[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Ништо од идејата дека денеска ќе останеме без фејс, википедија, итн итн.. а ?? :D :rofl:
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    И денов сакс...

    Одамна се немав со волку лоши мисли разбудено, ах колку ме разниша вчерашниот ден. ;(

    Не сакам да бидам волку нервозна, не сакам!

    Животов ми стана, три напред две назад. И многу споро идам напред.
     
    На baguf4e, Chocoholic, wolf4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    СДК се е подобро од тоа да те разбудат мачешки гомна во 4 саат наутро |(
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    БИК (20. IV – 20. V)

    Јануари, 2012
    Љубов
    Ќе ја започнете годината со широка насмевка. Во текот на првите три недели на јануари Сонцето ќе престојува во јарец, вашата оптимистичка куќа. Ќе блескате со позитивна енергија и нормално тоа ќе се одрази на вашиот љубовен живот.

    Биковите кои се во врска ќе добијат огромна желба да им угодуваат на своите партнери и да експериментираат за да ја разгорат страста. Ќе почувствувате дека партнерот повторно се заљубува во вас како кога сте ја започнувале врската. Ако не сте во врска, можно е да се впуштите во авантура со некој од друга држава или некој што не е ваш тип.

    На 14 јануари Венера, планетата на љубовта, ќе влезе во риби, вашиот сектор на пријателството и групните активности. Повеќе ќе ја цените независноста и почесто ќе сакате да излегувате со пријателите отколку со партнерот. Доколку не сте во врска, можно е да запознаете некој на забава или преку заеднички пријатели.

    Марс во текот на целиот месец ќе престојува во вашиот сектор на страста и флертувањето. Некои бикови ќе се заљубат до уши, а други ќе станат поемотивни и почесто ќе ги изразуваат своите чувства. Во овој период ќе имате зголемено либидо, па вашиот партнер ќе биде повеќе од среќен.

    Сепак, на 24 јануари Марс ќе започне ретроградно движење, па бидете внимателни, затоа што во овој период лесно ќе го губите трпението и во себе ќе држите многу лутина. Можни се бурни расправии со партнерот. Ако не сте во врска, постои веројатност веднаш штом ќе запознаете некого, да посакате да добиете прстен од него. Не избрзувајте. Бракот не е нешто со кое сакате да си играте.

    Пари
    До 20 јануари Сонцето ќе го осветлува вашиот сектор на претприемништвото, па ќе добиете мошне возбудливи понуди на професионален план. Исто така и Меркур, планетата на комуникацијата, ќе премине во јарец, а тоа значи дека освен што самите ќе бидете подготвени да прифатите големи предизвици, ќе успевате да привлекувате околу вас компетентни луѓе кои ќе ви помогнат полесно да си ги постигнете целите.

    Полната месечина на 9 јануари е во рак, вашиот сектор на работата и парите, па ќе добиете вест којашто долго време ја очекувате. Можно е на овој ден да добиете телефонски повик кој ќе ви ги отвори очите за нова профитабилна соработка.

    Откако на 20 јануари Сонцето ќе влезе во водолија, вашиот сектор на кариерата, за вас ќе започне плоден едномесечен период. Оттурнете ја мрзеливоста и зграпчете ја секоја шанса за напредок.

    Здравје
    Големиот оптимизам кој ќе биде ваш редовен сопатник ќе ви донесе огромна самодоверба и одлично емотивно здравје. Никој нема да може да ви ја намали позитивната енергија, па ќе бидете како мало сонце кое грее силно во ладната зима.

    Здравјето може малку да ви се искомплицира по 24 јануари, кога Марс ќе премине во ретроградно движење во девица. Во овој период практикувајте некоја интензивна физичка активност за да можете да ја убивате внатрешната нервоза.

    Ама ми е погоден хороскопот значи :x
    Колку и да ми оди животот надолу или стои во место, јас имам некој вишок на енергија и тоа позитивна, оптимистички гледам на работите и се повеќе се вљубувам во дечко ми, не дека до сега не бев, но овие две-три недели чувствувам потреба постојано да бидам со него и цело време го осеќам како да е со мене, како некоја попалена тинејџерка сум :lol: . Некои велат дека во подолга врска љубовта почнувала да бледее, станувала навика, напротив мене ми се случува ренесанса од убаво на уште по убаво. :inlove:
     
    На Hopeful, MandyLane и enca.69 им се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Легни си со добра мисла, стани си добро расположен- не е речено залудно.... и каков сон сонував сум се надминала себеси. Сношти си бев малце нестабилна, дозволив емоциите да ме совладаат повееќе од потребно, а тоа го мразам зошто секогаш настојувам мозочето да си го слушам. Ама добро е една личност ме потсети дека не вреди да се нервирам и слични работи и затоа сега многу си ја поздравувам :* Имајте сите добар ден и останете добро расположени :)
     
  6. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк почеток на денот..многу рано, но квалитетно.
    Мислам бев на половина снимање од ''Кога лисјата паѓаат'', во делот кога Хаирие фрла вода по децата за да им тргне на добро. Е и мене да ми тргне добро денес баба ми ми фрли вода 8) .
    Прв ден возење..екселент!
    Можам да се пофалам бе! Е тоа сакав да си кажам..

