[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Очајно посакав да го имам NIKON от денес .....седејќи и мцкај си во ЖУ-ЖУ....гледав низ прозор милев, размислував на се и сешто заправо на ништо конкретно...бунила во мозоков ,а ѓеврекот никогаш повкусен ви викам никогаш.
    Му купив книга ,плановам да го изненадам да падни на газ. :lol:
    Идниот ми свекор ми вика Инес ај отвори го тоа видеото со ПРОСИДБАТА она де од плоштадот со дечкото кој клечејќи на чадор си ја запросе девојката .............го изгледа човекот и му вели на син му ,ти Петко кај ќе ја запросиш ,горе на милениумски можеби :| Сакаше да каже поромантичен да биди али овој ни тоа Р го нема од романса али ај тоа во друга прилика.
    И така од пуста љубов кон фотографијата се лепам по телфони како мува на л..о сликам ,фотографирам се кријам страмежливо да не помислат што ли прави оваа со обичен тел по улици, штрака ли штрака ,ама има нешто возбудливо во таа брканица ,во тој сообрајќај да фајќаш мали делчина малим моменти средувајќи ги во мала кутија од спомени така наречена телефон (за сега ,понатаму НИКОН ЧЕ :!: )
    И да сака пролет .Во чест на ѓеврекот еве ви појадок со поглед кон смрзнатото Скопје
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo-2666.jpg
      Photo-2666.jpg
      Големина на фајлот:
      60,1 KB
      Прегледи:
      317
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ех да знаев дека тоа ќе ни биде последна прошетка по снег заедно, ќе шетав цела вечер, ќе мрзнев и ќе тропкав со вилицата, ќе шетав со помодрени усни и нокти, ама да знаев...
    Се натажив кога видов колку врне, исто како тогаш, и одлучив да дојдам дома на топло, исто како тогаш, со разлика што сега нема кого да оставам.
    Не се жали по тоа што е направено, убаво велат, се жали вака по тоа што не си успеал или свесно си одлучил да не го направиш, а си сакал. Џабе сега ќе го искористувам секој момент од животот кога секогаш ќе фали некој во него. Ама и оваа, како и секоја друга научена лекција, се научи предоцна.
     
    На Strumfeta93, Noemi и Hopeful им се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Даааааааааааааааааааа!!!!!!!!!!

    Со Господ напред, со позитивни мисли и верувам во среќа...

    Те молам, животе, те молам, не ме разочарувај за ова.
    Те молам, не ми го наплатувај ова.
    Нека биде еден вид исплата.
    Те молам!
     
    На Serafima и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Конечно денес си го најдов долго посакуваниот camel coat :inlove:
    Не беше совршенството од Манго, но тоа совршенство чинеше колку најниската утврдена плата, која кузај и кога ќе дојде да се примени.
    Едноставно неможев да се луксузирам во оваа безпарица што вика една моја професорка.
    Иаку беше неодолив, јас му одолеав!
    Но секако не ме чекаше мене многу,некоја одма си го смазнила, не виде ни попуст капутот.
    Ако, си најдов доста сличен за 60% помалку.
    Некогаш не вреди и да фрлиш многу пари, кога може да најдеш слично или приближно убаво за многу помалку.
    И така како завеана патка се шеткав низ град, се вртев како будала, ја изгубив драгата ракавица, мислев ќе заплачам. Среќа ми ја нашла продавачката и и се заблагодарив како да ми го спасила животот. :D
    Иаку беше грч мене ми беше пријатно, топло ме грееше новото палто и меркот кон него.
    И нависитина се почувствував како оваа будалава кога играше и пееше од среќа што си купила некоја крпица.
    [​IMG]
    Си се чудам некогаш на паметот, ама океј ПМС арајвинг |(
    И така одејќи си накај дома, конечно си викам се спасив од мрморот на мајка ми, ќе се усреќи и она со мене, и си воздивнав така олеснувачки, но но исто време и едно чиче до мене си се издиша.Се сврте ме погледна и се насмеа. И јас се насмеав благо под мустаќ, сигурно си вика девојчево не е со сите :D
    Сите си имаме маки, дали млади, дали стари, дали ти се помали или посериозни маки се и наши се.
    Не сум веќе незвозна како вчера, шопингот е некогаш добра терапија за моите маки.
    Си се помирив со тоа, велејќи си, се што се случува, се случува со причина, не е крај на светот, преживечу :D
    Ја отргнувам тагата и лутината од мене и се фрлам во прегратките на среќата и расположението.
    Не е крај на свет, ништо страшно, не е тоа што заслужив и очекував но тоа е, неможам ништо против вољата на професорот. Тој веројатно подобро знае.
    [​IMG]
    Бакнежи за сите вас :*
     
