[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Погадно нескафе од она само со вода, нема!!
    Млеко си е млеко, се уверив, ама мрза си е мрза!!
    А денес баш и не е до мрзата. Денес не ми се талка по улици, ни по продавници да купувам млеко.
    Дури не ги искористив ни овие 20тина минути пешачење од школо до дома, туку зедов такси...
    Не ми се одеше.
    Се чувствувам чудно, грдо и несфатено.
    Купив топка за пилатес и сега размислувам од кога да почнам. Денес, утре или в година!?
    Последново ќе е најверојатно, ама не губам надеж...
    Всушност, и да почнам ќе е џабе се додека не се откажам од кока кола и чоколади во неограничени количини. А кога ќе се откажам, пилатесот само би придонел на исходот.
    Се радував дека годинава ќе ми е првиот лет со авион. Сега и тоа ми падна во вода.
    Скапо било, не можеле сите да платат. Ахам да, можат да платат цела школарина наеднаш и тоа не е проблем, ама лет со авион не можат да платат. Всушност, тие не се ни прашани дали можат или не, но директорката не сака да ги троши. Сама заклучи дека не можат.
    Колку е великодушна само... И онаа нејзина измонтирана насмевка: „Леле, не те имам видено одамна. Како си, душо? Да не имаш некој проблем? Се е во ред, нели?“
    Да, а сега заминувај! Драга ми е, ама ја мразам нејзината вештачка и измонтирана насмевка.
    Глаголи, сврешени или сингл, сеедно е. Нека ги учи некој друг, јас немам време...ни желба. Денес.
    Тоа е само денес. Можеби е само од нескафето со вода.
    Ќе бидам океј...кога ќе имам нескафе со млеко. Или некој кој ќе ми свари турско.
     
    На CharmedGirl и eli25 им се допаѓа ова.
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Ми треба одмор очајно!
    Планина, никој околу мене освен он,шетање низ снегови, по планина нагоре, воздухот да си игра со моето болно грло и ладно носе, лежење, јадење, пиење и сексање!

    Да ми помине казнената сесија и планирам да го заробам на некоја планина, не за друго, пред се рари мене, да се обновам, еден благ рестарт кој ќе ме штипне по обравчињата.
     
    На blond и eli25 им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.111
    Допаѓања:
    124.328
    Мм е на пат,па сум сама со себе.
    И да,убаво ми е,зошто јас сум таков тип, од време на време,сакам да се отргнам од сите. да имам некој ден само за мене...Потоа пак сум старата....
    Така вчера,зедов да правам нешто продуктивно,т.е. да ви се пофалам дека за првпат во живот успеав да пуштам машина за перење алишта :rock: Која радост за мене,ми изгледаше комплицирана таа работа,ама откако успеав од радост собрав и други алишта за да ја пуштам пак :lol: Па добро и недела беше ,евтина струја :wasntme:
    Потоа зедов да чистам ,и само што почнав морав да сопрам зошто излегоа моите стари дневници пред мене....Ах,од кога немам ниту пишувано,ниту читано...
    Ги земав со мене,и се потсетив на убави и неубави времиња.....Дневник :) .Колку го обожавав,мојот најдобар другар,а денес времеплов низ времето....
    Во него,безброј мои мисли,дилеми,прашања,секакви глупости и неглупости,длабоки чувства...некои ми изнудија солза ,некои насмевка .....
     
    На Magnolija, Bright, maca99 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    СДК Welcome back butterflies, прекрасно е чувството повторно да сум со лептири во стомак :rofl:

    Ах каков ден..
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.261
    Допаѓања:
    43.906
    Открив нова радост за моето меше - сок од дуњи :inlove:
    Денес одиме сите колегијално на ручек кај колешка, се надевам ќе ми биде забавно, зошто вечер ме чека трета смена, работа и задремување како Спанко од Снежана и седумте џуџиња.
    Кај да се свртам, мачки.
    Во влез, мачки - се р'ваат пред секс.
    Пред влез - мачки, се гледаат и си пуштаат ишарети.
    На интернет - саде мачки.
    И плус ова - да си умрам од слаткоќа!

    Друго, денес е понеделник, речиси завршен јануари. Блеска сонце, облаците прават облаци, мене ме стегаат чевлите, ми се патува.
    Вчера бев многу безобразна, истовремено ми дојде тешко. Имав кошмар, во кој сонував дека сум го изгубила телефонот и плачев зошто не можам да им се јавам на најблиските. Башка што доцнев и на работа во сонот и се разбудив уште поуморна од спиење. Најсмешно од се’, во сонот го пронајдов телефонот и си шепнав сама на себеси - ех, и од материјални нешта не можеме да се одвоиме, а не пак од луѓе.

