1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.960
    Допаѓања:
    45.626
    Пол:
    Женски
    “Не затоа што е убав, туку затоа што е повеќе јас одошто сум самата. Од што и да се составени нашите души, неговата и мојата се исти. Кога се друго би исчезнало, а тој би останал, јас сеуште би постоела, а кога се друго би останало, а тој би бил уништен, светот би ми станал сосема туѓ. Не би ми се чинело дека сум дел од него. Мојата љубов спрема него прилега на вечните карпи под површината, извор за малку видлива радост, но неопходна..."

    Парче украдена проза...посакувам да беше мое дело, толку прекрасно.
    И ти ја посветувам тебе љубов, зошто напишаното како да се однесува на љубовта која ја добиваш од мене.
    Parce que Je t'aime...oд она што го научив.
     
    На Strumfeta93, kate21, TeddyGrey и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.626
    Допаѓања:
    9.906
    За некои теми никогаш не можеш да најдеш соговорник, никој нема да те разбере, невозможно е да поминал низ истото.
    Никаква улога не играат зборовите: Секогаш сум тука за тебе, ако всушност се со тебе само кога се е розево.
    Од друга страна пак, никој не е должен да те трпи кога си down, зар не?

    Сами се раѓаме, сами умираме, зошто би ни требал некој во меѓувреме...
     
    На eli25, TheCandy880, FortuneTeller.xD и 3 други им се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.190
    Пол:
    Женски
    Годинава ми даде уште една шанса која морам максимално да ја искористам и да бидам преблагодарна затоа што ја добив.
    Знаете лошо е кога мислите дека имате се или пак дека немате ништо. Животот е навистина тркало, денес си горе, а веќе утре доле. Дури и кога мислиш дека си на цврста , стабилна почна, ќе заврне дожд на 5 минути и земјата станува лизгава кал.
    Деновиве размислувам за својата иднина, за своето минато, а сегашноста па и ја нема. Освен што размислувам што вкусно ќе јадам денес и дали ќе ми биде здревјето подобро, друго ништо за денес не ми е важно. Плановите ги запишав, постдипломските студии ги насочив во друг правец и конечно мајка ми е задоволна со мојот избор.
    Знаете жалосно е кога знаете дека имате некој кој е се што посакувате, но го немате целосно или поинаку речено не ви е потребен. Да, тој не ми е потребен. Колку и да го сакам некако мојот живот добро функционира и кога не е со мене или пак можеби сепак семејството ми е пред него?
    Кога ќе се потсетам што се не направив за него, а сега вака размислувам. И ме боли, ме боли за многуте грешки што сум ги направила, а сум можела во старт да ги пресечам.
    Но, ќе се сврти повторно тркалото. Можеби и со него ќе се среди се. Можеби...
     
    На Chocoholic, Go-Girl, Hiii и 14 други им се допаѓа ова.
  4. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Чувството кога во хороскоп се најубо ти пишува, а всушност се ти е тапа... :D
    Сонцето е во вашиот знак- КОЕ СОНЦЕ БЕ, кога -20 е цел месец... |(
     
    На Hiii, la-chicka, SuperGirl2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк полн стан народ а мене....абе многу ме е гајле !

    Денес ми е таков, цел ден гости по дома а јас си се ладам, сама за себе себично :tmi: :lol:



    Винце ми се пиееее, ми се игра.
    Да си седнам да си се поднапијам, онака лежерно пред излегување и да излезам во дискотека.
    Да си вклучам скенерчето и од влезот па се до крајот на дискотеката да си измеркам се што е од машкиот род 8) :lol:
    Да грабнам некој и само да играм.

    Да играм и играм во друштво.
    Не барам многу нели :?: :rofl:
     
    На Hiii и CIA им се допаѓа ова.
  6. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Љубовта е чудна вистина.....Дури и реченицата `Ми се мочка, - и мене ми се мочка `-ти е романтична тоа значи нема друг експленејшн тоа е тоа
     
  7. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    СДК дека животот е со мене многу лош три дена среќа десет тага па шо е ова веќе не се трпи :?: :(
     
