Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    сдк па сега кога ќе размислам, ама ептен исправни одлуки сум донела :) и фала му на бога што е така ;)
     
    На Doozy, Trendafilka, teddybear и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам: АМАН не брзајте да го испиете кафето наеднаш, како мене, бидејќи ќе си останете со изгорен јазик, како мене, и нема да можете да продолжите да уживате во кафето отпосле... како мене! :(


    :lol:
     
    На Phyramide, eli25 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Жалосно е кога луѓето не ја користат шансата која им ја пружиш.
    Особено онаа шанса да се разубават преку ноќ.
     
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Колку брзо времето лета, помина и една година одкога сум тука.Една година споделени и дадени совети, мислења, радости.
    Епа ај нека ми се множат. :D
    Среќен нека ми е феминскиот роденден. :party:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Strumfeta93, Divinebutterfly и 17 други им се допаѓа ова.
  5. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Кирилче Џајковски цело сабајле ми свири, јас не можам а да не мрдам газ на Jungle Shadow ама никако да го станам и да почнам да се спремам...има време :D
    Денес треба да се видам со него, ама уште не сум одлучила дали сакам. Од една страна сакам да го видам за да збориме, конечно да видам на што сме, ама од друга пак, сакам еднаш да го испозаебам, иако нема ништо добро да испадне од тоа.

    Имајте убав ден, мојов осеќам нема да биде, да тргнеме од тоа што не пиев сабајлечко кафе.
    Ми се прави муабет, ама не ви кажувам каков :devil:
     
  6. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Под предпоставка денов ќе ми почне суупеер. :D
    Имав ОБИЛЕН појадок (кој вклучуваше две кифли: едната со крем, другата беше преклопена пица, цело тенџере чај од јаготки измешан со камилица) и треба да одоговарам историја, држете ми среќа! :lol: :*
    & have a VERY nice day. <3
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Си разгледуваме со дечко ми понуди на туристичкиве агенции за славење нова година во странство и на еден сајт читам информации за нова година во Истамбул: Панорамски разглед на Азискиот дел на Истамбул - Бејлербеј каде е снимена познатата серија „Кога лисјата паѓаат“ :rofl: :rofl: Од столче паднав!
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ах, убавината на расипаниот бојлер.
    И прекрасното чувство кога се враќаш векови наназад и се тушираш со лонче врела вода. А во меѓувреме ти смрзнуваат и влакната!!!
    Ма прекраснотии! :mm:

    За инат, во сред зима, во средина на колоквиумска недела, црка проклетиот бојлер! Не можам да ви објаснам колку се чувствувам како примитивец со тоа лончињата и ванглите.
    Еј, Ноември, што си убав ти. Како дојде, така ме упропасти!
    Прштевајте тие што сте родени во месецов. Ама мене ми ветува само смрзанти раце и лошо расположение. За жал.

    И уште нешто сакав да кажам. Жално е кога некој пробува да гради доверба и почитување, а како темел поставува лаги. Таквите луѓе немаат самодоверба и веројатно патат од некој комплекс. И искрено, подобро да ги нема, отколку да мачкаат очи се додека другите во нив вложуваат надеж.

    Имајте убав ден, феминки!
     
    На Mishela, MandyLane, sonce777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.065
    СДК ... Моментална мала кратка инспирација :geek:

    Убав ден, убави вие, убава јас :wasntme: ... убаво кафе, убави постови .... Ви посакувам убав помин на денот и каде и да сте слушајте си го своето срце, тоа нека ве води каде и да сака. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=ktRsl2hAPhY
     
    На Strumfeta93, ozbilnazena, Hipica и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    СДК денес ми доаѓа да си ја гушнам целава домичка и да си вриснам од среќа... Али сега ќе вриснам стварно шкафот кога ќе го видам ;(
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Жена!
    Жена со големо Ж!