    Аа и уште нешто..
    Некако во последно време се околу мене е лижење газови. Таков е народот, или таква е државата..или..
     
    На Strumfeta93, AnaKarenina, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК конечно имам интернет :D
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Си добив цветче......браво за мене :clap:
     
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Очајнички да се чекало пролет........пролет која буди надежи , љубов ,милувања ,прегратчиња ......
    Пролет кога се е чисто ,невино , насмеано ,пролет кога има цветови во разни бои ....пролет ех пролет де Секое годишно време си има убавина ...можи и ке ме скорлате дека хуљам по времето ама почнаа трепките да ми смрзнуваат не не не и не ...мрш студ- У
     

    Прикачени фајлови:

    На eli25, Rock-a-Fella, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ... токму кога мислиш дека скоро ништо не може да те изненади толку силно, зјапаш во соговорникот и ти минува таа репликата низ глава од Rush Hour - Do - you - understand - the - words - that - are - coming - out - of - my - mouth?! :^)

    http://www.youtube.com/watch?v=-twUCEfzrDk

    бидејќи не ти се верува во тоа што го слушаш, а тоа е еден од оние моменти кога на вагата не знаеш дали преовладува или натежнува чувството на жал или презир кон постапката. Можеш да го обвиниш општеството, времето, семејството, младоста итн. и на некој начин да најдеш оправдување, сепак нема оправданост. Не знам веќе ни што да мислам, ги поминав фазите на вчудовиденост, разочарување, згаденост, после цело процесуирање краен производ ми е - рамнодушноста и потребата да свртам грб и онака на крајот на краиштата - не е мој проблем.

    Моментот кога нечија туѓа реалност, те потсети на разнишаните до темел вредности на општата реалност во која живееме и на крај сфаќаш дека си стекнал благ имунитет кон целата извитопреност :x ...

    И во глава ти надоаѓаат цела низа вакви слични сценарија и во позадина оди спикерот со репликата -

    Previously on Lost... :|
     
    На eli25, Marilyn-Monroe, Strumfeta93 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Денес денов на Дино Мерлин му го посветувам...кога ги слушам неговите песни пеперутчиња ми летаат во стомак :inlove: ...убаво е кога ќе станеш порано и кога веќе во ова време знаеш дека имасш завршено многу работи :)
     
    На HeelsLover и thelittle17 им се допаѓа ова.
  12. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    СДК дека си станувам утрово, си јадам овесна каша со млеко, и читам мислење некаде низ форумов "денес се пости" :o :tmi:
    И сдк дека
     

    Прикачени фајлови:

    На Unica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека не можам да дочекам да си го земам кутрето. Нека доаѓа утре. Ќе си имам нова сестричка. ^_^

    [​IMG]
     
    На GarpovaV, crazyinlove19, IndieGirl и 28 други им се допаѓа ова.
  14. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...ја раскитив елката.Не затоа што е касно да се има елка дома, не затоа што не сакам да ја гледам и не затоа што сакам раскитување.Ја раскитив затоа што не можам повеќе да дозволам да стои во мојата дневна, шарена и весела, кога јас не се чувствувам убаво.За мене елката претставува симбол за среќно семејство кое ужива во заедништво и меѓусебна љубов.А ние тоа очигледно не сме.Не сме среќни, пола од нас се вртени против другите, љубовта уште малку ќе ја снема.Семејство во оваа куќа не постои, па затоа нема да постои ни елката тука, се до наредната година, кога се надевам, се ќе биде подобро... :|
     
    На eli25, ViktorijaMari и anabel-a им се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    СДК готово, станав свекрва! Фигаро има женска :party:
     
    На Neytiri, x.Daisy.x, crazyinlove19 и 23 други им се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Абе Фигаро не чекал февруари да дојде, ја спарил пред време, да не му ја земе друг :lol:
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Сега гледам дека си имам истомисленица :lol: читајќи наназад во сдк си ја најдов ;)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857

    Прикачени фајлови:

    На kate21 и teddybear им се допаѓа ова.
  19. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.415
    Пол:
    Женски
    Сдк дека многу ми недостига либенцето .... А коа ке замислам дека уште 3 дена нема да го видам.. Цццц ми иде да рикам ко КРАВА недомолзена :/ :lol: :lol:
     
  20. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    СДК каков ќеф е да си сам дома :rock: си направив макарони со лут сос, пршуто и маслинки, си наполнив една чинија и ги поросив со пармезан. Мх мх мх, па и кафенце после ручекот си направив, музика до даска.. убаини луѓее, убаини. :)
     
    На eli25 и anabel-a им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.