[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Се врати умарачов.
    Ако некој примети дека ме нема. :wasntme:
    Всушност, јас не се ни вратив. Ја нигде не одам, тука сум си, него компјутерчево ми се врати.
    Од времево, компјутерчево ми фати грипче. Почна да кашла, да кива. Па да вика, сакам на лекар, па сакам на лекар. И што да се прави. Му брцнаа инекција од позади, и оздраве. Пу, пу, да го серат кокошките, да не го урочам, арен е сега.
    А времево, што има да се коментира. Се испоутепав, на снегов. Пред некој ден, си се качувам јас во автобус, арно ама.. Да ти имало тротоар, и се лизнав. Го пољубив прозорот. Ко онаа од рекламана за мебел, што се лепи за прозор. Не баш така.. ама така беше. Не за друго, ми се скршија цело три нокта. Бидна. :wasntme:
    За фалење нема.. Ама убаво е кога ќе ти почне денот со смееа. Си влагаш во автобус, и гледаш човек. Како гледа низ прозор, и се учи да свирка. Шш, шу, бш, пшш. А не дека јас знам да свирам. :wasntme:
    Ама тоа е. Имајте убав ден. :f:
     
    На teddybear, SexyLady, Smilly и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК сакам да врне снег, малку е :D ама па убаво е, само за човек да има скии и за секунда ќе стасува насекаде :D и најбрз од сите ќе биде :D за критични моменти :D И јас не сакам студ, ама некогаш ми годи :D :wasntme:

    И ушче нешчо, ми пречит кога некои работи ги преувеличувам, од мравка слон правам |( експерт |( , ама па посилно е од мене :wasntme:
     
    На Justice му/ѝ се допаѓа ова.
  3. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    Ко демек блиски а толку далечни сме , тука не игра улога само разговорот туку и времето. ;)
    Дури смешно ми паѓа ова примирје. :D
     
  4. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Зошто не си се родив поглупава бе ?

    Онака да си бидам поповршна , да умеам да си мижам пред фактите , да давам да ме лажат во очи и да си немам проблем со тоа ? Вака само слушам и фаќам као детектор кога ме мафтаат , фарбаат , лажат кој ми продава муда за бубрези а најлошово е што не знам ни да изигнорирам . И одам до крај оправам криви дрини со мали мозоци , и слободно кажано ГЛУПИ ПЕРСОНИ . И им одам за инает на контра онака да им кажам до кај се . И се замарам што е најтрагично , а знам не вреди . И пробувам да разбудам луѓе што спијат и моите наивни другарки им даваш до знаење кој ја лаже и за што тврдиш со факти и докази . И после се ти се враќа ко бумеранг . И тоа ти го земаат за зло , мислат дека е со лоша намера , а ти глупавата нудиш совет ко за сестра . Сакаш да ја спасиш ама пак ти си дежурен виновник . И пак срцево не ми дава да кренам раце и да отерам све упм ...

    Ама ќе го сторам ова , ќе се навикнам да се научам да не се замарам кога гледам дека е попусто !
     
    На Nymeria и Oxymoron им се допаѓа ова.
  5. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Сакам да кажам дека џабе се и парфеми и разни ароми, кога човек е ѓубре!
    Додека се занимавате со туѓите животи...вашиот почнува да гние.
    :o :o :o :o

    Јас го сакам мојот живот и не гледам ништо друго освен него!!! :inlove:
     