  8. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    СДК навистина денов бше турбулентен.
    Денеска со другарка ми бевме на пазар , таа сакаше да си купи боди а јас и правев друштво . И се ќе беше во ред ако продавачот од едната тезга не ме изнервира максимално . Стигнавме до неговата тезга и прво нешто што ми падна во очи беше една картонска кутија на која пишуваше : Квалитет загарантиран , 100 % ликра , носив се од жицу на гузицу |( ( се извинувам на кумановскиот но морав буквално да ви го доловам моментот) . Култура на максимално ниво ! Таман кога почнав да вртам со очите и да се чудам на тоа што го видов , се свртевме со другарка ми и си тргнавме , кога во тој момент поминувајки низ гужвата почувствував како нечија рака го допира мојот задник. Вриснав , се свртев и гледам дека тоа е дело на истиот тој продавач . Збеснав и почнав да викам , незнам ни што се му кажав но едно е сигурно сите тие кои што ме слушнаа се тргнаа од неговата тезга и не верувам дека повторно ќе купат нешто од него . Крајно безобразие , и се заколнав дека никогаш повеќе нема да стапнам на тоа место .
    Како сето ова да не беше доволно само 10- тина минути подоцна се лизнав и паднав благодарение на снегот , а за беља улицата полна со луѓе и сите ми се смееја а јас буквално пукнав од нервоза :devil: Се прашував уште што може да ми се случи овој ден ? За среќа денот се заврши многу добро за разлика од тоа како почна . Добри вести од сите страни , сега имам надеж дека се ќе се заврши како што треба . Сигурна сум дека ќе биде така .
    И за крај и покрај сите нервози и проблемчиња , сепак среќна сум и задоволна . Нека потрае ова расположение подолго , нека потрае !
     
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.532
    Допаѓања:
    288.961
    Моментот кога му звоните на саканиот на скајп за да го видите на некоја секунда...а он е во другата соба :^)

    љубов, мрза....или потсетување на минатото кога врската беше преку жица :inlove:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Денеска се уверив дека сум опкружена со глупави луѓе. Воедно и се разочарав од истите. Не дека е некое просветление, туку ете, луѓе што не очекував дека се такви, глупави, се покажаа како такви.
    Сите сме луѓе и сите се разбираме од зборови, понекогаш и не се ни потребни зборови, човек може да напредне до толку да не му ни треба ни еден збор за да се разбере со друг и воедно и двајцата да уживаат во тишината, а сепак постојат луѓе што и покрај тоа, не знаат да кажат дека нешто не им е по мерак и се изложуваат на психичка тортура да слушаат некој со кого никако не можат да се вклопат. Чудни се луѓето, одржуваат релации со други луѓе кои не можат ни да ги смислат чисто од култура...кај е културата во ситуацијава не знам, подобро културно ќе ја избегнам отколку културно да заглавам во истава.

    Друго што забележувам се почесто е, дека или јас имам чудна смисла за забава или се повеќе луѓе забораваат да се забавуваат.
    Не е крив животот што ве исцрпил, ниту времето што поминало, криви сте вие што не знаете и покрај тоа да му кренете еден среден прст на сето тоа и да излезете и да си поминете најлудо во животот. Исцрпеноста и поминатото време се само еден гооолем изговор, а денеска на дело се докажа дека и покрај сето време на светот кое еден млад човек може да го има, после најудобното спиење а воедно и постигнат одмор, пак не знае да се забавува.
    Дали начинот на живот кој што со самото растење се менува раѓа такви пензионери, или никогаш не ни знаеле да се забавуваат, не знам. Само знам дека почнувам да се чуствувам веќе загушено од монотонија и досада.

    Едвај чекам да се видам со другарка ми, мојата сродна душа, и да почне лудилото 8) Не, сериозно, помислата дека и покрај сите роботи има надеж во еден човек е бесценета, а јас спасот си го најдов во неа. Ретко се наоѓа некој со кој го зборувате истиот јазик и ги делите истите мисли, а тој што ќе пронајде повеќе такви е навистина благословен...или лесно се адаптира.
     
