1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Љубовта е најубавото нешто што може да му се случи на човека.. Прекрасно е да знаеш дека имаш со кого да ја споделиш својата радост, својата тага, својата лутина.. се твое што е дел и од некој друг. Љубовта е една душа во две тела ..
    И кога ќе си најтажен и кога никој не ќе може да измами насмевка на твоето лице, тогаш доаѓа љубовта. Тогаш таа настапува на сцена со своите бакнежи, прегратки, нежни зборови.. Љубовта знае што кога треба да направи.
    Сакајте се луѓе!
    Омразата и гневот не уништуваат, затоа сакајте се, бидејќи љубовта е таа која не прави среќни. Да не сакав никогаш немаше да ја почувствувам оваа среќа. Тоа е дар од Господ за да бидеме среќни.
    -Ништо не е погрешно, ако тоа не прави среќни.. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На BeYourself, julie77, booba и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека некој во државава МОРА да научи да прави разлика помеѓу барок и рококо.
    Поставуваат нешто, а не знаат што и од каде. Простоќа.
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    Добра ви ноќ на сите, сонувајте си нешто убаво :yawn:
     

    Прикачени фајлови:

    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Ова е затишје пред бура, можеби. Зборовите се се поскапи и поскапи кога стануваат поретки а јас повторно се обидувам да се убедам дека човек не прави ни што лошо кога остава некого. :^)

    Ги открив ронхил ментол и во комбинација со bei the fish во ова доба ми делуваат некако антимеланхолично. Нема ништо лошо во тоа да се сака и да се љуби нели? Не е лошо да се љуби, ама затоа е болно.

    Денес - хомеопатија. Сум станала хипохондрик, :x па секако!

    Ах, вечерва сериозно ќе поразговарам со себе си.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Амн бре деца немате уште 15 години а вие со цигаре на секој мал одмор :x :worried:
    зарем не ви е ладно на ови ниески температури вида мрзнете за една цигара? не можам и не можам да ве сфатам :x шо кеф имате во влечењето не ми е јасно ...
     
    На eli25 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    СДК Не можам веќе :@ .
    Да имам пари ќе си купев свој стан и немаше повеќе да го трпам ова.При крај сум со нервите,сакам да одам на место каде што нема некој да ме нервира и замара секој ден.
     
    На cigarce и Springy им се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Моментот кога домашниот миленик ќе те унакази од љубов и среќа што те гледа |(
     
    На Strumfeta93, Lilit, BeYourself и 8 други им се допаѓа ова.
  8. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Проклето ладно! А јас сама со себеси се топлам :D

    Ма тука е тој... ама ми ги излади чувствата, вечерва нема ништо живо да ми ги загрее!
     
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Да не ви се верува, ама 31 јануари дојде. Ајде веќе нека пројде, и на проклетиево од месец да му кажам чао ... го плукнувам еднаш, го скубнувам, и го проколнувам затоа што е оскуден целиот, а и ништо добро не дава.
    Значи чао Јануари, ју вонт би мисд.

    Друго сакам да кажам дека деновите се арни, друштво, другарки, книгички, ова она ... ама ноќите. Е ноќите сами по себе се ужасно тешки и болни.
    Доволно е да се свртам низ собава да погледнам една слика, или било која ситница и во неа е неговиот лик и потекуваат солзи. Да, еве може една недела откако раскинавме, и се обидувам да го сварам тој факт, и да си достојам на мојата одлука која ја носам по 43430932ти пат, но овој пат морам. Барем на некој подолг период за да сфатиме некои, поточно за да сфатиме многу работи.
    И уште не поминала ни недела, а јас се соочувам со глупави прашања од типот, каде ти е, што праите ...

    Почнав да седам до касно навечер, затоа што ако си легнам се соочувам со самата себе, со моите мисли, со болката која се обидувам да ја прикријам длабоко во срцето, а некако душата ми се поткинува ...

    Таа негова рака на мојот грб.
    Тоа продорно око гледа во мојата зеница.
    Тој мирис негов и кога ќе дојдам дома.
    Таа способност негова да ме сака и уништува истовремено.
    Мижам ... само мижам и оставам на музиката да ми дозволи да потонам во некој друг свет ...

    Мислам, јас само сакам да бидам среќна.
    А во последно време тој ме правеше само несреќна ... цел јануари немам убав пост напишано на тема љубов. Буквално цел месец, и боли што вика период е и не мрда ни со прст, не не е ова период, не чекај ова да помине човеку превземи нешто во твоите раце ако не сакаш да бидеш сам.

    Но додека раскинувавме ништо да речам симпатично не излезе од неговата уста, па кога ќе видиш јасно е се. А можеби и добро ќе дојде целата оваа работа.

    Многу пати сум кажала и пак ќе кажам, и не зборувам на празно кога ќе речам дека во мојава врска сум вложила и премногу, сум се трудела и премногу, и мислам кога ќе престанеш да се чувствуваш ценет, почитуван, сакан ... некако боли.

