[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.811
    Моментот кога чувствуваш жалење и гадење кон некоја особа...животе,зошто си неодлучен?
    Зошто така треба...моми над 20 години...срамно. Површност...ужас!
    На некои луѓе ќе им биде попаметно да не ме ставаат во уста,зошто многу знам што мислат дека не знаам,а и знаат за нешто што знам. Треба отворено да почнам да се заканувам. Што мислите,во ред е да почнам?!
    Јас мислам да,самоодбрана,интегритет и достоинство.
     
    На Plavusa.17 и wolf4e им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    44.025
    Скопје мое, колку си убаво кога заспиваш... Кротко, нежно, исчистено. Снегулки колку само за да си замислам дека сме во онаква кугличка, ја растресуваш и се веат околу тебе.

    Одење пеш, одамна не го имав направено тоа, и ми дојде во право време.
    Менада, импровизации, луѓе, џагор, драги фацки, многу вино, малку вина што не дојдов порано, но убав, убав ноќен сон во јаве си направив.

    Си купив баничка, знам дека е лошо да се јаде навечер, но има ли подобро нешто од залак добра храна и залак вкусна ноќ?
    Му пишав, ми пиша. На секоја порака се смеам ко тинејџерка.
    По пат накај дома, на слушалки Duran Duran, небово чисто како мастило истурено на бела хартија. Инспирација за музика плус. Во друштвото вечерва бев најмалата сестра, најлукавата вештица. А ми се случи и анегдота во живо.
    Ме среќава А, одамна не сме се виделе, и на поминување ми ги дофати обетките во облик на срца, и во вчудоневиденост ми вели: Ооо, а јас пак мислев дека се дрвени, од дрво! Јас само му возвратив - Нее, меки се, драги мој, меко срце имам јас, не од дрво.
    Се изнасмеавме по повод моиве рафинирани метафори и наздравивме во име на нас, на Љубовта, на женственоста, на музиката. На сите нешта што ни чинат радост.
    Словенија чукна вечерва на порти. Некој од таму далеку абер ни пушта, ние од овде уште еден мил ум ќе пратиме.

    Сакам да кажам дека сум одвеана со виорот вечерва, но тоа толку добро ми доаѓа и ми се допаѓа!!!

    Вриштам внатрешно, а не е од виното.
    До Нас е.

    Јас, ти и Скопје.
    Нашата приказна.
    :*
     
    На mims-89, Springy, glow и 9 други им се допаѓа ова.
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Добро утро......
    Рано е,тивко,со снегулчиња низ прозорец,а јас го шмркам кафето....
    Ми велат-зошто стануваш толку рано кога не одиш на работа,немаш обврски?
    Не знам ни самата...Порано сакав да се излежавам ,и така ми минуваше пола ден.Денес сакам да го впијам цел ден,а обврски тука таму се наоѓаат.Животот е краток да,решив и јас да го применам она-искористи ја секоја минута од него.
    Што повеќе....
    Луда сум :tmi: ,ама да го допијам кафето и ќе излезам низ град.
    Дури и сум спремна-во сукњичка со два пара хулахопки под неа :lol: ,да не ми студи.
    Ќе одам да си ги купам чашите црвено вино од Luminarc,кои оддамна ги меркам 8)
    Ако остане некој денар,и јас да се почастам.Ќе остане да,но јас ептен станав штедлива,го стискам,зошто знам како беше кога немав ич.Па сега можам,ама не сакам да се расфрлам,ете дури сум научила и да го штедам и ценам секој денар.
    Не знам дали е добро или лошо,дали сум станала скржава,но сфаќам дека ми е лекција која сум ја научила од минатото.Кога секој денар беше даден за сметки и леб.Некогаш немаше ни за сметки,па сеир фаќаа комшиите кога ни ја исклучија струјата.И ете денес,од сите тие трауми,од стравот пак да не биде така,штедам,штедам до максимум....
    Сепак,љубовта не одржа.
    Јас со мајка ми и сестра ми,како глувчиња незаштитени од мачори околу нас,кои секојдневно ги пружаа канџите и долгиот јазик кон нас,како на снегот надвор.....Сите раце испреплетени,цврсто,која ќе падне-друга ја креваше,така секој ден....И немаше пари ама имаше слога и љубов.И денес ја има,и ќе ја има.Затоа и да немам пари-имам нешто што со нив не се купува.И да,благодарна сум за тоа...

