Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.154
    Пол:
    Женски
    Time goes by so slowly.. :tmi: и навистина кога сакаме побрзо да мине времево, не поминува |( деновиве ми се како вечност, а неделава што иде ќе ми биде пеколна :nod: пеколна ;( со 7 предмета во семестар не ни може да биде поинаква :devil: се каам со секој изминат ден што избрав да студирам јазици :swear:
    Сакам да поминат деновиве што побрзо, не само затоа што ќе заврши деноноќното учење, туку и после таа недела треба да направам нешто, нешто со што ќе ми се симне тој терет што го чувствувам и што ме измачува постојано :doh:
     
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Денеска научив нова работа.... Шетајки по улица ....



    [​IMG]
     
    На Phyramide и cecilia им се допаѓа ова.
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    СДК дека вчера бев решила да не седнувам на пц некој период,чисто да видам колку ке издржам ама не ми успеа замисленото.
    Денес против мене е и хороскопот и телевизиите.Не дека ме има ами ме лажаат со тв програмата.
    И таман помислив дека некој се сетил на мене кога го видов пликчето на мобилен,го отворив и видов дека е од Т мобајл.
    Ке почнам и јас како Џокси да си пракам сама пораки :fubar:
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  4. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.705
    Допаѓања:
    10.148
    Пол:
    Женски
    сдк дека имам 4 колоквиуми за полагање ама мене не ич мува не ме лазе :D знам дека треба да учам ама пак се др ми е поинтересно...ај од вечер ветувам :!:
     
  5. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Ај да промрчам и јас малце, и така изглеа ќе немам попаметна работа неделава.

    Прочитав пред некое време еден пост на една феминка као наводно дека попопуларните форумџики лајкови добивале, без разлика што и да е напишано во постот. Епа сега мислам дека тотално се согласувам. Нема везе, небитно не ми значи мене тоа ништо а ништо не ни мења, дај да не земе некој да ми мрчи мене безвезе али само сакав да спомнам, бидејќи изгледа како само на тие постови внимание да се посветува, а другите ко да се ради реда напишани.

    Напомена: нема ова никаква врска со мене, само ви завидувам на сите што ќе искачате викендов.
     
    На WhiteAngel, ines.h, Miss.Ricci и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Ќе се согласам со ова, но не се виновни популарните форумџики за ова (и они си пишуваат мислења како сите останати) туку оние кои дремат на форумов само за да лајкуваат.

    Во секој случај поздрав за оние кои имаат мислења вредни за лајкување.
     
    На Grunge и maca99 им се допаѓа ова.
  7. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.249
    Допаѓања:
    6.731
    Пак на старт.
    Секој ден е нова приказна .
    Понекогаш помислувам дека тоа што ги имам истите луѓе околу мене не ми влијае добро но сваќам дека ако не би биле тие мојот живот не би бил ваков каков што е сега.Овде.
    Без нив сложувалката не би била целосна .
    Сепак тука е и таа личност што го има клучот на вашето срце , ве познава подобро од сите .
    Низ очите ви ја гледа душата !!
    Пред четири години не ни мислев дека олку ќе ми се смени животот, во позитивна насока .

    Не бев по моја волја запишана фармација , презирав се околу себе , на моменти и самата себе се презирав..

    Како што поминуваше времето се запознав со сите во класот освен со една рокерка што седеше на последната клупа . Јас не сум јас ако не ги запознаам сите до еден , штом судбината ме донела на тоа место барем да видам што ми нуди . И се приближив и прашав дали е слободно местото до неа . Не ми одговори , само бледо ме погледна . Седнав до неа и ја прашав како се вика . Ми го кажа името и со солзи во очите ми рече -Jaс....не припаѓам овде.
    Во тој момент кога го рече тоа еден дел од срцево мое како да сакаше да се отвори и да го каже истото , но пробав да бидам позитивно настроена и ја прегрнав . Врелите солзи ги почувствував и на моето лице , и ден денеска незнам од каде дојдоа .
    Од тој ден до денеска поминаа точно 4 години .
    Во тие години ние ни еднаш не се скаравме, ништо не не раздели ..Ми се вртат сите слики на заеднички моменти со неа , одмори ,излети , излегувања ,преспивања....

