Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.998
    Допаѓања:
    123.766
    СДК дека навистина е точно она што велат-Солзите не се знак на слабост,туку дека си бил јак предолго време....Со сета сила го потиснував чувството на недостиг,демек сега имам нов механизам да не мислам на болката,не одев свеќа да запалам,едноставно решив да живеам со помислата дека -никогаш повеќе,ги тргнав неговите слики и да бев јака,дури се навикнав и си велев дека помалку ми недостига.........
    Што се не ќе те натера човечката болка.........
    Но вчера,ме прегрна мајка ми,сестра ми,друга немаше прегратка....а ова беше за него,негова радост која долго ја чекаше и ми даваше подршка да ја завршам......Јас успеав,ама не се ни израдував.Другите имаа солзи радосници,а мене полека почна да ми се враќа се она што потиснував во себе.Изби за една секунда,а сите солзи , викот на глас и сликата во моја прегратка не помогнаа......Како можев да се обидам да не мислам на него? Сега и совеста ме убива и се колнам самата себе......Проклета да сум ;(
    Која проклетија,кога сакав сама да ја пополнам дупката што ми ја остави......Дел по дел,остана уште малку,за да потоа секој дел се скрши,а дупката се прошири.......
    Ахххх...
     
    На Monna.Monna, XMaN, baguf4e и 23 други им се допаѓа ова.
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Да можев секогаш да се одбранам од малери со песната на Бајага, среќна ќе бев.
    Колку и да имам бариера околу себе, секогаш се наоѓа послаб дел кој може лесно да се пробие. А јас не превземам ништо за да го појачам тој дел. Можеби сакам некој понекогаш да го најде тоа мало место, да ме пробие длабоко за да сфатам некои работи.
    Затоа додека ви се случуваат убави работи, не мислете на лошо, ниту пак дали го заслужувате тоа или не, туку едноставно ....
    http://www.youtube.com/watch?v=vrtkieS_ ... re=related
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    [​IMG]
     
    На Go-Girl и dancing.queen им се допаѓа ова.
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Млеко за тело од карамел.
    Знам што е перформанс од телесен вид. Чекори и подвизи! Или подвезици? Ма што сака нека е, само да предизвикува реакција.

    Некогаш, тоа е женската автономија врз светот.
    Мирисите да се насочат кон правилниот избраник. А чувството дека имаш облини? Фак јеа! Суптилни. Игра на движење. Малку цимет, малку радост. Прозаични редови на јазикот на еротиката.
    Како силен гриз во сочно црвено јаболко.
    Грев, со се шприцерот. :lol:

    Во петок ќе ја отварам забавата на мои пријатели со мини настап и ораторски перформанс, си купив зебра хулахопки и очекувам Ништо да не очекувам.
    Ме изнасмеа еден муабет пред извесно време, но си го разработев во глава, и јасно ми е. Кога си ја имаш мувата на капата, и викаш ИШ! Нели?

    Мудрости, еден куп, како и секогаш ;)
    Убав четврток, и едно слатко корпуле со чудесии за вас:
     

    Прикачени фајлови:

    • 1343_300x300.jpg
      1343_300x300.jpg
      Големина на фајлот:
      27,6 KB
      Прегледи:
      276
    На TeddyGrey и Ariel им се допаѓа ова.
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Знаев дека премногу арно, не е на арно, прост Марфиев закон кој мислев дека овој пат нема да ме заобиколи.
    Немир и потиштеност, време и простор кои навраќаат драги спомени, слика од школските денови и пакетчиња во раце, новогодишни, сите насмејани...Таа насмевка е искрена, детска, наивна, невина, таа насмевка е од срце, не е лицемерна, не е изопачена, не е злонамерна, сосема е проста, како проста реченица само со подмет и прирок, на неа ништо не и недостига, само по некое забче.
    Понекогаш немам зборови и не сакам да зборувам, сакам само да молчам и да ја слушам тишината. Ама сепак сакам да кажам со поглед некој да ме разбере, но малкумина се тие што го разбираат говорот на тапиот поглед.
    Не сум скршена, само едноставно некогаш подзастанувам збунето и не можам да си објаснам какви вредности има животот во денешно време. Некогаш се трошам за без причина и додека на некој друг не му се случи, не сум свесна дека треба да кажам фала му на Господ што се разбудив ова утро и да грабам од животот колку можам, па макар и себично...
    Не сум крадец на соништа, не сум нема за да проговорам, но мојот јазик малкумина го разбираат, а јас сум премногу уморна за да објаснувам.
    Само сакам да кажам
    R.I.P my dear friend
     