  6. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    6.793
    Денеска сватив некои работи , многу битна лекција ...
    Со другарка ми после пракса заминавме кај братучеда и дома бидејќи многу си живееме. За волја на вистината јас гледам што поретко да одиме кај неа дома бидејќи ми е незгодно од нејзините ама ладно е времево а таа не била во форма за излегување.Нејсе, отидовме. Подобро никогаш да не отидевме...
    Седнавме и ни свари кафе, си праевме муабет за ствари што ни се дешавале минатата недела бидејќи поретко се гледаме..Како што зборувавме баба и само дофрлаше нешто , не не остави на раат да си муабетиме , значи тие 2 саати што седевме нормален муабет не направивме. :x Абе ми се идеше да го остаам тоа кафето и да станам да си заминам . Ама тоа е , кога некој е опериран од чувство за осет му нема спас . А нели на постар од тебе не се презборува и си ќутевме..Мајка и ги слушаше сите глупости што ги кажува свекрва и , мене ми доаѓаше в земја да пропаднам од срам . Порано кога сум доаѓала кај неа на крајот се се сведувало на некоја зафрканција со баба и што сите ќе не насмее ама ова ги помина сите граници. Некој од нив рече прашај го девојчево дали нејзините баба и дедо вака се понашаат
    абаба и рече се спасил дедо и (бидејќи не е жив повеќе ) ..
    Замислете , нема ни една година одкога почина а таа какви работи изнакажа...мене ми пукна филмот , станав и ја поканив некогаш да дојде кај нас да види дали дедо ми се спасил и какво семејство имам јас.
    Некои луѓе се прости и плитки . Нема потреба јас да се нервирам за нив , и онака ретко мислат.
    Отиде јабана цел ден , се нервирам самата што дозволив вакви луѓе да ме испровоцираат.
    Имам прекрасна фамилија , полна со мир , разбирање и хармонија .
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Вака-така, изненадно си добив прекрасни црни, антилопски чизми до глужд на штикла 11.5 цм со ластик од страните, онака преубави се! А и како стојат...уф! На моиве 167 цм чекорејќи по снегов убаво ми дојдоа 8)
     
  8. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк падна првиот договор за да дизајнирам невестинско фустанче, и тоа така како од небо оп неочекуван договор не сум ниту посмилувала на тоа.
    Е ме чека мн работа и цртање :) ноооо со огромна насмевка ке го направам тоа.

    Можеби ќе ми треба малку време да дојдам до крајниот модел, но невестичката си има свои замисли и тоа е добро :)

    Велат коцките си довагале на свое место само требало да мине некое време....
    Моево изгледа дојде... мое временце добро ми дојде :hai: :bow:

    И :!: почнав да го засакувам снегот и ладново време, барем испитите ги одложија :rofl:
     
    На Elennaa, sweet-cherry, Neytiri и 8 други им се допаѓа ова.
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    I got a dig bick You this read wrong You read that wrong too :rofl: :rofl: ^_^

    Него СДК (1) дека секојдневно учиме. Проблемите кои ни искрснуваат и не следат на животниот пат, ни се најголемите учители. Затоа не треба да им се плашиме, туку да гледаме како да ги надминеме..


    СДК (2).
    - Прееска така убаво седната во омилената фотеља, и што ќе правам.. Си викам ајде ќе читкам нешто по форумов.. И отворам Необјасниви случки. :doh: И си читам, си читам така удобно наместена и останав ваква :o :worried:

    После тоа, каде и да одев низ собиве дома, очекував некој да ми диши у врат или да ме опседне некоја сенка. Термото почна да брмчи (а расипано е) и јас се убедувам како некој има во собава |(

    Крајот беше кога почнав на секоја секунда да се вртам позади мене, очекувајќи некој како ме гледа.. |(
     