    Да не испадне постот само жалење,да ви посакам убав ден,а јас уште малку па тргнувам на прошетка :)
     
    На mims-89, minne-mouse, Bunny05 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.995
    Пол:
    Женски
    На цимерка ми за 18ти роденден и купивме хрчак, и се прашувам што ли прави сега сам во соба додека сме ние нашколо? :rofl: Се надевам не решил да ги посети комшииве, импровизираното куќиче шо му го напраивме додека да му стигне тоа порачаното би требало да му врши работа. Не знае да врти на тркалцето, смотано мало. Крка ко ненормален. :tmi:

    После треба да излеземе и да го прославиме роденденов, ветив дека нема да пијам до мај месец, ама нешто за вино се крчка работава, и како сега да не почнам да се двоумам?! :wasntme:

    Треба и со мојов глуфец да се видам, а снегиштево јебемлига!! Ај престана да врне :rock: . Сакам да му кажам некои работи кои сметам дека треба да ги знае, не дека сум замерувач на фејсбук, ама ни јас не му викам срце дебело за некоја другарка на неговата бивша да меле трици. :drunk: Мислам, ако не си кажам ко шо мислам тогаш јас нема да се препознаам себеси. Редно е по пет месеци малце подетално да се претставам. :devil:

    ахх..утре ќе си одам дома, се на се оваа прва недела после распустов и не беше така лоша. Ми фалеше смеава на џенцкиве мои, уствари ми фалеше самиов град. :lol:

    И за крај, дедо, почивај во мир. Никогаш не сме биле блиски, и загубава можеби затоа не ја осеќам толку, ама јебеш, живот компот. Свите ќе си умреме.. :)

    Ај, ај се изнакажав. Уште да поминат двата досадни часа по пракса, не можам да го гледам како мрчи и ги мава тие клети мајмунски погледи низ работилницава. |(
     
    На Divinebutterfly и Shelea им се допаѓа ова.
  5. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.858
    the person who said "HAVE A HAPPY PERIOD" should be taken out and shot with tampons.

    Да секој месечен циклус вака или онака се повторуваме но :yawn: ...не се издржува бре да бидиш напнат секои 2 секунди и да го празниш тоа фрижидерот додека не му се видат ребрата . :rofl: Пмс халоу енд го фест
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Цела ноќ ме шибаше ветер како да спијам на отворено. Човек да се разбуди на сред ноќ и да се чуди каде е на кампување, а уствари после разгледување наоколу да се свести дека не е никаде во природа туку е во својата соба. Ајде остај тоа, помина. Туку си седам, гледам наоколу и се чудам што се тие белите прашинки што се појавуваат кај прозорот..Кога станувам има што да видам. Снегулчињата што ги вее од лутина надвор, си нашле некој отвор во прозор и ми влегуваат во соба. :o И да, затворен ми е прозорецот.. :^)
    Ако се прашувате во каква шупа живеам, ќе ви кажам. Студентски дом. :swear: :tmi:
     
    На Divinebutterfly, Acerola, nesa и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.550
    Допаѓања:
    18.676
    Пол:
    Женски
    СДК си дојдов дома порано си се стоплив и сега дремам на компјутер ;)
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    СДК вчера си добив црвен картон :lol: добив. Сосем изненадно, воопшто не го очекував вчера ииииии ете. И многу бев чудна цел ден. Хахаха интересен ден, осеќам и овој таков ќе биде. Сите ги сакав, па ги мразев, презирав од дното на душата, паааааааа кркав грицки и само грицки, благо, солено, она-она, ама да не беше кафетинот ќе умрев. Додека почна да делува ми беше мачно, потоооооааааааа пуштив бригу на веселје. Цеееел ден среќна, радосна, вечерта паднав во некоја си депресија во која сум сега и со сите се карам. Да, со сите. Ма не можам да се поднесам коа иам добиено првите 2 дена. После се враќам у нормала. Ма дај. Ја и онака мењам расположење често, али у фаза добиено тоа е неконтролирано. :@

    И зошто воопшто го пишувам постов?! Ма у пизду матер веќе, смачено ми е секој месец иста мака. Муабетов го дискутираме со другарките секој месец, секоја кога ќе добие. А нема никаква поента. Ама јас пак ќе се жалам на процесот на женственоста. Па мачно е бе :worried: И сега ми се плаче, само така да си знаете. И не сакам во школооооооо, никој не сакам, ништо не сакам, нигде не сакам и со никого и само остајте ме раат. Аман веќе од сите. ;(

    Тоа е...

    [​IMG]
     
    На Shelea му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Even if you were a million miles away
    I could still feel you in my bed
    Near me, touch me, feel me...
     
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.983
    Пол:
    Женски
    Слабо,слабо имаме што да кажеме :D Сите се зафатени,ги мрзи да пишат или се во Пмс или со црвената тетка веќе...

