[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    немам дечко и најсреќна сум поради тој факт во моментов...
    Ех што доживеав
    да се начукам и да се радувам дека немам дечко...........
    Проклета ЧЕКАЈ МЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.839
    Допаѓања:
    163.271
    Хм...баш начин да се созрее,кроз д чејнџ ап...гив ми а брејк хан,ар ју факин сиријз?!
    Гледаш филм и созреваш,рили?! Неќе моќи...цк,цк! Процес е,у спротивно умираш фрустриран или изневеруваш. Ту мач прешр,гив јор селф а брејк,плис!
    Одиме на још један! Раз два три и...?!
     
  3. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    СДК... не мислев дека ќе докопам толку длабоко во вистината, уште помаце мислев дека ќе бидеш толку суров.
    А многу ми е мило што дозна дека не си моја цел во животот и дека моево срце му припаѓа само нему. Мило ми е што те треснав од земја, ама најискрено не те личеше да се воздигаш во облаци, ГИ ПЛАШЕШЕ ПТИЦИТЕ!!!
    Ти благодарам моја ИНТУИЦИЈО, што ми докажа уште еднаш дека не сум ја згрешила струката. :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    25.837
    Пол:
    Женски
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.839
    Допаѓања:
    163.271
    Жива вистина. Да не не се у право као?!
     
  6. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    ане,па нормално дека е заебанција,може ли да биде нешто друго освен заебанција,или поверува дека полицајци ке идат по домовите да проверуваат кој у колку саат се онади? :D
    и на самата статија пишува дека е пара вест и да не се сфака сериозно..
    ама авторот на текстот,шо му ја видов сликичката,ааууу радо би го заебавала(без тоа почетното-за) :D
     
  7. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Напната сум цела недела, а и наредната сигурно ќе бидам. Одвај чекам да помине ова и после да се опуштам малце. Ма нек иде се у ку*ац.
    Мислам дека ќе експлодирам. И ми се плаче, многу ми се плаче. Ќе разочарам многу луѓе, и криво ми е заради тоа ама па коа им викав да не се надеваат на мене, они не па не.
    [​IMG]
     
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.191
    Допаѓања:
    124.690
    Хм,па и јас сум знаела да му се израдувам на снегот :) Секако ,кога си дома,без обврски,од друг агол гледајќи...и работите изгледаат поинаку ;)

    ...Никогаш не сум ја сфаќала мајка ми,кога наместо викендите да поспие ,да се одмори,стануваше пред зори,за да кога ќе станевме на масата не чекаше топол доручек.Секогаш со бел испеглан чаршав,со насмевка за доброутро,нешто што проклето ми фали денес.Насмевката се труди да ја има,но не е како секогаш.Само љубовта и е таа,може поголема.
    Но денес ја сфаќам.Љубовта чуда прави.Да,заради неа и јас станувам рано,наместо да одморам,за да се напијам кафе со него,да му спремам доручек,да го гушнам пред да оди на работа,и да се вратам во кревет сакајќи да е до мене....
     
    На la-chicka, Strumfeta93, kate21 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Станав во некое толку неодредено расположение што и самата не знам што да правам со себе.ПМС ме убива :) Ајде нека проаѓа побрзо времево и нека не врне барем да се шетне некаде :)
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека не знам што ми станува, ама многу ме има фатено мрза за учење од второво полугодие. Имам еден куп лекции за во понеделник, многу домашно, а јас ич не мрдам... :x
     
    На baguf4e, Meggy и Hiii им се допаѓа ова.
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Денеска моите ке направат 25 години брак.Хахахах,како се трпат еден со друг не знам ама знам дека љубовта е овде мегу нив...Заедно во добро и зло,сиромаштија и богаство,здравје и болест ама битно се држат.Ги гледам секој ден вака неразделени и им се восхитувам.Иако знаат некогаш да претерат сепак мои се и ги сакам. :)
     
    На Strumfeta93, la-chicka, cinderella5 и 27 други им се допаѓа ова.
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.568
    Допаѓања:
    174.911
    СДК дека е многу важно да се најдеш на право место,во право време ,со вистински човек.

    Како јас утрово,во наша спална,топла постела ,со него. ;)
     
    На blond, LilBaby, maca99 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Ехее, снег колку ти душа сака... :rofl:
    А, јас баш и не го сакам. :lol: Замрзната се разбудив утринава, парното не работи. :o Фала богу, сега се среди ама јас сеуште не можам да се затоплам. Затоа решив се додека се одложува почетокот на наставата, јас надвор не излегувам. :rofl:
     
  14. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Уф,вчера кое санкање го имаше...нозеве и рацеве мислам дека ми паднаа од влечењето на санката,ама ај,ми помина...ах,ајде нека продолжи да истура снег деновиве,и нека не биде ладно,бидејќи сакам да уживам во снегот,а не преку прозор да го гледам...едвај чекам да дојде вечер и да одиме да се санкаме и да го видам.... :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.666
    Допаѓања:
    10.042
    Нема поубаво утро од она започнато со љубов и гужвање чаршафи!
    Имам многу љубов да дадам, уште толку да примам.
    Се љубиме и среќна сум.
     
