1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.252
    Допаѓања:
    258.970
    Епа затоа јас у двор си ја чувам, така може и гости да си прима, па мирна седи :D .
    Лудо на твојава и се сака, дај пушти ја, кутрата загорела веќе.
    Најди и некој маж.
    Потреба е тоа.
    Мојава знаеш колку е кротка, ама секој ден си го зима делот :D :D .
    И се е трудна :D .
    Остаре и уште раѓа.
    Што кучка ќе беше :^) .
    Треба да ги удружиме, оваа мојава малку да ја расипе твојава.
    Твојата сигурно сеуште е девица :D
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    последен офф топик

    и најдовме 2 ебачи, од кои едниот беше на Cањабуцка, ама не се дава, тешко путе е :geek:
    затоа мене ме ебе, и мачорот :rofl:
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Мојата пак цело мало го собра пред врата |( Аман секој ден различен :rofl:
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.252
    Допаѓања:
    258.970
    С Д К на Лудото, оваа твојава тешка била, нека иде на часови кај мојава :D .
    И на мојава сакавме да и најдеме дечко со педигре како нејзината раса, за да роди убави кученца, ама таа веќе си беше нашла друг и завршила работа. Трудно си беше. И така, сега раѓа од кој стигне :) .

    Мојава не цело маало, цел град го собира во двор, и на мајка ми цвеќињата и ги уништуваат, па кога ќе збесне :D , е тогаш е весело.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Устава се смее, но срцето ми плаче, душава ми трепери.
    Жално е кога мора да си ваков, никаков.
    И тоа од себе, која мрази лицемерие и лажни насмевки.
    Но јас не сум од тие, да кукам, да плачам насекаде, и пред секого.
    Затворена сум за своите чувства.
    Ме жарат чувствава.
    Се чувстувам како да сум во сауна, а надвор е зима.
    Ме боли игноранцијата од твојата страна, да незнаеш како да постапиш и што да кажеш.
    А сега кога најмногу требаше, ти избледе, остана тој глупав стереотип-дека вас ви е сеедно, вие ниикогаш не плачете, вие сте разумните
    Што ќе биде натака, незнам, не иде на арно.
    Реков да не се повторувам на што плукнам после не го бришам, ти упорно се лутиш и само влошуваш.
    И да те сакам, како можеш да помислиш дека не е така.
    Боли кога тој што најмногу те познава, ќе те промаши тотално.
    Но ќе се среди, на овој или ониј начин, мора.
     
    На teddybear, Cynthia, Noemi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека љубов е кога девојката трпи да слуша турбо фолк само за да биде со дечкото.
    True story.
    He should marry me. :rofl: :rofl: :rofl:
    Најпожртвуваното нешто што некогаш некоја го направила за него, уште душата ме боли... т.е. ушите. :!:

    Не дека се фалам, туку само се жалам и се исповедувам овдека, пошто огромен грев направив. :emo:
     
    На La.Reina.Del.Sur, L-enna, anneyy и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Женска вечер.По некое коктелче,лајт салата у име на вечната диета,малку поплаки,многу смеење и по некоја трач-партија.Живео Феминизам! :d:
    А тој не би бил тој,и не би бил она вистинското за мене, без тие негови мали слатки навики кои во исто време ги ПРЕЗИРАМ и ОБОЖАВАМ...Кратка смс за да си легнам среќна.Ти ги бакнувам најубавите усни со вкус на најслатките јагоди,ми пиша...ах,што не сум романтична,да му вратам дека тие усни само он знае како да ги бакнува,и сакам да ги бакнува до крајот на животов..
    Ам ете,не сум..романтична.Ич.

    Под тушот секогаш мудри одлуки паѓаат,посебно ако имате инспиративен гел за туширање.
    Мојот е тотално сладок,па затоа одлучив да воведам мали промени во мојот живот за да ми биде сладок како гелот.
    Имајте убави сништа девојки!I sure will :)
     
    На Rubiii, Go-Girl, firequeenn и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Јас Пеперутка90 при (НЕ)здрав разум :lol: и чиста свест и совест изјавувам дека и покрај тоа што сум огромен љубител на животинки ќе им се симнам на мачките у влез на приземје и ке ги напраам пепел :@ !! Таман заспав, почнаа со акција и врева и ме разбудија!!!!
    Сеа ќе си дремам на форумов намесото да спијам |( |( |( |(
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    сдк и јас не можам да спијам :worried: :worried:
     
  10. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.506
    проклето ветриште
     
  11. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам има ли крај на ова што ми се случува? До кога вака? Ке се пореметам јас вака да да гледам дека ке биде така. Ајде јас сепак го чекам моето сонце кое би требало да дојде после дождов. :worried: Знаете сепак надежта последна умира.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Толку многу научив од грешките , што би повторила уште некоја..
    Дозволете си да погрешите, некогаш и тоа е убаво.
    Инсомнија, ама убава слатка не се жалам.
    Недела убав ден за љубов, подарете си ја на себе, простете си за грешките.
    Јас ке си дозволам да направам уште некоја.
    Грешни души, се гледаме во преколот :devil:
    А вие безгрешните пишете како е во рајот..
     