    Јас ќе кажам само барав снег и овде? Си добив! Уште вее надвор :) Па фала Богу,да можам да се привикнам,иначе од температура -26* на 10* не биваше.Сега барем околу -5* ќе е :D Убаво ми е и вака.Нека изумрат вирусите! :devil: Сега ќе се наоблечам ако треба и утре ќе шетам на снегот.Денес за жал неможам,имам за читањеееее :x Ајде да си го допијам кафето и мрш над книга...
    Пуштете ми среќа за утре,ќе ми треба многу!

    Имајте убав ден и не се жалете од снегот,туку пробајте да му се радувате :) Јас да можев и санка би зела да се санкам (ако имаше овде уште некој малце луд и детинест ко мене :lol: )
     
    На Adi888, Serafima, minne-mouse и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.245
    Пол:
    Женски
    Минатото нема храброст да чукне на врата, па затоа како крадец или забранет љубовник чука на прозорецот. Со насмевка, само се вртам на другата страна од креветот и погледнувам кон мобилниот, кој што во моментот ја означува мојата сегашност.


    Него СДК родителите на еден мој бивши дечко ми беа многу мили. Се приврзав за нив и искрено кога раскинавме ми беше повеќе жал што нив можеби никогаш повторно нема да ги видам. Но, случајно мајка му ја сретнував понекогаш, добивав мили зборови и прегратки. Утрово ми се јавија за да ми кажат дека жената не можела да го преболи нашето раскинување. Многу и било криво што по раскинувањето ниту еднаш не сум отишла да ја посетам. Од убаво поубаво зборувала за мене. А кога ќе ми текне со син и како раскинавме. Мили луѓе се тие, можеби некогаш ќе соберам храброст да ги посетам, можеби.

    Дома ми мириса убава храна, на комшииве сум им како секретарка, пополнувам документи, закажувам термини. Ми фалат разговори со мили луѓе. Ах, одамна немам седнато со некоја од моиве другарки да се расприкажеме.
    Ми фалат и Лудото и Најубава, јавно кажувам ама после испити им закажувам убава средба.
    Него решив да го изненадам пред Св. Трифун, сакам ноќ исполнета со љубов и вино. Милиот тој не сака алкохол ама ич, но ќе се опие од љубов. :inlove:
     
    На mims-89, Serafima, AnaKarenina и 15 други им се допаѓа ова.
  12. LillyS

    LillyS Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    9
    Колку е убаво чувството на мир,кога ќе завладее со тебе по многу солзи и несреќни мигови.Блаженство...лежиш на градите на твојот сакан,со погледи вперени еден во друг,без збор да се слушне,и само тишина која одѕвонува..Се слуша потпукнување на оганот,надвор се раденува,а снегот вее ли вее,а ти единственото што го мислиш е "Ах,колку посакувам овој човек да остане засекогаш во мојот живот".Го погледнуваш со очи полни љубов,го прегрнуваш со сета сила на своето мало,женско тело и тивко му шепнуваш "Води љубов со мене".И таму,меѓу студените ѕидови и оној топол кревет одново почнуваш да го чувствуваш онаа струење низ секој дел од твоето тело,сите тие прегратки,воздишки и допири,погледи..одново тој продира во тебе и одново го отркиваш оној свет на задоволства,доспеваш до врвот и затвораш очи за да го задржиш мигот што подолго во себе.Ни сама неможеш да поверуваш дека се е поинакво отколку досега,не е тоа минливата тинејџерска љубов,го сакаш да..со целото свое битие.И сама си се потсмевнуваш,оти никогаш не помислуваше дека постои сродна душа за тебе,човек со кого ќе делиш се,и лошо и добро,човек кој ќе се грижи за тебе,ќе ја отвори својата душа пред тебе и ќе те сака како никој досега.И сама неможеш да поверуваш дека си толку лудо заљубена,што сега да те побара,би рекла да без размислување.Овие мисли ти минуваат низ глава и се свртуваш,ја гледааш онаа насмевка за која би умрела и самата си зборуваш со себе "Да,тоа е тој.."И потоа пак онаа блажена тишина.


    Животот ме запозна со многу луѓе,вистински и грешни,но дури сега ја открив љубовта и сватив дека секоја бајка станува реалност кога љубиш со сето свое срце,и си љубен до бескрај....
     