    Вселенава има план за мене, изгледа е многу скоро остварлив. Мене ми е важно само луѓето да не се надвикуваат, да не се продераваат едни на други, да не си истераат око, да не си брцаат ножеви во грб. Ама нема. За баланс, некој ќе плаче, некој ќе собира бисери.
    Сакав да кажам дека сум среќна што отворија таверна кај Максим Горки улицата, кај бивша Пауза. Се собиравме во време на факс таму, јадевме поховани тиквички и пиевме пиво, го рецитиравме Бодлер и игравме по улицата, распослана со розеви цвеќиња. Сега е нешто ново, но го има истиот декадентен шмек. Ме потсети, кога ја поминав улицата, какво време беше тоа. Искулирано, умно, ентузијастично.
    Сега веќе се мажиме, жениме, менуваме, патуваме.
    Не жалам за ниту еден момент поминат на таа катедра.
    Во име на победите и посакуваните нешта, ви посакувам среќна недела.
    :angel:
     

    Прикачени фајлови:

    На mims-89, wolf4e и GeorGinnA им се допаѓа ова.
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе,кој за шо сака нека си пиши на форумов,шо се замарате не ми е јасно,некој дошол за лајк,некој за мислења да прави,некој да трола,некој чисто за да си ја олесни душичката...Пффф ко демек тоа лајк значи нешто.А и сликите се за да се насмееме или научиме нешто,да ги коментираме,па и да има лајкови,шо толку...Значи била интересна или ви се допаднала.Ко демек ги гледа или брои некој лајковите |( Јас затоа си ставам на секое лајк,пошто многу мислења ми се интересни,ми паднале в очи и така.Е не,сеа ќе ги штедам лајковите,глупости...Се гледа кој има квалитетни мислења кој не...А и од новите има шо сме ги заприметиле,без разлика дали имаат лајк или не.Не значи некој ако има повеќе лајкови од другиот дека е попаметен или незнам шо.Некој па си има талент за нешто,па можи за тоа добивал лајкови.Страв да му е на човек слика да стави или да поздрави некој оти ќе го нападнат,аман!Ајјј нема врска ми се смачи и мене од ова...Како и да е...Јас сум тука да си олеснам и да помогнам на некој ако можам,а и да споделам нешто убаво со сите.

    За денес СДК ми се одеше да шетам и чевли да си купам,т.е. штикли,ама не ми се излегва на ова ладно :| Ете секако утре имам работа,па можи да тркнам до некој трговски да ѕирнам што има,имало мн намалување...А денес ќе седам дома и барем да научам нешто :) Го допив кафето со ФЕмина,па после уште едно.Денес сум ок. :mm:

    На сите што полагаат им посакувам многу среќа,пошто знам како е,и ти се чини дека ништо не знаеш,а уствари ко ќе седните таму,ко ќе ги видите прашањата ко машини ќе сте :D Некогаш не мора да знаете се,до детали,ама основата и она важното што ќе ви треба за понатаму и што ќе ви ја олеснува работата да ви е во мозочето :)

    Taка,имајте убав ден! :*
     
    На bittersweet, Hiii, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Еднаш другар ми (не толку познат по филозофски мудрости) ми рече:
    Зошто се правиш полоша отколку што си? Дозволи да бидеш сакана.

    И така, едно бесно девојчиште, инаетливо како магаренце на мост, престана да си ја плеска главата во ѕид, ги надмина сите свои пубертетлиски бубачиња (кои се развлекоа и после регуларниот период на teen годините), ги отсече од корен сите непосакувани зујачи од поблиската и подалечната околина, почна да помага, да учи да прима и туѓа помош, да плаче на туѓо раме, но да го нуди и своето, да пее и танцува без страв од урокливи очиња, да запознава со ентузијазам и намевка нови нешта, бои и мириси, наместо со предрасуди и страв...

    Не дека стана совршена.
    Блесава е, будалеста и чукната, некогаш се полни со бес и горчина, но слично како кај турското кафе - остава да зоврие и да преврие, и повторно е чиста и сјајна, без дополнителен слој кајмак кој ја загорчува, прекрива и сокрива.

    Си носи трауми од минатото и по некоја фрустрација, но со гордост; нема што да се криеме кои сме и што сме.
    Ќе побегнеш од се' и сите, дури и огледалото ќе го покриеш со ткаенина, ама од совеста и сонот нема да побегнеш.

    Денес се 'рчкам само за работи блиски до срцето и умот.
    Неколку се, ги бројам на прсти.
    Би направила се' за најблиските, ако ги радува материјало - би им купувала (кога ќе сум во можност) чевли, парфеми, нелепливи тавчиња и медицински кломпи за празник и делник.
    Ако ги радуваат оние другите радости - ќе ги гушкам и ќе им посветувам песни и куси раскази, и ќе им правам милиброди и мафини, и за празник и за делник.

