[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Добро бе, дечко, Y U NO LIKE ME?! :fubar:
     
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Сонувам за безгрижност, барем еден ден. :)
    Свесна сум дека премногу размислувам, премногу се оптоварувам и со потребни и со непотребни работи. Особено овој дел од денот, едноставно размислувам, ги анализирам до најситни детали сите денешни случки. :@ :@ :@
    Упорно ја барам грешката во себе, секогаш. Што е тоа што јас направив погрешно, или па нешто пропуштив да направам. :?: Секогаш истите прашања, за жал без одговор.
    Се надевам дека ќе добијам шамар кој ќе ме освести, не ми чини оваа особина.
     
    На Look и Chocoholic им се допаѓа ова.
  3. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Прв пат да се почувствувам среќна што сум се запишала на државен факултет.Дури си седев и си чепкав по фб на насловна ми излезе дека Европскиот Универзитет ќе се затворал, сопственикот ќе го преместувал во САД.И сега што ќе биде со студентите?И покрај тоа што плаќале високи школарини пак на крајот ќе останат без дипломи.Да учеле, да се мачеле па да им е криво за тоа не верувам баш.По парите пак не би кукале, и самите знаеме дека на такви универзитети, со високи школарини и екскурзии задолжителни- се знае кој се запишува.Но што е со времето?- тоа никој не можи да му го врати или пак исплати.2-3 години да ти пропаднат и на крај да не добиеш ништо е стварно страшно.Можеби на нас, оние кои што учиме на државен, ни е тешко пред сесија, се препотуваме и не знаеме што побрзо да прочитаме, се расправаме со мамурничави фаци на студенски а исто и на предавања но барем знаеме дека на крајот ќе добиеме нешто и дека нема да се најде некој "паметен" како овој Бојо и да не остави на среде пат заглавени.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    СДК дека денес бев кај внука ми од сестра и баш супер си поминав...децата прават на ништо да не се сеќаваме и да бидиме среќни и да се смејме на нивните глупости колку и да сме тажни му блазесвам на сестра ми аа исто така и на сите мајки шо имат такво прекрасно англече покрај нив :)
     
  5. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Ја држев дада ми со главчето потпрена кај мене на рамо и не знам како ама нејзиното раче се најде кај мене на образ и остана така некоја минутка ^_^ .
    Додека ме допираше и полека го мрдаше рачето кај мене по лице се стопив. Кое чувство. :wasntme:
    Срцка бе :inlove:
     
    На Adi888, cigarce, Neytiri и 25 други им се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    СДК Стојче ми се насмевна денес :inlove:
     
    На cigarce, Neytiri, baguf4e и 10 други им се допаѓа ова.
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Некои животни лекции никогаш не можат да се научат!
    Некои луѓе тврдоглаво ја бараат правдата знаејќи дека ја нема. Но, ја бараат. И страдаат!
    Тие ја гледаат онаа реална страна на животот, страна која мнозинството не ја гледа, страна која никој не ја сфаќа, која никој не ја почитува... Никој освен тие.
    Тие луѓе кои се борат за таа проклета правда.
    Таа им го загорчува животот, ги мачи, ги малтретира, ги тера да патат...
    Таа правда ги дели од толпата.
    Тие не трпат неправидини. Всушност, ги трпат, но ги мразат. Ги мразат и сакаат да ги променат.
    Но, не можат. А сепак се обидуваат. Знаејќи дека се немоќни, ја бараат правдата. Затоа страдаат.
    Не ги прифаќаат нештата како што им се послужени, туку сакаат да ги видат состојките внатре.
    Некогаш можат, некогаш не. Но, не можат да ги променат. Никогаш. Зашто тие кои така гледаат се ретки.
    Се губат во толпата која го загризува послуженото без да се интересира за состојките.
    И секогаш истото. Секогаш, секаде тие луѓе бараат правдина. Скоро никогаш не ја добиваат.
    Затоа страдаат и потешко поминуваат во животот.
    Но, никогаш не ја сфаќаат таа животна лекција. Ја повторуваат милион пати и секогаш паѓаат на испитот.
    Никогаш не можат да ја научат!
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Тоа што пред малку го направив беше :$
    Си бевме ние сите дома соберани па за по интересно да е и гости имаме. Сите испоседнати кој на тросед кој на двосет..... и ја гледам мајка ми иде да седне на столот и незнам што се случи некако несвесно го потеглав столот и мама плас на земната :) И тогаш црна се земја затресе :rofl: :rofl:
     
  9. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Боже и мене мани ми два-три шамари,освести ме од оваа наивност.
    :headbang:
     
  10. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Надвор е -7. Но...
    http://www.youtube.com/watch?v=tnFfKbxIHD0
    ...но всушност, песнава оди во позадина, а јас сум негде на море. Негде на екватор, каде што е лето all day, erry day. Камбоџа? Нах, премногу влажно. Австралија најдобро. Или Њу Зиланд. Некој ранч негде во село... Кубаааааа...ох јес. Лето и плажи и бранчиња и ветре и сонце и песок.