    На Lepaaa, LilBaby, anneyy и 5 други им се допаѓа ова.
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.191
    Допаѓања:
    124.690
    ПМС-Најлошиот непријател на една жена :devil: Како да му објаснам на мојот дека се хормоните а не јас!Всушност и јас се мразам самата себе тогаш и едвај чекам да помине и да се вратам во нормала.
    Тој исплашен од моето "прекрасно" расположение,тргна по милка карамела :lol: Да,да знае дека ми треба блашко :mm: Сигурно читнал некаде дека чоколадото е хормон на среќата :lol:
    Уф и навистина е ^_^

    [​IMG]
     
    На Serafima, Meggy, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    [quote="Hipster"]
    [img]http://data.whicdn.com/images/19522576/320033_1881222561914_1581835918_31479601_7748935_n_large.jpg
    [/quote]

    Yes, yes it does!!!!
    Само да знаете како инстантно ми се смири болката и нервозата од жестоката караница со дечко ми, после финиот соло шоипнг денес.
    И со што да ги задоволам нагониве, ако не со нови чевли? :wasntme: И неколку плус парталчиња за да се заокружи сето тоа.
    Да ви кажам, какви попусти имаме ние, повеќе работи тука ќе купам, него ли во Солун. Ама треба да се има среќа и да се начека.
    А јас изгледа сум родена под среќна ѕвезда. Само кога станува збор за шопинг, ништо друго.
    И така женски....
    Можда делувам многу површно, ама многу се радувам на нови чевли. МНОГУ!
     
    На Strumfeta93, LilBaby, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Сакам да се санкааам :(
    Уф,колку само ми се оди,онаму,на ридот,да се спуштам со вреќа,и да врискам колку што ме држи гласот!
    Него,незнам зошто,посакувам да е лето....ами нели јас го обожавав снегот,што ми се вртат вие мисли во главата :^) ај иш,бегајте,јас си го сакам снегот :!: :inlove:

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    Yes, yes it does!!!!
    Само да знаете како инстантно ми се смири болката и нервозата од жестоката караница со дечко ми, после финиот соло шоипнг денес.
    И со што да ги задоволам нагониве, ако не со нови чевли? :wasntme: И неколку плус парталчиња за да се заокружи сето тоа.
    Да ви кажам, какви попусти имаме ние, повеќе работи тука ќе купам, него ли во Солун. Ама треба да се има среќа и да се начека.
    А јас изгледа сум родена под среќна ѕвезда. Само кога станува збор за шопинг, ништо друго.
    И така женски....
    Можда делувам многу површно, ама многу се радувам на нови чевли. МНОГУ![/quote]


    Ние жените тешки категории сме хаха ми се допаѓа како твојата болка згаснува и мојата така најчесто ;)
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сдк ме нервираат глупите шишки на страна :emo: ,кој ме натера да си шишам па и тоа сама.Нареден пат нема повеќе да си играам фризерка.Едвај чекам да ми пораснат :) .

