1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]!
     
    На Elennaa, Buttterfly, Dulceee и 5 други им се допаѓа ова.
  2. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Го добив првото цветче на форумов :rock: :rock: :rock: :rofl:
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Животот или ве носи над облаците, или ве треснува од земја, па ве фрла во провалија полна со коприви ... таков е, и не можеме ништо против неговиот тек.

    А нешто што највеќе боли е, кога вас најмногу ве боли и не знаете главата дали уште ви е на раменици од проблеми на сите страни, а и некој што го сакате највеќе од се во истиот момент го боли, па морате да соберете сили заради тој некој иако не можете да помогнете колку и да се трудите, и ни едни солзи не се доволни, па чекате и чекате затоа што викаат утрото е попаметно... а во меѓувреме во главата 32038920 филмови, мисли, рани во срцето, болки...

    Јас денеска си докажав дека за брат ми би го дала животот во моментов, море во било кој момент... без воопшто да размислувам... затоа што тој е единственото створење што го сакам повеќе од себе, повеќе од се на овој свет.
     
    На ViktorijaMari, Nymeria, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.231
    Допаѓања:
    81.783
    Пол:
    Женски
    СДК,
    [​IMG]
    затоа што како очите така и времето се вечни вешти лажливци. Ма знаат да направат феноменални оптички варки, па после чукај се ти колку сакаш по таа твоја лејка полна со ништо - тие си го прават своето ...
     
    На pink4ever и anneyy им се допаѓа ова.
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    И после Фејсбук бил крив за раскинувања и разводи.
    Ви се молам.
    Има ли поглупаво нешто од тоа да му дадеш пасворд на дечко ти? И ти да го имаш неговиот пасворд од мејлот, па да си правиш рутински проверки?
    Некогаш не го сфаќам женскиот мозок, се повеќе се чудам какви примероци постојат! :headbang:

    И како да не сакам, после, да сум живеела во времето на мајка ми, може и пред.
    Се знаело, љубов е или панаѓур. Писмо е, или телефонски повик.
    Нема доволно вакви човечиња |( и раце за facepalm, за да ви доловам што мислам за денешницава.
     
    На mims-89, crazylady, Hipster и 17 други им се допаѓа ова.
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Тоа што понеделник се враќам во училишните клупи ме натера да се потсетам на некои работи.
    Често заминував. Често оставав некого. Таман ќе се зближев со некој, ветрот ме носеше на друга страна.
    Често не сакав да заминам, но не бев доволно силна за да спречам нешто веќе решено.
    Ги оставав драгите личности без да сакам и без да ме прашаат за мислење. Бев мала и моето мислење не се важеше. „Ќе ти биде подобро ваму“-беше страндардната реченица која ја слушав...
    И немав повеќе што да кажам. Дури и да кажев, ќе беше како да му зборувам на ѕидот.
    И само заминував. Тргнував по туѓите стапки, по веќе истапкан пат од тој кој одеше пред мене цело време.
    Следев некого, секогаш следев плашејќи се да не го загубам.
    Но, при секое заминување оставав некого. Всушност оставав повеќемина. Личности кои до моето заминување ми беа другари/ки. Добри, искрени. Деца бевме, сигурна сум дека другарствата ни беа искрени. Каде и да одев создавав неколку квалитетни другарства кои ако се одржуваа денес ќе беа нераскинливи. Но, нашите ветрови не дуваа на иста страна, па по неколку години другарување најчесто јас заминував. А тие остануваа, заедно.
    И ден денес, тие со кои јас бев најдобра другарка се се уште заедно, се уште другарки.
    Но, тоа беше време без мобилни и без фејсбук, комуникацијата ни беше отежната. Се заборавивме.
    Или можеби, тие ме заборавија мене, бидејки јас не би им посветила пост ако сум ги заборавила.
    Мене ме боли кога на улица ќе се разминеме без едно здраво да си кажеме, ме боли кога ќе се сретнеме кај некој заеднички другар, а тие не ме препознаваат, ме боли што ме заборавиле.
    Бев дел од почетоците на денес големи пријателства и не по моја вина се одделив. Многумина денес се дружат зашто се дружеле некогаш со мене. За многумина можам да кажам дека ги здружив зашто преку мене се запознаа. А денес, денес тие мене не ме препознаваат.
    Денес моето друштво се сосем други луѓе од нив, можеби се полоши можеби подобри, за тоа е времето тука да покаже. Не ми е мака што тие, другарите од детството, се дружат, но болно е да седат на спротивната маса, а да не те препознаваат.
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    ПМС.Со зголемената потреба за слатко,се зголемува потребата за секс.