  13. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Кај сте феминчиња мои? :D Добро утро од ловецот. ;) Еве ме нема некое време на форумов па да бишам нешто колку да ми се забележи присуство. :) Обврските и факултетот си го направија своето што да правам. ;) Сериозно ја терам годинава со цел да положам све во јуни и да имам слободно лето. А летото ќе го искористам да си уловам некоја феминка тука од форумов. :lol: :P Затоа стрпете се уште 4 месеци и ќе ја отворам сезоната на ловење. :lol:
    :*
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ajде да се почастете сите за мојот роденден :wasntme: :wasntme: :wasntme: Остарев лугеееееее,остарев :D
    Сношти веридба во маалото,јас заспав во 6 часот...и сега правам осмици низ дома...Првиот поклон го добив од моите и од брат ми,па потоа од Реал Мадрид победата и на крај се надевам Јунајтед ке ме израдува :D :D :D
    Тетка почна да ме замара ајде кога и тебе ке те мажиме...И велам дека има да се начекат за тој спектакл зошто јас воопшто не се замарам со тие тракаташки...Денеска е мој ден,денес е мој роденден...П аповелете сите додека останала уште торта :D
     

    Прикачени фајлови:

    На mims-89, Hiii, anneyy и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Me разбуди најубава порака... :inlove:

    Сите недели ми имаат вкус. Овојпат ќе биде пченкарно питуле со праз и тазе јогурт.
    Го сакам денов, и без да го спознаам. Иако сум на работа, имам ведрост што ни снегулки ко стиропор нема да ја оладат.
    Кафето и колачето се приказна за раскажување. Мислите од вчера, стануваат реалност денес. Иван ќе дојде на пита после, да ми раскаже што љубов го спопаднала.

    Ме избраа како дел од Антологија на млади поети, вчера си ја составував автобиографијата и не ми се веруваше. Уште не сфаќам дека ќе ме има на пишан зборник, во историјата на книжевноста, овде.
    Се радувам. Тивко, но со раката на срце. :)

    Има нешто, во вселената, во радоста на прашинката, во летот на осамениот орел, но и во јатото на гуските. Некаква хармонија.
    Светот ни подарил илузии, а ние ги викаме Реалност. Важна е енергијата, кој каде ќе ја насочи.
    Јас бирам да создавам нов Свет. Да се смеам гласно на кармата.
    Да опатувам некаде, за да си дојдам Дома, во твоето срце.
    Оти од Љубов, побезбедно нешто - нема.

    Ме грее и сонцето и снегот денес.
     
    На glow, Hiii, anneyy и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Недела.
    Ке ве излажам ако ви кажам дека ја сакам.
    Всушност јас и никогаш не сум ја сакала.

    Недела е ден кога нема ништо на ТВ.
    Недела е ден кога треба да се бањаш.( по селски,недела е ден за капење)
    Недела е ден кога се дружиш со книгите и со сите сили се обидуваш да научиш нешто.Колку-толку.
    Недела е ден кога се спремаш за седмицата која следи.
    Недела е ден кога не се излегува в град.

    Има уште,ама ме мрзи да пишувам.

    Јас да си кажам дека оваа недела ми е резервирана за учење,пиење некој чај од шумско овошје,капење,средување,лакирање,правење маски за лице,пилинзи на тело.............

    И уште многу многу досадни работи кои чекаат на мене овој ден.

    Ајде јас да си се фатам за книгата.
    И не!
    Нема да мрчам.
    Одам да учам,затоа што јас треба да учам.
    Затоа што јас треба да поправам оценка.
    Затоа што тоа е за мене.
    Затоа што тоа е моја обврска.
     

    Прикачени фајлови:

    • Study.jpg
      Study.jpg
      Големина на фајлот:
      14,9 KB
      Прегледи:
      362
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Во една книга што скоро ја читав, сликарот рече дека сликарството е неговата опашка. Кога неговиот син побара објаснување, тој му посочи дека мачките и кучињата ги изразуваат своите емоции преку опашката, а тој преку сликањето.

