1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Инспирацијата исчезна. Ја снема додека трчав по улиците за да не закаснам на предавања. Се изгуби по улицата фати на лево додека јас трчав десно.

    Безобразно го фаќам последното седиште во амфитеатарот, и седам мирна и не размислувам. Се чувствувам како згужван празен лист хартија.

    Сега лупам по тастатурава, одговарам прашања по предмети, и се радувам на нејзе.

    Научив мажи да се викаат тестиси меѓусебе онака мртва ладна.. се смееја они се смеев и јас.. јас си кажав ТЕСТ ДИС, они тестис, јас му реков ти си тестис и он е тестис, и се прснаа од смеење иако не знаеа што значи тоа, важно среќни беа.. хаха и на крај ми кажаа нема проблема.. вива ла вива!

    Денес цела изгубена одев да си купам туна, се паркираше еден дечко пред мене, за малку ќе ме згазеше ама јас крива не тој, онаков фраер по мерка. Осмех бисерен, со добра музика од колана, ме погледна и ми се насмеа па уште ми кажа и извини, се сретнавме и во маркетот кај зеленчукот, си направив филм и си се насмеав..бесплатно е.

    Сега со куп книги до мене, си штракам и пишувам на фемина, ми се истури кафе на пижамите ама ме мрзи да станам да се пресоблечам па така, ќе си седам со кафена флека која ќе ме потсеќа на будност.

    Ми фалат моите онака искрено и меко, сакам да ги погледнам и да ми дадат осмех, и поглед полн сјај.. ама и едноставните работи денес се скапи и далечни..

    Ах и моите најмили направиле прекрасно видео..креативци мои!

    http://vimeo.com/35904294
     
    На la-chicka, Miss-Independent, kate21 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    [​IMG]
     
    На kate21, Gordana10 и Rozich им се допаѓа ова.
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ова е еден од оние навистина убави денови, кога ја имаш како украс онаа спонтана насмевка толку често, што повремено мора и да ја сокриеш за да не оставаш впечаток на шлакнатост... Во вакви мигови не успевам да ги спојам нишките меѓу овој нов и пулсирачки раскикотен мир и на онаа отровна вознемиреност, која токму вчера ми беше трула реалност, а сега вчера се чини како некој пуст предел од предисторијата...

    Инаку утрото ме разбудија по мобилен и ми посакаа убав ден... Тоа е изгледа рецептот, мене барем ми успеа ^_^ , добив и совршен подарок од многу драга личност, го милувам нежно и со дланка и со поглед, тоа сакав да кажам, о, хепи деј, убајни :mm: ...
     
    На eli25, kate21, ozbilnazena и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    789
    Не е лош денот.

    Ситници. Ме прават среќна.

    Ми се јави другото дете на мама и тато, ми купила подарок од Скопјено. Не ми кажува што е.
    Мамчо мој ми купил крем банана.
    А татчо ме бубна во носе.
    Тоа детиштето ми се насмевна. Донка, да не ти се верува.
    Утре прв час од И. На таа жена капа и’ симнувам.
    Утре имам проба. Конечно ќе глумам. И имам трема.

    Насмеана од уво до уво.
    Мх, мх.
     
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски



    Честитки. Се секавам кога сестра ми беше трудна, за првото не се секавам како не извести бидејки бев мала, но за второто паметам :D Најубавото чувство е да си тетка :inlove:
     
    На Meggy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    DA :devil: :devil:
    прават се фраери,фраерки ич не училе за тестот извадат го 3,а на крај во дневникот 5 ,каква е таа логика ви се молам :!:
    преку глава ми е веке :@ :@
     
    На IndieGirl и Wild.Child им се допаѓа ова.
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Хухуу чувството кога сцена од филм ви враќа некои спомени од минатото и се плашите повторно да не се случат... Не оди- збор кој изгледа секому не му значи... залудно е колку и да сакате ако човек решил да замине од вашиот живот тоа и ќе го направи, можби со пролевање на некоја солза, а можеби и без неа :)
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК не можам, не можам веќе да ги поднесам.
    Едниов урла да го поправам кецот, женава мрмља дека не може да ги плуша жалопојќите на ТВ, гавранов од страна само се добацува. АМАН, АМААААН!
     
  9. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    ...Ах денов.
    Добив. Нервозна сум. Крварам ко слон. Јадам само чоколади...
    Се што облеков денес со крв направив, не можам ни самата да се поднесам, за болки да не зборувам...
    Цркнав и јас, отидов по петелот... :(
    џабе денов убаво ми почна кога сега се осеќам како свинче!
     
  10. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Не е важна целта туку начинот на кој стигнуваш до неа , го прочитав ова и веднаш ми текна на тебе . Убаво ми е што се трудиш , ама средствата кои ги бираш за да стигнеш до мене ти се многу погрешни.
    СДК полека се претворам во она за кое секогаш велев дека нема да бидам !
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Животот е краток.

    WRONG!

    Tоа е најдолгата работа што ја правиме.
     
    На eli25, thelittle17, anneyy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Многу работи ми прелетаа низ глава - најсилно одѕвонуваше „Село гори, баба се чешла“. Каде сте сега, вие гордите македонци? Ги оправдувате и ќутите? Или гоцевата раса има некој протокол да се лупа у груди при тривијалности како спорт, ама кога ќе дојде момент да се брани јебано културно наследство да ведне глава и да остане без збор?