    На mims-89, Star19, glow и 3 други им се допаѓа ова.
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Денес ако ви текнува ви кажав дека ќе одам на шеткање,а дури сега се вратив :whew:
    Случајно сретнав колешка од факс ,па ме викна на кафе кај нејзе на работа-стоматолог значи.Се осуди да ми каже во лице дека ние-провинцијалците-како што љубат Скопјаните да кажат,сме им ги преземале работните места и дека заради нас земале помали плати,зошто демек сме се нафаќале за минималец да работиме :lol: ;( Да плачам ил да се смеам :?: Поготово зошто маж и е од истиот град како мене,т.е. провинцијалец :D Ох,Господи Господи .......
    Ама ете тоа се тие-цицачите на енергија,кои освен тоа и те полнат со негативна енергија....
    Епа луѓе ми требаше терапија после кафето,па со слушалици ,шалче,капа ,ракавици,пешки дојдов дома.40 минути на ветрот ги изодев,ама затоа се зажалев за домче и топлите радијатори до кои сум залепена моментално.Се подновив со чаши за вино,и ете сега со какао во рака ќе уживам малку во Фемина,ме караа дека сум ја запоставила :)
    :hai:
     
    На mims-89, Serafima, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Прашањето од нејзина страна- мамо ќе бидеш ли пак невеста? Ме раздорби на милион парчиња, секој ден нови прашања и љубопитност. Растеме заедно.. и се трудам секој одговор да биде разбирлив, безболен, а сепак реален.. Ја гледам како созрева, и ме прави горда мајка, што храбро ги поднесе сите ситуации и моменти.. Секој ден и го поставувам прашањето- среќна ли си маме? И додека нејзиниот одгвор е да, и додека на 6 години ми зборува за првата нејзина љубов, за играчките мочковци колку ја радуваат зошто не му го знае полот додека да го стави во вода, за атласот кој го разгледувала што и го купив, и каде во светот има вулкани, за договорот за нашата прва вожња со воз, и првиот авионски лет.. за тоа што не чека заедно, и како ќе лизгаме и јаваме коњи, за тетоважата на мама која го обележува нејзиното име, за тоа кај ќе патуваме, што ќе видиме, додека се смее, се радува и граба умшено што и се пружа, постојам мирно и ме радува колку го сака животов.. Ко што пиша еден другар животов, градина, епа она си ја посадува таа градина, јас и ја полевам со вода, за да цути.. сонце е мое..

    Денов ми одржува лекции.. ама ако пак го сакам Животов, некогаш ќе го плукнам, некогаш ќе му се насмеам..и без болка кај би ги дознала сите вредности што ни ги дарува.. Јас си го имам мојот дар, уште само да се спојам со него засекогаш..

    Средив за Рим, уште да успеам да средам да ми ја дадат да си отпатувам со нејзе сами, ќе бидам пресреќна и ќе се молам за тоа..
     
    На Neytiri, bittersweet, mims-89 и 22 други им се допаѓа ова.
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    :!:
     

    Прикачени фајлови:

    На teddybear и booba им се допаѓа ова.
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Најгрозно на цел свет ми е ставањето јорган во јоргански чаршав.
    По 20 минутна борба реши да ми попушти ко Шведска на Данска :lol:
     
    На Ema.Sk, Serafima, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    СДК дека премногу сум расеана во последно време.
    Кажувам тотално неповрзани работи, би рекла и глупости кои немаат врска ама баш со ништо, промашувам зборови па речениците ми губат смисла, на моменти се губам и паметот ми е буквално на пасење, плескам што ми лежи на душа и немам грижа на совест.

    Што ли ми се случува ќе си покаже времето, само сакам да избувнам и целата непотребна и негативна енергија да излезе од мене и да си бидам пак онаа блесавата тинејџерка.
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  18. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
    Оф Божеее, зарем волку болни умови постоеле :|.Се чудааам, се чудааам!Многу се каам сеа..Зошто не ја фатив за таа косата и да ја напрааам ко искубена кокошкааа :devil: .Зошто? :D
    Стварно незнам што се дешава со мене, збунета сум! :x
    Неможам да најдам зборови со кои би опишала колку сум збунета..
    И се чудам од кога тоа јас сум поет? :^)
    И што се дешава со мене бре? :o

    -things change,doesn't mean they get better.

    ;)
     
  19. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Ја мразам бееее ја мразам таа професорката на правееен.уф, колку само ми го уништи денот! :@
     
  20. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК сакам пролееет сакам убаво насмеано сонце , радост , среќа , љубов времево ме прави депресивна и и охх ајде нека дојде порано пааа ;(
     

    Прикачени фајлови:

    • Bloom_Spring.jpg
      Bloom_Spring.jpg
      Големина на фајлот:
      205,4 KB
      Прегледи:
      177
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.