    На kate21, Rubiii, anneyy и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Најубавото проштално писмо

    Ова е проштално писмо на еден гениј. Габриел Гарсија Маркез е најпознат колумбиски писател, најмногу по неговото дело “Сто години самотија“.

    Тој се повлече од јавниот живот заради здравствени причини. Има рак на лимфните жлезди и состојбата постојано му се влошува.

    На своите пријатели им испратил проштално писмо кое се шири низ светот, и од кое може да извлечете навистина убава поука за животот. Прочитајте го бидејќи е кратко и уникатно, а напишано од еден од најпознатите писатели на денешницата.

    Кога барем само на момент, Бог би заборавил дека сум закрпена марионета и кога би ми подарил само уште едно крпче живот: ВРЕМЕТО би го искористил многу подобро и поинтензивно.

    Најверојатно не би кажал се' што мислам, но би размислил што зборувам. Би ги оценувал работите не според нивната вредност, туку според нивното значење.

    Помалку би спиел – повеќе би сонувал, затоа што во секоја минута во која затвораме очи, губиме 60 секунди светлина. Би продолжил кога другите ќе застанат, би бил буден кога другите спијат.

    Кога Бог би ми го подарил тоа парче живот, едноставно, би се сончал долго, не само моето тело, туку би ја отворил и мојата душа.

    На луѓето би им докажал дека се лажат кога мислат дека не можат да се заљубат кога ќе остарат. На едно дете би му подарил крила, но би му препуштил само да научи да лета. На старите би им порачал дека смртта не доаѓа со староста, туку со заборавот.

    Од вас драги мои научив многу работи. Научив дека целиот свет брза кон врвот на брдото за да живее од високо, без да знае дека вистинската среќа лежи во подножјето на брдото.

    Научив дека кога новороденче за прв пат ќе го допре палецот на татко си, дека го врзува за цела вечност, засекогаш.
    Научив дека човекот има право да гледа на другиот од високо само кога му помага да стане.

    Има толку многу работи кои ги научив од вас, но наученото нема да ми помогне многу кога ќе лежам во ковчегот – за жал веќе полека умирам.

    Кажи секогаш што чувствуваш и направи го она што го мислиш.

    Кога би знаел дека денес ова ми е последен оброк, силно би ве прегрнал и би го замолил Бога да ми дозволи да бидам ангел – чувар на вашата душа. Кога би знаел дека ова се последните минути во кои ве гледам би ви кажал “ве сакам!“.

    Секогаш постои едно утро и животот ни нуди една прилика за да направиме се' да биде подобро... но, што ако се лажам и ако Денес е се' она што ни останало.

    Утре не се знае дали ќе дојде. Денес може да биде последен пат да видиш некого кого сакаш. Заради тоа - не чекај! Направи го тоа сега, затоа што ако не дојде утре, ќе зажалиш за денот кога не си имал време за една насмевка, прегратка, бакнеж , само затоа што... затоа што си бил вработен!

    Побарај ги луѓето кои ги сакаш, шепни им колку ти се потребни, сакај ги и биди добар. Најди време да им кажеш “Жал ми е“; “фала“, “те сакам“ и сите останати нешта кои ги мислиш.

    Никој нема да те запомни по твоите скриени и тајни мисли. Замоли го Бога да ти даде сила и мудрост за да можеш да изговориш се.

    Кажи им на пријателите и на драгите луѓе колку ти се важни.
    Она што е вредно е ОВОЈ ЧАС И ОВОЈ МОМЕНТ!
     