    Среќна сум што имам таква другарка !
     
    На Divinebutterfly, bal0n43, Speechless и 18 други им се допаѓа ова.
  8. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.982
    Пол:
    Женски
    СДК кога се загледав во мојот претходен аватар(девојка на плажа) едноставно ме мавна некоја депресија за сонце, за жешко време.. Ова ми е некако депресивно време, барем снег да заврне.
    И кога веќе коментирам за времето сакам да кажам, дека одвај чекам новогодишна еуфорија :rock:
    И ја започнувам новата сезона(зимски) аватариии.. Тададаммммммм :lol:
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  9. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк го знаете она чувство кога се враќате дома по извесен период?
    Конечно! Се вратив. Конечно ја почувствував топлината на домот. Огинчето кое ме чекаше запалено. И мајка ми која не знаеше дека денес порано ќе си дојдам. Ме виде и се изненади.
    Широка насмевка и се појави на лицето. Ја изгушкав. Ја стиснав силно во прегратките и не ја пуштив за сето ова време што се немавме видено. Ја видов и баба ми. Абе ја сакам жената многу. Со неа дури се немавме видено скоро два месеци. И неа не ја пуштив од прегратките.
    Конечно ќе спијам во мојот кревет, во мојата постелнина.

    И ја дознав веста дека на братучед ми жената се породила. Нека им е жива и здрава ќеркичката.

    Денес ми се исполни срцето.
    Ја пуштам мојата среќа и на вас.
    Имајте убав викенд.
     
    На bittersweet, zhap4e, Strumfeta93 и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Lady-Cha

    Lady-Cha Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    23
    ...Сите имаме личност која од секогаш сме ја сакале и ќе ја сакаме...иако можеби никогаш нема да биде со нас...но секогаш ќе се навраќаме на неа...секогаш кога ќе се разочарам во некое момче пак се сеќавам на тебе, колку ми изгледаше совршен...се ќе дадев за тебе...те сакав премногу, ти знаеше но не ти беше гајле, ти беше интересно некој да те сака...но знам дека тоа беше маска, знам што чувствуваше за мене иако никогаш не ми кажа...знам се дознав од твоите погледи...и навистина е тажно вака да заврши нешто што никогаш не ни почна...на кое ти не му даде шанса...а знам дека ќе успееше...но изгледа е доцна...затоа што денес за прв пат во овие 5 години не почувствував пеперутки во стомакот кога те видов, ми беше сеедно дали тоа си ти...и се прашувам дали јас те преболев?дали навистина ништо не ми значиш повеќе? дали те заборавив? не знам...времето ќе покаже...


    СКД студииии и конечно викенд, остана уште еден колоквиум но има време и тоа ќе го средиме 8) :)
     
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум сакала да прекорувам некој што правел во минатото. Сите сме грешеле. Меѓутоа кога некој е со мене, сакам да знам што ќе направи од моментот кога е со мене. Подршка сум голема, и туркам. Ја претставувам вистинската слика во очи за да се сфати дека ова е реалноста. Знам дека ќе бидам тука уште многу денови, и дека ќе повторувам многу работи, ќе ти ги тргам сопките само да застанеш онаму каде што знам дека можеш. Би сакала и јас да имав некој кој мене ќе ми го правеше тоа. Ах понекогаш си велам до каде треба да одам.

    Некогаш и да не посакуваме преживуваме грди работи, но сепак не треба да не бутнат на дното. Губиме личности ама спомените се тука. Јас велам благодарен треба да бидеш за тоа што си имал личност кој ти дарил се' ама баш се', и секоја помисла ти остава насмевка од неговата љубов. И јас би сакала да речев еве го имам, ама мојата помисла на неговто постоење не ми остава осмех. Туку чудење како може таа себичност да го одржува во ова постоење. Богат си ги имаш најубавите спомени.