    Мислам бар кај мене.Ама се се тешам дека од слаткото ми е,нели афродизијак е де.
    А ракометнoво првенство не ми помага да ви кажам право.Ама баш ич.
    Овој Кирил како би го плескала по газето :mm: ..aл ни Миркуловски не е за пропуштање.
    :shake: .Уф.
     
    На CIA и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Уживајте во малите нешта во животот, бидејќи еден ден кога ќе се свртите, ќе сфатите дека биле големи работи!

    Гуд најт!
    [​IMG]
     
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Уживајте во малите нешта, што ви ги пружа животот..
     
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ако се чувствуваш добро,не грижи се ќе ти помине.

    Кај мене тоа правило важи.Кога така малку повеќе ќе се расположам веднаш знам дека следат нервози после тоа.Но да си ги искористам овие моменти кога така ми се смее.Без причина,без повод но се чувствувам расположено.
    Си размислувам,дека понекогаш не ни ни треба некој посебен повод за да се насмееме.Ќе чекаме ли сите коцки да ни се споат и се да ни биде совршено за да си измамиме некоја насмевка на лицето?
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    2.240
    Пол:
    Женски
    СДК дека заминав на спиење. Не баш задоволна, можеше да биде многу подобро, но како и да е, утре е нов ден.

    Добра ви ноќ на сите.
     
    На tweety26 и CIA им се допаѓа ова.
  12. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    СДК дека фб не е за секој,ама ова ептен ме изнасмеа

    [​IMG]
    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Abeja и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.736
    Допаѓања:
    6.729
    Не, не можам повеќе. Подобро е да умрам и готово, крај ќе биде на се.
     
  14. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    СДК дека отидов да нанкам :hai: лека ви ноќ на сите :*
     
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека навистина не можам да ги поднесам сите стереотипии што не` опкружуваат. Дури и ме чуди што доста често излегуваат и од релативно млади личности, шетани низ светов.
    До каде ќе одиме вака, не знам.
    Одвај чекам да се тргнам од ваквите во земјава, ја сакам Македонија, но не и ваквите ограничени створења полни со стереотипии и дискриминации. Ќе одам некаде каде што ќе ги ценат моите способности, моето (се надевам) образование, а не мојот надворешен изглед. Каде што нема да ме нарекуваат наркоман поради една тетоважа или пирс. Каде со плиткиве размислувања, каде? :fubar:

    [​IMG]
     
    На kate21, tigerlady, Ema.Sk и 15 други им се допаѓа ова.
  16. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Треба да се забрани Интернет на деца под 16... сериозно, многу неинтелигентни и крајно некултурни текстови читам на интернет од истите. Дај запознајте го светот сами, не се отупувајте само со Интернетот. Далеку од тоа дека на интернет нема едуцирачки и корисни информации, ама ретко кој ги отвара...
    Добивам нагон на повраќање од општата неписменост што постои кај младината... Јас се срамам!! :swear:
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    пројде и вчерашниот и денешниот ден...исполнети со гости :)
    ни беше слава припремавме,и се испадна одлично,имавме повеќе гости,дури и денес :D
    преубаво си поминавме :)
     
  18. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Значи уште не можам да си поверувам што видов :x Се враќам од свадба :drunk: и имаше едно девојче, малечко беше јас од 10 години повеќе не и давам ! А и така беше облечено, детски, во розеви хеланчиња, и горе блуза на риги со пеперутки и срциња, косата со шнолички фатена, и на нозетееее- штикли 15ка :o Штикли, лаковани , со платформа напред , си викам ај може некој ги собул и се зеза нешто.. Не бре луѓе, кое играње го удри со нив, ора, чочеци... И до крај ги носеше, кога невестата делеше купончиња за вечерата, тоа одеше со неа и делеше бонбончиња :x
    После тоа излеговме малку во еден кафич, внатре све дечишта, и таму се запрепастив кога ја видов сестрата на една моја другарка, до вчера кога одев кај нив на гости си игравме со куклички и мечиња, сега и таа штикла на онолкава, шминка, разголена, а на ништо не личи, детенце дали има 12 години не знам :x Си мислам , вака ли бе и моите деца ... Не, нема да дозволам, дома ќе седат и ќе гледаат високо едукативни документарни емисии и цртани на англиски, германски и кинески :D
    Море ај да си легнам :drunk: :drunk:
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    И стварно е така...

    [​IMG]
     
    На ViktorijaMari и Meggy им се допаѓа ова.
  20. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    С Д К ...Ништо не е како што изгледа, колку да си срекен и задоволен од животот, не се радувај набрзо ке ти помине
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.