1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Жена, во вистинска смисла на зборот е .. баба ми.
    Репер за храбра и силна жена...
    Немате појма какви работи преживеала, почнувајќи од смртта на дедо ми кога таа имала само 39 години.
    А сепак, покрај се’ вели „Животот е суров се’ додека не почнеш да им се радуваш на најмалите нешта“
    А таа денес има роденден. Ја има надминато седмата деценија од животот и се уште се држи јако.
    Тоа е жената на која и’ се дивам..без разлика колку години има сега.

    А сабајле повторно се уверив дека зборовите ја имаат најголемата моќ, притоа занемарувајќи ги сите подароци. И’ дадов честитка со текст, напишан од мене, и ја расплакав.
    И многу ми е мило што успеав да донесам солзи радосници на нејзиното лице.
    Патем, оваа прилика ја користам за:
    [​IMG] !
     
    На kate21, bittersweet, Miss-Independent и 21 други им се допаѓа ова.
  2. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    СДК овој новиот соновник е закон,имаше работи што ми требаа,а не ги знаев хм фино :)
     
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.995
    Пол:
    Женски
    Помина еден месец Бу, а тебе те нема меѓу нас.
    Понекогаш те барам помеѓу завесите,прозорците,ролетните. Очекувам меѓу снегот да ми пикнеш некоја овената скапана булка. Се надевам дека можеш да ме чуеш сега кога најповеќе од било кога сакам да ти кажам колку беше прекрасен и свој. Не дека ти не знаеш, знам дека знаеш какво зумбулче беше. :) Можеби и ќе промрчиш на ова. Сега можеби не можам да го скријам туткањето на косата од тебе. Ме гледаш ли? Ме слушаш ли? Помислуваш ли некогаш на мене? :) Ах, да знаев дека тогаш ќе те видев за последен пат, ќе те гушнев најсилно на светот. :worried:

    И еве најмил мој Бу, некакви огномети во градот низ мојот прозорец. Растресувај ги твоите крилца од време на време, пуштај по некоја ѕвездена прашинка на врз стаклата на моите наочарки.
    Никогаш нема да те заборавам. :hug:
    Ние умираме бидејќи го губиме чувството за љубов во некој пресуден миг од нашите животи.
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Љубам не ме сфаќај погрешно не строго тебе сега те начекав ... туку видов и дека уште некој вакви текстови постира тука а веќе има тема каде и јас имам вакви слични постирано. Знам и се случува ете слика или некои животни правила да постирам ама теми специјално и нема за тоа ... И немој да ме земеш за лошо плизз :)

    СДК ... омилените полнети и потпечени палачинки со црно вино, Фемина ... Бејкер стрит во позадина, топла соба ... После мала кратка прошетка со мојата мала другарка и нејзината санка и филингот е релаксирачки и пријатен. :angel:
    Ехх тие мали нешта, колку само му се важни на секојдневието ... го прават многу по убаво.
     
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.294
    Допаѓања:
    57.304
    Пол:
    Женски
    Џули може и да се лажам и се извинувам ако е така, но многу често сум забележувала во темава такви текстови постирани токму од тебе.
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Не такви не, се лажеш. Кажав ете какви се случувало да постирам.
     
  7. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    До мене е или владее страшна депресија?
    Се чуствувам осамено, презаситено од се и безнадежно затрескана во другар кој има девојка. Но тоа е животот иде понатаму. Како се движи денот на вљубените така се повеќе го мразам фактот дека нема со кој да го прославам туку ќе го поминам како и секоја друга година сама и осамена. 17 роденден ми се ближи, но не сакам да пораснам, барем не сега, барем не на уште некое време.
    Сакам да имам некој да ме бакнува на овој снег, да ме гушка, да ме сака. Но, нема секогаш посакувам нешто што не можам да имам.
     
    На moonlight-girl.55 и Mer4e им се допаѓа ова.
  8. Belieber163

    Belieber163 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    444
    [​IMG]
    :rofl:
     
    На Loritaa, anneyy и MoonChild им се допаѓа ова.
  9. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Одам да ги удавам проблемите ... Да си поминам убаво време само за мене . Да испровоцирам некои фаци , да ги удрам по нос , да им ја плеснам еднаш во фаца . И не се замарам не повеќе и ова ќе го повторувам се додека не почнам да го применувам.Може нема кој знае каква утеха во алкохолов ама јас покрај него секогаш си поминувам фантастично ! ^_^ :d: :dance: :party: :rofl: :P
     

    Прикачени фајлови:

    • alkohol.jpg
      alkohol.jpg
      Големина на фајлот:
      36,3 KB
      Прегледи:
      163
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Луѓе бе, ах бе луѓе, за какви глупости се фаќате, невозможни сте... Зошто барате влакно во јајцето а знаете дека кога ќе го најдете ќе ви се згади??
    Со ваквите мислења упропастувате една од поубавите теми за читање на форумов, необавезна, каде секој може да си каже што сака и патем да се прочитаат прекрасни постови.

    И да, и јас дојдов овде да напишам мислење за кое има тема, ама овде тоа добива поинаква смисла.
    [​IMG]
    Се ежам кога ќе сретнам вакви слики зашто дома имам жив пример. Покрај Цезар кој го знаете, јас имам и едно пекинезерче Зоне, старо 10тина години кое ги надживеа баба ми и дедо ми. Никогаш нема да заборавам како жалеше кога умреа и двајцата. Таа беше навикната со нив, тие ја хранеа, тие ја негуваа, баба ми ја шеткаше често. Не, не можете да претпоставите каква беше дента кога баба ми умре. Никогаш нема да го заборавам тоа. Ние луѓето имаме разум и се навикнуваме на отсуството на саканите, но животните не.
    Вечно плачат и жалат по газдите.
    После нивната смрт, Зоне не е истата. Ја нема среќата во нејзините очи, го нема она мавтање со опашката... Иако, јас и татко ми сме тука до неа, Цезар често оди и и прави друштво, таа веќе не е иста. Се промени. Болката не ги менува само луѓето, туку и животните.
     
