[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.150
    Допаѓања:
    124.524
    Успешен ден и радост за неработниот ден утре :)
    Велат на работите да им приоѓаме со оптимизам.
    Бев скептик,ама откако почнав да го применувам кај мене,тргна на подобро.И подобро се чувствувам,особено ако оптимизмот ми се исполни.Ви препорачувам и вам.Сепак онаа доза на скептицизам ја чувам.Да знам од се да не очекувам премногу и реално да ги согледувам работите.
    Но за се треба искуство.Искуство и време.

    Следи опуштање со зелен чај и аромата од освежувачот -јаболко со цимет.Ви ја препорачувам и вам :)
     
    На Strumfeta93 и funkygirl им се допаѓа ова.
  2. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Многу убав ден! Прекрасен.
    Иако имам спиено само 3 часа, денов навистина е убав.

    За прв пат во мојот живот видов како паѓа груткаст снег, а грее сонце. Колку убаво се претопуваше во Вардар, па ми стоеше на дланка околу 3 секунди за на крај да се стопи. Убавини.

    Windows shopping кога имаш празен новчаник. Т.е немам ни новчаник, го изгубив. Милион комбинации во главата ми моја си напраив, онака до крај површно, таа јакничка со таа блуза, одозгора тоа џеперче.. тие штикли со тој фустан, со сако и оној капут. И сите тие комбинации ми паднаа во вода кога видов двајца бездомници кои едвај чекореа по студот. А ноќите се незамисливи. Кога јас можев дома да се коцкам, со две ќебиња над мене, пуштена греалица и шоља врел чај, а тие? И после јас ќенкам за она џемперче. А не ми е потребно, колку на нив. Би сакала, да можев да им помогнам.

    Си собрав добри оцени, завршен е официјално семестарот, завршив со полагање и ќе одмарам 3 недели минимум. Од денес ми почнува распустов. Сакам на планина. Многу сакам.

    Го пиев најубавото кафе, (за носење) во Жена парк, а потоа се искачив на Триумфална капија. Убав е погледот. Убаво е Скопјево. Го сакам овој проклето сив град, кој ти ги валка чевлите на едно идење до продавница, а шантрање низ плоштад ти ги докусурува. Да не ги набројувам останатите причини.

    И сега идам да се наспијам, да соберам енергија за да можам да си прославам, човечки. Ол деј, ол најт. Ама од утре. Сега едвај гледам.

    Имајте убав ден, повеќе насмевки, помалку улизавања. Жени сме, разбирам, на фино се‘ се постигнува. Но што е многу, многу е. ;)
     
    На INSIDIOUS и MandyLane им се допаѓа ова.
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Само имам да кажам најлудо и најубаво поминати денови оваа година...
    Среќна сум што годинава ми започна среќно, дај боже така да продолжи. :)
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Се плашиме на промени,а на крај се чувстуваме убаво.
    Макар и повторна промена.
    Има и ризик.
    На пример при интимна депилација ризикот што го превземаш е моментот кога ќе ти го тргне восокот на местото до клиторисот. Резултатот-мазно пиче.
    Вреди, месец и пол си ја ладиш.
    А,кај мене помина тој месец и пол и редно време е да одам на ризик.
    Во фризерски салон.
    Се плашиш од каква било промена на фризура. И оставаш на болната(не бујна) фантазија на фризерот да те наконта како искубана кокошка. А, на крај ти е убаво.
    Што би рекла..незнам која српска певаљка-косу сам скратила,живот променила.
    Промените се насекаде околу нас.
    Но, не ..подобро ни е затворени во четири ѕида,затоа што ни е познато.
    Што сум ти гледала едно филмче..
    Вика "зошто наместо да ги казнуваме деликвентите, не пробаме да ја промениме ситуацијата поради која тие направиле престап?"
    И на крадецот да му било убаво немаше да краде.
    Друго што вика "i need-i want"
    Сфаќам дека во животов све ми се сведува на i want. I need-то ми е задоволено.
    И на крај "за да направиш профит, треба да направиш проблем"
    Луѓето профитираат од туѓи проблеми.
    Им се потсмева под неиздепилиран мустаќ шалтерската работничка,која се мисли дека работи во нуклеарна централа или ти продава гола вода како да конструирала перпетум мобиле машина.
    Но,и давата случаи се невистинити, па се што мора да направиш е да се насмевнеш кисело, да ја проколнеш мајка и што ја родила во себе и да се надеваш на пољубезност наредниот пат.
    И што заклучивме?
    Насмевката железни врати отвара.
    И нерви богами.
     
    На anneyy, crazyinlove19, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
  6. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    После паднатиот испит денес, западнав во тешка депресија. Поточно цело време сум меланхолична, овој мојов пробува на секој начин да ме насмее ама не и не. Знам дека не е страшно, во петок имам втора шанса, поправна завршна вежба ама нај мизерно се почувствував кога се видов на списокот на паднати студенти, на кој не имаше само 10 од 70 студенти и јас во нив. Катастрофа....

