1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.114
    Допаѓања:
    124.388
    И сабота да ти бил ден за одмор :^)
    Пфф,како не...
    Имам среќа да,што не работам за викенд,ама не можам ни да се одморам од работата.
    Алишта,правосмукалка,политура и крпа,средување на шкафот,ставање ручек ,миење садови..... :sweat: Е не е лесно богами.Среќа што во позадина си пуштив добра музика :dance: ,иначе тешко мене со сите обврски.....
    Ах,дефинитивно е тешко да се биде жена!
    Ама затоа сме едни и единствени 8) ,успеваме да постигнеме се,да сме вредни домаќинки и средени женулчиња,кој како нас :wasntme:
     
    На Noemi, Divinebutterfly и Serafima им се допаѓа ова.
  2. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    492
    СДК дека изгледа треба да си го живееш животот како да ти е последен ден..не е за џабе та реченица кажана
    ..
    Сеуште не ми се верува.. :o Денес да не си фатиш дечко дошло времево...Срамота! ;(
    Еден живот прерано згаснат :/
     
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    СДК по втор пат денес.

    Дека се откажувам од форумов.Овде наидов на многу пријателки со кои ке продолжам да се дружам виртуелно и навистина ми е многу мило што ги познавам макар и на таков начин.Но запознав и многу личности кои ме разочараа и го сменија моето мислење за нив.Ке ми недостига некои теми мегу кои и препукувањето за фудбал,делењето на љубовни совети...Но најважно е тоа што научив и многу други работи...

    Јас сум конечно срекна со него и со пријателите кои навистина ме ценат.

    Не знам дали некогаш ке се вратам,а ако се случи тоа,до тој ден чувајте се.Ке ми недостигате. :hug:
     
    На LilBaby, IndieGirl, starbucks и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Замолувам доколку има некој што се разбира од хемија да ми пише!
    Ги замолувам модераторите ако може да го остават барањето/прашањето во оваа тема, бидејќи е најмногу посетена. Благодарам.
     
  5. Belieber163

    Belieber163 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    444
    [​IMG]
    :tmi:
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.262
    Допаѓања:
    43.925
    Полугола седам, мезам Мекдоналдс оброк и во позадина ова оди:

    http://www.youtube.com/watch?v=OIlHt_sy ... re=related

    Тотално неприкладно :D :D

    Сабота на работа, најсмешен ден на светот. На пауза украдов малку магичен студен момент од Плоштад. Да, сите ќе зборуваат сега дека е исполитизирано, дека правиме помпа, дека и ватерполистите се спортисти и дека и тие можеа да имаат дочек, но нејсе. Насмеани луѓе, иако беше ладно. Дури и на кучињата им имаа ставено македонско знаме. Да, да. Претеруваме. Но, знаеме ли ние некогаш за успех, за гордеење со нашето, со она што со пот и среќа ете, се случи? Веројатно треба дисциплина и во добрите нешта. А кај нас и правото се гледа накриво.
    Во автобус правев јога вежби и се замеркав со едно бабе што имаше најкреативен шешир на светот - отров зелена боја и на него навезени овошја. Сигурно беше чукната, но мене ми се допадна. На циганчето пред Тинекс му дадов крем банани и ми рече - да ти е жив и здрав швалерот! Нормално, зошто да ми биде жив и здрав мачорот, кога може и швалерот! Се пресмеав. :lol:

    Си ги најдов чевлите за мојата свадба. Блашка ми рече ќе ги наслика! И еве ги! Сјајни сА.
    Значи, мојата некогашинегде свадба, да не се сфатиме погрешно! :D :D Иако ме испореметија дека сега за Св. Валентин не ми бега просидба, јас се смеам. Куп колешки и колеги се верија ем ќе биднат свадбени тапани кај и да е. Исто толку и раскинаа, се разведоа. Што сакам да кажам? Дека никогаш ништо не се знае.
    Важно е да се ужива во Љубовта додека трае и трае, и трае... А јас верувам во бескрајот исто колку што верувам дека сите нешта се во боја!
    Одам сега да си ги пробам новите хеланки и да денсам низ соба, зошто мешево ми стана ко диско топка, да го искористам за атмосфера :P ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, glow, kate21 и 17 други им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Колку и да се плашиме од промена, одвреме навреме, добро е да внесеме мала свежина во животот.
    Иако не сум склона кон промени затоа што ме прават несигурна, овојпат бев заситена од сликата во огледало, па решив да ја сменам.
    За се има прв пат, па и за фарбање. После повеќе од три години, повторно му се приклучив на клубот Бринети.
    И веќе се чувствувам попаметна :wasntme:
     