    На Strumfeta93 и anneyy им се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    чувството кога на твоето куче му се игра у 01 по полноќ, и ти иде да го затепаш ]:) ]:) ]:)
     
    На rossonerka, tweety26, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Само нека поминат што побргу овие две недели :tmi:
    Уф,ако не цркнам додека не поминат добро ке биде.
    И ако вестите што ги очекувам не се позитивни,ке си умрам,..така да си знаете .... :!:

    Добра ноќ инаку и имајте слатки сонови и соништа :angel:

    :*
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Неможам да престанам да се смеам! Тато зборува во сон.
    Тато : ААААААААААММММММММММ. Утре на работа во 8.
    Јас : Нели си од 7 ?
    Тато : Сменија.
    По 10 мин.
    Тато : Касниш. :D :D :D :D :D :D
     
    На Divinebutterfly, Doozy и tweety26 им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.246
    Допаѓања:
    258.900
    Овие мачкиве осет немат, незаситни едни :@ :@ .
    Главата ми пукна од нив, и до 5 спрат ги слушам.
    Секоја вечер, една не пропуштија.
    Еве ги, леле кој ќе ги трпи цел месец, од крај на јануари почнаа, ко да се немало и други месеци, па да си распоредат, а не вака секој ден.
     
    На Chocolate.me, tweety26 и Noemi им се допаѓа ова.
  15. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    не беше лош денов :) бев кај него,ми направи преубаво нес кафе,си гледавме филм...хорор |( ...на крај едвај си дојдов дома од страв,а ни на него не му беше сеедно :D
     
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    :rofl: :rofl: ела да видиш кај мене на кров што е :D
    ма мјаучење тепање абре смешки живи се :D
    а идам у веце, ќе ме чујат, имаме едно ко отворен вентилатор, горе над шоља за физиолошки потреби, од таму им давам салама :rofl: имам еден стар чешел што не го користиме, и дека не стигнувам до горе, на запците негови ја боцкам на шоља се качувам ... :D
    луда сум знам
     
    На Shelea му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Толку ми е жал за луѓево што просат тоа страшно. Денес дадов на еден кутар, стар човек 30 денари, обезбедувањето мораше да го натера да излезе надвор од Рамстор, тој кутриот му велеше „почекај малку да побарам...“ :worried: ама му дадов пари! И повеќе би дала. И еве ви велам на сите, давајте кога имате. Колку-толку за нив се добредојдени и 5 денари...Греота. Се каам што не го викнав да седне со нас, ако треба и посебно и ќе му платев едно чајче...памет за друг пат. Јас да сум премиер? Ќе ги намалам платите на сите што работат, ќе направам посебен фонд за ваквите социјални случаи и ќе им обезбедам нормален живот. Социјализам. ЈАС СУМ ЗА СОЦИЈАЛИЗАМ! Па да ти се плукнам во капиталистичково општество, се чувствувам виновна за кафето што го пијам додека некој проси за да купи сув леб на овој студ. Не, жими се ќе давам додека имам колку имам на ваквите луѓе. :( :x
    Чија рака дава не се суши! :!:
     
    На enca.69, Doozy, julie77 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.246
    Допаѓања:
    258.900
    И риба ќе и купам, само да не мјаукат.
    Јас бидејќи сум на 5-ти со ортома ќе врзам и ќе и пуштам, ама мирни да седат само :D
    Затоа кучињата ги сакам повеќе, барем ко си вршат работа се тивки, кучкава моја цел град го реди, глас не и се слуша :D .
    Е само што можат да се залепат они де :D
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Cд ти к, аааааааа многу се мирни и кучињата :rofl: Oвие плачат, мојава плаче по нив, зашто не ги гледа да си игра со нив :D
    Jа не може да спие ме отече... Mа маслинки, ма колачиња, грицки се и дадов, абре напорче е живо :D
    ништо не ја смирува! цицка да не сака?!

    Kуче не е за дома, после година и пол дознавам :rofl: или не е за некој без живци, среќа јас ги имам од повеќе
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.792
    Допаѓања:
    163.056
    Сдк се изнатркалав љубов ко сизифовски татлии на брдното на Водњанска чинам,какви и да се тие,ама јас буквално и ги јадев за кејф на еден човек! :!:
    Леле каква слаткост од вечер буквално!
    А сега,тишина,оп,ноктурно,по тељефон.
    Едно глупаво хаику.
    Телефонот ѕвони,
    дожд пороен,
    жена со добиено.
    Да беше охридско ќе прашав кде оди ој водана,ама не!

    Приетно,м,да!
    Не ме будете,убаво ми е!

    И Барса,мех,ништо ново! И кафе и пиво и ќебиња и све,дури и влашки фрљив некој денар,за атер на вицот, ама не купив евра!
    Свила,свила,епа што?!
    МЊА!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.