    Се сеќавам вивидно на еден од моите најрани спомени, кога на еден излет, сретнав магаренце, точно ми е врежан во долгорочната меморија неговиот мил поглед, дури и фината и мека текстура на мовливата влакнеста површина под мојата дланка, росната трева и пределот кој се капе во сончевата интензивна топлина, имав три-четири години, не повеќе... Она што ми го прави овој спомен особено драг е што е всушност доказ за светот низ детските очи, полни љубопитство и низ кристално чистата и изворна детска душа... Сега ја оживувам оваа состојба повремено низ литературата, музиката, сликарството, со еден збор - уметничкото творештво... Го ценам оној дел од истото со кој наоѓам сличност, ако успеам да ја препознаам нишката на емотивна искршеност или регенерацијата во еуфоричен облик, во некој макар и машки вокал, или комплексноста на некој лик од некој роман, која ми е зачудувачки сродна и се чудам на тоа необично сознание, дека постојат или се измислени луѓе, кои нема да ги сретнам никогаш, а духовно сме на поблиска фреквенција од онаа што било кога ќе ја остварам со луѓето од моето непосредно опкружување...

    Стојам со двете нозе цврсто на оваа грутка земја и зјапам смело и отворено во стварноста, со испитувачки и критички поглед. Тогаш се чувствувам прастаро, како Хајлендер, но штом го отворам плакарот на мојата Нарнија, пак, уште сум, девојчето кое го милува магаренцето во тоа прекрасно утро. Секако, повеќе сум надвор од плакарот, ама сум вечно благодарна на постоењето на човековата способност да создава и да сознава безвременски дела, кои ја брануваат нашата духовна есенција, повторно и повторно... така и јас се чувствувам безвременски и весело мавтам со мојата опашка...
     
    На zhap4e, LivingGlam, ljubam и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ооо Божеее...незнаев дека пред испит ќе имам толку лоши денови.Значи,имало лоши,а после идат и уште полоши |( Уффф нека поминат!Мислев февруари ќе е подобар од јануари,а каков лош старт :tmi:

    И која иронија само...Надвор истура дожд,поплава е,и снегот се топи,а ние немаме вода!!! :@
    Реков ќе се освежам малце,ама ништо...

    Ама смиреност Дивајн,смиреност...Истрпи пошто поголеми нерви идат,а ти ќе немаш ни едно нервче кое што ќе работи...Тоа е,понекогаш добро е и самите на себе да си кажите нешто.Добро што сум сама,па ќе поразговарам со себе и со Госспод.ШТо јас сакам,што целам,што ќе правам во иднина,како ќе се понашам со другите (пошто требало да се лутиш за да те разберат понекогаш),а и него ќе го замолам нешто...
    Одам кафето да го испијам,барем толку вода имаше,колку за кафе... :coffee:

    Ќе биди подобро,некој ден...
    Имајте вие барем убав ден,радувајте ме со вашите постови,насмевнете ме :*
     
    На Lepaaa, anneyy, Rozich и 3 други им се допаѓа ова.
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Вчера се шишав..............многуууууу ;( ;( цела коса...... сеа до под уши ми е !!!!!!!!!!!!!њдидцињндцинодцнонедоцбодцефнинрипфнцдксџл
    не излегувам веќе од дома! НЕ ИЗЛЕГУВАМ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    е ваква сум сегааааааааааааа
    [​IMG]
    [​IMG]
    одбнцодбцнпојнеопчцносјндцочјндочкцншоџнојдкцнчкј мјкдх3њфњцлсдддддддддддддддддддефц
     
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Се почесто среќавам вакви размислувања па и оваа тема ми е актуелна за филозофирање со другарка ми :) . Ако не правиме грешки нема ни да бидеме тажни и нема да чуствуваме болка. А баш тагата и болката се оној шамар што не освестува. За сметка на нив почнуваме да ги цениме работите, пред тоа не. Колку е грозно тоа што мораме да поминеме низ тага, болки, непријатни моменти за да ја осознаеме реалноста и да ги цениме работите. Зарем сето тоа не може да се одвива на некој по друг и поблаг начин. Човек секогаш треба да помине пекол за да потоа ги цени работите и да биде среќен. Ама грешките се тука за да не измачуваат, зарем можеме да бидеме среќни покрај нив.
    Не бе не, по цели денови можам да филозофирам за човекот, суштество глупаво, никакво :| .
     
    На Mishela, Doozy, caroline.costa и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.