    На glow, julie77, Miss-Independent и 17 други им се допаѓа ова.
  8. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
  9. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    од се ми е смачено !! |( :x
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Зимска депресија или што и да е, мене ме фаќаат живците, од многу работи. |(

    Ај што ништо не оди како што треба, ладно е, не ми се оди никаде, ми се спие, ми се лежи и ми се јаде ненормално многу, а реков дека нема да јадам... Уште од сабајле не мирисаше на убаво, не не. На грешна нога станав, плус боса, пак сум имала некоја ноќна сеанса со шифоњерот и сум се пресоблекувала. Очигледно е тоа кога насабајле, нели, собата ти изгледа дека си се сексал со се живо и диво, испревртени блузи и чарапчиња наоколу, додека ти не се сеќаваш на сето тоа. Овде доаѓа прашањето дали можеби ти сексаш се живо и диво навечер и не се сеќаваш на тоа, а после него и одговорот дека и да е така, денеска те боли дундата за тоа.

    Па уште и какви се не ,,филмови,, изгледав, летнале во облаци, ооо! Не се парите за секого, дефинитивно. Ќе им пуштат малку водичка под газ и збеснале, УАУ, г-лавна си сестро! Боже мили, дај бе малку тоа спуштете главата надоле, отворете падобранот додека не сте треснале на газ, па да плачете после. Во улоги влегуваат, мајке ми. Они вака, они така, ама проблемот доаѓа што забораваат дека некој ги знаеше и кога они не правеа вака и така, и дека да, добри глумци се. Не бе не, не приметуваат, само нејсе, не дека ми е гајле ни за тоа.

    И за крај, додека уште сум во bitching around муд и се ме нервира, да ви кажам дека шансите да опцујам некој денеска се правопропорционални со глупоста која што ми ја кажува. Да не ви кажувам колку глупости изнаслушав денеска и колку пати се воздржав, атер за воспитание и понашание.

    Одам да читам, ај чао.
     
    На Noemi и Hipster им се допаѓа ова.
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.223
    Допаѓања:
    27.814
    СДК каде отиде светов и од кога пиштоли се играчки???

    http://www.bezpardon.mk/prilepchanets-n ... devojkata/

    Дваесет и седумгодишен Прилепчанец Даниел К. утрово со пиштол ја застрелал својата 19-годишна девојка, Ангела Д. информира Министерството за внатрешни работи.



    :x :x :x ;( ;(
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    ПОЛТРОНИЗАМ!

    Филмска глумица од редот на Мерил Стрип, театралност на нивоу, шоу најдобро на балканот, за што?За оцена плус евентуално 6ка за да куртули сесија во Јуни, да остане забележана....
    Епа ми се гади од таквиве, ми се повраќа буквално :puke:
    ''Професоре, леле колку ми криво што нема да ве гледаме веќе, што нема да ни предаваате, срце сте-на академик од 60 години :^) :punch:"
    На крстон горе или еветулано пред капијава клада, дека потеатрално е да се задоволи до крај нејзиното его!
    Не ја гледам причината да им лижеш гз ама буквално на сите, особено на оние со длабок џеб и да им изиграваш куче пратилец |(
    Имаше некој убаво напишано, некои луѓе се живи бидејќи е нелегално да ги упукаш!
    Јас ова најдобро го знам, ама неможам некогаш да ја сватам логикава на правово!
    Какви се не ги држи земјава, алал да и е.
    Ме иритита таа лажна насмевка која ја носи и ја шири "љубовта" кон сите, а колку само кога ќе ја заврти главата превртува очи.
    Исчезнете бе проклети манипулатори, лажни фаци, полтрони,доушници, до кога ќе се нервирам за таквите створења како вас....
    Ама глава моја да ја удрам едно 10 пати, можеби ќе престанам да ги перцепирам, ама па неможам бе посилни се :headbang:
     
