[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Некогаш е тешко да разговараш очи во очи. Но, некогаш тешко е да разговараш и преку жици...

    Го сакам денешниов ден, го сакам денешниов снег. Ја сакам Струга ваква: мирна, тивка и чиста...
    Нека потрае снегчево. И лепотанот го сака. Малечок, се губеше во снегот. Изгледаше како да плива.
    Но, тој го сака снегот. Не сакаше да влезе дома. После си излезе во двор. Играше, скокаше... Во подлабокото. И цело попладне спие како јагне. Душичка.
    Знам дека е уморен, денес не се обидуваше да ги задоволи сексуалните потреби на мојата нога.
    Сериозно, некогаш срам ме фаќа ако има некој дома, а тој оп-троп ќе ми се качи на нога и ќе си почне да работи. И тој порасна. Сега женска бара. А ниедна од оние кои ги знам не е за парење сега.
    Дури беше помал и не беше за парење, еден куп ме прашаа, сега кога нам ни треба женка, никој нема...
    Кај ли ќе му ја најдам? Сакам да си имаме мало Цезарче. Уште едно лепотанче дома. Уште една душа...
    Уште еден бел ѓавол, мало тикварче...
    [​IMG]
     
    На la-chicka, maca99, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Се радувам што за уште некој саат ми е роденден, ама пак од некоја страна имам некој немир во мене, и среќата неможе да биде целосна ;( .....
    Како и да е, денеска сфатив дека ако цел живот пробувам да им угодам на другите никогаш нема на мене да си угодам...Почнувам да сфаќам колку себични и расипани суштества има. Среќна сум што сите што ги сакам се здрави и живи. Среќна сум што постојам.

    Да, животот е убав.
    И пак ништо не кажав.... се' ми е така нафрлано...
     
    На drugarka и anneyy им се допаѓа ова.
  3. chiccush02

    chiccush02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    10
    сдк дека денессс се чувствувам мнооогу никакво, без веза тажно, се скарав со сопругот ладно еее не се оди никаде , :@ досадно е нема што да се прави.. ме изнервира многу х особа премнооогу ми сметааааааааааааа .. лицемерие на ниво браво бе золво!
     
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Од снегов.
    Ми иде, да испринтам на ливче име и презиме, домашен број, адреса.. И да си го закачам на врат. Во случај некој да ме најде на земја, во неколку делчиња.
    Одам по улица, и гледам.. оп цуп трас, некој пред мене ќе падне. :^)
    Па и тоа скалиштана од школото, испревртени. Ма какви јајца, ко по мини да газев. Полека, на тенане. Куче да ме збрка, ќе му речев куц, куц, на ти куцо мевце (мевциште). Да ме изеде, и да ми ги скрати маките.
    Ми оди, да излезам по ладново по кратки, да настинам, за да немам потреба да излагам од дома.
    После ќе пробам, пак да учам, ако не најдам пак нешто интересно на телевизија. Нешто како топ шоп, Бандини..
    Сите сингл, само ја сингл у пи*ку материну. :wasntme:
     
    На dancing.queen, Rock-a-Fella, la-chicka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.343
    Допаѓања:
    5.893
    СДК конечно ми се исполни долгогодишната желба. Тоа што мајка ми го нарече криминал, а јас само исплонување на желби, вчера спонтано се случи. Конечно законски и официјално се викам како што сакам! Конечно! Грешката беше настаната бидејќи има недостаток на персонал во одделот УВО нос и грло.
    Има уште мал милон други убави работи кои во меѓувреме се случија надвор од виртуелниот свет.
    Почнувам да го избегнувам, бидејќи времето кое го трошам за проучување на туѓите славни животи, можам доста попаметно да го искористам. Ако ништо друго барем 20 минутна прошетка и разбистрување на главата низ снежнава идила e многу подобро. :)
     
    На drugarka и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  6. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    4.644
    Пол:
    Женски
    ;( ;( ;( ;( е у п.м. више од оваа глупава држава ! :@ :@ :@ :@ :@
     
    На maca99 и anabel-a им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.244
    Допаѓања:
    258.884
    Од каде да почнам?
    Од снегот, што добро е што не паднав и не се испокршив?
    Од лошите прашања на испит пред самиот крај?
    Од префрлување на вина, за нешто што не сум виновна, ама виновна сум?
    Све се собра денес, буквално се. Полошо и не можеше и да биде.