  10. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Чудно нели...
    Разгледувам по темата „Што никогаш не би облекле“ и скоро 90% од девојките одговориле дека никогаш не (би) облекле маичка со гол стомак, дури ни еден сантим да се гледа од стомакот.
    А чудно како јас веќе неколку години, колку што памтам, гледам пола Скопјанки со кратки маичи во летниот период. Да се разбереме, апла кратко - не, што само градите ти ги покрива од типот
    [​IMG]
    Ова ни на мене не ми се допаѓа, но блузи до под газ? :o
    Неможе девојка да каже дека не сака (понекогаш) да изгледа секси и привлечно. Или зар има девојки што секогаш сакаат да изгледаат пристојно, Дева Марија? Bull shit! Пиши пропало, не постои тоа. Таквите или имаат големи стомаци (па не сакаат да ги покажуваат) или се фолираат.
    Или гледам една пишала дека никогаш не би облекла блуза со гол стомак, анимал принт и шпиц штикли и ајдеееееее уше 213231 членки под неа истото. Што носеа кога до пред десетина години шпицот беа Ин? Или како така скоро секој ден гледам некоја девојка со анимал принт на себе. Да не се разбереме погрешно, не зборам за оние од типот Бугарски Певаљки што на себе ќе стават милиони парчиња облека со различен анимал принт, туку од оние кои ускладно си комбинираат, дали само акцесоар или чевли, never mind.
    Знам дека неколку девојки од Фемина не го прават Скопје, ниту Македонија за што зборам погоре, туку зборот ми беше....
    Чудно ми е стварно како одеднаш сите девојки станаа толку повлечени и пристојни, што НИКОГАШ во животот не би облекле мини сукња или блузичка со (малку) гол стомак. Или цел живот да тераме со сукњетини до под колена и бабски широки и долги маици? Можеби така ќе привлечеме повеќе внимание па ќе има останато повеќе машки во Скопјево...
    На здравје. :d:
     
  11. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    СДК ја добив најголемата добивка на Лото :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: Дури 20 денари :rofl: :rofl: :rofl: :headbang: хахахахаххахахахахахах :rofl:
     
    На anneyy, Doozy, SuperGirl2010 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Предлагам Сител да си го смени името во Љубов и Казна 24/7,а Канал5 Величенствениот 24/7.
    Па добро бе нормални ли се :fubar: .Човек да не уклучи телевизор,се турски глупости се даваат.Се некои плачки,квачки,липања.И како очекуваат малите деца и општо луѓето да се едуцираат со таква програма? Место да даваат нешто квалитетно они им ги тупат мозоците на луѓето со нискобуџетни ѓупски серии.
    Знам дека 50 пати промрчев во врска со ова но навистина не се поднесува повеќе.
     
    На cigarce, sweet-cherry, ines.h и 14 други им се допаѓа ова.
  13. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Очајна сум за маж, машко нешто такво..

    http://www.youtube.com/watch?v=XEjLoHdb ... re=related

    Ќе си седам дома и ќе си кукам, може ќе ми падне некој на балкон. Пиххх..
    Џабе реков цела година ќе издржам без дечко, ми паѓаат зборовите во вода, после два месеци и осум дена.
    Родена сум за љубење, шта Ќеш! :)
     
    На anneyy, Springy, glow и 3 други им се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    што убаво кога после напоред и по малку досаден ден со жени, гледаш привлечен маж и згора на се џентлмен :$, мислев дека се наогам во филм(секако ми персираше)

    еве и една ново научена природна маска за сува кожа(ми ја кажа кометичарката вчера)
    -една жолчка од јајце
    -10 капки маслиново масло
    -една лажичка мед(не е важно каков)
    состојките се мешаат, се нанесува на чисто лице, стои 10-15 минути и се плакне
    да напоменам дека се нанесува на ЧИСТА КОЖА
    ветувам дека кога ке имам време ке испробам, па да видиме(имам сува кожа)

    прочитав во КОСМО списанието за некоја си крема од змиски отров која е против брчки(веројатно дејствува) и за третманот со ботокс(не е толку многу трагично да се користи(дури и најдов една ординација во Скопјево каде што се врши студио Дермабела-Белеза) ефектот трае од 4 до 6 месеци, а потоа лицето-највеке таму се нанесува се врака во првобитната состојба
    еден мал дел од козметичките тајни :)
     
