[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    230
    Дека многу ми е досадно.Требаше вечерва да правам нешто друго,не да дремам дома сама.Ме откачија сите,самичка сум си. :D Дечко ми на работа,го задржаа,сестра ми си отиде со друштво,јас дома си останав и се прилагодувам на новата дома,новиот стан(иако често си ја мењам домата :( ) .Сега јадам Твикс мали чоколатциња,си дремам пред лаптоп и се прашувам шо ќе облечам утре на роденден.Ме викаа да сум излегла и денес,ама јас инат,не,ладно ми е и сеа друштво ми правите вие феминки.Ама стварно,кај надвор,не ми се иде,смрзнувачко е,до продавница да идам без ракавици се враќам со распукани раце и суви усни.Многу ме нервира снегов,единствено од корист им е на децата,барем не си идат у школо..Ехх да сум на нивно место.. :D Јас сега у пењуарот,со папучарките на кревет,пред лаптоп,вртам нешто на МаксТв-во ама некако нема ништо.Уште Макси мое ми остана,ама он спие сеа.Бебе е,нека спие,жал ми е да го будам,ама ќе го гмечам после.. :D :inlove:
     
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Брза кучка, слепи кучиња раѓа!
     
    На Serafima, IvanaMkd, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Розите се црвени,
    Небото е сино,
    а мене не ми оди пишување поезија.

    Добра ви ноќ девојки, јас заминав на |-) . Ќе надоместувам цела недела што немам саглам спиено.
    Намерно вечерва никаде не излегов, плус пари нешто штедам ]:) :rofl:


    :*
     
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    innablood поздрави ја мајка ти и кажи и` дека ЈАС сум Хурем. :!: :D


    СДК дека времево е волшебно. Колку убаво паѓа снег, некако се` е тивко и смирено. Обожавам вакво време кога немам обврски надвор од домот, кога можам мирно да седам во топла соба и да си гледам низ прозор пиејќи кафе и цртајќи нешто, ми се одмара мозокот. Без оној метеж низ скопските улици, сите чичковци и тетки кои нервозно пцујат и брзаат да не задоцнат, гледаш само белина насекаде околу тебе - тотално смирувачки.
    Викендов ќе се обидам да не мислам на проблемите. Ќе пробам да се опуштам и да го ставам светот на стенд бај - така е најдобро. :)

    [​IMG]
     
    На kate21, cigarce, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  5. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Сум се раствитала како луда за престојниот вештачкостворендемекнаш празник, Валентајн.
    Јбг, нот ин лавинг муд. Уствари ја сум у муд, али он не осеќа, не ме забележал да се запознаеме сеуште. :D :D
    Ми преостанува само да мрчам, али не, не, јас си мрчам за мене, шеги на сопствена сметка, славете си вие, убаво е да се сакате. :)
     
  6. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.120
    Допаѓања:
    5.302
    На кој што му е досадно, ајде на чат :)
     
  7. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
    ;)
     

    Прикачени фајлови:

  8. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    403
    Сдк дека само будала како мене може во ова време да пружа алишта надвор... во секунда ми замрзнаа, а за рацете да не зборам :/
     
  9. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Една година. Имам потреба да го вратам времето за една година. Би сменила многу работи. Всушност, мислам дека би сменила се‘! Лани и тоа баш ова време, како мачките што ми се под прозор, ете така се душкавме. Една година покасно, таа љубов е толку гадна и извалкана, што се поставуваат прашањата може ли и ако може, КАКО може да се измие истата?


    Времето не може да се врати во секој случај, а јас не можам и не можам да го почувствувам она чувство кога минатото е само минато. Не можам! Не е дека не сакам! Не можам. Како боли тоа. Реалноста ме гребе како разлутена мачка. Она прави секое наредно и наредно Утре да го барам тоа нашето Вчера. Мислам мојата реалност.
    Се трудев да го погребам минатото ама колку повеќе го закопував тоа толку повеќе излегуваше од гробот. Се борев со него, за да го закопам се борев со се‘ што имав. Колку тажно.

