[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    УФ да им даде Господ на тие што ми го правеле распоредот за предавање на факултет. Исто како и вчера и денес ми е слободен ден, ем продолжен викенд ем со снегов, абе мераци :) Инаку на тараса мајка ми има пружено една крпа што ја користи за чистење веќе можам да кажам две недели и замислете колку пати се има само замрзнато. Прееска поминав покрај неа и за несреќа задува ветер кога ми ја удри главава леле боли :( А да ја соберам не ќе да е лоша идеја, ама ме мрзи и тоа да го направам :) :D
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Денес некој како да ме набљудувал од сабајле од 9 и да ми го напишал хороскопот..... епа сега не се буди секој ден човек со желба за страсни бакнежи хахахахааха :$ :$ :$ :$ :$ :$ :$
     
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Се спремив сосема непсретно и дрско, оти каснев. И за првпат заминав на факултет со автобус, ама убаво беше да ги видам другите делови од градот, од повиското седиште. Шоферот беше Србин, збореше по телефон и се изнасмешкав дека се шегуваше со жена му како ќе ја штипкал..хуху.

    Запознав една девојка црнкиња за која ќе се прави интервју на Шведски. Душава ми се распара. Болна е од леукемија. Кажа дека е посвоена, родителите и се белци. И реков ајде да направиме нешто хуманитарно. Ме погледна и ми рече може ама некому кому вистински ќе му помогнеме.

    - Ирена јас ги имам парите ама го немам здравјето. А мене крајот ми е кажан.

    Каков реален шамар. Слаба, испиена се движи со штаки, без предрасуди, и храбра и благодарна за сите пријатели и за овие денови кои ги проживеала. Вели имав здрави денови најубави.. тоа е..

    Излезе мојата нова фотколумна. ( Денов ме акна онака јако.. бидете благодарни..)

    http://eng.lundagard.se/2012/02/07/change/
     
    На mamma-mia, LilBaby, AnaKarenina и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Кога имаш фини колеги, ниеден ден на работа не е тежок.
    Си кркаме мраморен колач, си работиме, си свири некоја мекана музика, и добро е. Свесни сме дека ништо не е совршено. Утре имам разговор со менаџерката и повод за мојата идеја да се пробам во маркетинг секторот. Се надевам на позитивна енергија и споделени мисли а не наредби.
    Кафето со вкус на лешник ми станува омилено.
    Снегот е како приказна, ако не се сетиш да ја раскажеш, ќе се растопи и заборави.
    Нејсе, убав вторник, многу обврски но и причина за живот.
    Картите ги пренасочивме, Париз не’ чека, имаме што да му дадеме, а има и тој.

    Даде ми купила преубави чизмички, а јас како коњ, не знаев како да изреагирам вчера, од умор. Само ја гушнав и и купив милк шејк. Некогаш, навистина си се чудам како комплиментите и подароците не знам да ги восприемам. А можеби е само театралност зошто знам дека тие луѓе ми мислат добро.
    Ја дочитав Храпешко и се фасцинирав од идејата за Здивот. Идејата може да заживее само ако човекот и даде сила, и даде здив. Прекрасна книга, ја препорачувам.
    На миризлива свеќа, малечка ламба, замотана во ќебенце, си читав, а даде хрчеше. Топла ми беше и мислата и телото. Му пишав дека сакам да бидам негово виножито. Утрово ми пишал. :*

    Сега си слушам Cocteau Twins, Елизабет ми ја грее душава.
    Ви испраќам фотка од вчера, после работа, се сликнав во дворчето од мерак. Се вратив 100 години назад, кога правевме снежни ангелчиња и ништо не ни беше важно, освен зимскиот распуст!
     

    Прикачени фајлови:

    На LilBaby, la-chicka, Strumfeta93 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... Канада годинава немала олку снег како кај нас. Едвај да имало и 20 цм. А сега им е дури и потопло и врнежливо. По умерена им стана климата таму.

