Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Јутро јеееееее, јутро јеееее
    нема места мог јастуга кое ни сам љубила,
    кад сам видела да се ширим сама у постелнина
    жељоооо моја, жељооо моја.

    ....или сум дрогирашка или ментално затупавувам, не знам со што друго да ја оправдам мојата налудничавост од рани зори :D

    Абре, убав период ме фати...по малку досаден, ама исполнувачки. Порите ми се наполнија со некоја чудна арома на спокој, харомонија и благодет.
    Така, досадноста ми е убава. :)
    Што би рекол Либенце: „ Георгина, почнувам да се замислувам што направи со девојката со која спиев“ :D


    Доста лигавештии, следуЈе политика!

    Бљак за Шацимаркакис и неговата проѕирна лицемерност.
    Чучнал ко некој пензионер пред аптека, и продава приказни за телетабиси , да нагласиме на течен македонски. Пфффф....
    Грчево види го.
    Ни го прави киселиот за сите пари.
    Можеби има проблеми со неговата меморија, дека не така одамна не ословуваше со педери и малоумни. Сега ни е прво другарче.
    Па уште вика ајдукот, не се плашел да збори македонски оти и во Грција се зборел македонски и овие нашиве испопаќаа у несвест од среќа, јајце снесоа/
    Јас не знам луда ли сум или можеби така се чешлам, ама ми мириса, море не...МИ СМРДИ на иронија и скриена порака. Ако македонскиот се збори во Грција, начинот на кој што дотичниов го изнесе тоа мене ми изгледа како суптилно убедување дека сепак Македонија е грчка. :puke:


    И за крај инспирирана од еден вчерашен разговор, сакам да упатам поздрав до сите квази патриоти шо со години млатат пари у иностранство, идат у родната грутка еднаш на 5 години да се пофалат колку се успешни у Аустралиска, Американска и тако даље, притоа нагласувајќи го нивниот веќе изделкан акцент со меко Л и странЦки жаргони, ама битно се чукаат у гради колку се они патриоти!
    Иронија живота!

    Иди кај сакаш, ама не биди бре лицемерен.


    И тука се одјавувам за денес, ме чека 3 у 1 на балкон и родео тврдо.
    Имајте убав ден :)
     
    На Strumfeta93, Marilyn-Monroe, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Реков ја, некој космички заговор имам во себе! :lol: :lol:

    Вчера, а се појавив пред врата кај лудиве, вратата се откачи. Туркај, мести, едвај ја наредивме работата. Шинав врат, а можда и имам латентно лумбаго, којзнае.
    Седнав после на лаптопот да најдам песна, го укочив и лаптопот. Не можевме ни музика да си пуштиме, па пеевме ко неарни. Коњак, кока кола, Селимова енд Желчевски, микрофон плус тарабука, и на крај - шлагот!
    Ја и Фиш, премиерно им ја изведовме песната што ќе ја издаваме, и бевме у полн елемент. Грлово си пропеа само, ко да не ми беше ништо. Се’ е во главата, ќе рече некој. И е. После тоа, во МКЦ, како што влеговме, почнаа да не сликаат. Мислиш Фантастична 4ка сме. И таму пиење, денс со чучњеви и прсти на нос, ко Џон Траволта и Ума Турман у Pulp Fiction и нормално - ја се качив на сцена и со Иван наш идолот, испеав една песна! Повеќе врискавме, одошто пеевме, ама важно сеир падна.
    Балони и торта, пикантерии и споделени тајни, гушкање во такси, одлична вечер.
    Во Балет играв со балоните во раце ко да ми фали некоја даска, мислам дека од ентериерот внатре добив насип, абе што да ти кажам.

    Ноќ полна болести. Мисловни. И исчистени со коњак и балони.
    Ноќ на Вештерките, неколку дена подоцна испадна.
    Што ум имам јас, којзнае. Немам :rofl:
    Енергетски судари и дубари, колку сакаш.
    Морам да направам една медитативна дисциплина, после како Борис Чавковски, лажици ќе виткам и ќе спијам наопаку :D

    Ете, морав да си кажам каква ноќ не’ снајде и најде! Со сите салтанати.
    Таман за денес да си шутирам жолто лисје, да го посетам Саемот на Жена, да му однесам на Кикуш мој супа, (ми подари вчера златен тој мини подарок, со максимум љубов, се излигавивме тотално) и да си ја одуживам саботава како што ми прилега.
    Боговски викенд имајте.
    Гушки!
     