    Несакам зима, сакам лето.
    Барем сонцево ќе ме разведрше малку, а не вака тмурна, благо депресивна ко и денот студен.
    Ќе прошетав и се ќе поминеше.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... си лапнав француски сендвич после не знам колку време. И не беше лош ама дефинитивно сум се откажала од брза храна, ми нема некој вкус веќе. Сепак сум за зготвено јадење она со љубов и убаво сервирано ... дали дома, дали во ресторан или некаде на др место ... Да се јаде со прибор. И со убав муабет и уште поубава чашка вино.

    Туку и покрај студот, и покрај снегот оној вистинскиот кој ни пристигна ... покрај облаците и покрај матната глава од неповрзани и комплицирани мисли, прашања, анализи, стравови, нервози и необјасниви соништа ... мене ми е топло и имам некој внатрешен мир. За тоа е причина малото бело главче со црна косичка, малите сини очиња со големи трепки ... малото носе и најубаво усте што се смее кога му зборувам и му тепам куле на тете, мочко на тете, какашко на тете ... а всушност е најубавото внуче мое. :) Почесто се гледаме и нема, не, нема посмирувачко нешто по радосно, по исполнително ... нешто што цело време ве топи иако е - 15 кое ви ја искривува устата во насмевка константно и не ви дава да ги тргнете очите, од мало бебуле. Кое тек сега почнува да го осознава светот околу себе.
    Аии на тете тој малиот Ајнштајн. :$ :angel:
     
    На bittersweet, Artemission, maca99 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    За жал кај нас нема многу снег натрупано а баш сакав кога ќе се разбудам да затекнам снег до колена.Го обожавам снегот,сакам да вее и да вее.Топло чоколадо и добра музика ми ја разубавуваат вечерта,заборавам на проблемите кога го слушам прекрасниот глас на Енрике :) .

    Малку мотивирачки текст.
    [​IMG]
     
  10. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Дека само во оваа тема се чуствувам слободна да пишам мислење. Боже сачувај ако пишеш нешто што на некоја тинејџерка не и се допаѓа. Само овде никој нема да те осуди што имаш СТАВ
     
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.617
    Допаѓања:
    9.886
    Тешко ми е да расчистам со себе кога треба некому да му свртам грб или да му дадам втора шанса.
    Иако знам дека секогаш кога сум се одлучила за првото не сум се покајала.
    Чудни суштества сме ние луѓето.
    Знаеш дека огнот може да те изгори а пак ја приближуваш раката. Но некогаш губиш рамнотежа и пламените јазици ќе те потфатат.

    Се додека има мир во домот и дрва во печката мене не ми е студено.
     
    На maca99 и L-enna им се допаѓа ова.
  12. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Веќе не им станувам на трудните жени во автобус, помлади се од мене!
     
    На Elika, dancing.queen, tigerlady и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    Добро женски зашто никогаш неможам да ве начекам на чет да си попраиме муабет м? :?: :lol:
     
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.303
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Официјално ми заврши сесијата. I feel free like a bird. Не не, мразам птици. I feel free like a unicorn that poops rainbows.

    Во автобус, враќајќи се од кај него намирисана со неговите бакнежи, по 250ти пат во себе си повторив колку мразам зима. Ама гледајќи го снегот низ прозорите на најстариот можен автобус на ЈСП сфатив колку лесно ми се навраќаат спомени.
    Не толку одамна, наоружани со гумени чизми и шушкави јакни и тренерки, јас, 4 девојчиња и едно машко се собиравме кај „трупот’’. Трупот беше импровизирана клупа направена од нашите татковци од едно старо дрво. Имаше точно место за сите нас. Санките ни беа клише, ние користевме најлони. Одевме на „нашето’’ ридче и се лизгавме по снегот додека не се стемни.

    Денес трупот го нема, го извадија, сметал многу. Па јас седејќи на тој труп за прв пат се заљубив.
    И ние се ратстуривме. Некој се омажи, некој се вработи, се исели, или студира. Се гледаме многу поретко. Не сме толку блиски веќе. Ама во нашите очи има почит и доверба. И знаеме дека и во 3 часот по полноќ можеме да си се јавиме ако ншто ни треба. Знам дека ќе остане така доживотно.

    Одбивам, не им откажувам љубов на спомените.
     
