1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.240
    Допаѓања:
    258.837
    Љубам, не знам зошто се пронајде во мојот пост ;) .
    Јас чуствував дека сакам да го кажам тоа, кој патем не мора да се однесува и на некоја членка.
    Можеби сум инспирирана од лик во реалноста.
    За жал, често, и тоа многу, сме опкружени со наметливи и досадни луѓе, кои мислат дека така ќе постигнат нешто во животот. Јас не ги сакам таквите луѓе, јас ценам квалитет.
    И овде на форумот, и надвор од него.
    Но еве ти конкретно го спомна форумот. Кога станува збор за постови и за форумот, се зависи од квалитетот на понудените мислења. Можеш дневно и 100 да напишеш, ако имаш што да кажеш и имаш инспирација. Па дури и да се работи и за песна ;) .
    Некогаш она што не можеме да го искажеме со зборови, го искажуваме преку музиката, било радост, среќа или љубов :) .
     
    На Divinebutterfly и ljubam им се допаѓа ова.
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Се шегував и потполно се согласувам со тебе. :bow:
     
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека непредвидливите работи се најубави
    што се вели на чиста срека преку оглас најдов работа(плата на процент) како козметичар во еден фризерско-козметички салон знам дека до врвот за да стигнам ке треба многу скалила да поминам, но сепак ова е резултат на мојата упорност (првите недела или две ке биде проба, колку заработам ке бидат за мене а потоа 40% за мене другото ке биде нешто како самоосигурување) колку да не седам дома, а малку ке биде потешко за учење на албански јазик(ако се оформи група) или некоја од обуките на ЕСП
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  4. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    СДК дека непредвидливите работи се најубави

    Taka e
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.787
    Допаѓања:
    163.018
    Сдк...не сакам луѓе кои не се склони на самокритицизам, кои не умеат да се шегуваат на своја сметка или пак умеат, но тоа го прават со себевоздигнување каде другите ги ставаат во подредена позиција. О верувајте ми,таквите секогаш имаат високо мислење за себе,не е наивна шега.
    Имам проблем со акутна нарцисоидност како сериозен, оштетен дел од нечија личност. И тоа не како таков како митот за принцот Нарцис кој се огледувал во езерото воодушевувајќи се на својата убавина, туку како сериозно поткопан дел од личноста која веќе не умее да препознае реално од нереално, со рефлектирање на својата негатива на останатите. Не прифаќаат критика, мразат среќни луѓе, сметаат дека тие заслужуваат нешто за кое и не се потрудиле, дрски се и безобразни. Да не должам непотребно,да кажам дека се бескрајно агресивни што кулминира во модрица на мојата надлактица од трзање и стискање на раката затоа што јас не се согласувам. Условен рефлекс е да и ја опалам една силна,ама вдиши и издриши,игнор копчето и пасивната агресија болат брате.
    Вакви,не приоѓајте ми ни на 1000 светлосни години. Денес дадов црвен картон,а денес и ќе си ја ладам и топлам душава за добро здравје.
    Се смеев на муабети дека лошите пријатели се токсични,ама не било смешно. Аривидерчи,немам такви,фала многу,пријатно!
    Ах да...и ограниченоста на умот не е само (не)прифаќање на прост циклус на животот,туку и разбирање на туѓите животи и постапки, прифаќање на секаква различност,каде не си во улуга на некаков морален,етички судија. Одбивам да сум таков,колку и да се коси со моите принципи,се додека имам разбирање. Светов го фатиле за врат многу полоши работи впрочем. Се додека е добар човек, пријател, не убива луѓе, не ме(не) манипулира, не краде, не ме лаже,ме има и мене. Е сега добро,ако има вошки, ќе се замислам!

    Смеј се,пеј и се е ок,ама биди си скептичен. Луѓето се нездрави,соочи се со фактот дека ќе им ги лечиш комплексите цел ебан живот,ако не сакаш,речи им просто фаќју.
     
    На pink4ever, Hopeful, mims-89 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
    ;)
     

    Прикачени фајлови:

  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Конечно си ја разјаснив и се помирив со мојата раскрсница на животот. Стоев, стојам ама кај и да е, ќе тргнам.
    Нема погрешен избор... Крајот, од сите улици на раскрсницата, е на иста точка... Само кој има најмалку кривини? А битни ли се кривините?
    И дали постои прав пат?
    Ќе видиме!
    As if it's meant to be...
     