    На ljubam, kate21, anneyy и 5 други им се допаѓа ова.
  17. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Сабота,а јас решив да не биде стандард со чистење,бришење прашина,смукање,перење :envy:
    Ќе биде само за мене. :wasntme:
    Депилација,туш,маникир,педикир....
    Нека биде ден за љубов :inlove: Само нека помине побрзо времето и да си дојде тој од работа :P Ручек нема да го чека.Ќе го чекам јас 8) :lol:
     
    На MSkorpionka и Meggy им се допаѓа ова.
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Знам дека ќе си најубава невеста, знам. Ќе блискаш.
    Покрај сите наши моменти, покрај сите подеми и падови кои заедно ги поминавме во оние луди факултетски години, никогаш нема да ги заборавам нашите патувања, нашете смеење во Милано и арапот кој те бараше за жена :D , нашето пиење во Барселона, нашиот шопинг во Истанбул, трчањето низ Дубровник и олујата која не фати, лижавчињата во Амстердам, нема да ги заборавам нашите излегувања, нашата стандардна четврточка вечер со латино во миднајт и денс до бесвест, ни кога не избркаа од испит дека си помагавме меѓусебно, нема да заборавам кога ми кажа дека си најде сродната душа, а уште помалку кога ми дојде изненадно со прстен, а и како врескав кога ми кажа дека си бремена.
    А денес за жал ќе неможам да додадам уште еден момент, единствено на слика ќе те видам како невеста.
    Ете затоа го мразам снегот и деновиве го проколнував неговото непрестајно паѓање. Неможам да отидам ради ужасниве автопати 100тина километри, на друг крај од државава, за да бидам со тебе. А и грипов, кашлањево и температурава која ја имам ме уништуваат дополнително.
    Не знам дал да го мразам денов ради судбинава ебана или да го сакам зашто ова е твојот ден.
    Знам дека вчера цел саат ме убедуваше дека ме разбираш сепак мене срцето ми се кине, а и солзите сами ми течат од мака. Не жалам што фустанов мој ќе стои пред мене на закачалка необлечен, ни новите чевли, ни новиот накит, ако требаше и во стари пижами ќе ти дојдев.
    Те сакам и ви посакувам среќен заеднички живот.
    Ќе дојдам наскоро ќе правиме скаричка и ќе пиеме пивце и винце, ќе си ги шлапкаме нозете во езерце или во базенче и ќе ти го допрам стомачето. А на лето со уште еден помал член ќе се радуваме заедно.
    Eдно знам уште од сега, дека еден ден мојата свадба ќе е во пролет ил лето за да не се нервирам вака.
    Имај најубав ден те гушкам најсилно!
    [​IMG]
     
    На Adi888, Strumfeta93, la-chicka и 32 други им се допаѓа ова.
  19. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.436
    Пол:
    Женски
    Не знам еј.
    Ништо не знам, ништо не ни сакам да дознаам.
    Апсолутно ми е прекрасно вака кога мавам со главата во ѕид, кога пред спиење истите мисли ми се мотаат, кога преџвакувам минати муабети - сегашни никако, кога имам пуштено мозок на санкање по снегов во паркот пред зградава, а истиот проклето ми треба!

    А, игнорирам..

    Морам, за да не се изгубам пак, за да не збеснам. Зошто ова не е можно мене да ми се случува, баш на мене, онаа која силно верува во другарство и сите салтанати што одат со него! Ако се завртам позади и видам нож, дека тоа ми ја предизвикува болката во грбот, не знам..
    Премногу е.

    Раните заздравуваат, лузните само ние си ги гледаме, а наше е дали ќе покажеме дека ги имаме сеуште. Можеме да глумиме пред сите, ама на крајот од денот најлошо е упорно да глумиме пред самите себе. Ама па, ако поверуваме на сопствената измислена реалност, значи сме талентирани до немај каде. Лесно е да поверуваш на туѓите лаги, потешко на своите..
    Или обратно е?

    Ох, за прв пат во животов се молам да ме има продувано промаја во грбов! Зошто ако е сомнежот вистинит.. не знам.
    Стварно не знам.
    Еј, НЕ ЗНАМ! :o
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Се будам утрово. :drunk: :mp: Ѕвони телефонот...Тој :l:
    -Денес е нашиот ден?! Заборави ли?..Не како можам да заборавам,денес е 9 месец откако си со мене.Зар можам да го заборавам тоа?Денес е мојот најсреќен ден,ти благодарам што ниту еден ден не ме направи тажна во овие 9 месеци,ти благодарам бидејќи беше со мене во сите моменти,беше тука..Ме штитеше..Ме љубеше..За прв пат не сум тажна подолго време,за прв пат никој не ме повредил,за прв пат некој ме сака повеќе од својот живот,и не дозволува да заминам.Ми докажа дека јас сум ти се,дека би го дал својот живот за мене ако треба!!Од се срце ти благодарам,не за сето ова што го направи,туку затоа што си
    со мене во секој миг,и што ме трпиш цели 9 месеци.Те сакам :wasntme:
    Постов можеби беше за во „Што би му кажале‘‘ но сакав да го поставам тука во СДК,сакав да ја споделам среќата тука.
     
    На Divinebutterfly, kate21, Meggy и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.