    На LilBaby и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  13. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам преку глава ми е од некои да ги наречам пријатели кои те бараат само тогаш кога им требаш. а кога имаат друштво тогаш на едно здраво сте. :devil:
     
  14. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    http://www.vest.com.mk/default.asp?Item ... 871B0D4509

    Срамно. Ваква сторија до сега не сум прочитала и не сакам ни да прочитам. Нека се устрами госпоѓата или госпоѓицата за напишаното. Но, таа нема срам. Колку ниско паднала. Се згадив од неа и од нејзините зборови :puke: :puke:
     
    На Hopeful, Abeja и Rozich им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.515
    Допаѓања:
    288.570
    Оваа такозвана новинарка одамна не ми влегла во радар.
    Фала за линкот, насловот на колумната барем е соодветен...ефтино ефтино ефтино :puke:
     
    На funkygirl и Rozich им се допаѓа ова.
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Гоце на тараса
    Ако власта ги наградува спортистите со илјадници евра за нивните одлични резултати, тие спортисти треба гласно да ја предупредат власта дека не смее да ја заборави вистинската Македонија... Пишува Биљана Секуловска
    Овие денови не си патриот ако не си дел од Гоцевата раса. Распослана на една тараса од мизерни размери, оваа раса дури и сопствениот јазик не го познава, и со пелтечење, но без двоумење се определи за зборот "тараса", супериорна каква што е. Нашава раса е специјално смислена во некоја од лабораториите за ширење на нескротлива омраза, или како што вели Џорџ Орвел кога пишува за спортот, тоа се оргии на омраза. Гоцевата раса има фанатична желба да биде згазено се под нејзините нозе што одбива да носи антички шлемови и да пее националистички песни за освојување на Солунското поле. Мнозинството од нив занесени во песната, забораваат дека не го ни виделе, а ниту пак иднината им е блескава за стапнување на туѓо тло. Иако, за волја на вистината остануваат само на тарасата, зашто за повеќе напор, за да се освои Полето треба да се има трошка храброст, а второ, историјата покажала дека ниту пак знаат како да ги остварат потајните желби за окупација на нешто што мислат дека им припаѓа.
    И се разбира, за да бидете дел од оваа внимателно смислена раса, има и трет услов: мора и да ги владеете фашистичките песни за "клетите Шиптари" кои којзнае по кој пат завршија на клада од разулавената толпа. Но, тоа е отсекогаш така, спортот ги бодри прапочетоците на национализмот, а потоа и на војните. Како што пишува Орвел, сетете се само на Олимпијадата во Берлин 1936 и ќе ви биде неверојатно наивно верувањето дека спортот придонесува и креира добра волја меѓу народите. Читајте ја и македонската новинарска легенда, Лилјана Јаковлевска, како предупредува постојано, неуморно потсетува, подготвена е до бесконечност, се додека не ја исцрпи и не ја предаде и последниот атом, се додека не и се одземе гласот, се додека може, таа грми, затоа што не смее да се заборави никогаш: Така почна национализмот во Србија на Милошевиќ!
    Токму така и се негува и збеснува национализмот, кој како што вели Светлана Слапшак, заглупува, затоа што е наменет за глупите и помалку образованите, го понижува знаењето, затоа што не негува интелект, критика и разбирање. Токму затоа и не смееме да заглупиме, ниту пак да заборавиме каде се може да не одведе слепилото: кога власта ги наградува спортистите со десет илјади евра за нивните одлични резултати, тие спортисти треба гласно да ја предупредат власта дека не смее да ја заборави вистинската Македонија. Да не се забораваат и останатите вистински Македонци, огромното мнозинство Македонци: лозарите, тутунарите и сите обезвреднети и отфрлени земјоделци, стечајците, социјалците, болните и сиромашните, сите обесправени, понижени и заборавени, сите оние кои не постојат, за кои власта не сака да знае дека ги има. Овие луѓе на маргините ги нема онаму каде што се слават успесите, онаму каде што власта ги брои победите. Тие се поразот на Македонија во денови кога победува национализмот. Затоа нашите спортисти се оние кои мора да ги предупредат навивачите - онаму каде што започнуваат нивните објавување на војни завршува спортот. А возот кој го плаќа власта за да замине за Србија на ракометното првенство, може неповратно да остане таму, да се врати тркалото на времето и да застане на онаа Србија на Милошевиќ. Гоце на таквата раса која денеска се колне дека е негова, никогаш не припаѓал.