    СДК ... денес паднав психички. Нервоза и милион пцовки во глава. Не знам животов како можеше олку да е не наклонет на некого. :| Не знам што проклетство беше ова да не може човек за себе да каже, еј исполнет сум целосно и со тоа многу среќен?!
    Лошо е пак кога човек ќе се навикне на празнини ... :tmi:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека не знам како ќе стигнам до школо. Времево се мрднува!
     
    На maca99 и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... да и тоа Бранко е крив за "невремево". Комплекси и фрустрации со тони да вадиш од нив.
     
    На enca.69 и mims-89 им се допаѓа ова.
  8. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    СДК...имаме нов „тренд“ на работа во фирма. Мнооогу јак, нема што! And it's called немиење раце после излегување од WC!!!! Важни сме многу, бе, кој е ко нас!! :emo: |( :puke:

    О Боже, чувај ме од разни зарази и болести :sweat: И од разни болни умови околу мене. :|
     
    На Divinebutterfly и maca99 им се допаѓа ова.
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    ................чувството кога читаш книга и си режираш сцени, настани ,ликови ,умишлаваш како изгледаат, што носат на себе ,какво е местото на настанот ,со кој лик се поистоветуваш ...........

    ГАД блессссссс алллл букссссс ин дис ворлд . :clap:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Ех, што ти е топло огниште, мрморот на дрвата кои те навраќаат на детство кога зимата те асоцираше на топлина. Онаа топлина де покрај мама и тато. Ех, што ти е дом да те чува од секакви проклетсва, зли јазици и виулиците надвор, да ти кладе утеха и мир. Ех, што ти е детство, да ти се појавува на јаве додека си покриена со лесното ќебе на баба.
    Па се враќа минатото кога играше табланет на тркалезната маса на комшиката-другарка со нејзините баба и дедо, кога ќе ти нудеа пред нос разни блага и приказни за волкот и лисицата; кога целата мрсољава се враќаше од детските игри во снегот; кога рикајќи се враќаше оти тој и тој те штипнал или ти ја потеглил густата коса; кога насмеана се враќаше дома со нова, весела случка во ракав.

    И кога со твојот убав татко, денес уште поубав оти со сестра ти сте поголеми и посреќни, ќе ја држевте гитарата и ќе свиревте на празно, ќе ја пеевте Joe le taxi на Ванеса Паради и другите ќе паѓаа од смеа. И ќе си кажевте дека вие музика никогаш нема да правите туку само безусловно ќе ја сакате.

    Ех, што ти е мајка, што ти е сестра да бидат со тебе и во добрина и зло и сред бура и во пустина.
     
    На AnaKarenina, L-enna, Hiii и 6 други им се допаѓа ова.
  11. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Редно е книгите од Матица да почнат да се отвараат една по една.
    А сега е идеалното време.
    Ќебенце,компјутер,чај,добра книга и фантазија до бескрај додека ја читаш :inlove:
    Тоа е магија .
    Mагија и љубов :)

    [​IMG]
     
    На LilBaby, AnaKarenina, sweet-cherry и 19 други им се допаѓа ова.
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Иам креативни пориви, нагони или што ти ја знам што се и не знам како да ги реализирам и презентирам пред светов!!! :drunk:

    Друго што СДК е на моменти се мразам зошто сум толку голем емотивец.На се' пристапувам со емоции.За секоја туѓа срека за секоја туѓа несрека а и за сопствените ги доживувам многу емотивно и секогаш плачам.Силата на емоциите никогаш не можам да ја сокријам и со солзи ја искажувам.
    Why God why? :shake:

    п,с МРАЗАМ СНЕГ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Незнам само уште колку пати ќе го кажам ова и пак ништо нема да постигнам!!! 2 дена дома седење, за во школо несмеам ни да помислам!!! Скапав дома, скапав! Плус автобус на секои 40 мин имам! Се осеќам како куче кое го држат со ланец цело време, и од својот двор понатака несмее да се движи. |(

