickid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    27
    СДК
    Дека конечно треба да ги прошириме хоризонтите и да размислуваме „надвор од кутијата“
    кога е во прашање религија и љубов.Па и многу други работи
     
    На HeelsLover му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.726
    Незнам зашто, ама се чувствувам дека никогаш не сум доволно добра и никогаш не сум доволно силна. Но, можеби бев силна долго време и сега сето тоа мораше да престане, морав да ја покажам мојата друга страна што денес со солзи ја покажав.

    Можеби и не беше тоа најдобриот начин, зашто после следеа илјадници прашања од другарките, ама што ти е, кажи ми те молам, што е проблемот.. ние ќе ти помогнеме. А што беше најстрашно, ни самата незнаев за што конкретно плачев. Се имаше некој удел во тоа. Им кажав дека прво морам да расчистам некои работи со самата себе, да размислам за се.. каде одам, што правам, дали е тоа правилно, што се случува со мене? Уште морав баш тогаш да му се јавам на вујко ми дека нема да одам на тренинг заради причини што после ќе ви ги кажам. Се воздржував да не плачам ама изгледа ме примети, па морав да прекинам зашто во секој момент солзите повторно ќе потечеа и немаше да можам да се смирам. А тој паметниот, им се јавил на моите и кажал дека сум плачела |( и не му било јасно зашто не сум сакала да одам на тренинг, сум му должела објаснување. Ах, вујче, само да знаеш..

    Постои еден дечко.. ох,скоро 90 проценти од сите мои а најверојатно и ваши плачки се заради момциве. Шејм он дем! Оди со мене на тренинг, многу е висок, ќе си речеш небаре кошаркар е а не боксер. Мускулест е, со прекрасно тело. Она што е најчудно, тој не е воопшто мој тип на машко, машко што би ме привлекло. Не сакам многу високи машки, и онака јас сум метар и жилет ама незнам.. Го барав со месеци на фејсбук кога конечно го најдов завчера и првото нешто што го проверив беше дали има девојка. Статус - сингл и срцево ми затупка.. Гледам имаме мјушл френдс и ајде прашав една познајничка, ми рече дека учел со неа во осмо што значеше дека сега треба да е прва факс, има 18-19 години. На крај испадна дека живеел во село (се преселил таму) и завршил угостителско и друга другарка го знаела него, а брат му учел со неа. Знам, заплеткано. :D Не, не ми пречеше тоа што е од село воопшто, го знам каков е, супер дечко е ама се плашев од неговиот одговор и реакција.. плус и разликата во годините. Што би рекол кога ќе дознае дека малечката од тренинг е затрескана во него? Се распрашав и ми рекоа дека имал девојка. Ја натерав другарка ми да збори со него, а тој и даваше некои недефинирани одговори така што ништо не сватив. И кажал нешто во стилот дека имал 2-3 девојки и си искачал со нив. Ај мин, втф?! :^) А не ми стои за таков. Ај се си мислев дека тоа е зезанција, колку да се утешам де. И накрај испадна дека 80 посто од моето плачење беше за него.. Ух, ама веќе немам сила за плачење.
    Уморна сум веќе..
     
    На HeelsLover му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Почна и второво полугодие... |( Поради прекрасната навика од распустов да легнам во 3 и да станам во 1, и синоќа во 3 заспав, среќа денес во 7 станувам, али утре во 6и20 како ќе станам незнам :(
    Сите интересни работи почнаа да се дешаваат на крајот на распустот, и сватив дека тоа што останувам во Белград и не е толку лошо...
    Запознаваш нови луѓе, нови места по градот...
    Али нема врска јас сум ин д муд :inlove:
     
  7. Mameha

    Mameha Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    490
    :( Битола утрово -23 степенчина, мислам не е за по куси таман си е времето за пингвините
    Поздрав од Северниот Пол :) :whew: :whew: :whew:
     

    Прикачени фајлови:

    На Doozy, Meggy, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Што попрво да кажам навистина не знам...
    Која иронија, баксуз ... не знам точно кој збор да го употребам е да си дојдеш дома од пат, да си легнеш во сопствениот кревет целата среќна радосна и исполнета и да те разбуди ненормална болка во стомакот.
    Од 4 и пол до пред саат време се акав по лекари, по болници, по испитувања, за со малку смирената болка да си дојдам дома, и сеуште да не знам што ми е.
    Еден човек го прашуваа разноразни прашања, за децата, за животот ... колку е жално што на ништо не можеше да се сети, паф, како некој да избришал се што тој доживеал. Едно мало детенце се припиваше во татко и, целата уплашена, расплакана се стискаше во татко и и го исполнуваа просторот со љубов и смиреност... и еден дедо, кој едвај стоеше, додека ја прегледуваа бабата легната на кревет ја стискаше за рака со главата поднаведната, како да се моли се да биде во ред. И сфаќаш, дека се е полесно кога оној што го сакаш, со кој си го поминал животот е до тебе кога ти е најтешко, ти ја стиска раката, и добиваш повеќе сила, да пружиш отпор на болеста...

    И така седејќи во хируршка сала, без никаква причина, во пижами, бушава, и скоро заспана, разглобував, мозгав, размислував ... и пак сфатив дека животот е ништо.
    Пак сфатив дека моите колку и да имаат проблеми, кога ќерка им им плаче во ниедно време додека чекаат резултати седат гушнати и сплотени како едно, а јас гледајќи ги нивните лица, почувствував како животот да им се скратува од грижи.
    И двајцата на крај ги испратив на работа, а јас морав сеуште да чекам и уште повеќе да размислувам оти немав сила да зборувам буквално ништо.

    Мислев дека одејќи во Бугарија ќе успеам да се смирам, да се средам, и до негде да речам успеав во тоа. Сакам животот да ми биде среден, сакам да бидам среќна и насмеана, позитивна и весела. Нема потреба да се нервираме за се и сешто, а јас тоа го правам. Иако сега зборувам знаејќи дека ова ми е само моментална рамнодушност сепак сакам да си кажам. Ништо не вреди во животот освен среќата, нашата, и на оние кои ги сакаме.

    Со еден идиот вчера после долго време силно и долго се гушнавме. Затоа што сме идиоти, и сме свесни, и еден на друг знаеме да си кажеме ужасни работи, и од што премногу си недостигаме несвесно да се туркаме еден од друг, за кога ќе пукне лошото како синоќа, да имаме прекрасна вечер, и да сфатам боже колку овој човек ме сака ... и колку проклето јас го сакам, и колку сме страшно глупави. И така, избришавме се лошо што си кажавме, па сега до наредната криза надежно е пак се да биде супер. Знам дека со ништо не би ме повредил, и знам дека секогаш ќе биде тука да се потпрам и да липам на неговото рамо додека го стискам со рацете за грбот, и плачејќи да сфатам дека всушност сум среќна и џабе сме се карале толку време.
    Значи, ете, еден дел што сакав да го средам после враќањето го средив.

    Сега лежам, а баба и дедо се врткаат околу мене, ми даваат нивни дијагнози, дебатираат, смислуваат терапии, ме разгалуваат со се и сешто, а јас уживам.

    Некако душата ми е на место, одморена, смирена, уште малку ќе ги наполни скроз батериите ...

    Да ја извадиме позтивата од постов ... ако ништо друго барем сите доктори со кои имав денес контакт беа убави. :lol:
    Малку и да се насмееме нели...
    Затоа што животот е убав, и затоа што и во најголемата тежина има барееем некоја трошка среќа, и некоја работа за која вреди да дадеме мала искрена насмевка од срце.
    Тоа е така навистина, само што кога сме обиколени со тагата тешко наоѓаме сила да ја пронајдеме таа трошка. Но, со малку труд ќе се најде и повеќе од една трошка ...