    Немам среќа во учењето ама затоа па имам среќа во љубовта. До мене си го имам најмилото суштество и со него се‘ е лесно, за ништо не ми се налутил, за се‘ ме разбира, ме гали по косата пред да заспијам, ме гушка за да ме утеши кога ми е тешко иако често знам “на глава да му се качам“. :rofl:
    Душа е бе, душа! И затоа го болдирам текстов посветен за него....Љубов, нека живее, колку само среќни знае да не направи за само една секунда.



    П.С. Конечно и јас имам жолто цветче. :rock:
     
    На srcekrsacka, crazylady и mims-89 им се допаѓа ова.
  7. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Ги најдов на јутуб сите епизоди од Млади бунтовници и сеа по 5ти пат ќе ги гледам и нема да ми се досадни ... шо би рекла Миа Колучи „Колку е тешко да се биде јас“ :rock: :$
     
    На Star19 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Значи јас не знам што е проблемот со мене. Едвај станувам во 12, (моите дома почнуваат да ме будат од 10) ќе дрмнам јако кафе и уште не можам да се освестам. Движењето низ дома ми е сведено на минимум, само кога треба да станам и да одам до кујна да јадам. Само лежи, благото до мене, и на компјутер ме мрзи да седнам, од телефонот се укључувам. Цел ден така ќе си лежам, ќе читам нешто, и може само ќе станам да пијам вода. Откако се вратив од Скопје, 5 дена немав излезено надвор, кога погледнав од прозор да видам снег дали има, кога ме удри светлината во очи, 5 минути не можев нормално да гледам, како крт некој сум станала :fubar: И секоја вечер, ама обавезно накај 9 часот, ми се приспива, паѓаам, како незнам што да сум работела цел ден и колку енергија да сум потрошила. И сега исто, едвај гледам и пишувам со последните сили. Ама ако, заслужив и јас малку одмор, после исцрпувачката колоквиумска недела ...
    Другар ми ме викна сабајле во 8 да одиме да го гледаме фрлањето на крстот .. 8 ? Challenge accepted.
    :yawn:
    Си легнувам, добра ноќ :*
     
  9. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Сакам да кажам ..т.е да се прашам себеси : Каде е шкорпијата во мене ?
    Несакам да ти простам , сакам да ти вратам и да те боли исто толку како што ме болеше мене , но зошто неможам ? Ахх Мањаа освести се девојко пред да биде прeмногу доцна . Ова не си ти ...
     
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    само шо се вратив прекрасно импресионирана од МКЦ! ^_^
    Па, нека и е среќен роденденот на уметноста! :)

    А сега... назад над книгите..
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не можам да се свестам се уште што се случи.Ке си молчам јас како и секогаш ама ке паметам.Додека на сите им изигравав Мајка Тереза,подоцна сето тоа ми се удри од глава...Повредени личности?А дали мене некој ме прашал што ми е како ми е дали ми треба нешто?Не...Одсега и јас така.Памти па врати.Ме одржува неговата љубов...Убаво ми е и не сакам да заврши а останатите личности?.... немам коментар.

    Ме бришиш од фејсбук те бришам од животот.Барем овој пат имам гумичка за да избришам полесно. :D
     
  12. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    :^)
     

    Прикачени фајлови:

    На sweet-cherry, srcekrsacka, Loritaa и 7 други им се допаѓа ова.
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Како што се наближува јануарската испитна сесија, така правопропорционално со нејзиното доближување расте и мојата мрза за да отворам книга а не па да земам и да подвлечам нешто, за учење веќе не ни правам муабет. :lol:

    Зошто сесиите не се тогаш кога имаме желба за учење? И зошто имаме желба за учење кога немаме ништо за учење? А и зошто бе да учиме кога се што ни треба е пракса?
    Е ај.

    Ваљда утре ќе станам со поинакви мисли и ќе го згреам столот, упс пардон креветот, јас се на кревет си правам. Каков јазик имаме значи :lol: дволичен ем безобразен. Или тоа е до нечии хормони што вријат, во случајов моите ... нека си вријат, бар да не ми е ладно :lol:

    Ај добра ви ноќ |-)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.384
    Допаѓања:
    142.792
    Замислете, минатиот век луѓето немаа мобилни телефони! :o

    Фиксниот телефон не беше интимна работа која ја знаат само твоите најблиски, туку сите блиски и далечни пријатели и познаници со кои требаше да се договориш нешто.
    Наместо именик во мобилен, пошто нели немаше мобилни, луѓето имаа именици во тефтерче, а во него испишани сите важни телефони, како на пример:
    - комшиката на другарка ти
    - баба и
    - тетка и
    - стрина и
    - другата комшика кај која понекогаш оди да си гледаат на кафе
    - вујко и...

    Сцена 1: Итно ти треба другарка ти за да и кажеш дека ТОЈ се возел во петка накај дома, си го видела од автобуска, и почнуваш да ја бараш дома, па со ред кај сите претходно споменати. Креваш слушалка, се претставуваш, прашуваш дали случајно е таму, се заблагодаруваш, и викаш пријатно. Притоа нели се извиниуваш што ги вознамируваш, и ги прашуваш како се, затоа што секако се знаете, си им била на гости со другарка ти, главно кога сте киднале од некој час, и не сте имале што да правите - парите сте ги дале на сендвич, а толку се - или сендвич или кафе - нема за двете.