    [​IMG]
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Е уште ова ми фалеше денес.
    Читам и не ми верува.
    [​IMG]
    До каде ќе оди светов.
    Што почнаа да им сметаат бесплатниот прилив и одлив на информации?
    А војните кои ги водат онде кон невини луѓе не им сметаат?
    Ајде уште замунда ни остана, и таа да ја затворат :(
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Чаша млеко за подобра меморија...... Оние кои редовно пиеле млеко се до пет пати подобри на тестовите за меморија, а тој напиток како и други млечни производи многу му користат на работата на мозокот. Значи феминки сите по една чаша дневно
    http://sky.mk/life/14357-%D0%A7%D0%B0%D1%88%D0%B0-%D0%BC%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D0%BE-%D0%B4%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%BD%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0.html
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Толку обврски ме имаат затрупано, ама кротко ѕиркам јас од под нив и му се смеам на животот :D Имам добро предчувство, исполнета сум и жива пред се. Благодарна сум на судбината за ваквиот пресврт што ми го направи, а и на фoрумов каде што можам да си олеснам на душичкава и кога ми е тешко и кога ми е убаво :D
    И да, наравоучение кое го стекнав: Никогаш не вели никогаш.
     
  16. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    391
    Ах каков ден.
    Прекрасн. Цел ден дома. Со факултетот се скарав денеска и морам да признаам дека ми е мило поради тоа :)
    Не дека е нешто попаметно седењево на компјутер, но барем не го собрав цел Битолски студ на мене, под мене а богами и во мене.
    Имајте прекрасен вторнички ден :*
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК можеби некое време бев премногу себична со самата себе и со моите чувства, но секој изминат ден ми покажува дека погрешно сум постапувала. :worried:
    Знам дека не е се така розово како што изгледа, но секој се труди да го извлече најдоброто од тоа што го има.
    Среќна сум и задоволна со тоа што го имам, благодарна сум му на животот што имам прекрасни луѓе окулу себе (иако некогаш ме ваѓаат од такт :lol:признавам и јас нив :lol: ) Потребно и многу важно ми е вниманието, разбирањето, љубовта.. од оние кои ги сакам, почитувам...
    Затоа уживајте во секој ден, правете го она што го сакате и грижете се за луѓето кои ги сакате. :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.184
    Допаѓања:
    124.689
    Стандард,утро со чекање автобус кој доцни.До мене стар дедо.Едвај се движеше.Коментиравме дали ќе дојде автобусот или не.Еден човек од позади му дофрли-Дедо,седи си дома,ќе паднеш некаде на мразот!
    Дедото рече-Не се седи,сам сум дома,ми умре бабичката :worried:
    Моите мисли веднаш отидоа кај мајка ми ;( .Тажен почеток на денот,да.
    Но,се заслади со частовка.Колешка ми се верила а погодете која ќе биде старосватица :wasntme:
    Оф леле,кај трошкови за мојата свадба,ама ќе се истурка некако,ми беше мило што ме повика веднаш а и јас веднаш прифатив.Само што имам месец и пол време за спремање,зошто е трудничка,а јас поима немам што треба да прави старосватицата :?:
    Ајде некоја нека ме просветли во ЛП.
    Тенкју :)
     
    На LilBaby, mims-89, Artemission и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Поубаво нека ги снема сите религии. Абе ниедна нека не постои!
    Тогаш сите ќе бевме само "луѓе". Ни војни ќе немаше, ни вакви срања како пред некој ден со албанците.
    Како пред некој ден?? Како СЕКОГАШ!
     
    На x.Daisy.x, mims-89, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  20. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    И покрај температурите под нулата,гужвата во автобусите и некултурните граѓани кои се возат во нив,и покрај тоа што е вторник-ден за бесплатен превоз т.е. екскурзии низ градов за пензионерите,возачот во 70-ка денес беше насмеан и весел,воопшто не арогантен,со почит им одговараше на малкуте прашања од граѓаните,ги поздравуваше своите колееги со насмевка .. Лајк за ваквите шофери,браво! :)
     
    На anneyy, Doozy и maca99 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.