    Ќе паднеш еднаш сам, сега паѓаш со мене ама те задржувам. Би сакала некогаш луѓето да гледаат на проблемите дека има решение. Се се средува, болката со време минува.

    Поставете си цели, и стремете се.. нема откажување за ништо.. Еднаш ќе горчи, два пати, ама третиот пат слатко ќе биде се'..
     
    На Strumfeta93, zhap4e, baguf4e и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    СДК дека кога одам кај некој на профил на феминава да пребарам во мислењата што има како скоро секогаш одам на последната страна најдоле нели каде што е напишано првото мислње ,од таму најчето гледам кој е мотивот што се зачлениле . :lol:
     
    На pupi.girl и Cynthia им се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Офелијо, О, о, Оооо, Десдемоно!!!!!!
    Моите омилени театрални збора, кои ги користам кога сакам да импресионирам некого со моето знаење од областа на уметноста. :D

    Нема време многу да филозофирам, нема паре, нема љубав, нема ништа.
    Ама нема ни проблеме, нели, последователно од сето ова. :D
    Знаете ли што има ?! - Колоквиуми! ]:)

    Вуууууухуу, одвај чекам да почнат и да ЗАВРШАТ! Не дека се жалам, мислам, да не се разберем погрешно, ама ми стојат како обврска над глава. А не сакам обврски над глава. Па така Дузи си приучува, си учи, си чита, рекреативно ил не, затоа што а woman has got to do what a woman has to do! :D

    Бонус поени добив затоа што се разболев солидно, имам ПМС, имам три воспалени црнки на носот ( :o ) и немам асален ручек дома. ДА бе, тоа заборавив, си дојдов дома. Е, друго што за малку ќе заборавев е дека вечер не сакам никој да ме задева. Ќе се замотам со едно ќебе, ќе гледам Госип грл и други високо научни и образовни серии од тој тип, ќе грицкам сончоглед, ќе пијам зелен чај и ќе медитирам. Немој некој да го лажел ѓаволот да ме задева. :rofl:

    Останете со добро здравје и ако видите некоја да кива по 12-3 пати наеднаш, јас сум.
    Екс оу екс оу - ју ноу ју лав ми! :rofl:
     
    На zhap4e, caroline.costa, dancing.queen и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Сакам да кажам фала што ме известувате дека сте го виделе со новата девојка
     
  15. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    http://www.youtube.com/watch?v=MJsaDx7-tj8

    Знам дека е петок, ама мене песнава ми е alltime. Го знаете оној момент кога некоја песна ви буди пријатни чувства? Е, баш оваа ги буди кај мене.
    Дури ме потсеќа и на мирисот на убаво пролетно утро, гугуткањето на гугутките во април и на зраците на сонцето (кое со душа го чекам пак). Едноставно, песнава ме грее, па ја користам како превентива за ладното време.

    Немам многу време за шарање по форумов. Настанаа обврски кои како-така успевам успешно да си ги завршам (во 5 до 12) :tmi:

    Да знаете дека сум тука некаде низ темиве, па викендов ќе ви се посветам повеќе. Навистина ми фалат вашите позитивни постови и ветувам дека ќе се обидам да се корегирам и да бидам почесто на форумов.

    Ве сака ФБИ :*
     
    На lolyta777, julie77, Sparks и 7 други им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    Чувствата не се доволни. Понекогаш го слушаме срцето, занемарувајќи што ни вели разумот. Така и јас, цело време се водам според чувствата, срцето тоа вели, срцето ова вели. А ниту еднаш не помислив на иднината која реално ни ја покажува , ни ја насочува само разумот.
    Три години се водам според срцето, давав, давав и ниту еднаш не добив тоа што навистина треба. И сега кога добив така убав шамар од него, сфатив што навистина се случува.