    На Strumfeta93, Buttterfly, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Денеска е задушница,денот кога со сигурност јадам бурек . :D
    Е сега можете да претпоставите колку пати годишно јадам бурек :D
    И,да дајте ја и“последнта коцка чоколадо“ за душа. :P
     
  4. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    СДК дека сестра ми некогаш сташно ме нервира шо мислеле овие родителите две деца ко праеле,едно се прај :D :D инаку денот е пренајубав и морам да излезам ми заврши колоквиумската недела кончно и сега се осекам ко од синџири пуштена хехе :) а инаку првиот колоквиум го положив со сите можни :o ЈУпиииииииии...немојтее да помислите дека сум некој фрик едноставно се случи.Have a nice and sunny day ;)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Од сабајле ме мава Божиќна/Ново Годишна еуфорија. :lol:
    Сакам да дојде Нова Година и Божиќ, да украсувам елка, нешто што ми е најинтересно. :mm: И по дома украсено, Ново годишно, снег... убавини. :sun:

    Еве што пеам од сабајле
    http://www.youtube.com/watch?v=Bn8UgnLQqws
    :D :D

    Дедо Мраз од Коњари. :D

    едит и оваа :rofl: :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=OO1ful3DWt0
     
    На Chocoholic, zhap4e, Bright и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    СДК дека во 8.30h мене очите ми беа ширум отворени!
    Типично саботно будење
    Зашто, незнам да кажам.. Поминав огромна километража шетајќи ја куќава се додека сватам дека сум сама.. За доручек имав некои кифлички и уште триста чуда, најверојатно донесени од гробишта.
    Језа ме фаќа кога треба да јадам нешто од гробишта ама стомакот и срцето склучиле некој заговор против мозочево мое па коа им седнав, лом ги напраив сите 3 паќетчиња! Абе се` што имаше изедов.
    Глупача, шта чеш. Ко свињетина. Страхотно!
    Фалат денови за одмор, нели? Не ми е доволно само петок и сабота, поготово после неделите кои се пред тромесечие и полугодие.


    Туку, ако сакате убаво да ви почне денот, како мојов, седнете уште во 9 саат да решавате математика и пуштете си антенна5. |(
     
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Денов ми почна со Џоле... Во секоја смисла... Ама расположена сум мајке ми, го сакам.
    http://www.youtube.com/watch?v=ahWfZDFW ... re=related

    И увек смишљам неки нови стих...
    Па добро где си ти, што не навратиш, код куче сам поподне...

    http://www.youtube.com/watch?v=k69BCUa1 ... re=related

    Дај окрени овај рингишпил... ЧУДО МОЈЕ!

    Денес сум луѓе заљубена како што бев дури после една година од кога го запознав. До небо, до болка, до губење на самата себе... И се сврте... Тој, не јас...
    Помина цела убава година... И се присеќам колку тешко се изборив за ова денес... Релативно уствари... Ама моментот пред една година, ми го смени животот, тука на фемина...
    Најверојатно никој нема да ми го разбере постов, ама има значење за мене.
    Во ваквите денови, ќе речам, вредеше. И така и мислам.
    Во ваквите денови, ќе речам, сакам да сум негова жена до крајот на животот. И така мислам.
    Во ваквите денови, просто можам да го бакнувам од глава до пети. На секое делче од него. Секој дел од него ми е совршен.
    И се е добро кога добро ќе заврши. Не знам до каде сме, ама ќе биде добро каде и да стигнеме. Затоа што го сакам. И него, и мојот живот. И нема веќе болка. Долго време нема болка. И тој ме сака. И е мој!
     