    Попусто барам виновници (покрај себе нели) зошто животот ми фати некои удолници, па како некој грешен Сизиф буткам по угорница низ калта, а се враќам повторно на дното.
    Зборот ми беше за виновниците - Нептун да ти бил виновен, за се'! :!:
    Нептун се движел ретроградно последниве пар месеци, и затоа сум популарно кажано сје*ана (and NOT in the good way) :!: , но, еве, дури и Венера и Меркур скроиле заговор да се придвижат во секторот на стабилноста и - да ме просветлат.

    Фала им. :hai:

    Татко ми се смее и се чуди како една нова чупалка и лак за нокти можат да ми измамат насмевка.
    Ми вика - еј глупо дете, ќе ти земам 5 кармини од пазарче за стотка :D ако се радуваш волку, па карминисувај се и фрцкај се низ дома.
    Му викам да не аздисува :!: , се' уште јас му го варам кафето, да не го предизвикува тоа кутивчето по име рицинус во третата фиока. :D

    Со мајка ми си ја пееме песничката на Мацко - комичарот од Битола, ја знаете де:
    Титни ми на мобилеееееен,
    ако кредит немаш ти,
    титни од кај татко ти !


    Дури и по порака и ја праќам, а татко ми ни се чуди на паметот... :^)

    Oтсекогаш сум викала - тешко на тие женички со маж дома и двајца синови... само мажи околу себе.
    А денес велам - тешко на тие мажи со две улави жени по дома.
     
    На bittersweet, Strumfeta93, la-chicka и 27 други им се допаѓа ова.
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сите се спремаат за колоквиуми, а мече мува не ја лази 8)
    Далеку се четврток и петок бе, а јас како шира ќе научам 1000 страници до тогаш.
    Битно на тато му се јавив да ми купи нови маркери, да знае човекот дека почнувам со подготовки :rofl:
    И битно сите можни комбинации ги купив ...
    па пошто не учам на стол, деновиве ќе треба да го згреам креветов.
    Тој сирот не сум престанала да го греам од кога е купен, ама учејќи дупло потопло ќе му дојде :emo: мил мој.
    Дури и собава чистка ја сторив, за кога ќе седнам, да учам во чисто.

    И сега ќе уклучам симс. :rofl: Ми се игра. Ако ништо друго таму сум президент еееееј :D

    Вчера на мајка ми и викам, немој многу ти со мене трте мрте, јас сум идната министерка за здравство ... не знам зошто жената замале од смеење, ама јас планирам тоа навистина да го исполнам :rofl: Во некој живот ... :D

    бабуФка ми прави спанаќ, на тато му е роденден, нема факултет тудеј, убав ден, весел ден ...

    Пак си купив шнолички, машнички, и едни сребреникави такви за излегување, и чиччето ми даде две паломи гратис, затоа што сум била убава. Ви викам јас, а вие мислите лажам :D

    Него му се наЉутив ептен многу вчера, па денес ќе го чекам да се лигави, и да уживкам малку и во тоа поле. Оти машките некогаш се ептен смотани, а жените некогаш ептен комплицирани, ама негде измеѓу се пронаоѓаме ... па и без љубов не се може.
    Карај се, сакај се, мрази се, пак сакај се, нервирај се, сакај се, карај се, сакај се, еден без друг не се може ... се е тоа љубов бре. И затоа сеуште го љубам ... и после се што сме поминале.

    Е така, денес петочно уживајте затоа што утре е љубената сабота па ќе треба уште повеќе да уживате 8) е ај да не ...
    Еден е животот, реченица која може да ја оправда секоја глупост што сме спремни да ја направиме. :)
     
    На la-chicka, Doozy, TeddyGrey и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    СДК дека татко ми е човек кој колку и да држи лутина или инат малите работи знаат да му го стопат срцето. Факт е дека моите не се баш во најдобри односи па последователно на мене си се „истураат“ во одредени моменти, но не се оптеретувам со тоа затоашто ја знам причината зашто ми викаат. Ако, нека.