    Доаѓам овде за да кажам нешто а зборовите никако да излезат од мене.Мислите и чувствата никако не можам да ги преточам во зборови.Можеби затоа што толку недефинирано и конфузно се чувствувам што и самата понекогаш не се разбирам.Понекогаш ми се плаче и вреска на цел глас а понекогаш се чувствувам возбудено и среќно без некаква посебна причина.Мене никој не може да ме разбере,тоа е научно докажано.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.775
    Пол:
    Женски
    Не знам колку од Вас го виделе.
    Интересно.
    [​IMG]
     
    На Marilyn-Monroe, teddybear, Dulceee и 13 други им се допаѓа ова.
  11. s.a.n.y.a

    s.a.n.y.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    16
    ми се јаде чоколадоооо :( :( :(
     
    На AlanisM му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Уште 3 дена распуст. До четврток. Ма не сакам. Не сакам да одам нашколо во Април, на топлото. Кога сите ќе испаѓаат, ние нашколо ќе одиме. Е да бе! Не сакам.
    Сакам да учам. Сакам да учам, така ќе бидам некој што ќе донесе нешто добро во државава.


    А учењето е многу поинтересно со сокче. Ти дава енергија, имаш поголема концентрација.
     

    Прикачени фајлови:

  13. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Денот ми почна навистина убаво,иако рано станав.Некако цело време бев позитивна,расположена,насмеана...Зошто мораше баш сега да го дознаам ова и сите планови во вода да ми пропаднат?????
     
  14. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    Драга феминке , мислам дека секој проблем може да се преброди па така и твојот. :) мислам дека оптимизмот не треба да паѓа во вода :)
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.839
    Допаѓања:
    163.268
    Лицемерие,лакрдии,летаргија,леснотија,лаги,лигавења,лошотилак.
    ЛУЗЕРИ,У-А!
    Маж,со мало м. Жена со големо Ж и уште една по помало. Малечка,која наликува на чинија за ордевери,мазна и плитка...па уште и со алкохол...не мора ни да ти збори убаво,а и градите и растат, задникот и е позаоблен,нема ни целулит!
    Да ве опитам,ако речеш си мизантроп и дека сакаш повеќе животни од луѓе и се залагаш за нивните права бла бла бла бла и на крај,носиш крзно,кого сакаш на крајот?! Само себе ваљда,а?! Епа ако бе, имајте пријатели кои го изјавуваат ова,ама не ми се жалете повеќе,фалачаопријатно.
    Зимава досадна,па ни вестиве не се интересни. Снегот,па снегот. Мошне невообичаена појава го февруари,не може некоја лопата цемент да се фрли. Ал Грујо ја шармира Меркел и тоа е нешто.
    Де јуре и де факто,апропо (е не е апропо,туку се пишува а пропо,веќе кога сакате и инсистрате),про боно и компанија,се зборовите кои ве описменуваат и звучите паметно...само пред тетката во локалната продавничка и комшијата кој бил борец во втора светска војна.Читајте колумни на Фрче и збирајте ум. А Венко и Ванковска се бандата која увек може да ве насмее...
    Туку...Скопје е една џиновска крофна,со многу шеќер во прав,која деновиве ретко кој се осмелува да ја загризе. Ние вчера...го освоивме. Со се... Шубара од вештачко крзно си носам и се замишљав дека излегувам од Бољшој ко потомок на московската аристократија кон средината на 20ти век. Не можам да ти се нагледам се зборовите...што ми ѕрнкаат од вчера навака. Други сме,ама позитивни. Нешто чудно се случува.

    Доаѓам и до точка каде сфаќам дека кога престанувам да се инспирирам од некого, престанувам да гаам било каква симпатија кон истиот. Епа баш и не можев да пишам збор за него...а некогаш,свирев и 20 страни од Бах. Ал шта ќеш,животиште.

    Скопје е и досадно. На Маракана не и приоѓам ни на 10 метри,хавана е ....хавана,мцм не ни знам што има, менада до 1,плаза не ми се јаде...конак,не ме плени денес...а алтернативи не сакам. Имам проблем со смрдлив народ и лоша музика. Желбата е...да сплеткам нозе и ...е така де.
    И фемина е како бремена мечка која хибернира. Не знам што одбивам кафиња,некако не ми се блебета периодов,а имав дури 5-6 ветено!
    Оној палачинки рече ќе ми даде и тоа само средниките. А линијава кај и да е ќе почне да пати...сериозно.

    Си извадив реквизитите со желба за адреналински шок и ме чека шок,ми велат,а не,не,патот е непрооден и утре цел ден ќе снежи и ... се натажив. Си брцнав нозе во купка и така...