    Што е уште потрагично, ни за момент не се посомневав во неговата љубов, меѓутоа, почнав да сфаќам дека можеби оној кој рекол дека врската е 20 проценти љубов и 80 проценти вложување бил во право.
    Јас вложив 140 проценти од себе во врскава, а во последно време тој почна да го губи правецот. Престана да се труди, и престана да вложува. Кога несвесно го повредуваш оној што го сакаш, и веќе на секои 4-5 дена за нешто се извинуваш, љубовта го губи сјајот. Подобро беше тука да прекинеме, затоа што можеби само вака ќе сфатиме колку уствари можеме или не можеме заедно.

    Картата на вината си ја префрламе еден на друг, иако ни едниот ни другиот не е крив. После пеколниов месец, се држиме само за болката, затоа што таа е единствената што ни е останата.

    Средба на улицата,, како до вчера да не сме спиеле во еден кревет под едно кебе. Ниту здраво. странци.

    Не би те повредил ...
    Ниту јас тебе ...
    епа ...
    Нема епа. Ние раскинуваме а ти немаш ништо да кажеш ...
    Ти си кажа се ...
    И ти ќе кажеше нешто доколу имаше било што за да докажеш дека не сум во право ..
    Чао. Чао.
    Последен поглед.

    Имам 19 години и премногу болка.

    Два предмети на факултет кои треба да ги презапишам затоа што не сум учела од нервози со него, или со моиве дома или не знам уште кој друг изговор сум го нашла за да не седнам врз книга.
    Морам, морам да го средам факултетот, морам да се стегнам наредниов семестар, не смеам да дозволам да се запуштам, не смеам да дозволам да бидам слабак.

    Да, јас сум слабак, колку и да си го кријам тоа, признавам. Што да правам таква сум. Слабак сум, те си се сакам ваква, те си ги гледам старите алишта, симнувам 15 килограми, враќам 20, и одново и одново, додека не се сторам кит. Мислам ви се молам, карактер нула... ставам пауза на врската за по два дена да потпаднам под неговото молење несваќајќи дека до пауза дошло затоа што нешто не штима и не треба да се прекине ако работите не се решени, го запуштив факултетот под глупави изговори, не дека не учев, ама дури сега, кога веќе е касно ... а навистина не е битно како сум ги добила тие килограми првично, или како дозволив факултетот така да ми закочи, или било што друго што не ми штима како што сакам јас ама битно е да го сменам тоа.

    Ако под точка средување на сите останати полиња во животот треба љубовта да е на страна тогаш нека. На секој му треба одмор, па и на неа.
    Можеби во меѓувреме тој ќе созрее и еднаш засекогаш ќе сфати со кои за него ситници мене ми ствара големи нервози и болки и еднаш засекогаш или ќе се средиме или ќе тераме секој по свој пат.

    Јас ја сакам онаа мече што јас ја знам, а таа мече беше среќна 90% од времето.
    Таа мече го сакаше животот.
    Таа мече беше полничка но не дебела и сосем задоволна од изгледот.
    Таа мече не се срамеше да направи било каква зелена глупост, и да се смее на своја сметка на сред плоштад.
    Таа мече што гласно се смееше и помагаше на сите без да се преоптоварува со глупости и небитни работи.
    Таа мече веруваше дека да се биде добар е најважно нешто зошто се се враќа на некој начин.
    Таа мече веруваше дека љубовта може да победи се.

    Таа будалеста мече е детето во ова големо напатено мече и е скриено негде длабоко, и ќе го извадам и пронајдам, и ќе бидам големо дете. Големо дете кое ќе цени се што има, кое ќе знае да каже стоп кога некој ја повредува, и ќе каже извини од срце кога некој ќе повреди. Таа мече што кога ќе кажеше нешто вака е и така ќе биде, и не дозволуваше други да и ги раководат деновите, излегувањата ... животот. Таа мече која сакаше да сака и да биде сакана, искрено. Таа мече што знаеше што има зацртано за својот живот и што знаеше точно што сака да постигне и имаше високи амбиции.
    Таа мече што го сакаше јануари ...

    Ете ги, моите новогодишни одлуки.

    Останува надежта ... а мече што јас ја знам, не и дозволува на надежта никогаш да умре.
    Така ме учеше баба ми, а баба ми се вика Надежда, и ми дава сила ...
    Сила за да тргнам кон тоа што го сакам, па макар и со едно најмало минијатурно бебешко чекорче.

