[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Си го грабам утрото, онака полека.. За првпат пробав Карибиски чај вчера, еве денес пак си го конзумирам, топло ви го препорачувам да си го купите, најпрекрасниот вкус, на Љубов, лето, возбуди, свежина.

    Денес пишувам за Љубовни средби, спомени и среќи, туѓи и посебни. Ќе треба да направам фотографија на геј дечко во библиотека каде си ја запознал неговата прва Љубов како мал. И една постара жена во канцеларија каде многу пати водела Љубов додека била на работно место. Ми се допаѓа отвореноста на луѓево.

    Убаво е да бидеш роб на Љубовта, да ја дишеш и издишуваш.

    Денес ќе мислам на убави работи и ќе се трудам, ќе и се јавам да ме нахрани, ќе му пишам да му оставам трошка надеж, ќе и кажам на мама дека ја сакам, а на сестра ми дека ми недостига. Ќе затворам очи и ќе мислам дека сонот ноќеска беше вистина, или дека ќе се оствари..

    http://www.youtube.com/watch?v=gRwFRMGpTWg
     
    На bittersweet, CIA, glow и 6 други им се допаѓа ова.
  2. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    конечно и кај нас скратени часови, добро е директорот има мозок!

    многу е ладно, момнтално сум на школо (на час) со шал, ракавице,слушалки(топлинки за уши) :rofl: :rofl: едвај чекам за да помине уште еден час да си одам дома на топло :( и даа да си легнам да одспијам а прво да јадам :$ :rofl:
     
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Збунето среќна, излитено нервозна и крајно опуштена
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    денес од почетокот на денот се ми е во трчање-сум заспала а знам дека подоцна поцнуваме со кометичкиот дел т.е. во 11 и 45 наместо во 11 , а треба да однесам некои резултати кај матичната, на гинеколог да тркнам да ми препише вагиналети канестен(кандидава ме уништи цела зима) незнам како ке постигнам се, а изгледа дека ке задоцнам,сопственичката има да ме отепа, а ми кажа дека ако дојде клиентката да почека. Оф бе зошто ли заспав повеке :doh:
    вие барем имајте убав ден феминки :*
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК дури и на факултет скратени часови :lol: ее се има по светов . Денес малку поооооопуштено не се замарам ама баш ни за таа математика морам ли да ја знам ? НЕ! :)
     
  6. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    битно на фемија се укл. за да пишеш! :)
     
    На glow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Нема поубаво сабајле од Белградско со снег и сонце! :) Јас сум уствари многу среќна, е тоа го сватив сабајлево... :wasntme:
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Добро е што ни го дадоа овај малечок распуст, барем ќе се одмориме и ќе се спремиме за периодов што ни следува. Поинакво е уживањето во снегот и зимскиот воздух кога знаеш дека немаш обврски и можеш длабоко да го видиш тој зимски воздух.
    Поручек ќе одам да си ја земам дипломата од француски за положен вториот степен, па очекувам некое частење од моите, си заслужвам, па ако земам уште 2 степени и оп стипендија за да студирам Париз 8)

    Имајте убав зимски ден феминки, а јас одам да уживам во моето какао и да ја читам Тристан и Изолда :)
     
    На glow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Забога, месецов никако не се откажува од својата мачорска природа! :devil: :devil:

    Побудалуваат хормони, облаци, мачки, парови, ситуации, временска прогноза, утрово имало минимален земјотрес во Скопје, сонцево ту грее, ту бега, ама не можам стварно да најдам правец!
    Ми студи, па ми е топло. Ме фаќа некоја дисторзија, ми се вриска, па ми се пика во кревет ко ќофте да се скријам и да читам дневни весници. Пишувам набрзина, оти ладно ми е на прстите. Мајка ми ми се налути утрово, и немам нерви да се објаснувам.
    Не е ПМС, не е глад, не е инспиративен немир, едноставно мака ми е што почна месецов толку хаотично :(
    Ми доаѓа да седнам на снегон и да рикам ко мало дете.
    Така, од што веќе немам сила.

    Исправ куп алишта, сакам да си закажам фризер и депилација, а времето ми е кратко. Не знам кога ќе можам да одам и да набавам ново боди и пар ситници што ми требаат. Се нервирам и си пуцкетам ко пуканка во микробранова. Неразбраности, дрскотија. Аман. Врискам во себе. Што да речам. Светов и животов е составен од гадости и радости. Прво бедови, па медови. И обратно, секако!
    Нема цел мојов пост.