    Имајте убава недела, и како за крај моето најомилено ...
    Се ќе биде добро.
    :)
    Ви се насмевнувам, и ви праќам гушкање. :hug:
     
    На CoverGirl10, marama, BeYourself и 17 други им се допаѓа ова.
  9. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    СДК дека најмногу од се на светот сакам да положам еден фамозен испит, по чија заслуга го завлечкав факултетот. И така додека јас кубам коси и јадам нокти пред книгите, опремена со артилерија во сите бои размислувам за животот. Јас сум фантазер, обожавам да си мечтаам, да си го замислувам мојот нов стан, мојот француски лежај и библиотеката со многу книги, наредени на полици од црешово дрво. А да и многу сакам големо биро од дрво и зелена ламба...Јас ќе имам мала и слатка количка која ќе си биде само моја (не на сестра ми :lol: ), ќе си живеам со мојата љубов. А, да. И многу ќе патувам. Ќе останам најмалку еден месец во Шпанија, сакам да испијам барем едно утринско каге во Франција и да доручкувам кРоасант. Сакам да одам и во Австаралија, сакам да гушнам коала. А чекајте може ли да се гушне коалата? Или е дива. Немој да гребе, на мене ми се гледа многу миличка...
    ...Ете така ми поминува времето пред книга...Шејм он ми :x
     
    На baguf4e, drugarka, mia9184 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    СДК дека го обожувам Маврово и Бистра, ама после вчерашниот студ до крај на зима нема ни да помислам да одам повторно, мислев дека ќе замрзнам на жичара. Толку студен ветер и воздух немав досега почуствувано. Затоа денес ќе си седам со чашата чај до мене и ќе се лечам.
    Ај да не се жалам постојано, многу убаво си поминав и покрај тој сибирски студ.
    Еве неколку фотографии од вчера
    Прекрасно направено срце, браво за идејата
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC03672.JPG
      DSC03672.JPG
      Големина на фајлот:
      223,1 KB
      Прегледи:
      270
    • DSC03671.JPG
      DSC03671.JPG
      Големина на фајлот:
      178,6 KB
      Прегледи:
      270
    На Abeja, Meggy, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Се плашам. Депримирана сум. Се надевам е само период.
    Отидов на испит сосема неспремна, и не ми беше гајле, немам волја да го учам предметот и се помирив со тоа, имав неколку ливчиња во џеб и среќата ми проработе во тој момент па ми се паднаа токму прашањата и задачите што ги имав на ливче. Да, го даде истиот тест од лани. Среќна јас.
    Прва минута, влегуваат 3ца професори + демонстратор, покрај двете асистентки кои веќе беа во училната. А училната едвај броеше 50тина луѓе.
    Втора минута, излегуваат професорите. Среќна јас.
    Трета минута демонстраторот отиде по кафе, асистентките си дремат на лаптоп и не се змараат. Пресреќна јас, се спрамам да вадам ливче.
    Четврта минута, влегуваат 3ца студенти, мислев дека каснат на испитот, а тие да ти биде демонстратори па дојдоа да го шпиунираат текот на испитот. И немаше да биде толку лошо да не беа 3та год. студентите, помали од мене цела година. Тажна јас. Нервозна јас. Гневна јас.
    Гневна и бесна на себе, четврта година сум, полагам испит од 1ва година, а ме чуваат демонстратори од 3та година. Проклетство.
    Станав и си заминав. Тетратката ја предадов празна. Треба да спремам 50 евра.
    Посакувам да бев глупава и да не ми фаќаше црпката, така барем немаше да ми биде криво што ми стојат тие три предмета од прва година.
    Дали во ова сега треба да најдам мотивација и да седнам да го научам предметот? Па како да најдам, се повеќе се депримирам и се јадам. I hate myself at this moment.
    Шетав сама низ парк и размислував. What the hell am I doing???????
    Измрзнав до коски, ќе се разболам.
    Го ставам животов на пауза, нека стои се како што си е. Официјално сум во депресија. :hai:
     
    На Neytiri, Adi888, ludoto19 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Конечно можи ќе го решат овој проблем , не да влезиш и бараш вистински попуст а единствени парчиња облека кои се на тој попуст се пре милијарда години ,што не ти се испалти ни за тие цени да ги земиш
     
    На WhiteAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    A у Штип, с‘нце пече, ама за срце фаќа! Еден ветар шо фуче, ќе те однесе. :|
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ахахаххахаха сонце мое...само тој може да ми го разубави денот :$ Nobody else :)Maшки учете од него :P
    Денес требаше да направам мала прошетка во Скопје и да се видам со една форумџика која ја сакам најмногу ама ме спречи грипот.Се надевам дека наскоро ке ја видам.She's like my sister :hug:
     