    Ме прашуваш што ќе правиме таму? Апсолутно ништо. Цел ден ќе се излежуваме на плажа, а во квечерините ќе се шеткаме по бескрајните плажи, боси, и јас ќе носам шешир. А навечер пак ќе бидеме на плажа, покрај оган, и ќе се галиме :) И ти ќе свириш гитара! Потоа, во срцето на ноќта кога ќе се изгаси огнот ќе лежиме, ветрето ќе зуи, ноќта топла, песокта ќе крцка додека се тркаламе на неа (еј, ќе има нешто послано...и ќе бидеме солени...и мене косата најверојатно ќе ми биде хаос од сета таа песок и сол :lol:).

    Ќе ја удавиме жедта во мохито коктелчиња. А јас ќе блескам на светлината од месечината. И ќе јадеме лубеница! И ќе лепиме :D

    Секое утро ќе ми носиш по две цветчиња, едно за во шешир, другото за во раче :$

    Доста блефирав, сакам зима, сакам снег, но ништо не посакувам толку силно како лето во моментов. Долго, жешко, мрзливо лето. А јас и мојов сме како создадени за мечтаење на -7 во февруари, и згора на се на мсн :D
     
    На bittersweet и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Проклетство! Не сакам веќе ни да помислам не се што ми се случи.... бегај од мојата глава губи се исчезни веќе ако не ти значам и ако не ме сакаш ни малце ајдееееееееееее ГУБИ СЕЕЕЕЕЕЕ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! :fubar:
     
  12. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сеуште сонувам лошо.Желбата за спиење со коси со потребата.
    Воопшто,желбите ми се косат со потребите..или можностите.
    Е сега..желби,потреби,можности.
    Мада желбите и потребите некако ми одат заедно,а веќе можностите се друга категорија.
    Кога би се изразила 'несфатено',тогаш дефинитивно пловам по позната вода и ми е досадно.Не сум доволно храбра.
    Веројатно,го открив наједонставниот начин да се засолнам и зашитатам од можен пораз кај него,па не ми се мрда.Нема врска што умее да ме вознемири,да ми направи лош филм..ме тера да ја барам кармата како солуција,кармата како одговор,кармата како причина.Тука,сум своја.Тука сум сигурна,сакам и ми е возвратено.Само тука,до него.
    Од некоја друга страна,досадно ми е.Чувствувам како да немам приоритет.
    Како да немам доволно силна желба,за која би се постоела.Не посакував да се свртам пред сонот,а како токму тоа да се случува.Немам сон да отсонувам.
    И..
    ..моментот кога ми снемува соодветни зборови за мојата душевна состојба,се лечи со Depeche Mode.Нема да надојдат зборовите,но ќе биде токму како во песната.
    Сложувалка,за која не можам да го пронајдам соодветниот дел што фали.Сложувалка која ни утре,ни во март,ни наредната година ниту таа по неа нема да биде цело.
    Живот е,не може да биде цело.Можеби може,ако замислувам.
    И ете,скокотлива порака без одговор.Скокотлива понуда,а јас далеку,далеку..
    Така,на крајот од обилното крварење.На крајот од глупавиот ден.Сепак,почеток на уште еден кошмар..
    Можеби посакувам да се разбудам секаде освен тука?Не,дефинитивно сакам и утре сабајле тука да го испијам првото кафе.Барем утрата не ми се здодевни.Сама со првото кафе,некој нов на репертоарот и дневни вести,во затемната тиркизна соба.
    Ете,така..сега би се опила,па да бидам Боб Марли.
    Да бидам Боб Марли ме враќа назад.Кога бев будалеста.И сега сум..но не е прв пат,не е интересно.Не е безгрижно,не е ко тогаш.
    И никогаш нема да биде,зошто маските паднаа.
    Кога сме кај маските,сите си ги имаме.Да бевме барем пола добрички и искрени од тоа како што милуваме да се прикажуваме,сигурно ќе бевме и луѓе.
    Има работи кои ме болат.Без драмење,голтам кнедла и пак кармата е одговор,причина,решение.
    Џабе возење низ тешки теми,џабе повик за спас..кој впрочем ме прекина токму сега.Џабе муабет,ќе биде кошмар.
    Ќе скратам сега,во име на што помалку болно будење..во име на што помалку намуртена фаца.
    Во име на јавето.
    :*:
     
