Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Здравоо девојчињаа :hai:
    Добри сте?

    Јас си и станав порано и средив се дома.
    Вредна сум денеска,а и многу убави крофнички си направив.Цели чоколадни ...

    Па повелете послужете се,јас подоцна пак ке шкртнаам нештоо :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG0771A.jpg
      IMG0771A.jpg
      Големина на фајлот:
      91,8 KB
      Прегледи:
      291
    На Hiii, CIA, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  2. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.326
    На поминување сум, колку да кажам дека се дешава грдо чувство кога нешто планираме, а не ни се исполнува. И како сите од нас би сакале да сме подалеку од нашава земја, а не знаме надвор од неа каква е ситуацијата освен од рекла-казала муабет кои може слободно да потонат у вода.

    Така да не секогаш очекувајте нешто позитивно, за да не завршите разочарано..
     
  3. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    СДК дека и покрај лошиот тек на настаните од денешниот ден, се чувствувам многу смирено... :) Редовното посетување на форумот, читањето секакви искуства и мислења ме смени за 180 степени... Позитивно ;)
    Ми помогнавте да си ги сосредоточам мислите и да се упатам забрзано кон патот на моето лично осознавање, надоградување... Ми ги зголемивте апетитите за успех на секое поле.
    Веќе два месеци како секојдневно го посетувам форумот и несвесно се менувам самата себе си. Заклучувам дека до пред една година сум скршнала од правилниот пат по кој до тогаш сум чекорела и сум тргнала во емотивна бездна, што се одразуваше на секое поле од моето секојдневие.
    Ми помогнавте самата себе да се запознаам... Да сфатам колку вредам и да престанам самата себе си да се испотценувам... А тоа ми даде огромен мир и спокој на душата.

    Прекрасно е чувството кога знаеш дека навистина вредиш и дека многу си направил за некои луѓе. Некои од нив го сфаќаат тоа и го ценат, а други пак, или не сфаќаат, или се прават дека не сфаќаат, па немаат ни трошка благодарност или почит кон мојот труд... Но како и да е, имам чиста совест и среќна сум што знам дека во мене има огромен потенцијал на луѓето да им пренесувам позитивна енергија и огромна љубов! Среќна сум бидејки верувам! Имам верба дека ќе сретнам луѓе кои исто ќе ми возвратат, и секако, ќе биде многу подобро од сега што е. :)
    Знам дека некои луѓе се поставени на мојот пат за токму ова да го сфатам. Но, го сфатив тоа и време е да свртам нов лист, да научам нова лекција, со некои нови луѓе... :)
     
    На Divinebutterfly и ines.h им се допаѓа ова.
  4. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК колку е убаво кога денот ќе започне со некој убав кажан збор. :inlove:
    Денес некое посебно расположение ме дрма :lol: Конечно се решив да отидам на доктор, да видам што е работава со моево уво.. и среќа докторката беше многу љубезна и фина па се се заврши за 5мин.
     
    На Serafima и drugarka им се допаѓа ова.
  5. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Сакам да кажам дека една ситница неможе да ви го уништи расположението за цел ден. Некој работи не вреди толку да добиваат значење.
    НЗС - Мислењето на НЕБИТНИ особи е - НЕБИТНО!

    [​IMG]
     
    На Serafima, Divinebutterfly, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    198
    Сакам да кажам

    "Додека Мадона пеела на “Супер боул“, нејзиниот брат просел пред стадионот"

    Познатата поп дива Мадона имала незаборавен концерт на најголемото американско спротско натпреварување “Супер боул“, додека нејзиниот брат просел пред истиот стадион.
    Братот на Мадона, Ентони Чиконе, кој е бездомник, седел на паркингот пред стадионот.

    Ентони бил со група пријатели кои исто така биле бездомници, а се собрале пред стадионот за да може од посетителите на манифестацијата да добијат пари или храна.

    Американските медиуми во текот на минатата година обелодениле дека најстариот брат на Мадона, 55-годишниот Ентони живее како бездомник.

    “Се мразевме уште како деца. Претпоставувам дека во прашање беше ривалство. Беше иста кучка како што е сега“, изјавил Ентони во една прилика.

    Освен овој брат Мадона има уште две сестри и двајца браќа.