    Е ај нешто УБАВО нека се случи! Ај!

    Душава ми е тешка,нешто ми се мешка... ќе си го гушнам стариот пријател. Мама,тато,фала ви најдобри сте!
     
    На LilBaby, Divinebutterfly, sesilija и 8 други им се допаѓа ова.
  16. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Ах, љубов...силата што ја кружи земјата.
    Се прашувам дали некогаш ќе ја почувствувам...Знаете онаа вистинската љубов, вечно што трае. Дали љубовта е всушност за мене? Дали љубовта е само за храбрите луѓе кои што би можеле да се борат за неа, кои не се предаваат кога ќе наидат на препреки, кои се доволно силни да продолжат да бараат. А, јас дефинитивно не сум една од нив. Јас само чекам да се појави принцот на бел коњ, не сакајќи да сфатам дека тој не постои. Го чекам да ме спаси од злобноста на вистинскиот свет, нечовечноста, желбата само да се повреди и исмее послабиот.
    Капак на се, се ближи и фамозниот ден на вљубените како шлаканица врз сингл популацијата. Не ја сфаќам потребата за овoј празник(ако може така да се нарече), повеќе би ценела спонтан подарок кој се знае дека е од срце а не да се подарува затоа што се мора. Сепак секој љубовен гест е добродојден, особено ако креативноста е замешана. Јас ќе си го славам Св.Трифун и оваа година. А, се прашувам што ако беше поинаку? Што ако се уште бевме заедно, дали би го засакала овај празник? Дали би ги поминала сите продавници обидувајќи се да најдам соодветен подарок? Не вреди да се размислува за тоа повеќе.
    А, до сите заљубени парови...Се надевам дека ќе уживате на тој ден и дека вашата љубов вечно ќе трае, мојата не траеше. :) Сепак, млада сум, никогаш не се знае што ќе ми донеси животот.
    А, за сега....
    [​IMG]
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.407
    Допаѓања:
    143.119
    Денес денот некако излезе неработен за сите дома - кој болен, кој без парно во школо... останавме сите дома. И уживавме во порано почнатиот викенд, 300 работи направивме и како и секогаш не можам да се изначудам колку е долг денот кога не е човек на работа.

    Одамна помина 8, а децата се уште не се во кревет. Им имав ветено дека ќе им ги купам работите кои најмногу ги сакаат, и ме замолија само мааалку да поуживаат вечерва, не можеле да чекаат до утре :D
    И така моментално секој е опседнат со својата зависност.
    Ќерката почна да чита една од новите книги, кои со задовоство си ги избра.
    Синот реди една од новите сложувалки - од малите, големата ќе остане за утре.
    Јас со лаптот во скут, а саканиов мој со даљинското во рака. До душа има тој поголеми зависности, воркрафт и е-републик, ама сега не е арен, па не му се седи на компјутер. Имам и јас поголеми, ама успеав да одолеам. И тоа какво искушение - влегов во библиотека и не земав ништо! Ама не смеам, немам мерка, а морам да учам.
     
    На bittersweet, eli25, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  18. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Интересно :D


    [​IMG]
     
    На Strumfeta93, Adi888, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  19. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    И покрај сите обврски, напријатните случувања вчера и незнам веќе што јас се чувствувам одлично и среќно! Си слушам прекрасна музика, ве читкам тука не Фемина и уживам.
    Животот е краток, не треба да ни помине во нервирање. Радувајте се и бидете среќни и на најмалите ситници.
    [​IMG]
     
    На kate21, Serafima, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  20. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.326
    Лошо влијаат турскиве серии врз луѓето, навистина.
    У мојот дом, каде се одвива дејството, главната улога на Хурем Султан ја игра мајка ми, а Величествениот или Езел ја игра татко ми, уште чоеков не може да се одлучи кој да биде. И на сестра ми избацување беше дека ќе била Зумбуљ Ага.
    Господе дај ми трпение, а нив памет.
    Амииииииииин!
     
    На Divinebutterfly и anabel-a им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.