    На Magnolija, teddybear и Dgirlll им се допаѓа ова.
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Да се надоврзам на GarpovaV, пред една недела баш, беше вечер и со цимерката се плеткавме низ стан. Наеднаш музика (трубачи цело комбе!) се слушна од надвор! Одма излеговме на пенџере (бидејќи веднаш зградата ни е на партизанска) и што да видиме: комбе трубачи и еден човек како игра на сред улица, костумосан ... :lol: се пресмеавме и се чудевме што му е на човекот, ама што е важно тој се забавуваше! Битно јас се осетив толку еуфорично, ме стегна новогодишна еуфорија во октомври! :lol:
    Сакам украси, бел снег, шалче и капче, топол чај, весела музика, снешковци... Тешко ми беше да се навикнам дека летото замина, а сега сакам зимааа!


    *имајте преубав викенд драги*

    п.с. Јас меѓувремено се тегнам во кревет, пијам кафе и само што завршив со поручекот. Оддамна немав вака направено :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На sweetyears, Magnolija и LivingGlam им се допаѓа ова.
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сонценце ме вика беееее :$ толкава оригиналност кај некој немам видено.Ме прави да се чуствувам гордо неговото присуство во мојот живот.
    Не,се уште не сум заљубена од толку упатувани зборови кон мене,тие посветени песни,гестовите кои ги прави кога сме заедно, ама ми годи неговото однесување кон мене :)
    И така... :*
     
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Колку, само колку со душа ја чекам новогодишната еуфорија...............

    Ми се чини сите тогаш се поврзани, среќни.Сите брзаат, се спремаат. Ма какво лето бре, периодот пред и после нова година, тие 2-3 недели ми се рај за душа. Од секаде се слушаат џингл белс, елки насекаде, секоја куќа украсена со светки, ма колку е прекрасно. Дедо Мразовци шетаат, нудат сликање.Ми се чини луѓево тогаш се најсреќни. Па новогодишната ноќ кога сите непријатели ти стануваат пријатели, кога славиш и со оние со кои најмалку очекуваш. Ми се чини тогаш секој на секого се' му простува, можеби привремено но....
    Па после Бадник, Божик, Василица, Водици......лелеее самата помисла ме тера да скокам од радост. А да не зборувам што пиење ќе падне сега за славиве што се ближат, секој ден кај некого на слава, со друштво...убавини..
    Ме радува фактот што сето тоа е толку блиску..Се радувам како мало дете..
    А напоменав ли дека обожавам да ја китам новогодишната елка?? Оооо па тоа ми е нешто омилено, како малечко дете се радувам, ја украсувам целата куќа со светулки и разни новогодишни декорации.. Да да, тоа е нешто што највеќе ме исполнува!
     
    На Strumfeta93, Chocoholic, sweetyears и 8 други им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Се разбудив во љубов ова утро, светлината силно ми блесна во очите, се оптегнав силно и прва работа што сторив, им пишав добро утро, ве сакам. Знам дека сум среќна што бар еднаш сум почуствувала Љубов во вистинска смисла. Знам дека Љубовта е крива за моите налудничави фаци, брчки, осмеси, инспирации, кративности. И кога немам вистинска љубов јас дишам во Љубов. Ете таква сум.

    Вчера на мојата Е кога и кажав што сум сторила за одредени луѓе, ми рече сега те сакам повеќе од секогаш, зошто имаш помогнато на луѓе поради себе и никој не го знае тоа. Еден ден ќе напишам и за тоа. Среќна сум што знам да давам, нема да се сменам, секогаш ќе бидам поразлична од татко ми и некои слични.

    Животов е предизвик, го прифаќам со сите позитивности и мани.


    Ви посакувам убав ден, грабнете ја есента, вдишете ја, подарате си момент на шаренилото.

    http://www.youtube.com/watch?v=GWvzPmljTAs
     
    На Strumfeta93, zhap4e, Magnolija и 6 други им се допаѓа ова.
  13. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    СДК Гледам денес сите се расположени. Зборувате за тоа дека и најмалите ситници ве прават среќни. Возбудени сте и со душа ги чекате новогодишните празници. И јас спаѓам тука. Посебно ми е интересно кога поминувам низ чаршија, над мене светулки, околу тезгаџии кои продаваат елки, лампиони, сијалички и др џиџи - миџи. Но, искрено да си признам најубаво ми е кога е денот сончев, се будам и уште нерасонета влегувам под туш. Си го планирам денот, максимално искористен. Денес е таков ден. Малку шетање, кафица, учење, па излегување. Си фантазирам што се може или не може да се случи вечер. Ма нек. Мене битно да ми е убаво. Останете ми така расположени, јас ве сакам такви. :$ :hug:
     