    Се сеќавам што ми рече една драга професорка, кога имавме час по феминистичка критика: "Ана, што и да правиш во животот, НИКОГАШ не се поставувај пред твојот избраник како заштитник, мајка. По автоматизам стануваш неразбрана и здодевна."
    Не можам против својата природа и она што сум.
    Ох.
    Одам да си направам нешто за јадење.

    ПС: Ја поздравувам Лилит. Еднаш наидов на еден нејзин пост во кој исто така имаше думи околу матријахатот. Не знам каде е тој пост, но потполно ја разбирам целата нејзина мисла. :*
    И да. Ми недостига Пирамид, да ми ваља зборови со чиста искреност и непретенциозност, да ме насмее. Пирамитке, кај и да си, добра да си.
     
    На Lilit, la-chicka, ines.h и 3 други им се допаѓа ова.
  10. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека седам и дека размислувам... размислувам како...
    Како може луѓево во секое добро нешто и во секое лошо нешто пак да гледаат лошо? Во сечија среќа и несреќа пак да гледаат од лошата страна? Во секој оптимизам и песимизам пак да кудат?
    Прост пример, еве, некоја девојка која во минатото била сиромашна, ептен без вода во очите. И сега, после 10-15 години таа сеуште е доле, социјално-економски ништо не постигнала, и иако учела еве ’рмба и чисти ве-це школки. Е тука ќе искочи некој глас од страна: „Па таа таква беше уште како мала, што сакаш повеќе да постигне со тоа темпо?“
    Доколку пак девојката кое во минатото била размрсулавено и прљаво детиште без пари, денес е директорка на некоја фирма (ете животот и понудил шанса да се докаже), одма ќе искочат гласови од типот: „Оф, ти не ја знаеш каква беше порано. Појма си немаше од ништо. Којзнае на кој начин ја постигнала таа позиција...“ И одма тука (не)вистинитите оговарања дека имала афера со чиче-директор во минатото, ова-она.
    Од друга страна ако гледаме пак, доколку се работи за девојка која во минатото била прилично со големи материјални средства, во превод богата (таа не е богата, туку нејзините). И ако денес таа паднала, ете животот и влепил суров шамар и не и нашол достојна работа туку мора да биде чистачка, тука паѓаат гласините: „Ете, така и е, кога уживаше во парите на нејзините родители без никаков труд - сега нека се помачи. Каде и се сега парите од тате? Не, тој сигурно скапува некаде во затвор, зашто од каде му толку пари? Сигурно се бавел со црна работа...“
    А доколку пак девојката е сеуште богата, работи на високо работно место и има добра плата, нема да се пропуштат коментарите од типот: „Па фала богу дека ќе биде на тоа место, кој ја бутка нејзе цел живот? Лесно е кога тате едноставно ќе те намести на висока работна функција и ти терај...“

    Значи што и да постигне човекот во својот живот, на сезнајковците од страна пак нешто ќе им фали. Пак тие ќе бидат поголемата жртва, од оние кои ги мразат, или едноставно не им се по мерак. Дури и да не се знаат лично со личноста. Ете, така слушнале, а вака им е по мерак.
     
    На Divinebutterfly, glow, Hiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Драстичната разлика во интелигенцијата на парнерите создава проблеми.
    Очајно големи.
    :|
     
    На bittersweet, MandyLane, CIA и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Синоќа отидов во кревет со насмевка од 6 до 6. Зошто ? Поради оваа група
    http://www.facebook.com/pages/%D0%A0%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-80%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%A0%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-90%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5/304315372793
    Многу од вас тука ќе најдат спомени, детство. Едно подобро, посреќно и побезгрижно време. Јас со големо задоволство запловив во тој дел од минатото, си ги побарав сликичките од Сара Кеј и така гледајќи ги сфатив дека голем дел од мене останал таму, јас секогаш ќе бидам со еден дел од мене ДЕТЕ, но сфатив и дека ништо не исто...колку и да се чувствуваш како дете во душата, не си. Те извалкал животот на повозрасните. Нормална работа. Така е и поубаво, ако беше поинаку, ако можевме постојано да ги доживуваме повторно истите работи немаше детството да биди толку ценето и скапоцено.
    Јас сум среќна што имав толку безпрекорно детство.
    http://www.divianarts.com/?p=18699
     
    На kate21, Oxymoron, keti.kety и 2 други им се допаѓа ова.
  13. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.454
    На kate21, crazylady, maca99 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Е кај е де кај е ....еден столб од феминава ни беше .
     