    На L-enna, bittersweet, kate21 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Благодарение на неколку идиоти што ми профрчеле за кратко низ животов неспособна сум да им верувам на луѓето. Оние што одамна ги знам, океј. Свесно вртам грб па нека бодат со ножеви ако тоа им е желбата. После тоа се отпишани. Скорпија, шта чеш - или е бело или е црно, сиво нема..
    Со оние што уште сум во фаза на запознавање и проценка, малку потешко иде работата. Нејќе срце пусто да се отвори, не верува. Кога ќе ми се понуди помош наместо да ја прифатам како нормален човек и да сум среќна што ми се намалил товарот, јас почнувам да мозгам што треба да дадам за возврат. Ќе вреди ли трампата, или не. Задни намери или да - заклучок. Епа денес се изненадив. Како и обично не побарав помош, бидејќи сум премногу горда и се' можам сама нели, ама ми ја дадоа. Без резерва, без двоумење, без услови и со насмевка. Омекнав за миг. Вреди ли да се верува? Ах, тој страв од повреда и разочарување. Ме кочи во животов. Ептен.
     
    На maca99 и Nika666 им се допаѓа ова.
  14. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Искрено, деновиве ми донесоа само болка мо мускуливе и голема не-инспирираност.
    Ма, не можам еден асален пост да шкртам.
    Ама, ми донесе нешто што не би го менувала за ништо на светов - радост и среќа.
    Е, тоа го ценам.
    Правам безброј циклуси на дишења и издишувања, живеам, среќна сум... И имам можност да конкурирам за пишење литературна творба.
    Само, да ми дојде ронка инспирација, со нови сили, одам јако.. кон целта...

    Не сум стрелец, ама, ќе стрелам длабоко во животот.
    Епа.. промени се потребни. Дури на моменти неопходни...
     
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Мене баба ми ме научи да готвам за да може да не пропушта серии .... (и се разбира да можам сам да преживеам)

    Знаеш ли колку е тешко да станеш од компјутер за да готвиш?

    Незнаеш

    Порака за сите "ХИТ" серии (да бе секоја серија е ХИТ серија (најава хит серија во Азербејџан прво место со најмногу гледаност ...цели 4 телевизори ја гледаат од можни 5 во таа држава,ама хит е)

    GIVE BACK MY GRANDMOTHER

    иначе порано беа интересни сите канали кога ја даваа серијава

    [​IMG]
     
    На LivingGlam, BlackSwan5 и blond им се допаѓа ова.
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Е можам слободно да кажам дека денеска јас живеев.
    Онака, со полна пареа.
    Си уживав во мрзеливоста на утрото, се вртев во кревет и го игнорирав алармот, го игнорирав и звонењето на врата, а потоа си прошетав со мојата половина која ме надополнува и го владеевме градов. На крај си дојдовме дома и буквално до сега се смеев ко лудача на глупостиве што ни текнуваат да ги правиме, и тоа на вакви температури. И ги правиме. Од замислени интервјуа на снег, до бегање од вистински анкети, на трезно или пијано, повремено паѓање на снегов и изигрување на професионални лизгачи, важно нема граници.

    И дојдов до заклучокот, кој одамна го имам заклучено ама денеска некако си го потврдив, јас не можам да преживеам сама. Значи кога сум во друштво, имам толкава сила што се претворам во сосема спротивна личност од она што сум, го кршам мразот, не постои срам за мене, и секогаш ама секогаш си ја остварувам својата цел. Не за џабе мала кога бев кога ќе ми го дадеа омиленото јадење не можев да го јадам сама иако ми беше омилено, а во друштво и најужасните манџи ги смачкував за минутка. Којзнае колку работи ми се предодредени уште во раната младост а не сум сеуште свесна за нив. Ајде барем имам идеја за анализи, во што впрочем сум и најдобра. Штета што најчесто ми завршуваат во погрешни насоки, ама тоа е најчесто последица на синдромот хистерична-жена-во-или-не-во-ПМС-изнервирана-од-нејзиниот-најмил :lol:
     
    На ines.h и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  17. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Нека ми прости Господ,ама солзи ми потекоа од смеење.
    Чувајте ми сепаре у пекол...
    [​IMG]
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На TS-310, Oxymoron, drugarka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    http://www.divianarts.com/?p=18699
    Леле толку плачев што главата ме заболе.Добар текст.
    Еве нешто да ве насмее до солзи
    http://www.youtube.com/watch?v=rBoj_JfAK5U
    Душичка колку е слатка.
     
  19. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Денес е голем ден. Конечно го дознав чувството кога ќе го положиш и последниот испит. Од утре официјално почнуваат маките за дипломска и средување документација. Ве сакам.
     
    На FortuneTeller.xD, happygirl, LilBaby и 22 други им се допаѓа ова.
  20. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Гаф од дедо: "Мобилниот сум си го наместил на вибратор."
    Tаа е. :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На cigarce, Adi888 и femina11 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.