    Уште одамна си ја мразев, сега уште повеќе! Ретардирана, без грев. И така не слушав ниту една нејзина песна, сега уште помалку. Да немаш грев за твоја крв, за брат? абе ајде...
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.290
    Нов снег, нова мозолка, нов мобилен, нов скршен нокт, нов монитор, нова настинка, нови чизми, нови хулахопки, нова симпатија.
    Ново е и што ме чека нервозен викенд, викенд со големи очекувања а што ќе добијам? Видечемо.

    Ах и сонував како сум се љубела со Ryan Gosling, ахам среќничка сум :D
    Па и како нема да го сонувам кога имам филмски маратон деновиве со него. После 4 изгледани филмови со него, во моментов ми се симнуваат уште точно 4.
    Јеах, се молам само и во овие да се соблече, бар малку, ќе се палам и даље на неговиот шарм и сексипил, ко напалена тинејџерка се осеќам, дури и се срамувам да кажам :D

    http://www.youtube.com/watch?v=Ff8dgVNe ... re=related
     
    На Dushica-sk, Smilly, Sanniii и 6 други им се допаѓа ова.
  8. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    176.142
    СДК....дека гледајќи го снегот како паѓа ,почувствував како полека,полека ми се приспива.

    Дали сакам да заспијам од умор или пак за да ги сопрам сказалките на часовникот?
    Да го сопрам времето,да остане ова чувство во мене,да останат децата секогаш покрај мене,да бидам потребна некому?
    Времето ќе покаже.

    Чувствувам некоја леснотија во душата,го нема она чувство на тежина на плеќите.
    Дали во минатиот живот сум била некоја птица?

    Сакам да го сопрам времето или барем да го успорам,за да трае,трае....

    Животе ,те сакам.
     
    На Serafima и Hopeful им се допаѓа ова.
  9. Egypt

    Egypt Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    19
    КАД ЧЕ ПЕТАК СИНЕ?
    Денес само ќе се излежавам, гледам сериите, зошто од утре пак турбо учење мхмм.

    Петок најмил си! :D
     
  10. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Речете што ќе си речете ама НУТЕЛА си е НУТЕЛА. Назад нема :P
     
    На maca99, rossonerka и WhiteAngel им се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Денес ќе го прославуваме нејзиниот роденден.
    Како и секоја година, ќе и купев цвет, а таа ќе се чудеше каде ли наоѓаат свежи рози во сред февруари.
    Ќе и дадев искрена и топла прегратка. Ќе ја бакнев и ќе и испеев песна.
    Имаше силна желба еден да ме види како матурантка. Ќе беше многу горда и на мојата дипломска.
    Ми рече дека ќе биде највесела на мојата свадба.
    Ама ништо од тоа не дочека...

    Единствено што денес сакам да кажам е да ги сакате блиските. Затоа што можеби утре ќе ги нема.
    Никогаш не можеме да знаеме што не чека.
     
    На Marilyn-Monroe, Strumfeta93, Serafima и 40 други им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.575
    Допаѓања:
    82.478
    Пол:
    Женски
    Понекогаш (пре)многу си замислувам и крајниот резултат е мишн импосибл, или доаѓа во најпермутиран редослед, баш таков од кој сум се плашела.
    Затоа овој пат не замислувам ништо.
    Едноставно е, многу поедноставно, а богами со лесна глава испразнета од разноразни филмови и полесно се живее.
    Па еднаш барем, нека ме води разумот мој плавушански - сепак не ме изневерил досега и еве му шанса да се истакне, пак.
    А мене уште ќе ми мириса на дејт и ќе ја минам и идната недела во опиено од љубави издание ...
    Ма не. Само (ќе) се надевам дека можеби конечно си ја најдов половинката, другото крилце од мојата недооформена пеперутка. Можно е, не одрекувам, ниту потврдувам.
    Се мразам, што сум таква неопределена. Навистина. :|
     
    На Strumfeta93, CharmedGirl и Loritaa им се допаѓа ова.
  13. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    Денес по тапа ден амин ... |(
     
    На Spell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Што да се прави што да се каже се е исто се е онака ..ИСТО . Нема промена никаква досадно е ладно е нема мотивација , нема ништо :envy: не знам што да правам со себе ? ? Некој нека ми каже . Толку многу сум опседната со некои работи што не можам да мислам на други . Не ми се учи , не ми се оди на факултет сакам само со него да бидам ни ништо друго . Само што се станува монотоно единствено нешто што ме мотивира е дека уште ‘‘малку‘‘ ќе дојде пролет :lol: е тогаш.. ќе ви е*** мамата на сите ;)
     
  15. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Ех петок, златен си мајке ми.