    Значи сите што ја поддржуваа и бодреа Македонија се глупи (глупави би било посоодветно според правописни правила, ама морам поради автентичност да го искористам во оригинална форма зборот употребен од ,,ценетата,, новинарка), помалку образовани и некритички националисти, море шовинисти ха ! Видиш ти способност да претпоставиш дека скоро цел народ (со мал број ,,рафинирани,, исклучоци како неа, што секако мора да ги има, нели кало, растур, отпад секогаш постои) е со ниско ај-кју и освојувачки претензии бидејќи се дрзнал да навива на првенство за својот тим. Ам, ако дојдеме до добар резултат и во фудбал, јас мислам дека ќе тргнеме по стапките на Александар Македонски и нека се чува тогаш Индија :devil: , а како што имаше еден научник претпоставено дека ја освоил и цела Азија и преминал и на северноамериканското тло, ете не и во Штатите :muscle: ...

    А инаку, ако не беа тие неколку илјади евра дадени на ракометарите, сигурно ќе завршеа во рацете на земјоделците или стечајците или било која загрозена група од погоренаброените. Ако не па во рацете, сигурно во нивните очи, во облик на прекрасни споменици за век и веков. Без Амин. Или па таа со текстов им беше од голема помош и мотивирана од нивната тешка положба, не од сопствената налудничава потреба за самоактуелизација по секоја цена од типот - и лошо да те зборуваат, е подобро отколку воопшто да не те зборуваат - мојата омилена група луѓе, сwценца пwави мwa :* !

    Постојат точно 4 моменти кога македонскиот народ бил целосно обединет - двапати во тага - смртта на Борис Трајковски и Тоше Проески и двапати во радост - првенствата во кошарка и ракомет. Ако емоциите вложени во овие настани ме класифицираат како глупа националистка, тогаш со гордост ќе ја носам таа титула. Разбирам јас дека секогаш има контраши и вечни и дежурни опоненти, ама не разбирам каква е таа сатисфакција да бидеш предмет на презир на безмалку цела нација. Платното на оваа Билјана ни сите води во Македонија не ќе да го обелат, не сум веќе ни револтирана искрено, ја жалам повеќе одговара на она што го чувствувам во моментов...
     
    На mims-89, bittersweet, LilBaby и 24 други им се допаѓа ова.
  17. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    СДК
    Денес си идев од Велес , бев таму нешто да земам од кај баба ми |( , и се возев со шпански воз , како во автобус . со 3 вагони беше |( , а бре немало простор за дишење човече ! , Стоев до Прилеп , место ни за пр*ење нема , незнам дали сите возови се зафатени или ... Да стаат барем 4 вагони најмалку , лујџе сме или шо? Дај не штедете :D |(
     
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    А ако тргнеме по татко му на Александар, Филип Македонски и до Филипини ќе стигнеме (се зезам,к-15 нели) :lol:
    [​IMG]
     
  19. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Сакам да кажам дека по слатка и убава сликичка одамна немам видено и сакам да ја споделам со вас драги мои [​IMG]
     
    На Beauchamp, glow и Magnolija им се допаѓа ова.
  20. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    18.506
    Пол:
    Женски
    едвај дочекав да седнам на компјутер.дома војна се води за тој пуст компјутер :?: :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.