    Поентата:
    Го гледам и тука, и дома и насекаде - секој сака да се направи полош одошто навистина е.
    Времето изгледа не' направи такви, да се натпреваруваме, да се препираме, да се покажуваме и докажуваме, да се обвиткаме во заштитен кожурец, па во уште еден и еден, за да преживееме.
    Но не сме тука за преживување.
    Тука сме да живееме и да дозволиме да бидеме сакани.
     
    На MissAnn, Buttterfly, LilBaby и 37 други им се допаѓа ова.
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    12.376
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека на Трендафилка ете и ставив лајк, а помина помалку од минута откако постираше. Го исчитав постот, ми се бендиса.
    Ја гледам дискусијава неколку страни поназад и сфаќам колку виртуелново денес е поважно од реалноста за некои.
    Ми паѓа грев бе.

    Јас денес цветам. На километар од мене ширам топлина, смеа и бучава. Штета што ваквите денови се ретки. Сите преокупирани со мрзливово време и темната сегашност забораваме колку значи еден испиен чај со луѓе што значат.
     
    На Divinebutterfly и MandyLane им се допаѓа ова.
  9. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека имам една голема мана-ПРЕМНОГУ ИМ ВЕРУВАМ НА ЛУЃЕТО! Затоа кога ќе ме повредат можеби толку ме боли ;(
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Леле прво си помислив да не е нешто вакво ама кога почнав да читам викам стрипче е....и после...ццц
     
  11. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Мммм,ми се допаѓа што веќе е 16.10,а низ прозорецот сеуште допира по некој зрак сонце...... :)
    Ова значи дека нема веќе стемнување во 16часот а и дека пролетта иде :)
    Нема веќе премрзнувања,ајде уште малку остана,брррр [​IMG]
     
    На la-chicka, crazyinlove19, TheCandy880 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
  13. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    65
    12 заповеди за среќа ;)
    Ако сакате да бидете среќни и задоволни, мора на животот да му пристапите со одреден став и секогаш да ги гледате работите од ведрата страна.

    1. Оптимизам. Прифаќање на сите животни искуства, дури и оние болните, со идеја дека нешто добро мора да се случи – ова е начинот на кој функционираат оптимистите. Најчесто трагедиите се оние кои овозможуваат на луѓето да сфатат дека поголем дел од работите во животот не се вредни нервози и не се сметаат за проблем.

    2. Љубов. Фактот дека некој се грижи за вас е најголем предуслов за среќа. Без разлика дали станува збор за романтична љубов или родителска, пријателска, чувството е бесценето.

    3. Храброст. Ако се однесувате спротивно на своите убедувања, ќе се најдете во војна сами со себе. Стоите зад своите ставови и храбро истакнете ги.

    4. Можност за избор. Самосталните и самоуверените луѓе секогаш пред себе имаат повеќе избор кога ќе се најдат во несоодветна ситуација.

    5. Проактивност. Нови искуства, потреба за истражување на животот. Секој ден направете по една грешка. Тоа ќе ве охрабри да испробате нови искуства кои во спротивно би ги избегнувале заради стравот од неуспех.

    6. Сигурност. Сигурноста подразбира добро чувство за окружувањето во кое живеете. Среќните луѓе едноставно го сакаат фактот што се онакви какви што се. Тие не се робови на популарноста или финансискиот статус.

    7. Добро здравје. Телото и умот се поврзани, затоа грижата за себе значи голем плус за вашата среќа. Движете се, редовно шетајте, танцувајте, вежбајте – било каква физичка активност ослободува ендорфин и го зголемува нивото на серотонин.

    8. Духовност. Научниците тврдат дека религијата влијае позитивно на физичкото и менталното здравје.

    9. Алтруизам. Несебичното давање без очекување е еден од најлесните начини да се чувствувате добро. Алтруизмот ве поврзува со другите, ви дава причина за да одите понатаму.

    10. Перспектива. За да го гледате светот од позитивен аспект, научниците советуваат споредба на лошите ситуации со најлошото можно сценарио кое може да ви се случи. На пример, будењето за работа во 7 часот наутро – да е мачно, но уште би било полошо да немате работа.

    11. Хумор. Смеењето прави да се чувствувате добро. Секој ден смејте се барем еднаш гласно и од срце.