    Туку, си останав јас сама дома. Мајка ми замина кај баба ми, ќе преспие таму.. Прабаба ми воопшто не е добра, се бори за последните воздишки, а утре и е роденден. Се молам само да го преживее и својот 92ри роденден, да не и згасне животот на својот роденден како на дедо ми, кој сеуште го немам преболено а изминати се еве скоро 3 години. Како изминува секој час мене ми е повеќе страв од загубата на толку важна личност. А татко ми, тооолку сум одалечена со него. Тој скита низ градов, ги мери кафаните со колегите, па можеби и затоа викам дека си останав сама дома.
    Како и да е, мачорот мој ќе ме дружи вечер. Најубавото и најбезгрижното место е кај него во прегратки а вечерва пак таму ќе бидам, со пуканки во скут и филмски маратон.
    Имајте убав викенд, мили мои феминки :)
     
    На Divinebutterfly, L-enna и Hipster им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Imago animi sermo est. Ништо повеќе!
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Станав многу пасивна.
    Немам желба за учење,немам инспирација за вежбање.
    Ја фатив книгата,се малтретирав едно саат време за на крај да не запаметам ни зборче.
    Почнав да вежбам,телото не ми се движи.

    Надвор е досадно и ладно,јас ги протуркав деновиве бесполезно,а зад мене милион несработени обврски.

    Ми се здосади од оваа лоша зима,ми се здосади од обврските.
    Сакам топло време,сакам период без обврски.

    Си се мразам себе си кога сум олку бескорисна.
     
    На anneyy, Divinebutterfly, Cynthia и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Ја видов сликата кај една другарка на фб и боли колку е точно :D

    [​IMG]

    Вчера замотани во дебели шалчиња излеговме со Русинката да уживаме во мирисот на топло чајче. Стартувавме со нејзините студии и муабет ко муабет не однесе на сосема друга страна од која сме тргнале, па навлегувајќи во подробности си го раскажувавме нашето скромно секојдневие. Зашто снежното времето е кроено за задлабочување повеќе отколку дејствување. Хипнотизираниот поглед беше вперен во пустата улица пред нас додека си ги топлевме рацете од чашите. Навлегувајќи во луѓето и настаните повеќе оптоварени со разговор отколку со било што друго, сликата пред нас како од некоја честитка се губеше во некоја друга димензија и ние паднавме во времето на липите.

    Соновите ми стануваат се повеќе и повеќе конфузни, а јас како изгубена само барам некаков патоказ од нив. Всушност и на јаве барам само некој знак иако свесна дека јас сум онаа која треба да се разбуди од зимскиот сон.
     
    На Strumfeta93 и caroline.costa им се допаѓа ова.
  19. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    606
    СДК ја најдов сродната душа одамна јас, сега само го потврдив тоа по не знам кој пат. Ама, узалуд :lol:
    Можно ли е бре Тицијано тие твоите песни да ме опиваат...
    Секој стих, секоја нота секој збор е како да сум го пишала јас. Изјави во интервјуа, начинот негов на живот. Како да ми е машки двојник. И не, не е детска будалештина пошто не го гледам како маж туку како душа толку слична со мојата што би се склопиле совршено кога би било тоа изводливо .
    Уште се сеќавам кога пред некоја година кога зборуваше за своите текстови рече дека иако можеби некој ке му се смее, тој плаче додека пишува.
    Исто, ама тотално исто, плачам додека пишувам, а толку љубам да пишувам. И излевам се од мене, а пишувам со неговата музика која ми ги обојува зборовите. И после сум ко нова.
    Е така, морав да си кажам :rofl:

    - Ова е мојот народ, моите улици моите лица, мостовите што носат во времето кога бев дете...
    Т.Ферро
     
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.144
    Допаѓања:
    11.824
    Back to reality.

    Плаќање сметки, пазарење, чистење, миење садови...
    Какви и да се, соседите некогаш се неопходни. Им благодарам на моите што ми ја примиле пратката.

    Најубавиот дел, кога после долгиот ден, влегуваш под туш, си облекуваш пижами и му покажуваш среден прст на светот.
    Наречете ме себична но обожавам да живеам сама!
     
    На anneyy, Alondra, CIA и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.