[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека дури сега свакам што значи да си преморен кога се вракаш приквечер дома од работа-супер би било доколку би имала еден орбитрек да си повежбам да не ме совлада уморот или барем една пилатес топка,ама за жал немам :doh:

    во право е мајка ми кога ми вели дека сувата храна не е добра за стомакот и за цревата, треба манџи, супи , а јас ко божем на диета сум кога ке се вратам не ни ручам-дома збеснуваат ама не сум гладна
    и знам дека треба да пијам јогурт(природна регулација на шекерот во крвта , секако и за дигестивниот систем)ама не можам да дојдам до него од брат ми-јогурт заљубеник :rofl: па еве денес јадам мусли со јогурт:)
     
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Се разбудив мамурна ко крокодил :)

    Се лечам со чај од брусница и мекнеам пред монитор, со желби за добро здравје и музика низ уши. Немам инспирација, ама имам зборови. Најсмотана комбинација, секогаш.
    Роденденот помина преубаво.
    Ние 4, нашите момци, алкохол и мезе, џускање и Љубов. Ништо повеќе а ни помалку не ми требаше.
    Се сликавме, и сконтав дека на фотографиите изгледам - уморно.
    Како истрошено моливче.
    Не планирав толку стресови и пресврти, но животов е таков. Не ти дава спокој, зошто би?
    А ништо не е ова, има уште планини леб да јадам јас за да доживувам дополнителни глупости.
    Но, да се сконцентрираме. Денов мора да биде правилно и оптимално искористен!
    Да се купат ситниците, да се испере се’, да се натунта куферот, да се јадат јаболка и витамин Ц, да се молчи пред вселената со споени дланки, ко што би рекол Бушко.
    Немирот мора да излезе, дали од чевли, или од душа, мора.
    Со нетрпение нема. Полека, или кроце, кроце, ко дедо што тврди.

    Доживеав катарза. И не жалам. Мора. Така се расте. Како билка во саксија. Просторот е тој. Но секогаш можеш да се вивнеш во небесата. Корените и крилјата неслучајно се на иста буква.
    Избери Ти, што сакаш да бидеш.
    Тонам во музикава:

    http://www.youtube.com/watch?v=bifxw9C9RJk

    И знам дека ме очекуваат нови нешта. Ќе гледаме вечер цртани со него, ќе се гушкаме.
    Сфатив дека ми недостига, кога не го гледам. Кога се видовме вчера, како нови си бевме. Сестра ми вели, тоа е благодет, кога некој ти е тука, а пак го доживуваш како да не сте се виделе милион години.
    Чувајте се, и гушкајте го сонцево, иако има заби, подобро траги од него, одошто од вампирот наречен Живот.
     
    На tigerlady, Nina24, la-chicka и 10 други им се допаѓа ова.
  3. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам добра работна недела ,имаше турбо работа ама бев исполнета преморена се вракав од работа немав време да мислам на никакви други глупости.Резултатот од Ману ми е добар немам HPV и се зарадував.Денес одам на викенд си посакувам убаво да си поминам предходните два викенда ми беа заникаде нервозни,напнати, во кавги,монотони и несакам да ги памтам.Ретко ве читнувам немам време ми недостасувате.
     
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Дојде Д Деј...

    Епа жени мои мили, до вечер ќе има смешки и плачки, радувања или тагувања...
    Ќе видиме...

    Неколку часа, до судбоносното ДА!

    п.с. Не се мажам, да не ме сфатите погрешно
     
    На SuperGirl2010, cigarce, MandyLane и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Сакам да кажам дека ми се смачи од се, барајќи излез од бесизлезното. Дека ми треба рамо за плачење, и кога ќе му се приближам, некој веднаш се побунил. Ми треба внимание од тие кои со месеци, години се наредуваа себе си моите најдобри другарки... а тие ме туркаат дури од единствената личност која што ми посвети внимание. Праша што ми е.. доволно ми беше. Ме прегрна, ме бакна. Не ме пушти од раце. И да беше лажно, доволно беше. Ме врати во живот, барем малку. И тоа им смета, на тие кои што ми посакуваат “најдобро’’. А ми беше толку цврсто и удобно.. Сарказам, циничност како куршуми гаѓаа. Само јас не смеам да го правам тоа што сите ми го прават мене.
    Премногу сум млада за вака да се чувствувам, за ова да ми се случува. Само сега ми треба некој. После одете, и да ве барам одете, штом не сум заслужила (а како, не знам, кога сите правила за вас ги прекршив..) Сега ми треба некој да ме слушне што имам да кажам без да ме суди.. кој било... Никој не сака... Сакам само излез.
     
  6. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    ВО ЖИВОТОТ НА ЕДНА ЖЕНА ИМА МЕСТО САМО ЗА ЕДЕН МАЖ!!!
    ЖЕНАТА САМО ЕДНАШ ВО ЖИВОТОТ МОЖЕ ДА САКА!!