    Друго, Задушница, ги мразам овие денови. Утре ќе одам кај татко ми, а уште сега ми се стега срцето. Навистина ми фали неговото присуство во мојот живот. Толку ми е мило кога ќе видам татко со мало девојче како с ешета, ми се топи срцето. Цел ден ги гледам нашите фотографии. Имам милион фотографии кога сум била бебуш. Тој ме фотографирал. На едната сум иста како него, иста! А како растам се повеќе личам на неа.

    Ах, не знам дали е ПМС , дали се деновиве, но солзи ми течат. Ми треба само една прегратка полна со љубов, без зборови, само да молчам во нечија прегратка. Не барам многу, нели?
     
    На LilBaby, eli25, TeddyGrey и 18 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.127
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве почастам феминки мои што ми пуштавте среќа :) Конечно добри вести, малку размрдување. Што е тука е, тоа што ќе ни се пружи треба да се искористи.
    [​IMG]
    Eве нешто благичко, па така и да тргне работата. :)
    И друго сакав да кажам, вечер конечно една добра пиенка ќе падне, малку олабавување и многу љубов. :)
     
    На anuskaNESTLE, zhap4e, la-chicka и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ако се заберете од Кисела Вода до Битпазар за еден бурек, мора да бил a hell of a бурек :D
    Тоа може само некој како мене и како Сестра ми да го направи. Ни тргнаа екскурзииве низ Скопје. Овој пат ги оставивме оние на К и се упативме кон првата буква од азбуката, каде тешко се заспива од тоа авионите :D
     
    На ines.h и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  19. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Неделава како цел месец ми се учини. :o
    Секој ден, по цел ден учев, учев, учев, учев, учев, учев, учев, учев, учев, И УЧЕВ, учев, учев, учев... и пак учев, учев... :D

    Важно помина неделава, тешка, лесна... помина. Во викендот ќе уживам и што е најважно ќе си изгледам вампирчињата (јухуу ^_^ ).

    http://www.youtube.com/watch?v=u5HRzaOFhec
     
  20. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Почна ноември и оп, почнаа супер-позитивно настроените постови со милион лајкови.
    Е, такви ве сакам.
    Да и кажам искрено, не љубам ноември многу-многу, ама ја љубам инспирацијата што ја дава.
    Не знам дали има некој кој не го љуби чувството на крцкање на лисјата под неговите нозе, не знам дали има некој кој не љуби да се покрие со ќебе и да им се препушти на магичните ладни вечери. Чај, какао, кафе - за кој како. Книга - кој каква сака. Но, сите полни со бескрајна љубов и позитива.
    Ах. Ги сакам овие денови.
    Сакам кога шетам надвор во дебело палто,а низ устата ми излегува „чад“ . Иако некои тогаш имаат чувство дека пушат цигари мене тоа ми е нешто како „згреено тело - разладен воздух“ (или клима, како сакате).
    И да, колку и да велам дека мразам студој и мразој, секоја наредна зима се’ повеќе го засакувам истото. Што знам. Ми дава некоја чудна инспирација, ми навира некои спомени... Ете, ни јас точно не знам самата.

    Знаете само што знам?
    Дека е крајно глупо и дебилно кога родителите на некој твој соученик ќе дојдат на гости и ќе те испрашуваат за во школо, а ти така или вака си прекрил нешто дома.
    Скул, плиис, не ми отежнувај. Договорено?

    Патем, имате поздрав од моето какао, од поемава што ја читам „Ракување“ - Блаже Конески, ама, најголем имате од мене - и тоа заслужен.

    И иако мислите дека овој последниов дел би требало да стои во темата СП, јас мислам дека го има почесното место да го заврши постов на добар начин, оти ваљда на ова што го пишам во моментов ќе има несогласувања.
    Како и да е - Мња, мња. Ве лофкам.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.