    Верувате во случајности? Сега? Или треба да пуштат илјада ваучери од по 100 евра за да ве стимулираат да писнете за тоа што ви гори земјата?! Фаќајте тоа античките шлемови, боите за лице, дресовите и марш у пизде материне! Само за таму ве бива!
     
    На enca.69, Neytiri, eli25 и 17 други им се допаѓа ова.
  13. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Кога веќе ќе завршам со учењето?! кога? а? Оххх...
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Сакам да кажам дека некои луѓе родени се само за да повредуваат да те искористуваат и да ти се јавуваат кога имат некоја корист од тебе....Уморна сум од такви луѓе кои за жал се во моја близина :x
     
    На Star19 и anneyy им се допаѓа ова.
  15. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.636
    Допаѓања:
    37.096
    Пол:
    Женски
    Читаш,читаш така нешто интересно по форумов и ОП наеднаш се запрепастуваш.
    Човек да не знае дали да се смее или да плаче....
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Му должам едно големо благодарам на татко ми, што успеал сите овие години да ги сочува неговите плочи кои за мене се скапоцени.
    Му должам едно големо благодарам на Драган Б. Костиќ, чија емисија Заборави ако можеш, секогаш ми ја топли душата со стари хитови.
    Во ера на пропаст на музичката индустрија, единствено можам да се радувам на безвременските хитови и нивните достојни преработки.
    А во оваа студена вечер, додека се топлам покрај оган со шолја чај, уживам во една од најубавите песни кои можат да постојат...
    http://www.youtube.com/watch?v=FayNQo4VZr8
     
    На crazylady, julie77, Theodora и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Ооо, клета и проклета да си ти несонице што си се закачила за мене ко мува за го*но.
    Толку непроспиени ноќи, толку анализи и сцени кои никогаш нема да се остварат.. Навечер се претворам во друга личност, депресивна, лута на светот, гневна. Пријател со кој многу ретко се гледам ми кажа дека сум станала доста остра и строга.. Можеби за да се одбранам од луѓето кои воедно се никакви суштества? Што знам пак јас, само сум сигурна дека изгубив верба во човекот како личност поради многуте забиени ножеви во грб од личност со која ги поминав минативе 15 години.

    Ама знаете како ја разбивам таа теорија.. Штом некој си оди од мојот живот има причина, можеби се отвара место за некој подобар. Иако сметав дека никогаш нема да најдам некој толку добар другар како него, сега само седам и чекам некој да ја пополни празнинава. Пред мајка ми глумам лудило иако таа тоа го знае, фурам филм во кој не ми е тешко што загубив такво другарство и што се одалечив од него многу милји, додека во реалноста сме одалечени само еден метар, една ограда.. Незнам до кога ќе издржам без ниедна пуштена солза, без истребување на негативната енергија од мене, без разговор со некој. Станав ладнокрвна, изгубив интерес во многу работи.
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, eli25, Springy и 8 други им се допаѓа ова.
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Брррр... Не, не ми е ладно, ме грее печката на дрва. Љубовта не грее. Љубовта гори. Еден ден ќе те изгори. Тогаш сфаќаш дека подобро би ти било ако ти било ладно, отколку љубовта што те згреја.
    Уствари, многу се занесов. Не е ова време за изразување на креативност ниту за изливи на емоции.
    Ова е време за читнување некое книжуле кое трпеливо чека да биде отворено, прочитано и сфатено, а потоа светлото се гаси, се туткаме под јорган, летнуваме во светот на фантазиите и спиеме.
    Сонуваме, среќни сме или тажни, се плашиме и тогаш ѕрррр, ѕвони алармот.
    Едно кафе чека да биде сварено и испиено во друштво на тато.
    Чад да биде проголтан, „добро утро“ изговорено.
    Еден нов ден чека да биде започнат.
    А догогаш, добра ноќ, не се секирајте за бројот на лајкови, тие не се леб, не се секирајте за (не)сменатиот ник, тој нема да ви смени ништо во животот, не се секирајте за избришаното мислење, тоа нема да ве запре да си изразите став...
    Среча је и малим знацима пажње-велеше една реклама. Подарете малку внимание, посветете некому нешто... Животот го чинат убав ситниците во реалноста.
    Синоќа сфатив дека 16 години верував и подарував внимание и љубов на погрешна личност.
    Но, знаете што? Не се каам. Ако сега треба се вратам од почеток ништо нема да сменам, па макар и се исто да заврши. Сите моменти, среќни и тажни, поминати со таа личност го сторија мојот живот поубав и повесел. Тоа нема цена!
     
  19. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    На луѓето им здосадува детството па брзаат да пораснат, а потоа повторно сакаат да бидат деца...
    Го губат здравјето за да заработат пари, а потоа парите ги трошат за да го вратат здравјето...
    Нервозно мислејќи за иднината ја забораваат сегашноста, па така не живеат ни во сегашноста ни во иднината...
    Живеат како никогаш да нема да умрат, а умираат како никогаш да не живееле...
    Затоа НЕ брзајте!
    Искористете го секој миг и оставете работите сами да течат.
    Затоа што сè се случува со причина порано или подоцна! :)
     
    На AnaKarenina, Cynthia и MandyLane им се допаѓа ова.
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Лесно е да си паметен меѓу будалите, оди биди паметен меѓу паметните :!: Е тоа е веќе престиж :) 8)
     
    На WhiteAngel, eli25, ceca-1 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.