    На zhap4e, LivingGlam, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    A јас колку ја мразам онаа вештачка новогодишна еуфорија која се создава ааааааwww да можам ќе легнам на 20ти декември и ќе станам на 2ри јануари. А потоа ќе уживам божиќните празници кои ги обожавам, а Нова Година со закон би ја забранила.
    Ги сакам новогодишните елки, ги сакам дедо мразовците, го сакам и снегот но не и студот :!: , сакам кога гледам мали дечиња како се радуваат на снегулки, како прават снешковци, како плачат од дедо мразовци :lol:, се насмевнувам кога ќе видам замаскирани детуленца одат во школо и одвај очите им се гледаат и се потсетувам кога и мене мама така ме облекуваше за 100 метри и препотена одев во школо, сакам да се играм со Рики на снегот, сакам кога се прави руска, колачиња, зелник, гравче, секакво овошје, пиеме винце дома и се смешкаме, пиеме и греена ракија, јадеме туршија и зелка кисела додека надвор е -15, а сепак дечињата пејат дал божиќни, дал бадникарски, дал песни за василица и покрај тоа што се со смрзнати рачиња и носиња.

    А мразам петарди, мразам што сите продавници се преполни со светкави работи и сите трошат и трошат на облека ко крај на светот да е, мора да се облече ново, мора да се биде исфенирам, со 5 тони шминка, па 100 дена пред таа Нова година сите прашуваат а кај ќе идеш? а со кој? кога? како? што ќе носиш? А кога ќе ги видам понудите низ градот ресторан 2500 неограничено мени, додека дискотека 1000 а сепаре 10 илјади, ајмо народе навали. Па тука гледаш оросписки облечена младина која повраќа на секој чекор, токсикологија секоја година има се поуспешна и поуспешна презентација. Кога ќе прашаш како си поминале сите на крај или не памтат или заспале од пијанството а платиле 3 илјадарки, 5% ќе речат супер и тоа најчесто се оние кои си кулирале дома и гледале филмски маратон кој јас си го обожавам 8) а другите 90% викаат тапа други денови поубаво си поминувам.
    И се така во круг секоја година едно и едно исто. Досадно!

    Е така јас си се распишував додека чекав кафево да ми се олади, ме боли глава, а книгиве до мене ништо не ги боли па ќе мора да се поврземе некако зашто неделава ги забаталив а тоа не е за арно.
    Ајт.
     
    На la-chicka, DressedToKill, SexyLady и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Incubus на дневен репертоар. Насмевка. Убаво чуство. Спомен. Грст прегратки. Денов ветува...многу!

    Вчера, луди глави решиле да излезат. Као демек спонтано. Не сакавме, ама решивме во последен момент.
    Чуството кога ќе решиш да излезеш неочекувајќи ништо посебна ноќ а се враќаш во некое си глуво доба и си велиш....нешто многу светла ноќва бе?! Гледаш на саат и конташ - па не било ноќ бе! 6 и пол сабајле е веќе! :D
    Пирамидо мори кај ти се годините? Ги стопира негде после 20тите а? Ми е гајле.

    Dare or double dare. Глупава игра која ме натераа да ја играм. Му рече на шанкерот - I really wanna have sex with you tonight и му даде еден куп кондоми. Потоа ни подели и на нас по 30тина и ни рече - ајде сега ти ова.
    Ма јок бре не сум јас за вакви игри.
    И на крај - играв :D А златен малиот, видов дека е помал, ми вели, еј сакаш да се фатиме? Еј важи бе ОДМА! А знаеш колку години имам?
    Се изнасмеав значи за сите пари. Слатки се жими све :D

    Многу интересна ноќ бе, ги сакам моите пријателчиња, уште повеќе ги сакам завршетоците. Особено ако се онака интересни а нас не бркаат од клубот со гајбите пиво - она, ги изнесуваат гајбите пиво и ти праат гитла ај доста беше денсање. Ма немој! Чекај уште една песна бре будало! :^)