  6. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Што да кажам денес ..да кажам дека синојќешното излегување со типов мој беше најголемо фијаско што можеше да го донеси вечерта.
    Ни ТОРОС ми се виде ни вино и кеј ни тој не го гледав каде е
    Кусо беше ни JUMBO не појдовме да си ги задоволам моите женски потреби (непотреби )нели не ви треба сето тоа што го купувате ама пак си купувате од чиста мира .
    Toлку главата ми е шо ти тиква со семки не ми идат зборовите
     
  7. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    СДК дека ни кога бев мала толку не сум се плашела од баба рога и од темница како сега што ми е страф при самата помисла дека попладне треба да одам на ЗАБОЛЕКАР :doh:
    Ми вели мајка ми не се плаши ке ти ставаат инекција и нема да боли,ааа така беше то јас само кога ке го слушнам она бррр на машината подскокувам пола метар од столчето та што ми збора :sweat:

    И да се пофалам денес најстрогата професорка во гимназијата по физика ми пиша петка во дневникот :)
    Ни ми беше залуден трудот и долгоото другарување со збирките по физика :D
     
  8. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Луѓенца .. денеска ја имав таа чест да драг градоначалник Коце Трајановски дојде и ме посоветува мене и другарка ми дека цигарите не се убави и здрави . :rofl:
    Имено , патронат ни е утре и денес некоја прослава имаше . Си седам со другарка и поминува градоначалникот со уште 20 луѓе .. од сите ни застанува тој . Другарка ми онака со огромни наочари за сонце му вика благодариме за советот :smoke: :lol: :lol:
    Се ова беше во фазон јас се залагам за младите и им мислам добро :rock:
    После откако не поздрави и отиде ни доаѓа еден од кај нас и ни вика а вие не знаете да станете на некој важен ? :swear:
    Другарка ми му вика јас на татко ми не му станувам , не на овој . :lol: Не одбрани психологот и сите си живеевме среќно до крајот на животот :hai:
     
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Нов курс, нови луѓе. Убав пречек од професорот. Закон е.. каков хипстер леејјј.. Снуса цело време, има златен заб, бекембарди, кошула со снегулки..осмех кој не ама не можам да се воздржам кога ќе го видам сјајот од забот. Еден шпанец заспа додека предаваше и ја удри главата толку јако од клупата, 30 луѓе одекнаа одеднаш од осмех. :D

    Ах си шмркам супа си намчакав паштета од туна..си гирцкам и набљудувам.. ја бркам главоболкава..

    Повеќето жени плавуши мултиплицирани..

    Надвор студи, ама јас од внатре сум топла.. се' ме грее. Ме чуди стабилноста и смиреноста на решавање проблеми.

    Тој се менува, му ја бркам љубомората која му реков е негов проблем не мој. Му кажав дека зборев со М, ми пиша самиот, девојка му ошла в туѓина ама нешто не се потресува. Ме изнасмеја, се изнавреѓавме на сладок начин, ми рече морал да се тргне од мене за да ги изгуби сите чувства оти ако ме видел ќе ме напднел.. хуху мило ми е што го имам ко пријател. Мутле! Марамка еднаш кога го виде вика лелее мор кој е овој..