    Ми викаат, имаш големи успеси на факултет. Им враќам кисела насмевка. Зарем успехот на факултет значи среќен живот? Значи ли?
    Не, не го потценувам просекот, ама што ако имам некој просек кога емотивно сум шаш. И не, немам пмс.


    Исцедена сум како лимон.
    Ме боли мојата преобразба во второ лице еднина.
     
    На MandyLane и Izaabella им се допаѓа ова.
  10. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Во последно време има многу нови членови а во исто време некои од старите се откажа.Па можеби не е случајно... :wasntme:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    сдк дека осеќам ќе пукне периодов кај и да е :D уффф, мразам менструација, цела сум подуена, абре ја осеќам ...
    Kој ќе ја трпи....
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Наслов: Смешни мислења!

    :rofl: :rofl: :rofl: ако самиот себе не си се сакаш и не си се поздравиш кој ќе те поздрави, хехехеххехе :rofl: ......хахахах добро е -јако
     
    На Go-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Само што се вратив од кино, бев да го гледам Парада. Прекрасен филм, стварно! Аууууу ептен. Ѕверки се, особено Лимун, Бисерка и Дрима, мојот омилен. :lol: ма сите бре :rofl:

    [​IMG]
     
    На Ann.94 и tweety26 им се допаѓа ова.
  14. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.326
    Ми се спие. Ми се плаче. Ме боли стомак и кичма. Успут и градиве ме болааааааааааат.
    Ми се јаде, многу ми се јаде. Ама сакам нешто посебно, ама сепак необично.
    Сакам солено, благо, луто, кисело.
    Сакам Рум Штангли или подобро кога ќе размислам сакам Стоби Флип.
    Тоблероне би ми дошло ко јагода на шлагот и некој газиран сок.
    Ми се оди у вц, а страшно ме мрзи.
    Ми се гледа телевезија, а нема ништо интересно.
    Сакам да изгледам сега некој филм, немам идеја, и немам трпение за двочасовно лежење.
    Сакав да прочитам книга, но и за тоа немам трпение.
    Сакам да ќутам, ми фати пена устава од зборење, ама од друга страна имам многу да кажам.
    Да вришта и да урлааааааааааааам.
    И опет сакам да јадам пица, пастрамајлија, сладолед, торта, бонбици, макарони, лазањи.

    [​IMG]
     
    На teddybear, Hiii, Adi888 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Денес сум добра ќерка, си седев дома со другарка, стариов пукаше од среќа, уште да знаеше колку сум напушена :lol:
    Ма и цела недела се немав успано, за тоа мислам дека дури и не се радува туку му е мука што нема за што да ми сере, ама баш ми е гајле.
    Пак си докажав дека не функционирам нормално ако не постои некој мушкарац во мојот живот. Навикната сум секогаш да се прави нешто со некој, макар и муабет, шмекање, или најневино допаѓање, без преземање никакви акции, само главата да ми е полна. Кога ќе ми дојде ваков сушен период сум ко мува без глава.
    Секое чудо за три дена, не сум веќе затрескана во типот за кој пишував во Што би му кажале, ми пројде интересното :D Сега имам нов интерес, т.е старо нов, се знаеме од многу одамна ама никогаш не сум гледала на него на таков начин, ми бил обичен интересен познаник...ама кога го видов последен пат, слободна и со друг вкус, сфатив дека е како измислен за мене. Од толку што го преувеличавам ми е срам да му пишам, а он ме адна, ми лајкува ствари...Ај, ќе соберам храброст.

    Друго, си го најдов совршениот фустан за матура, God bless Алесандра Амбросио. Ма има да блеснам таму!
    И last, but not least, тргнав на шпански, вчера ни беше прв час. Многу убаво бре, едвај чекам да почнеме од вторник стварно да учиме, жедна сум за јазик, за нови зборови, правила, граматики. Љубам јазици, секакви. Сакам да го знам секој јазик на светов, буквално.