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    И живот... тоа ти е... :)
    It's allowed to be bummed once in a while..
    Не што е дозволено, препорачливо е... После тоа сонцето посилно грее... :sun:
    Толку силно како денеска што не можев очите да ги отворам. И така замижена - видов се`.
    Видов дека судбината има многу патишта... Дестинацијата е иста.
    Видов дека среќата е во малите нешта. Дури и кога ќе си ја изгубиш ракавицата и ќе се вратиш да ја бараш и ќе се смееш како некоја будала не очекувајќи да ја најдеш, ама си се вратил да ја бараш за пријателот покрај тебе да се нервира малце. Онака смешно нервирање. И на крај ќе ја најдеш. Не дека беше битно дали ќе ја најдам или не...
    И така напред - назад, изгубено - најдено. Стигнавме до целта. Видовме што видовме. И се вративме назад.
    Се истрескавме глупости, се посмеавме, си раскажавувавме за она добра стара времена... И секој по својот пат. Убаво е кога имаш пријател. Дури и на најголемиот непријател би му станала пријател доколку има потреба.

    Таков ми е денот, си трескам зелени. Зелена сум. Со моите 21(да се пофалам дека имам 21 година, кај и да е 22 ќе станат :( ).

    И да, голема одлука е пред мене. Можам да кажам, преголема. Можда не најбитна во животот, но сега за сега е. Страв ми е. Но, нели нема погрешен избор... Ајде имам уште 2 - 3 дена... Се поверојатно ми делува дека ќе летам. Да не должам, останува да видиме. 8)

    Го имав зграпчено животот, го дишев со полна пареа, се откажав од некои соништа, но не затоа што морав, него затоа што тоа ме правеше среќна, а тоа повеќе го нема, па се враќаат на ред моите сништа. И нивното остварување. За да го зграпчам повторно овој прекрасно трагичен живот.
    Со Господ напред.
     
    На baguf4e, anneyy, Marilyn-Monroe и 3 други им се допаѓа ова.
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Лекови, лекови, лекови, аман, значи аман. Ми се смачи веќе од овој предмет. Колку само се каам што го одбрав за матура. Наместо ние како матуранти сега да бидеме порелаксирани и да се спремаме за матура, ние мора да правеме разни проекти, презентаци, бизнис планови и се’ што ќе им текне на професорите. Со сите тие активности, ни ствараат само одбивност кон она што го учиме. После слаби сме биле, не сме училе. Па преиспитајте се зошто е тоа така. :devil:
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Извини се насмеав слатко :D
    П.с мажи од небо не паѓаат за жал освен ако не си некоја среќа луда или како овие теткиве среќајлии
    http://www.youtube.com/watch?v=hGLZqDXau98 :lol:
     
    На Hipica и drugarka им се допаѓа ова.
  18. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Халелуја. :lol:
    Камо мажи да паѓаа како снегов.
    Ќе се преобличам како лудиве тетки и ќе киснам.

    О, мајко природо, посреќни ме со еден дожд од фраери. Нежни, груби, добри зли....
    A да, така Каролина пееше. Сега ми текна.
    http://www.youtube.com/watch?v=hwHnzioG58o
     