    Туку, муабетот ми беше дека вчера тато си пишуваше ливче а јас така „искарана“ земав албум со слики во кој имаше слики само од мене и татичко. Ги изнагледавме, се потсетивме и се изнасмеавме на секоја од нив а потоа продолжи да го пишува ливчето... Стана и ми кажа дека доволно му е што јас сум насмеана и покрај тешката состојба дома, тоа било единственото што го држело на нозе и му давало волја да продолжи да се бори. Јас го прегрнав и му шепнав дека сета моја среќа ја ставам на тоа ливче, му ја предавам.. Можеби затоа вчера расположението ми беше под нула. И така, бидна што бидна...
    Пред пола саат слушам застанува кола, се отвара капијата... Вратата само што не се откачи, татко ми задишан влегува: „среќо моја, доаѓај бргу во дневна“... И знаете што? Ги фатил сите утакмици, доби онолку пари колку што му требаа за да излезе од го*на. Мојата среќа беше успешно „жртвувана“ со цел единствениот маж кој ќе го сакам без разлика на се` да симне барем дел од товарот кој го носи на грб.

    Па така сега си трча околу маса, ми купил чоколадо и за жал пак ќе иде на работа и уште поголема да биде бељата го праќаат на пат. Ми го скратуваат задоволството да седам со него и да си правам рандом муабети.
    И сега нели, ред ми е да ве почастам сите.
    Кој сака кафе, кој чајче, кој винце... нешто благичко!
    Да сте ми живи и здрави!
    Ајде, бујрум! :d:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Heidi, bittersweet, Libera и 26 други им се допаѓа ова.
  14. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
  15. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Тешко е да избришеш нешто од главата, кога веќе е зацртано во срцето.
     
    На zhap4e, crazylady, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Сакам јас да си се пофалам малку, иако не сум во некој завидна состојба моментално :) Утре полагам, а сум целосно релаксирана. Се надевам дека чувството нема да ме издаде кога најмногу ќе ми треба. Туку, нешто друго да си се пофалам јас. Најверојатно од денес ќе си имама уште едно милениче, уште едно срцуле убавко. Кученце. Штета што не сум дома сега, да го галам, да го гушкам тоа топче крзнено :) . Сега се договаравме за името со сестра ми. Девојката, луда по Чак Бас, сака да го крсти Чаки. Е не може бе, не давам јас тоа мало слатко суштество да се вика
    [​IMG] |(
    Сепак на крај договоривме, ќе се вика Теди. И така за неполн месец ќе стане како плишано меченце, или пак како топка од крзно, сигурна сум :tmi: а вас ќе ве почестам со некоја сликичка во соодветната тема, штом дојдам до слики :)
     
    На Hipica, Doozy, marama и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    To be, or not to be!
    Кој би рекол дека ќе бидам толку опуштена денес. Не знам зошто, ама ете. Сама си седам така, книгите си се листаат сами на масата (па што им' можам кога ете толку им' е ќеф да се проучуваат самите себеси :D ) Го знаете она Додека книгата не ме чепка мене, не ја чепкам ни јас. Зошто да се расправаме? Е па, зошто јас да се расправам со книгата, и онака доста време ни треба да се разбереме. Нека трае, нека си чека..
    Туку, убав ден е денес, но не знам по која причина упорно си мислам дека е сабота... Дури и го убедувам дечкото дека е сабота... Не дека со душа чекам да дојде фамозната Saturday night, но ете, чисто онака без причина. И да, колку повеќе спијам толку повеќе ми се спие.
    Еј, ќе заборавев, мајка ми почна да го гледа Долина на волците :^) Не знам дали да се смеам или да се чудам. Мајка ми - Долина на волците. Чудна комбинација, да не слушнам после станала агент, десна рака на Полат :D Ричи генгста ќе биде низ државава 8) Еее после тоа, за разговор со мене 2 прста молим! :emo:
    Еве една мисла што ја прочитав Погледни наоколу, денот е премногу мал за да бидеш себичен! и да си ја заклучите во главата! :!:
     
  18. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Многумина крадат пари, но јас сум официјален крадач на прегратки. Од сите најмногу си ги сакат оние на мајка ми. Некако таму ми е најубаво и најтаманско. Ни тесно ни широко. Таман.