    На Shelea му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Во ла Парииззз ужива во животот и реалноста. Тоа е кога има задкулисни игри.. ама ајде оние што останаа треба да го градат.. НИЕ!
     
    На tigerlady и Shelea им се допаѓа ова.
  16. Dayse

    Dayse Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    СДК
    Follow your heart but take your brain with you! :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Сум кажала дека мразам вторници? Минимум сто пати.
    Но, вчерашниот го достигна врвот на тоа колку лош ден може да биде вторник.
    Подепресивен, погрд, понервозен, помрачен вторник не сум имала досега..
    Го мразам и го проколкнувам илјада пати.
    Сепак, помина, заврши, умре, остана во минатото. Животот не е живот ако нема и такви денови.
    Во потрага по нешто убаво во тој неубав вторник се пикнав под туш и уживав. Мислев дека тоа е најдолгото туширање во мојот живот. Сепак, не траело повеќе од 30минути. Доволно.
    Вчера го открив задоволството кое го пружа облекувањето нова долна облека. Ја чував за некој посебен ден, но решив да не го чекам посебниот. Секој ден е посебен. Дури и тој лош вторник е посебен поради тоа...поради лошотијата во него.
    Го облеков градникот и чипканите гаќички и се чувствував поубаво. Не знам зошто... Поубаво ми беше.
    Си го измасирав телото со лосион од лубеница, а потоа се испрскав со спреј од лубеница и се пикнав во омилените пижамчиња.
    Ја вклучив ноќната ламбичка и читнав некоја страница од Играта на Ангелот.
    Побрзо и поубаво не сум заспала никогаш.
    Можеби сепак вчерашниот вторник во себе криел десерт, кој ми го послужи на крајот од денот, за да го избрише горчливиот вкус на предјадењето и главното јадење. ;)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  18. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Опасно е да се најдете помеѓу две групи дечиња кои војуваат со топки снег. :D
    Ме погодија случајно. Го истресов снегот само и им се насмевнав.
    Ми го направија денов со нивните искрени насмевки и невини душички.. :wasntme:
     
    На bittersweet, kate21, Hiii и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК кафето не ми е слатко ако не си го пијам со Фемина :D Ми ги заменувате другарките од порано :) Порано знам пред училиште пиевме кафе и тргнувавме(ко бевме средно),или па,ко ќе се вратевме,ќе одевме кај некоја ода нас...НЕкогаш си правевме собиранки па муабети,муабети,секоја ќе кажи по нешто,пошто од различни училишта,па која кој симпатизирала,сакала,кој ја сакал,и праќал пораки,се јавувал :lol: Хахах смешки бевме...Потоа идеше гледањето на кафе,сите љубобитни,тон финџалчиња за гледање,па се гледа до детали иначе нема да те пуштат да си одиш :D Па на парови,вака така,па манале по 5 желби ииииии се заборававме :D
    Ми фалат тие денови премногу! :inlove:

    И СД им К на senjorita.lombardi и tanja6 аааа значи тоа била работава со близнаците!! Боже Боже,нека поминува тоа што и да е побрзо,пошто сите страдаме и околните :D

    И на Sexylady алал да ти е за примерите,вистина е така! Затоа не треба многу да се секираме за другите рекла казала...Мене шо муабети ми ваделе ехееееее,па и пошто сум Бугарија и немаат близок извор за мене да им кажува што правам,абе таква фантазија немам видено :D Нека фатат научна фантастика да пишат :D Нека си збораат,кога не се гледаат самите себе. Некој ден,ние што си ја гледаме работата ќе успееме,а тие ќе си останат и да тапкаат во место,пошто не знаат друго освен да зборуваат.

    И на крај,ви посакувам убав ден и не се секирајте по многу,лошите работи се случуваат,ама не треба да им се предаваме.Лош понеделник,лош вторник...од нас зависи како ќе си ги направиме.Ете,убаво си направила WhiteAngel,понекогаш треба на нас да си обрнеме внимание и се ќе си дојди на место.Лошото на нас жените е што се нервираме за се и сешто.А не треба по толку.Можеби некој ден ќе оттрпниме и нема толку многу да се нервираме.
    Ве гушкам! :hug:
     
    На tanja6, SexyLady, WhiteAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    [​IMG]

    - Или во превод би значело : "Времето ги лекува сите рани'' :f:
    Тоа сакав да кажам.
     
    На princesstiki и anastasijaki им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.