    НЕМА ПОГОЛЕМА СРЕЌА ОД ОНАА КОГА ЖЕНАТА Е СО СВОЈОТ МАЖ!!Една негова порака е доволна денот да ти помине СОВРШЕНО!!
     
  7. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
    Колку е јако чуството кога имаш само 3часа и тоа скратени, и дома си доагаш во 9ипол, легнуваш да спиеш и се будиш наспан, и после бап одма седнуваш на компјутер 8).

    Е сега колку убаво би ми дошло едно кафенце, ама ме мрзи да станам да си направам.Која од вас ке биде фина па да ми направи,па по можност заедно да си пиеме и да ги превртиме шољите и да ѕирнеме во нив? :P
     

    Прикачени фајлови:

    • thumb.jpg
      thumb.jpg
      Големина на фајлот:
      21,1 KB
      Прегледи:
      177
    На Loritaa и Meggy им се допаѓа ова.
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Ау, ме уби настинкава. Претепана, скршена, ниедно ковче не ми е на место. Така се чувствувам.
    Фервекс, мервекс, болен човек си е болен човек и дури не поминат неколку дена, не поминува ни настинката.
    Сабајле, искрено да ви кажам, и се порадував. Прво, си заминав од глупавите предавања и филозофии на дел од професорите. Второ, ме спаси од испрашувања за кои не сум отворила ни книга да прочитам.
    Ама, трето, ме дотолчи. Болежлива сум и зиморлија. И згора на се, јадачка. Се тресам на +25 степени кои ги има во собава. А дома ни благо, ни чипс нема. А ни до продавница да одам немам сила.
    Ќе внесам дневна доза кофеин, ќе се стуткам в кревет и ќе си читам чекајќи да дојде време за новото пакетче фервекс.
    Ариведерчи!
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Јас и така пијам сега тазе варено :wasntme: Па и ќе си ѕирнеме што ќе ни каже талогот ;)

    СДК ... ваква сум :drunk: , шо би рекле нашиве енглези дизи ... студот си го зема данокот плус помешано со ПМС не знам на која страна терам ...
     
    На booba му/ѝ се допаѓа ова.
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    Мила моја, морам да те поправам, зошто не е убаво во заблуда да се живее.
    Жената е способна да сака повеќе пати во својот живот, и тоа со цело срце. Затоа и сме толку посебни, за разлика од машкиот род. Во нашите срца има многу повеќе љубов, од таа што на еден маж му ја даваме.
    Првата љубов се памти, тоа да, ама верувај ми, првата љубов ретко кога останува и единствена.

    Тоа сакав да го кажам.
    А сега имајте убав ден и носете капчиња, снегов има намера долго да не мачи.

    [​IMG]
     
    На bittersweet, Hopeful, cigarce и 9 други им се допаѓа ова.
  11. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.564
    Допаѓања:
    174.869
    СДК....не трудете се да го задржите оној кој сака да замине од вас.
    Не плачете ,не го молете,не проколнувајте.

    Пуштете го да оди.

    Ако е за вас,вашата судбина ,самиот ќе се врати. ;)
     
    На la-chicka, Hopeful, Libera и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Посебни сте зашто сте жени, различни од нас, исто како што и ние сме посебни, зашто сме мажи, различни од вас.
    Никој не се истакнува во однос на никого, на ниедно поле!
    А за останатото, да, во право си, жените (како и мажите) се способни повеќепати да сакаат со сето срце.
    Какво било различно размислување е заблуда. :)


    Инаку, СДК дека конечно, по толку долго време, си дочекав совршено обична недела, пет дена во кои не правам ама баш ништо продуктивно. И уживам во тоа!
     
    На Strumfeta93, glow, maca99 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    ^^
    Мажите сакаат повторно, ама не сео цело срце. И никогаш како таа што ја засакале првпат.
    Затоа е разликата.
    Жените сакаат секогаш со цело срце, а мажите како да ја трошат љубовта(барем поголемиот дел) на првата.
    Мое мислење, секако, не сум машко за да знам. Едноставно сум налетувала на такви случаи, па ми се оформила теоријава. Ти дозволувам да ме побиеш, секако. :D

    А, и со ова не се сложувам :wasntme:
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Но чекај, како може да засакаш некоја исто како некоја претходно? Не можеш да засакаш како првиот пат (ни како вториот, третиот)... Можеш да засакаш само помалку или повеќе од тоа, не? :)
    Ете, кај мене конкретно, „најголема“ љубов ми беше втората (oд три), не првата. Немаше никаква врска што претходно сакав силно, туку баш напротив, „вторава“ љубов ми помогна да сфатам дека сум можел повеќе и од тоа. Секогаш можеш повеќе, но треба другата половина од тебе да го извлече тоа. :)