    На eli25, cigarce, maca99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    :hai: Имам нешто да си кажам...

    сајтов - од досада
    форумов - од навика
    вас - од љубопитност

    Ама кога ќе прочитам иста структура на 20 постови, исти зборови на 10 членови, кога во еден пост ќе пронајдам нишки кои се својствени за сосем друг автор.....епа НЕ благодарам!

    Ве знам 2 години и 2 месеци, ве научив кој како размислува и се изразува.....лоша особина ми е анализирањето до најситен детал, но таа сум и морав да си кажам ;)
     
    На FortuneTeller.xD, ines.h, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  16. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.672
    Пол:
    Женски
    Виновна сум што моето гледиште го споделувам со своите најблиски или виновна сум за тоа што имам најблиски покрај мене? Најблиски кои упорно ми укажуваа дека 'некој' не заслужува да биде на прво место, десет места пред сите останати во мојот живо. Cе погледнувам во огледало и не се препознавам. Ја нема повеќе онаа девојка која знаеше да се смее, да плаче, да се кара, да биде исполнета со бес или омраза.. Сега гледам во девојка која нема причина за никаква реакција. Девојка која за прв пат во својот живот нема вперено обвинувачки прст, не поради тоа што нема во кого.. туку поради што извлекла поука дека кога нешто ќе се уништи, не е важно кој е крив!
     
  18. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    205
    Сдк дека текстов случајно го најдов чепкајќи низ лаптопов (кој знае од кога и од каде сум го превземала).
    Може на некои им е познат, некои прв пат ќе го видат, меѓутоа сметам дека е интересен и вреди да го споделам..

    Ако сабајле сте се разбудиле повеќе здрави отколку болни
    имате среќа повеќе од милион луѓе кои нема да ја преживеат оваа недела.
    Ако никогаш не сте ја вкусиле опасноста од војната,
    осаменоста на затворскиот живот,
    агонијата на мачењето и злоставувањето или пак гладот,
    тогаш сте во предност од околу 500 милиони луѓе на светов.
    Ако имате храна во фрижидерот, покрив над главата и топла постела,
    побогати сте од 75% становници на планетава.
    Ако имате пари во банка, во новчаникот и по некоја пара
    во скриено катче, вие спаѓате помеѓу 8% на најбогати луѓе на светов.
    Ако вашите родители се сеуште живи и во брак,
    вие спаѓате во многу ретката група на луѓе.
    Ако идете со крената глава, со насмевка на лицето
    и вистински сте благодарни на се,
    благословени сте, затоа што поголемиот број на луѓе не се среќни...
    Ако можете некого да држите за рака, да го гушнете
    или пак да го потапкате по рамо,
    Господ ве благословил со допир кој лечи.
    Ако можете да го прочитате овој текст, штотуку примивте двоен благослов и имате среќа
    повеќе од 2 милијарди луѓе на светов кои се неписмени...
     
    На Elika, Meggy, drugarka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Уф,само што се прибирам,до сега се санкав на снегот,т.е со вреќа се пуштав по тоа долништата,20 секунди се пуштат,5 минути се качуваш :lol:
    Ова ми беше прват да пробам со вреќа на снегов,аи кои извртувања,плескања во ѕид,со другар ми се качуваме на вреќата и прашањето:што правиме на кривината,и одговорот незнам :rofl:
    Како што не се кочи,а во тоа кривината боцки,трња и триста работи,страв те фаќа уште пред да тргнеш,ама мора да се испроба. :)
    Јас па како што не знам да управувам ни со санка ни со вреќа,па овој ме остави сама пред тоа кривината,со грб свртена се спуштам, и викам колку што ме држи гласот....се однесов со нозиве,па после дури и едно дете мало собрав пред мене,коа го забутав во ѕидот,загреови малото,којзнаеш што сум му направила со моиве колкови :lol:
    Другарка ми,на последното спуштање,се искрши у тоа ѕидот,утре гарант нема да може да стане од кревет и ќе има огромна модрица...ај барем си има сеќавање од нејзиното прво спуштање со вреќа :lol:

    И преубав ми е градов,кога е со снег,ах бе,зошто не врне почесто :sweat:
     
    На eli25, Adi888 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  20. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    18.507
    Пол:
    Женски
    сдк БАЈ БАЈ ФЕМИНКИИ ЈА СЕ ОДЈАВУВАМ :hai:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.