    Битно денес сум насмеана. Ама многу. Шо би рекла Сеси - шлакнато се смеам на крајот од секоја реченица а богами и без реченици се смеам и насмевнувам.
    Епа тако ти је мала моја кад љуби Босанац. Овај Скопљанац де :lol:

    Нека ви е убав денов иако резервиран за тажни спомени на оние кои не се тука. Еднаш една многу драга пријателка ми рече, а знаеш што прават моментално нашите татковци? Сигурно не гледаат од негде и се смеат какви мрднати ќерки направиле - глеј ги што прават.
    И не чуваат.
    Можеби не се тука со нас, но ние со сигурност имаме guardian angels таму негде. Верувам.

    Верувајте и вие и насмевнувајте се дури и кога најмногу НЕ ви се смее. Една насмевка не ве чини ништо а сепак може многу да направи со денот. Со животот.

    Ве сакам. И себеси се сакам. Ма денес сите ги сакам! На! Да пукне! ;)
    (да не зборува сеуште алкохолот во мене?) :D
     
    На eli25, Strumfeta93, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК по гости од сега ќе јадам само проверени работи :!:
    Колку пати ќе видам некои интересни благи, го гледаш целото облиено со чоколадо, па во убава форма, си мислиш мммм којзнае колку е убаво ова, има да се изнајадам. И земаш, прв гриз и :puke:
    Не можеш ниту да џвакаш од што е грозно, ама мораш, се трудиш фацата да ти биде нормална, и баш тогаш те прашуваат:
    Убаво ти е?
    - Да, супер е. :(
    Нема друг одговор, како да речеш дека е за никаде?
    Го гледаш непријателот во чинијата и знаеш дека мора да го изедеш, сега си рекол дека е супер, а ако го оставиш ќе знаат дека си лажел. Пиеш многу сок, правиш мала пауза, и земаш нов залак, но овој пат поголем, за побрзо да го нема чудото, гледаш да не го џвакаш многу и го голташ... некако. Потоа следува истата постапка со последниот залак.
    Ум за друг пат, додека не те прелаже некое друго чоколадно чудо.
    А ако сепак решете да се изложете на овој ризик, земете го барем најмалото парче, јас не ризикувам повеќе :whew:
     
    На eli25, bittersweet, Gordana10 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Jас...јас не отидов на гробишта.Не одам ни на погреби. Едноставно, немам сила, ни за едното, а камоли пак за другото.
    Не знам како да се однесувам, дал да стојам и да гледам молчејќи, или да зборувам нешто?! Што и да кажам е излижно...
    На погреб? Секоја чест на сите што биле и одат. Храброст е тоа...посебно на блиска личност.

    Да одам, и да гледам, да плачам и тажам, знаејќи дека не можам да направам ништо?! Неподносливо ми е...

    Сите мои блиски од горе...знаат дека ги сакам, знаат дека би сакала да одам или да бев на нивните погреби, или гробови...Но, знаат и дека немам сила за тоа...Ќе одам еден ден, сосема сама...


    Друго...
    Не е можно колку сум носталгична по минатово време, кога бев дете, кога одев во градинка... Ах, се сеќавам и солзи ми течат.
    Некогаш ич не ми се живее, знаејќи се себеси и знаејќи колку тешко ми паѓа минатото. :(
     
  18. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Well Hello World!
    Ми стасаа новите пукалца, почист ми е светов :geek:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Го видов Господ во пижами! ;(
    Си го акнав прстот од ногата во ногарка од стол, на кој беше качена сестра ми. :sweat: Ама убаво го акнав пред 10 минути, и уште ме боли. Овој третиов, и накривен ми е, неможам никако да го свиткам. Дури и плачев. :tmi: Знае некој кои се знаци за шинување? Дали ќе помодре или нешто? х)
    Дека ептен ме боли. А сестра ми ми се смее на лакот на ноктите, ми вика к`сни нешто, ќе ти помине. Па не сум крива ја што сум у пмс. :doh:
     
  20. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    СДК...

    [​IMG] :D :D :D
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.