    И така, утепав некоја минута пишувајќи го постов, сега си се враќам на дремењето.
    Имајте убава ноќ.
     
    На Hiii, glow и tweety26 им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Знаeте денес да имав две невоспитани девојки покрај мене кои натепале по 26 години а не знаат да се однесуваат како образовани девојки, огорчени од животот па најдоа кај да плукаат. Е денес тие две да беа покрај мене имаше да им даам така јаки воспитни и ќе ги пратам во прво одделение директ. Па маме му ако тебе ти го загорчил животов горниот па треба ли некому вие да го загорчите. Ми се гади од нечовечност а доживав нечовечност, па не ме чуди што сите им завртеле грб ја ангел ќе се правам ќе им помогнам за да се однесуваат така дрско, алоо од авион се симнав ќерка ми не отидов да ја видам за да ви помогнам.. Море мрш.. у пм.. додека сте такви животот ќе ви мава шлаканици! Знам за прљавиот веш ама викам ваш си е чувајте си го не ми треба.

    Имам моментално еден 24 часовен паразит кој игра игрици без престан и кој цело време вика фита, слута, така ми доаѓа да му мавнам една клоца и директива во море..

    Денес немам разбирање и немам, оти останатите немаат за себе па јас да имам за нив. Ама денес се зачудив на капацитетот на НЕинтелигентноста на две сестри просто се чудев, како можеа да идат во пакет така и да бидат полни отров и да го прскаат насекаде.. тоа душата ко да им е испиена.. не знам.. да лижам гз некому нема, играм по правилата што си залсужил тоа ќе си добиеш, загзни ми на жуљ еднаш, ти сечам есктремитет..без да размислам.. мојата човечка граница на разбирање денес е надмината.. Преку такво од лажни светици.. ама не ми е јасно да си толку очаен бре човече и со стауси и со се..

    Љубов ја шутнав во ќоше нека расте, кога ќе си ја разреши борбата со себе нека се обрати, немам намера да огледувам уште деца.. маж ми треба маж..

    И сега ќе земам ќе го ислушам онлајн курсот ќе напишам домашна за овој предмет, утре има да се посветам на другиуот испит и има да завршам пред време..

    И ко што викаат ова ноч није мој дан..

    Се извинувам што ме трпите ваква, ама не ми е денот.. а ни ноќта.

    Салут!
     
    На Go-Girl, Strumfeta93, AnaKarenina и 16 други им се допаѓа ова.
  17. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    И конечно и ние да искочиме после толку време,баш ме изненади кога ми рече да се спремам :lol:
    отидовме во пицерија,а дека долго време немавме отидено,мислев дека беше највкусната пица :lol:
    на крајот од што бевме прејадени,накај дома трчкавме по снегот :D среќа што не се лизнавме :D
     
    На IvanaMkd, angel92, Springy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Зад добар човек се кријат лоши искуства.
     
    На la-chicka, crazylady, kate21 и 17 други им се допаѓа ова.
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    СДК, преку глава ми е дојдено веќе од површност.
    Се прашувам зошто луѓето не си стојат на зборот. Ако веќе не можеш да исполниш ,подобро не ни ветувај воопшто.

    Сите правиме грешки.
    Ако не извлечеме поука од нив, осудени сме да ги повториме.

    Џабе јас се надевам, изгледа... Надежта умира последна, но сепак доаѓа денот кога и неа ја снемува, пука како меур од сапуница.
    Ја нема.

    :x :x :x
     
    На julie77, Hiii, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Ма каква вечер :l: Додека сум жива ќе ја паметам :D
    Сите сакани личности на едно место, пријатели, љубов, многу смеење, пеење и алкохол. Неможам да опишам како ми е. Постов ми беше полничок со грешки ама си ги поправив дека нејќам ко неписмена да ви звучам :rofl:
    Незнам колку и како има логика ова што го пишувам ама среќна сум! Ајде бидете ми поздравени, мене очите едвај до пола ми се отворени а ме чека напорен ден, odam da spijam бајбај :ж
     
    На Hiii, Serafima и Meggy им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.