1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Абе некако не ни се пишува во последно време, а? Прво пост во темава „утрово“ на пладне...

    Друго, мислев дека ми се сје*а денов затоа што без потреба станав по само два часа сон, сите мајки и шајки и‘ ги плакав на професорката, ама па сега си уживам со лате со бисквити, си го слушам Роби Вилијамс и му барам љубов во песните.

    И ако не сте слушнале веќе, да ви кажам дека Охрид крстот повторно го фати дечкото кој го фати минатата година, и таа пред неа, и таа пред неа.... уф! Досадно |(
    Комерцијала од празникот си прават!
     
    На Elennaa, drugarka, miljkovic и 4 други им се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.075
    СДК ... уф уф уф хороскопов денес ми е потрефен скроз! Тоа и што го знам и ми треба ми дојде како голема потврда и еден добар шамар ... Само како да ја сменам таа карактеристика, како да научам да бидам по себична?? :?: :doh:

    Научете се да ги одбивате луѓето кога бараат премногу од вас. Не дозволувајте некој да ја злоупотребува вашата великодушност.

    Секогаш треба да се поставувате себеси на прво место. Другите можат и да почекаат, особено оние кои не знаат за граници кога станува збор за барање на услуги.
     
  3. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Секогаш ми доаѓаат солзи кога гледам фрлање на крстот и кога ќе го фатат .

    За многу години великиот празник
     
    На srcekrsacka, Hipica, Bright и 2 други им се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    И тогаш коментаторот сителов рече:

    Лаптопот да ни остане во главата и срцето, амин.

    Ќе си умрам. |( |( |( :x
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  5. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    ахаха а дали забележа кога кажа : многу верници ВЕЧЕРВА ќе се обидат да го фатат крстот :D :D а тоа среде бел ден :D :D :D :D
     
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Денес ми рекоја дека сум се одлучила на храбар потег. Знаете кој беше потегот? Тоа што со мене на Водици го зедов кучето! :rofl: Ахам, тоа ти било ептен храбро зашто имало многу гужва...
    А бе, оди бегај, и тој бил за фоторепортер или што и да беше дотичниот.
    Прво, гужва има секогаш и во секој град за празников.
    Второ, не ја гледам храброста во носење на миленикот со себе на тој ден.
    Трето, тој на никого не му пречеше зашто си го носев в раце.
    Е ако тоа носење в раце како бебе е храбро, тогаш сите мајки со мали дечиња се храбри зашто и тие носат в раце живо суштество. |(
    И покрај зачуденоста на минувачите и ете храброста од овој потег, јас си ја остварив целта: сакав да го измијам со крстената вода од езерото и да го брцнам и тоа и го сторив.
    Туку мене ме чуди друга работа. И покрај најавата дека крстот ќе се фрла во 9 и 30 пристаништето беше преполно во 9 часот. Од кога одат луѓето? Од 7?
    Зошто? За да видат како попот му го фрла светиот крст в раце на Митко Топенчаров по петти пат???
    Нема смисла!
    Затоа, си ги убедив моите, си појдовме по фамозното фрлање, си наполнивме вода, се измивме, испивме едно кафе на кеј и дома!
    Адетот се стори, а дали ќе го видам чинот или не, ништо не ми менува!
    Жалам што втора година по ред сум Охрид за овој ден, а не Струга, ама изгледа така требало...
    За многу години нека е денов и честито име доколку некој ваш близок се вика Јордан или Богослав/Богољуб.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски


    Мене пред 4 месеци една феминка тоа ми го направи. Само што уште не знам која беше. :D
    Многу незгодно, поготво во период од денот кога сите се уклучени.
    И тука и се заблагодарив, a постот го избришав од Фб, зошто да не се лажеме, не ми е сеедно да дознаат која сум.
    Не ми е јасно уште, зошто некој тоа би го направил.

    Утрово едни мали птички црцореа една песничка многу весело, милина за уши. Мислиш пролет е.
    Мачорот стоеше на прозор, во забуна, дали да проба да се џитне по нив или мудро да си остане на топло.
    Мајка ми ми имаше сварено чајче, во прилог со медењаци, од оние округлите белите. Како успеала да ги најде, тие ми беа омилени кога бев мала. Многу ме радува кога ќе се разбуди свежа, одморена и расположена. Реткост.
    Убав е денов.
    Ќе направам неколку работи што ги одложував, редно е да се завршат. Имам енергија, имам и желба. Единствено што немам е сила да научам за последниот колоквиум. Ама стварно, целата концентрација ја жртвував за претходната недела и се плашам дека таа што ми остана не е доволна.
    Ама ако, ќе продолжам да си се смешкам под мустак.
    Затоа што денов е преубав.
    Денес е ден за победа.
    :sun:
     
    На x.Daisy.x, Hopeful, Strumfeta93 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Најавен џингл -

    Денес Фемино, имам посебна причина и чест и задоволство да те тролнам ;) , денес ни е годишнина :d: !

    Долги години да го славиме Водици православни христијани. Како Охриѓанка сум многу приврзана за овој конкретен верски празник, ама не сум воопшто горда на правењето пародија од самиот чин на фаќањето на крстот во мојот град, што има толку репетитивен и засрамувачки карактер...