    На Rock-a-Fella, crazylady и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  15. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    СДК официјално се преместив на гугл хром и не се замарам со мозила фајрфокс ;)
    И официјално вчера се скарав со него и решив да не се видуваме веќе.Да уживам во самата себе. И се враќам јас накај дома,целата смрзната,скочанета и ми врти некој од непознат број и опп ТОЈ :call:
    Вика мора да се видиме утре и да зборуваме не оди оваа вака зборуваш глупости!
    И јас: Чао :hai:

    И одам и си размислувам,таман решив да се одалечам од него и тој пак ми врти.Едно знам,вчера убаво ме изнервира и убаво му се налутив.Веќе не го барам,а ако тој ме бара до вечер,останува да одлучам што ке правам.

    Сега пак ми е ладно бе,иако сум у топла соба јас се тресам.Шмркам од чајчето и се топлам ама пак се тресам бе |(
    И да,уште 3 дена почнува второто полугодие,а јас не ни сакам да помислам дека имам многу оценки за поправање и дека од петок ке станувам во 6 ипол сабајле :tmi:

    Не бе,мозокот ми е пуштен на пасење и не,нема да мислам.

    И умирам за нежности ................................................... ха ха :tmi:
     

    Прикачени фајлови:

  16. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    СДК дека веројатно е до периодов .. или времево, но немам инспирација за ништо! Имав пред некој ден инспирација за еден снешко. И го направив. Само што по 3 часа некој го растури. А толку и ми требаше, за расположениево инстантно да ми се изедначи со нулата.

    За распустов имав друга, поинаква смисла .. мислев дека ќе биде барем трошка поинтересен од тоа што е сега.Деновиве ми се така прости, еднолични и досадни. Мисливе ми се тотално измешани, а чувствава бледи, неважни.

    Повторно дојде оној период кога сум рамнодушна кон се` и кога не чувствувам ништо повеќе од студот кој го ми го обвива телово. Незнам зошто се чувствувам вака .. не сум способна да ја откријам причината. А само јас знам колку ги мразам ваквите денови, кога сум незаинтересирана за ништо, кога искрена радост ми буди само снегот по улициве. Ги мразам, а еве, не правам ништо за да ги променам.

    Се погледнав во огледалото, но не се видов себеси. Видов кукла. Но не од тие убавите, на кои не им е исцртано ништо друго освен насмевка на нивните лица. Туку оние на кои неможе да им се прочита ништо од нивната единствена фацијална експресија – индиферентноста.

    Веќе неколку часа песнава ечи во позадина, а јас седам и не чувствувам ..
    http://www.youtube.com/watch?v=FoQauYMEVNs
     
    На Bright, Rozich и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    261
    Е това ли је правда бе ...................... надвор - 18 а мене врукина да ми биде.
    Ама така мие самата си го барав............... стомакот до заби па не врукина не ке се потам.
    Ај нема врска со нови сили кон нови победи ке идеме прво стомакот со малиот ( што клоца како да игра пајдушко внатре) курајбер напред јас по нив :) кон нови победи :lol: :rofl:
     
    На Doozy и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  18. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Немаме посебна тема за ватерполистите, нооо денес победивме со 12 разлика.
    16:4
    Можеби играат повеќе срби во репрезентацијата, но, играат за нашите бои.
    Само напред! Грција, очекувај не!
     
    На Rozich, Elika, cigarce и 3 други им се допаѓа ова.
  19. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    СДК дека чекањето резултати од испит убива.

    Чисто, да знам, дaли ќе имам деветка или десетка, не за друго! :) :devil: :devil:

    СДК2-Си газиме, браво за ватерполистите! :clap: :muscle:
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Сончево попладне и француска музика.
    Уште еден положен предмет испратен во бестрага.
    Денов ми е убав, нетипично понеделнички.
    А јас се предозирав со кафе, за да ми бидат очите широко отворени. Не сакам од овој ден да пропуштам ни миг.
    http://www.youtube.com/watch?v=UGtKGX8B9hU
     
    На Smilly, Divinebutterfly и marama им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.