    Убо ми е, имам красни луѓе околу мене. Си договараме некое патување, нека се случи мора, ако не јас и моја Е во Истанбул сами. Изгорена е таа за турци хуху..

    Аплицирав за работа пак! Нека бидне веќе, планој големи, нека се остварат, се трудиме..
     
    На zhap4e, dancing.queen, BeYourself и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    СДК не јадев цело лето сладолед сега ми се пријаде :fubar: оооооооооо Пеликуно кај ти е паметот?Додека сите јадеа сникерс сладолед јас им солев памет ''Немојте деца грлото ке ве фати'' и си јадев Милка ресана.
    Си најдов друг филм од Џим Кери и го симнувам.Компјутерот ми е исполнет со речиси сите негови филмови а утре се чудам зошто толку ми е спор компјутерот.Ке си направам твитер и ако го има Кери таму ке му пишам порака ти човеку не си арен :D Ама само сонувам а нема да го исполнам тоа,овде е проблемот.
     
  11. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ладни раце - топло срце ?!
    Ја би, ладни раце - ЛАДНО МИ Е.
    Клишеа до немајкаде. Човечкиот „ум“ е полн со иронии и бесмислени изјави. Глупоќа на кило. Си размислувам постојано, и си викам: Зарем Фејсбуков ги отупе луѓево? Или тие биле толку тупи, што Фејсбукот ги докусурил и ни ги сервирал на тацна. Фејсбук - поле за размена на сексуални вибрации, привлекување на ист, спротивен и сличен пол. :D Oooo, кај отидовме луѓе, и што направивме. Дал сум јас крива што си ги имав комшичињата мои 13 годишни на драгоцениот ни сајт, па им се кикотев на секој коментар кога ќе прочитав, а во живо бетер од тоа што сум прочитала. Убаво си викам јас, еј младино, еј туѓино. Ја расипавте перцепцијата за еротското кај девојката. Не се што е стегната груда со пуш ап ефект е бомбастично, не секоја стегната задница во минијатурна танга и бела панталона е привлечно. Не бре луѓе не е, трагично е. Ми се плаче од овие појави, стварно ми се плаче. :(



    А Gypsy song-от ко ќе го слушнам буди некои чудни емоции во мене, мајке ми. Толку многу чудни. Навлегувам во суштината на текстот, во длабочината на филмот, околу мене толку сиромаштија има, имало и ќе има. Ма не Бранко, Станко, Миле да дојде, пак ќе си има. Пак Ромчиња ќе те пресретнат негде и ќе ти побараат денарче-100ка. Пак ќе те пресретне случаен поглед на парализиран човек кој бара некој денар. Ма нека е лага, нека е вистина, нека е глума, тоа стварно тука постои, а ние го одминуваме. Жалосно е светот со колку маки се справува, а ние се жалиме ако денес не пиеме Нес кафе.


    Ех да имам, ко што немам.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    СДК одам да го згреам столчето, оценките мора да бидат убај :| :)
    После исс Аеробикк тајмм :dance: :dance:

    Имајте убав ден ! :*
     
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Вие загревајте го столчето, а јас ќе одам креветот. Евентуално ако ми остане време и столчето. Денес не ми е денот за филозофирање многу, оп шлуп бап. Чао. :hai:
     
  14. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сдк од децава не можам на ред да дојдам и да ве читнам :) па и свеки е тука и на стари години се закачи на направава и не можам да ја станам :) ми вели да си жива ми најде занимација :D разговара со цела бивша Југославија и стигна до Америка , ги изнајде знани и незнани :rofl:Е така ти е Озбилна ...
     