    12. Поента. Да имате причина зошто се будите наутро – ова е најголем мотив кој поттикнува задоволство. Некој ја наоѓа смислата на животот во работата, некој во професијата, некој во семејството. Важно е да имате нешто или некој кој ве исполнува. :*
     
  14. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Зошто досадата се граничи со јасните дневни активности кои наводно би требало да не исполнуваат??
    Немам воља за ништо...
    Дури ни за нојсет Милка, која некогаш ја исцицував до последна капка од левата бразда на моето средство за отисок за лична карта...

    Ете, безвеза расположение изградено на темелите на наплив од блага депресија...

    Што ми е по ѓаволите? :|
    Како некоја билка виреам, без способност да проголтам воздух и да се издишам поштено..

    Нејсе...Мојот дијазепам за вакви непоканети ситуации е концентрација низ збиднувањата на некоја нова книга и стутканоста во најмажјачките расни раце на мојот Либенце :)

    ...ах да, годишнина ни е уште ден-два.

    Мислам од што е романтичен и непредвидлив, додека џвакав едно пржено лепче пред некој ден а он чучнат на кревет со Родео примерок меѓу прсти , зјапна во мене со тие две најубави небесни очи и дали прогуга или шепна не знам баш...ама она што се стопи со воздухот во просторијата звучеше вака:

    „ Баш вчера со колешка ми правев муабет за тебе, мислам дека ќе те запросам на годишницава.“

    :o Мислам да, јеееее ќе се правам изненадена. Може и ќе се расплачам, од моментот на изненадување...и така ви викам.

    Ќе се мажам ли? :^)
     
    На Cynthia, LilBaby, Extraordinary.girl и 18 други им се допаѓа ова.
  15. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    значи зимата ама ич не е мое годишно време,како мечките го поминувам во зимски сон :D ама ич не ми се излегува никаде,не ми се мрда од дома..најубаво ми е домче на топло,со нес кафенцето и колачињата пред телевизор или компјутер..добро за викенд ке излеземе со другарките ,сепак мора малце и забава у животот нели ;) одам и на вежбање за да не се наталожи салце,и да се пофалам сите ми викаат дека сум ослабена :P ама овие две недели и за таму ме фати мрза,па сега паузирам..ајде нека се креваат овие снегови веке еднаш,нека иде пролетта за со неа да се разбудам и јас :D
    треба да се превземат некои конкретни чекори,ама прво нека дојде пролет,сега не се мрда,хибернирам. :)
     
    На Divinebutterfly и maca99 им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.507
    Допаѓања:
    92.074
    Пол:
    Женски
    Денес Скопје беше магично, го чувствував со секое сетило. Намерно чекав автобус половина час затоа што небото беше волшебно.
    Положив со 9ка, а другите три за некој ден резултати. Не знам дали имам среќа или со малку учење можам да постигнам добри резултати? И тогаш си велам Марамо кога би учела на време сега ќе ти остануваа неколку испити. Но, не се жалам!
    Дома одма ме почастија со чизмички. Ефтини се, но не е тоа важно, битен е гестот.
    Прочитав пред некој ден убава приказна на која поентата и беше дека кога денот би го почнувале со убави мисли и со насмевка секогаш ќе оди на подобро.
    Епа мислете на убавини :f:
     
    На la-chicka, JuLleE, Strumfeta93 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    СДК TheaEsposito e многу, многу среќна!
    Нејзиниот одбојкарски тим победи на утакмицата со Димитар Миладинов, и тоа 2:0 во сетови.
    [​IMG] [​IMG]
     
    На Hiii, Strumfeta93, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  18. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК иако денес денов не ми е баш по ќеф, сепак се надевам на убава вечер. :)
    А денес јадам ли јадам, изгледа од пмс ќе да е овој огромен апетит :^) со вакво јадење до нигде не стигнувам со затегнувањето на моето стомаче. :x
     
  19. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Пред малку се вратив од кај баба ми. Ми вика оди во гардароберот во една чанта имам белешки за струја земи ги да ги средиме. И одам, отварам и очекувам чанти некои си сокинати од пред 20-30 години. Кога отворив, има што да видам. Чанта ипол накај две. :o Црна правоаголна од чиста кожа, воопшто не оштетена, плик. Кога ја видов бев ваква
    [​IMG]
    И и велам на баба ми, што се занесуваш, што не ми кажуваш дека имаш вака убава чанта? И таа, па не знам дека ги сакаш, чантата е преку 30 години стара, имам уште една таму побарај. :o :o :o Уште еднаааааааааааааааааа???? И да имаше уште една, исто така убава голема, кожна неоштетена. :inlove: И сега си имам две нови чантииии. :angel: Многу си ја сакам баба ми жими си, да ми е здрава и жива. :$
     
    На Strumfeta93, Divinebutterfly, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Guess who's back? 8)
     
    На BeYourself, Spell, BlackSwan5 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.