    А за полињата, ајде да одиме според одредени стереотипи...
    -Наводно политиката е генерално „машка“ професија, нели? Сако ако те чуе една од највлијателните политички личности, Германката Меркел, тешко сите нас овде... :rofl:
    [​IMG]

    -Готвењето е за жени? Bitch, please, Џејми Оливер не се согласува со тебе. :lol:
    [​IMG]

    -Maжите се поснаодливи зад волан? Ти ја претставувам една од најдобрите презентерки на ТВ, а воедно и професионални возачи, Вики Батлер Хендерсон. :)
    [​IMG]

    -Жените искажуваат повеќе чувства? Само земи и прочитај некое (особено од постарите) англиски песни, сонети, поезија... Да видиш колку моќни и искрени знаат да бидат машките чувства...
    [​IMG]

    *продолжува да набројува до недоглед, и успева да ја убеди фината Starfish* :lol:
     
    На Strumfeta93, Divinebutterfly, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Толку прашина има скриено под тепихот во животот на луѓево, што се прашувам кога би имало тотална искреност на еден ден, дали некој ќе рече дека животот е убав. Никогаш ништо не е како што изгледа, ама баш никогаш. До толку сме закопани во лаги и разубавување на вистината што не знам ни дали и самите сме свесни за ѓубрето пред нашиот двор. Во контекст на дуалност, јин и јанг и тако даље, секогаш фали оној дел кој ја опишува грдата слика, ама тоа си го зачувуваме за себе си, додека не станеме монструми еден ден. Колку што блескаме од надвор, толку сме темни од внатре. И секогаш мора да внимаваш што посакуваш, а всушност не ни знаеш што посакуваш зошто некој не ти го претставил онакво какво што е.
    Од каде тоа дека мора се да биде совршено?
    Комплекси уште од мали ни набиваат, за подоцна да мораш да се претставуваш во најдоброто светло пред светот. Е што ни фали и такви какви што сме де?
     
    На Strumfeta93, Izaabella, booba и 3 други им се допаѓа ова.
  16. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    230
    СДК надвор пак врне снег. :| :envy:
    СДК незнам шо да си напраам за ручек. :?:
    СДК ми се иде на шопинг. :wasntme:
    СДК си го имам најслаткото куче,ќе го изедам,како топче е. :*
    СДК имам уште саат време до работа а јас сум уште на Фемина :o :D
    СДК САКАМ ЛЕТООООООООООООООООООООООООООО!! :( ;( :inlove:
     
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.690
    Допаѓања:
    24.064
    Пол:
    Женски
    Мирно утро денес. Убава музика ме разбуди, конечно се наспав :)
    Топол, да не речам врел туш и сите сетила ми се разбудија.
    Пред мене ги гледам снегулките како си играат на прозорот, глетката ми ја исполнува душата. Само нека врне, толку е убаво надвор.
    А до мене, шише вода и плазма. Па има ли поубаво од ова? :)
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Со официјалното прогласување на осмата сезона на Хаус како последна, официјално си прогласувам блага депресија.

    Denial
    Anger
    Bargaining
    Depression
    Acceptance
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    789
    Колку важни лекции научив деновиве.
    Колку спомени оживеа. Солзи дупло повеќе.
    Размислувам за тоа колку ироничен ми е животот.
    Оние кои ги сакам, во кои се вљубувам се толку далечни од мене.
    А, всушност се блиску. Многу блиску.
    Ми се доверуваат и им се доверувам.
    Ги слушам нивните проблеми и искуства.

    Воедно, се топам.
    Поврзани сме со тенки нишки.
    Се е замрсено. Главата не знам каде ми е.
    На кого да му помогнам, кого да не разочарам.

    Сите се’ ми кажуваат на мене.
    Не сакам. Не сакам. Не сакам.
    Зашто не се единствени.
    И јас тоа го чувствувам.

    Но, ако некогаш кажам, се ќе се сруши.
    Затоа, ќе молчам.
    Не сакам да бидам онаа која сите ќе ги повреди.

    Ех, бре.

    http://www.youtube.com/watch?v=1w7OgIMMRc4&ob=av3e
     
    На booba и MissSpark им се допаѓа ова.
  20. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Јеееееее мамо мамо, не учиме до четврток...NOT! Јас почнувам од овој понеделник и многу сакам снег, но нови врнежи? Really? REALLY?
    [​IMG]
    Па добро бе снегу, баш убаво би идел на Божиќ во позадина, но сега? Навистина не си интересен. Знаеш колку работи треба да направам во понеделник? Знаеш?! Е само ако бидам спречена во нешто. Снегот е бел и убав и прекрасен, but let's not push it, mmmkay? А баш сакав да го сакам февруари...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.