  8. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Не постои ДОБРА или ЛОША работа, постои само ЧЕСНА и НЕЧЕСНА работа.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Леле колку ми се смешни овие локалните телевизиички. :D Не знам од кај и толку креативни теми и од кај ги вадат шо луѓе ќе беа тоа таму, не се ценети ко шо треба, не не! Како се прави чај? За да се направи чај потребно е топла вода и тревки некои таму, по желба на конзумирачот се додава лимон или мед, или и мед и лимон. Не заебавај :D И овде анкета се прави на граѓаните колку често тие конзумираат чај. Водителката, милна таа се труди да збори литературно. Останатите смртници нема потреба да си се трудат, абе шлапање на штипски да се знае кој сме, што сме.

    И како и секогаш се се спрема во 5 за 12. Па и јас скоро давав мини интервју за мојата другарка-талент. Една минута имаш да се спремаш иначе гафови вадеме на крајот од годината, пази се. И кој вели дека Магнолија не знае да се смешка? :D Можам да се кладам на една голема свинска пастрамајлија дека 9 од 10 тропале на тие нивни анктети минимум 3 пати.

    Две - три улички во центар, а надежни новинари еден куп и само трчкат и прават анкета уште толку стеснувајќи ни го просторот. Плоштадот Голи Оток, а новинарството ни цуте у пм. Па и баба ми доваѓа и ми вика: Слушаш ли ќерко, колку било здраво чај да се пие :o

    Крај краева...
    http://www.youtube.com/watch?v=xx8fvr8LRac
     
    На anuskaNESTLE, Divinebutterfly и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  10. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Февруари те сакам!
    [​IMG]
    Подобар подарок од снегов не можев да добијам денес. Не памтам кога последен пат сум имала снег на мојот роденден. Сабајле по пат накај школо ми се вртеше во памет само едно:
    I'm so happy I'm gonna die!
    [​IMG]
    Сега најмногу сакам само едно нешто, и се надевам ќе биде во скоро време.

    Oh, February..

    Thank you, very very much. You know that you've always been my favorite month.

    Aх, прекрасен ден.

    И ви се заблагодарувам на сите што ми го честитаа роденденот.
    [​IMG]
    Почастете се! :$
    [​IMG][​IMG]
     
    На Hopeful, Breezy, kate21 и 14 други им се допаѓа ова.
  11. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.774
    Пол:
    Женски
    После вчерашниот пост во очигледна афектна состојба,си плачев малце си се олеснав,и после тоа го вклучив мојот инает,си реков кога сум се откажала,па сега да го направам тоа,го згреав столот и.. положив денеска, јес!

    Уште само еден испит другата недела.

    :sun:
     
    На Strumfeta93, Hopeful, eli25 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Читав денес биографија на една позната личност чиј живот завршил со суицид. Она што ми засмета во текстот беше што авторот на текстот, од петни жили до пукање по шавови, се обидува да го наметне сопственото толкување за корените на хроничната депресија. Колку всушност има било кој од страна право за копање со голи, до окрвавеност прсти по каузалитетни поврзаности, кои ќе се благопријатни за просечниот читател, или пак обоени со оправдување?! И колку цела оваа шаманска операција може да е далеку од вистината.

    Тоа ме враќа на денешната сцена, каде сите помалку или повеќе имаме одредени очекувања едни од други, бараме начини и причини за нечиј напад или одбрана и ретко кој го признава истото, иако нема некој кој не посегнал по ваквиот арсенал, макар и било тоа повеќе исклучок од правило, сепак разумните нема да го искористат almost doesn't count како изговор...

    Сите ги губиме нишките на балансот и одиме во една од постоечките крајности. Првата е - мрачната страна, кога перцепцијата е низ призмата на огорченост, презир, омраза на стварноста, кога мета на напад може да се политичарите, сограѓаните, луѓе од различни етнички, верски, сексуални и нејм ит кои определби, за што во голема мера има и оправданост, сепак прашањето е колку длабоко сме загазиле во состојбата?! Бидејќи човекот е животинче на навиките и всушност дали потајно нема да посака оваа состојба да ја има трајно, за да вметнат во подобри услови не би знаел што со себе, или поточно каде ќе ја пренасочи акумулираната омраза?! Под животинче мислам на scavenger, не алфа ловец... Другата е низ призмата на изнасилената есенција на радоста, розовите очила и неподносливата леснотија ем убавина на малите нешта и возвишените чувства, секако сето ова надуено како балон со хелиум, убав и сјаен, ама смешно го мутира гласот, така и радоста е мутант, затоа кратко трае, како пена од капучино, правена со млеко и кисела вода...е па не е шлаг, само бледа имитација...