    Ми се плетка мачоркава под нос. Мириса на мокра мачка, онака баш мокро. Ми ја скокотка брадата затоа што сака да ја погалам. А јас се чувствувам привилегирано затоа што знам дека со ќеф ме чека да си дојдам дома.

    Опкружена со планини на марамчиња, салфети и секоја ткаенина со која се брише нос, тумачам големи животни прашања. Прстите ми се лепат од печените сливи, а мозокот ми се прилепува кон глупави мисли, влијание од генерациските сонародници.

    Тупав народ, без идеја и став. Дувнало ветрето лево, ајде и ние по него.

    Фала тебе Боже, за правата на жената, хомосексуалците и сл. луѓето се избориле минатиот век. Да оставеа на нас, ни права ни шуќур.
     
    На la-chicka, Hipica, lolyta777 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    6.622
    Ко што сум занесена во последно време по винтаж стилот и по рокот исто, леле да видевте што беше тоа кога видов едни такви прекрасни, најпрекранси кратки кожни јакни, истуткани и со нитни во бершка па и другарка ми до мене, она рокерка/металка е и двете окапавме пет саати врз јакните. :lol: Ама веќе ни јас сама не сакам што сакам, дали винтаж, дали рап или рок, ај ќе си менувам секој ден стил. :lol: Некој ќе речат дека сум позер, фејкер или што и да е ама овој период е период на промени, кога ние тинејџерите ни самите не знаеме што сакаме па тоа доаѓа до често менување на стилот. Ама, сепак Еминем си е Еминем и не го давам на никој и не го заменувам за било кој изведувач така да најверојатно ќе си останам на рапот, со повремени испади така. :lol:

    Туку, друга работа. Пред некој ден мајка ми извадила неколку нејзини така подолги џемперчиња да се сушат и уште еден, со средна големина баш како што јас барав, темно сив со виолетови линии, т.е не барав со виолетови линии ама ватевр, сличен е.. налик винтаж стил е. И јас и викам, е мамо ти да си се збогуваш од џемперов веќе, мој си е! И кога после испадна не бил тој на мајка ми, на брат ми бил! Леле, се запрепастив право да ви кажам. А брат ми зашто е малку полничок и џемперов е широк, ама јас сакам широчки работи и баш сега го пробав, си го ставив во фармерки и го оставив така да ми 'виси' , леле не дека се фалам ама преубаво ми стои, мора брат ми да ми го даде инаку ќе си умрам. :D Леле, и јас пак што направив една мала драма околу џемпер обичен, ама тоа е, такви сме ние женските. :lol:
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    СДК дека веќе навистина ја претераа со труењето на уличи животни.
    Денес наидов на едно затруено кутренце во Аеродром. Кученцето беше на невидени маки, се тресеше од болка. Отидов до аптеката во близина да купам јаглен, не работи. Побаравме помош да го однесеме со такси до некој ветеринар, никој не сака да не качи во такси со се затруено куче. Се почувствував толку беспомошно и бесно во исто време. Еве сега се обидувам да стапам во контакт со здруженијата за заштита на животни, да се најде барем некој со кола за да го однесе на ветеринар. Дај боже само тие да реагираат на време, за да се спаси кутрето.
    И така сега целата сум тмурна, крајно изреволтирана и крајно беспомошна.
    Срамота и греота е ова што им се прави на уличните животни. Еј во сред бел ден, во прометно и раздвижено место, во парк кај што се движат и играат деца се расфрлаат отров без око да им трепне.
    До кај стигна човештвото?До кај стигнаа градските власти и локалните трујачи еј? Кај им отиде совета на луѓето?
     
    На BlackSwan5, zhap4e, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.