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Понекогаш едноставно мораме да ги пуштиме работите, да одат онака како што си замислиле.
    Како дете што сака да се лизга само без да гио чекаш на крајот од удолницата.
    Како папагалот што мора да пее погласно од вашиот компјутер додека ви свират смирувачките омилени песни.
    Како реката што мора постојано да тече, или како земјата што трпи секакви створења да газат по неа.
    Се завиваме во наш заштитен невидлив облак исполнет со надеж дека е доволно цврст за да претставува оклоп кој нема да биде пробиен од некој што не сакате да го пробие.
    Кога некој ќе ви навлезе во соништата, го гледате со некои други очи, си викате што се мешаш и се обидуваш да рушиш нешто што не те засега и не ти припаѓа, но тоа е во срцевината на нашите души, секако кој како има душа, и тоа е релевантно. Се мешаат, мучкаат, не го чистат снегот пред својот двор туку го мерат купот на комшијата.
    Се трудите во свет на ненормални да останете нормални, иако сте свесни дека на моменти го губите разумот, ги пуштате уздите, ви доаѓа поштено сочно и убаво да опцуете, да се тргнете од се што дише а е покрај вас и ве гуши она што го издишуваат. Се гушите некогаш и од самите себе. Се вртите околу вас прашувајќи се што сега? што сега, каде стојам, што правам? Легнувате, пуштате филм, и после филмот се враќате во реалноста. Во реалноста некогаш е sweet, некогаш е bitter. Замижувате, си тонете во вашиот свет на фантазијата, си се пикате во омиленото катче, и се трудите да го разбистрите мозокот кој го чувствувате преоптеретен. И чекате да видите кој ќе има доволно сила макар и со прст да го пробие оклопот, да ви го заскокотка срцето, а во меѓувреме се насмевнувате на се преостанато, затоа што морате иако се чувствувате како до ватре да венеете, а не дека е така. Се освестувате дека од утре ви почнува турбо обврски периодот, си штиклирате што и како треба да биде, ги елиминирате некои личности кои ве полнат со негативна енергија, кои ве носат доле, и се надевате дека секогаш ќе ви остане таа една прегратка, повредна од сите пари, неговата. Пиете кафе што не го пиете со другарка ви само затоа што ја сакате и почитувате и ја слушате како ви зборува колку е дебела а тежи 20 килограми сосе креветот, и би требало уште две како неа за да ве достигне вас. Од друга страна си викате па добро е, од некои лејки треба уште два колку нивните мозоци за да го достигнат мојот. Ви зборуваат како се форевер алоун, и како немало љубов за нив, а не ги согледуваат нивните постапки, и веќе немате сила да објаснувате. Немате затоа што како што поминува време вие сте тука да ги слушате сите, тоа е дел од вашата потсвесна неостварена желба да бидете психијатар или психолог и да помагате на другите, и совршено ги решавате љубовните, семејните, или било какви проблеми на другите, а кога доаѓате до себеси си велите, уф ми треба психијатар. Си правите филм и се смешкате ... секоја наша мисла си е само наша, секое наше дело е само наше, ничиви зборови не вредат толку колку вашето сопствено мислење, а дозволувате да потпаднете под нечии зборови иако многу пати си викате нема веќе, но тоа е психата на човекот, прилично зафркната работа иако ронда ја смета за многу едноставна, ама ете ... теоријата е една праксата покажува друго. Сепак со секој нов ден се јачаме, стнуваме посилни, одиме чекорче по чекорче погоре, чат пат се враќаме по некое назад, но ние сме ние, прекрасни како што сме создадени, и се е тоа дел од процесот на растење ... но не растеме толку колку што никогаш не дозволуваме децата во нас да изумрат, значи се е тоа дел од процесот созревање. А мајко му навистина е тежок тој процес. Еба*о.
     
    На Libera, cigarce, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  20. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.567
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    СДК се чувствувам одвратно,цел свет ми е одбивен,само грди работи ми се случуваат во последно време,а она што е позитивно е многу мало во однос на она што е негативно во животов.
    Ми фали љубов,ми фали некој што ќе ме сака и ќе ме држи за рака,ќе ме мавне во снегот и ќе ми се смее дур се обидувам да станам и несакајќи се подлизнувам и повторно паѓам...Си направив милиони филмови во главата,а тешко некогаш да ги реализирам.
    Многу тежина ми лежи на душава и знам дека кога ми е чиста совеста,знаејќи дека живеам во гнасен град каде што алапачите спрема добрите луѓе се 1:15000,не треба да се замарам за тоа кој што рекол и искоментирал за мене,сепак не можам.Мразам кога некој ќе каже нешто за мене од чиста љубомора,а потоа тие такви муабети се прошируваат и сите мислат дека се вистина,а всушност не се.
    Сакам да отидам негде далеку,каде што никој не ме познава,да најдам некој со кого ќе го делам секојдневието,никој што го познавам да не е околу мене,да се будам во топло пролетно утро и насмевката да ја чувам и дур спијам.
    Ми недостигаат многу работи и тешко ми е на душава,вечерва е една од тие вечери кога слушам тажна музика и рикам како мало дете.Можеби и само тоа ми е потребно
    Маратон во плачење.
    Немам повеќе надеж,изгубив се,се!
     
    На Adi888 и DressedToKill им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.