    Мече ве поздравува и не заборавајте дека ве сака. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На green.eyes, cinderella5, AnaKarenina и 20 други им се допаѓа ова.
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.510
    Допаѓања:
    92.084
    Пол:
    Женски
    Грицкање сончоглед и смеење со моите. Уживање во раскажувањето на мајка ми која мислам дека од било кој писател подобро го раскажува минатото. Кога би напишала роман мислам дека тој би можел да стои на иста полица со многу истакнати писатели. За жал ниту јас, а ниту сестра ми ја имаме нејзината способност за убаво говорење.
    На денешен ден се вериле со татко ми, па планира еден убав ручек за да го означи денов. Кај нас неговото физичко не присуство, не не спречува да го спомнуваме секој ден и да уживаме во спомените на мајка ми.
    Утре (денес) одам за Куманово, па се надевам дека денот поминат во неговиот град ќе ми остане и мене во убаво сеќавање.
    Имајте убава ноќ :)
     
    На Chocoholic, AnaKarenina, Miss-Independent и 18 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    Именден на татко ми, во превод: Слатки, кифлички, салати, месо... Ух, ух... Сето тоа зачинето со ПМС. Апетит до даска :)

    Да си ми жив и здрав татенце и уште многу години да се собираме. :*
     
    На BeYourself, CIA, zhap4e и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Неможам веќе ... Ми треба муабет :'( :u:
     
  13. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Се прашувам до каде можи да оди нескромноста на луѓето..
    Додека цела држава социјални мрежи, форуми, се борат да соберат некој денар за капка хуманост, има и луге кои си кратат од сопствените потреби надевајки се дека со тоа ке спасат човечки живот, ке подарат некому здравје.Некој тоа многу нескромно го искористува задоволувајки си ги сопствените каприци на луксуз и купувајки прафеми од 5000-6000 денари.
    Мислам жалосно и крајно нехумано да се искористува тугата хуманост на таков начин.
    Простете ако грешам..
     
    На Trendafilka, cigarce и eli25 им се допаѓа ова.
  14. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Конечно сонце, конечно малку впивање позитивна енергија. И покрај тоа што спиев 4 саати, не дозволувам денов ништо да го расипе! Имајте сите убав ден и покрај овие -10 надвор :D
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.114
    Допаѓања:
    124.388
    Добро утро :sun:

    Не знам за вас,ама мене утрово ме разбуди цврцорот на птиците.Полурасонета,во глава ми се враќаа спомените од времето кога на село кај баба и дедо,исто не будеше убавата песна на птиците,станувавме и со парче домашен леб со маргарин и вегета трчкавме веднаш надвор низ ливадите :inlove:
    Ете ,со носталгична насмевка ми почна утрото.

    Да ви надополнам дека надвор е -10,премногу е студено иако има сонце,а сите кои ми прават друштво со утринско кафе моментално-им посакувам да им е наздравје!

    Во исчекување на тоа кои подароци ќе ги донесе вторникот,го шмркам кафето и тешко успевам да се расонам,зошто знам дека ќе биде напорен :worried:
    Ајде на работа,пријатен работен ден :)
     
    На glow, mims-89, ludoto19 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Добро утро :))
    Конечно, после една недела мачење, чекање..стигна лимит за интернетот.
    Ајде, да се надевам дека барем Фебруари добро ќе го почнам. :)
     
  17. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    31.01.2012

    Добро утро.
    Надвор е -10 степени :x Ладно и монотоно. Сивило е насекаде и покрај тоа што сонцето не лаже :?:
    Јас си замислувам желби во главчето.
    Засега имам две.
    Првата ми е да ги затворам очите и кога ке ги отворам да е 10 јуни.
    Втората е да избегам од градов барем на кратко.Да отидам во некое село и да уживам барем цели 2 дена,далеку од градот и гужвата ... :swear:

    Или ајде нека помине што побрзо вторников,и онака не го сакам.Не е добредојден :!:

    Вие останете ми со здравје.
    Јас сум многу добро си уживам.
    Само нека пројде вторников побргу :hai:
     
    На CIA, Ema.Sk, Cynthia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Сакам да кажам нешто, било што...
    Само да излези ова ужасно чувство од мене.
    Но не, не излегува, се исплеткало низ сите делови од внатрешноста на срцето и ми го држи згрутчено, не може правилно да чука.
    Вторничко утро пред полагање. Одвратна комбинација.
    Coldplay во позадина, колку да се смирам.
    Не успевам...
    http://www.youtube.com/watch?v=EqWLpTKBFcU
    ...Running in circles
    I'm going back to the start. ;(

    Друго, ајде овој последен ден од јануари нека ми е среќен, како што посакувам да и е среќен и на баба.
    Бабо! Да си здрава и жива уште барем 25 години!
    Те сакам!!
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    29.416
    Пол:
    Женски
    Сдк... Животот не е комплициран.Всушност, премногу е едноставен.Ние сме оние кои го прават да биде комплициран.
    Сдк 2.
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, kate21, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК уште еден ден, уште еден чекор поблиску до петок. :D
    Колку ме мрзи да се облекувам, не можам да ви опишам. Првенствено поради тоа што треба да се наоблечам како зелка, боди, па врз него маичка, врз маичката - друга маичка, а врз неа дуксер. WTF? |(
     
    На Strumfeta93, CIA, CharmedGirl и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.