    На Go-Girl, Gordana10 и enca.69 им се допаѓа ова.
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.041
    Допаѓања:
    11.859
    Пол:
    Женски
    Го впивам денов како жедниот последната капка вода.
    Се помалку вака сончеви денови ќе има. Како ли ќе издржам 3 месеци во сивило?
    Не, јас не сум за зима. А зимско дете сум.
    Сакам пролет, есен.
    Колку сум романтична денес. Сакам да го фатам под рака и да шетаме, да шетаме. Додека да се стемни (отприлика 2 часа :) ).
    И ова ќе остане во заден план. Што да правам, книгана нежно ме повикува. Само некако неможам да се натерам да ја слушнам :)
     
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    :inlove: тоо мач калори само гнетам нешто ох леле леле ама ова бе абе како да не го згнетиш
     

    Прикачени фајлови:

    • sliki38.png
      sliki38.png
      Големина на фајлот:
      12,1 KB
      Прегледи:
      170
  17. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    СДК дека овде во вашите постови можам да се пронајдам доста често...

    Имам доста причини да бидам тажна но истовремено имам и многу за да се радувам. Животот е полн со падови да но тука не завршува борбата. Живееме за да ја пронајдеме среќата. Јас ја барам.Си велам од лошо има полошо. Има стварно. Еве може секој да се увери во тоа,само доволно е да земе да ги прочита тука вашите приказни. Секој со своите проблеми. Животот не е розев. Затоа живеј ко да е секој ден последен. Живеј како што ти сакаш а не како што другите сакаат. Со надеж за подобро утре.

    Бидејќи надежта е миг за кој вреди да се живее. Две работи -љубов и надеж... секој од нас почуствувал болка поради скршеното срце,но и покрај тоа овие две работи вредат колку и да звучи романтично и клишеизирано. „Сакајте дури и ако боли, сакајте уште повеќе ако боли повеќе, сакајте најмногу ако боли најмногу. Сé додека нема веќе болка, туку да остане само љубовта...“, нé учеше и мајка Тереза.

    Затоа што алтернативата на љубовта не е омразата.



    Толку имам да кажам.

    Ели25 ме трогна напишаното. ;(

    п.с. Љубам welcome back :party:
     
    На TeddyGrey и ljubam им се допаѓа ова.
  18. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Чекај, чекај. Дали јас тоа навистина седнав пред компјутер?! :lol:
    Овие денови само ми беа обврски, обврски и обврски! Незнаев главата кај ми е. Ама сега е во ред.
    Барем малку.
    Се радувам на доаѓањето во Скопје. Тој град ми е посебно убав. Не само сега, туку секогаш се радувам кога го посетувам. Можеби бидејќи тоа значи шопинг?? :wasntme:
    Како и да е, сакав да ве поздравам сите, бидејќи за жал немам време ни да ве читам :worried: .
    Се враќам сега на пишување ( затоа и го вклучив компјутерот :tmi: ), па ќе се читаме некој друг ден.

    П.С. За малку ќе заборавев! СД и К на Марама дека има двојничка :D ! Жената кој ти знае што си мисли сега, бидејќи секогаш како овца блеам во неа. :rofl:
     
  19. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    СДК утре си одам дома и многу ми е мило. На мајка ми и е роденден, па уште повеќе се радувам што ќе ја гушнам и што ќе и го честитам лично. Задутре си доаѓа и сестра ми, па ќе биде уште поубаво зашто ќе бидеме сите 3 заедно. Сакам кога семејството е собрано заедно, отсекогаш сум сакала, секогаш ме исполнувало со топлина, радост, безгрижност, уживање.

    СДК спремам презентација за утре, се надевам дека ќе биде интересна и ќе излезе добро. Треба да испечатам 2-3 слики за тоа.
    Само ме интересира колку пари е печатење во боја? Прашав во книжарницата на факултет ми рекоа 25 ден. од лист? Дали е точно или сепак е поефтино?
     
  20. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    ^
    Толку е Hopeful, јас на факултет семинарски правев претежно со слики во боја и не се сеќавам баш точно колку беше од страна , меѓутоа знам дека бајаги посоленко од обично печатење е.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.