    - Одјавен сингл џингл белс...
     
    На AnaKarenina, Smilly, Strumfeta93 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.775
    Пол:
    Женски
    Уште од мала го обожавав денов.
    Топлината кога одам кај баба и дедо,кај него на именден.
    А денеска ќе биде посебен.

    Полека,полека се збогувам со есента што ми е во срцево.
    :sun:
     
    На Hopeful, Hipica, Dulceee и 2 други им се допаѓа ова.
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
  11. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Е не е фер, зошто нас Македонците не бие ваков малер бреее лелеле, да знаете дека си пукнав од мака сега дур гледав ватерполоо!

    Не е фер...Македонијааа :l: :l:
     
  12. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    СДК дека омилена тема за читање ми е “последната глупост што ја направив“ :D
     
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Денешниов датум секогаш ми навраќа спомени од детството и времето поминато со личност која била важен фактор во мојот живот, човек кој правеше сé за мене, човек кој со гордост покажуваше према мене и неизмерно ме сакаше. Се сеќавам како помала, на 19ти Јануари, секоја година ни беше ритуал да одиме да го гледаме фрлањето на крстот. Рано, рано, ќе ме спремеа моите, ќе ме наоблечеа ко да ќе одам на далечниот Сибир, а тој, со преголема среќа и насмевка ме чекаше и се радуваше што ќе има цел ден за да го помине со својата внука. Покрај Вардар, врвулица од непознати луѓе, стоење со саати и чекање на моментот кога ќе се фрли крстот причинуваа преголемо задоволство за двајцата. Држењето за рака, ѕенѕањето на јануарскиот студ, топлиот ручек после тоа и задолжителното враќање пешки беа неизбежни.

    Веќе со години не е така. Пораснав, работите се променија, не зашто јас сакав, туку затоа што судбината така направила. Детството одамна го оставив позади себе, но убавите спомени и човекот кој имаше голема улога во него секогаш ќе бидат присутни и живи.

    И сеуште се радувам на овој ден, но не сум среќна. Спомени надоаѓаат како реки и го преплавуваат лицево со солзи. Јас сум тука, а него повеќе го нема.

    Денов за мене, одамна го изгуби своето значење.
     
    На FortuneTeller.xD, Hopeful, Breezy и 12 други им се допаѓа ова.
  14. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46

    Не дозволувај денов да го изгуби своето значењето.Подобро создади нови “ритуали“ создади нови спомени за овој ден немора да бидат ни приближно исти како тие некогаш.. :)
     
  15. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.767
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека денов е прекрасен.. Милина.. Не е студено, топличко е до некаде, има некој чудесен прав расфрлан по улициве.. Бар мене така ми се чини... :inlove:

    СДК уживајте во денот, драги мои феминки.. Ваков ден ретко кога има.. Искористе го правилно... :inlove: :inlove: :inlove:
     
  16. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.131
    Пол:
    Женски
    СДК многу ми е досадно луѓее.
    Ај кажете ми што да правам :)
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    СДК дека мнооогу ми се спие... |-)
     
  18. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.433
    Пол:
    Женски
    СД и К на Тедигреј дека секојдневно ја читам,се пронаоѓам во нејзините постови и ја разбирам тотално. :)

    Нели? :doh:
     

    Прикачени фајлови:

    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Фала ти животе за новите работи кои ми ги приредуваш секој ден, фала за сплетот на околности кои дозволуваат да откријам уште работи кои не ги знаев, фала ти за сите случајни или неслучајни, зошто нели некои викаат и дека ништо не е случајно, знаци кои незнам како да ги протолкувам, а сакам да верувам дека се со некоја причина само незнам која е таа.
    Фала ти што си толку комплициран, и фала ти што мозокот и срцето кажуваат две различни работи во исто време и толку гласно викаат што стварно незнам кој што ме тера да направам.
    Едниот пат ми е веќе изминат и знам каков ќе биде, а другиот е како минско поле.
    Да го изберам сигурниот пат или да ризикувам?
     
    На kate21, Marilyn-Monroe, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Сакав да кажам нешто, па се предомислив. Си викам, терај си магаренцето и врви си по патот, очите сал пред тебе. Пак дојдов после, ми текна на нешто друго, почнав да пишувам, отиде јабана. Е сега седнав, и трета работа ми дојде да кажам. :D

    Наместо да кажам, ќе ви покажам едно видео што сигурно го знаете, ама е убаво да се потсетиме на него. Чисто колку да ни стане јасно што е главен мотиватор во животот на луѓево. Ги сфаќам до некаде, скокотка желбата за пари, но скотот си останува скот. До некаде е работава, извади го човекот од џунгла и домкни го во цивилизација, џабе, тој џунглата во срце си ја носи. :D

    http://www.youtube.com/watch?v=wTToPOW4kyk

    Боже мили, ако постоиш, гледај и чуди се.
    А да, не дека јас сум којзнае колкав верник, ама пред да дозволам да рипаат за крстот, има да ги распрашам и кој се и што се и дали си ја знаат религијата. Најозбилно, се кладам дека ни Оче наш не знаат да ја кажат. Пари, јебига.

    Такво ни е општеството. :cash:
     
    На Loritaa, INSIDIOUS и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.