    Сцена 2: Конечно вчера ТОЈ ви побарал телефон, ви рекол дека ќе ви се јави, и ве бара дома на фиксен. Се јавува татко ви, и притоа ако овој претходно-споменатиот не се претставил - или прашува кој е (ако е расположен), или се дере со отворена слушалка: Ариеееел, те бара некој невоспитан дечко што не вика ни добар ден! Ти заруменета во образите одиш до телефонот, а телефонот инсталиран во ходник, на средина, каде што сите простории се вкрстуваат, а вратите нели нормално им се отворени, и правиш мубает кој го слушаат и твоите. Завршуваш со муабетот, и татко ти ти држи лекција како не треба да си имаш работи со вакви неваспитани, и притоа треба да објасниш кај го најде таков...

    Да не ги опишувам ситуациите кога фиксниот ти ѕвони рано сабајле уште во 11, а ти си втора смена, и треба да станеш од кревет и да се истрчаш во ходник за да се јавиш. Најчесто те бараат:
    1. Татко ти - да те праша дали стана и дали учиш. Ти, во полусвесна состојба одговараш - дааа, ехеее, од кога веќе седнав да учам, и се чудиш од кај знае секогаш човеков дека не е такач
    2. Другарка ти - да те праша дали си станата, и да се договорите дали пред школо ќе пиете кафе кај тебе или кај неа. Ако треба кај неа, треба веднаш да излезеш затоа што живее оддалечена 40 мин возење со 2 автобуси, па големи се шансите да закасните на прв час од втора смена, ама нема врска, ќе почне часот и без вас.

    Најнормално беше да го бараш домашниот телефон од некој што ти се свиѓа, или некој што ти трењба од каде стигнеш. Во мојот случај дури и од професорката по биологија, кога се случи да го има дневникот од еден друг клас во кој учеше баш тој - одлична шанса да го добиеш телефонот!

    Иронично, и 12 години подоцна, незамисливо, но светот функционираше. Не се ни 12 години, работите целосно се сменија наеднаш, за нецела година, кога го пуштија првиот припејд, 2001 година...
    Не сум носталгична. Само сакав да го доловам времето на оние кои не го почувствувале.
     
    На Shelea, sweet-cherry, Evellyn и 39 други им се допаѓа ова.
  15. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Pathetic...
    Дури ме мрзи да им го покажам местото на некои луѓе, ме иритираат патетичните реакции...
    Знам само дека периодов ми е мртчаторски.
    Мрчам на големо. И не сакам да ширам негативности. Се концентрирам на испитиве. Ај побрзо нека помине и ова, и зимава... смрзнав. :doh:
    Толку засега.
    И еве зошто сум асоцијална кога не ми е добро.
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... Kgy1eUAl_o
    It takes so much effort to be sad and grumpy... -.-
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    СДК - штотуку ја најдов мојата совршена страна :inlove: сега можам да си гледам филмови :wasntme:
    http://www.movie.mk/
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека некој се нервира што загубија Реал, некој се радува за Барса. И мене ми е мило многу, а уште помили ми се и тие 5 илјадарчиња на спортска! :rock: :rock: :rock:
    Факт е дека некогаш мораш да ризикуваш за да добиеш нешто. Мора во чест на ова кутрето Барса да се вика. :D
    Плус, брат ми е цар! :l:
     
    На Strumfeta93, IndieGirl, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    Фемина предизвикот го сфатив толку сериозно, малтене таа што ќе прочита најмногу ќе добие пакет со книги пред вратата, обвиткан во црвена панделка. :D
    Ама сериозно, убаво ми дојде. Сите начнати и зачитани, а недочитани книги планирам да ги проголтам докрај, бидејќи минатата година бев убедливо најлош читач откако знам за себе.
     
    На sesilija, LivingGlam, Buttterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    СДК дали ви се верува дека чергичката од пред врата ми ја украле? Пред излегување прееска отварам врата што да видам. И викам на мајка ми ех па и ти за 100, 150 денари, а она ми вика „350 БЕШЕ УНИКАТНА БЕШЕ!!!!!“ Па можеби и затоа. Не знам. Како и да е, некој од зградава не е. Чистачот ни тој не е, освен ако не е некој нов негов пријател или асистент, што не верувам. Значи не може некој туку-така си поминува покрај мојата врата и си ја собира чергата со него? Мислам и тешка беше, знам еднаш ја кренав кога чистачот ја имаше ставено пред вратата на комшијата по грешка.

    Ееееее луѓе... не знам дали да се смеам или да плачам.

    Инаку... VAMOS BARCA!!!! Се знаеше дека Ел Класико е на Барса, нема што тука :) Браво! Уште еднаш им покажаа на Реал и тоа на нивен терен кои се. Горда сум што сум навивач на Барселона 8)
     
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    СДК имало Господ.
    Помина и оваа вечер, во најдобар ред. Барем така јас мислам :?:

    Ајде луѓе, сабајле сите по крстот :D Хахахахаха
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.