    Не дека и јас самата не се обидувам да балансирам, често се чувствувам ко акробат на пеесетина метри висина, без трамболина или со, ама проклетата кога ја има менува позиција, час се наклонувам на едната, час на другата страна, па едната некогаш ќе ме завлече повеќе и така до недоглед... Имаше една игра Half life, ок, таму причините беа други, ама не е тоа најважното... И веќе ми нема хуморескност во фактот што луѓето на новото време трошат повеќе на дилда и оние кукли на дување бидејќи тие немаат свои налудничави потреби, неостварливи желби, фобии и фрустрации, кенкави флешови, лоши денови и ноќи и најважното - немаат никакви очекувања од партнерот... Ама уште ми е hilarious моментот што повеќе знаат каков точно до најситни детали тип на пи си, ајфон, штикли или парфем им одговара, отколку каков партнер, околу ова често ни онака најповршно и најгрубо немаат ни претстава...

    Ok, back to reality. Reality isn't the way you wish things to be, nor the way they appear to be, but the way they actually are... Сакам друга реалност и тоа сега и веднаш, да се видам себеси во подруги, подобри животни услови, бидејќи живо сум заинтересирана каква ќе излезам во тој случај, повеќе во мои, но и во туѓи очи. Едноставно сум уморна од премногу разочарувања, во двете насоки - и од мене кон другите и од другите кон мене, жртвувани на паганскиот во суштина, но секогаш одново актуелен олтар на очекувањата...
     
    На eli25, Ashling, kate21 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК луѓево знаат да бидат мн напорни. А јас што ќе правам со оваа моја навика :^) не знам да кажам не, едноставно не ми дава срцево...
    Зошто секогаш прогледувам низ прсти, кога и самата знам дека тоа нема да се цени и одма се заборава. :x
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Море каков Солун, каква Софија, јас денес си бев на шопинг во Скопје.
    Градов врие од попусти, народ шета со полни кеси, а на каса се чекаше редица по 15-20 минути.
    Е сега, нема гиро на пауза од шетање, ама затоа има макијато или топло чоколадо со трач муабет. :)
    Ги користам последните денови од одморов за добро да се наспијам, да прочитам некоја книга и да прошетам. А од понеделник ќе биде друга политика...
    Едвај чекам снегов да си замине, па веќе доста му беше. А и мене ми е доста од чизми чистење.
     
  15. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    5.205
    Очигледно на форумов за да успееш не треба да поседуваш добри особини, само треба да имаш username на 9gag и само да постираш слики низ темиве...
     
  16. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    СДК довербата ми е слаба страна. Тоа е последица од тоа што некој ропак на кој слепо си му верувал ти го скршил светот врз глава. Не ми дава мира и најмалиот сомнеж. Не можам да се препуштам и да уживам во сите работи што ми се случуваат поради немањето доверба во луѓето, плашејќи се од последиците. Нема лек за ова, барем не за сега..
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Си купив чизмички за на снегов и тако звана шушкава јакна, со мерак ги носев во комбинација со шал и ракавици и му се радував на снегов.
    И секако најубави се! :wasntme:
    Шалим се..

    Си ја гледам генерацијава колку голи одат само за да изгледаат убаво, тоа никогаш нема да го разберам :^)
    Да трпам ладно, да ме боли телото ама битно другите гледаат дека фармерките ми се под п*чка, не носам боди и мајчката е кратка а јакната па уште по кратка.
    Ју шал кил јорселфс, ступид хорс!

    [​IMG]
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  18. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Конечно дојде ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На Annath и Gordana10 им се допаѓа ова.
  19. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    СДК дека понекогаш се чувствувам како да сум живеела некаде одамна одамна, во нотите на класиката и во барокните фустани , и пече носталгија за нешто кога читам книги од тие времиња или слушам музика. Не е восхит.. носталгија е.
    Може и превртев... :|
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.