    На kate21, baguf4e, anneyy и 5 други им се допаѓа ова.
  11. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    182
    СДК...посакајте ми среќа,ако вечер не ме ќари,не му мавам веќе рецка :D :D :D :lol: :rofl:
     
    На Miss-Independent, angel92, Rubiii и 7 други им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.805
    Пол:
    Женски
    Со среќа и тебе...а богами и нему... :lol: Па после пофали ни' се. :party:
     
  13. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк
    Ми посакаа добредојде во поголемите. Добредојде во полнолетните. Па добро ве најдов.
    Да да. Веќе сум 18.
    Пред да ги наполнев ќе речев, конечно. Но сега кога ги имам не би рекла.
    Минутите пред да ги наполнам веќе чувствував носталгија кон малолетноста. Знам дека отсега па натаму се така ќе врви како ветер. Знам дека нема да го почувствувам. И да го направам тоа, знам дека кратко ќе трае. Се плашам ли од стареење? Се плашам ли од бргу минување на животот?
    Нека ме пресече некој и нека каже не. Нека ми каже дека одговорот е негативен, зошто јас се плашам да го кажам тоа што го мислам за одговор.
    Оваа среда се надевам дека ќе заборавам на оваа мисла која ми се врти во главата, па нека биде успешна и за паметење 18-ка.

    http://www.youtube.com/watch?v=AY62QByUYJQ

    Покрај овој мрчаторски и песимистички пост и сепак малку подзакаснато, повелете
    [​IMG]
     
    На kate21, Strumfeta93, crazylady и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Јадев.
    Читав.
    Гледав филм.
    Решавав англиски.
    Читав.
    Цртав. (?!)
    Бев до кај баба ми.
    Лежев.
    Стоев.
    Играв Пет Сосајати и Д Симс.
    Симнав филм, уште еден.
    Читав пак.
    Си играв со сестра ми.
    Дремам пред ТВ.

    Ми фалеше времето кога ми беше досадно. О, колку ми фалеше. :D А морам да признаам, дека иако не сакам, снегот многу ми го контролира животот. Би да испаднам, да прошетам, кафе, мафе и слични дружељубиви активности. Но, НО, проклетијава подмрзнува, ноќеска дури и клучевите ни замрзнале во бравите, сабајле комшијата не можеше да си отклучи. Во Скопје си имаше барем снег, снег до коленици, овде има 2 сантиметри мраз. :fubar:

    Ќе читам.
    Ќе спијам.

    Убавината на досадниот живот. 8)
     
    На Magnolija и thelittle17 им се допаѓа ова.
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    И така Барселона изгуби, Реал е во предност, може ли вечерва да биде поубава? Со цел мерак ке се спремувам сега за во град. :d: Имајте убава вечер сите и не сечете вени ке се најде пак некој натпревар каде судиите ке бидат на ваша страна и ке ве утешат со победа, ама не денеска :*
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.983
    Пол:
    Женски
    Љубам,прекрасно е! Дури и ми се разјаснија некои работи... А ако не беше овде текстот,ќе останеше можеби непрочитан,а мене токму овие зборови ми требаа овие дена. :bow: :*

    Јас СДК дека ќе намалам со Фемина бидејќи имам за учење и не смеам да си дозволам пад.Морам да успеам.НЕ дека нема да пишам,ќе пишам кога ќе можам и имам нешто убаво да кажам,а дотогаш ќе ве потчитнувам и се надевам убави и среќни постои да пишувате.

    Животот не тера да учиме од грешките.Нели,она што не не убива не прави посилни.Но мора и да памтиме,со сила убавина не бидува...Е така,бидете силни,ама и паметни ;) :*
    Лека ноќ ви посакувам! :hug:
     
    На Hopeful и ljubam им се допаѓа ова.
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да споделам еден текст со вас :)


    Се вратил таткото од работа дома, уморен, нервозен и го нашол својот 5-годишен син како го чека на вратата.


    ”Тато, може ли нешто да те прашам?”
    ”Да, секако, кажи што е?”
    ”Тато, колку заработуваш на час?”
    ”Тоа не е твоја работа! Зошто ме прашуваш” – одговара таткото гневно.
    ”Само сакав да знам. Те молам кажи ми колку заработуваш на час”
    ”Ако веќе мораш и тоа да го знаеш, заработувам 50 долари на час”.
    ”Ох” – рече детето и ја наведна главата. “Тато, ќе ми позајмиш ли 25 долари?”

    Таткото беше бесен. “Ако единствената причина што ме прашуваш е за да ти позајмам пари да би купил некаква играчка или слична бесмислица, тогаш заврти се и оди право во својата соба. Патем размисли зошто си толку себичен. Јас не работам секој ден за твоите детски лудории”
    Детето тивко отиде во собата и ја затвори вратата.
    Таткото седеше и стана се по лут, заради прашањата на детето...
    “Како се осмелува да праша такво нешто, само за да извлече од мене пари?”
    После еден час, таткото малку се смири и размисли:
    “Можеби навистина му требало нешто за тие 25 долари...Навистина не прашува често и не бара пари.”
    Таткото отиде во собата на детето.
    “Заспа ли сине?”
    “Не тато, буден сум!”- одговори детето.
    “Размислував...Можеби бев престрог кон тебе пред малку. Имам тежок ден и се истресов на тебе. Еве ти ги 25–те долари кои ги бараше”
    Детето се исправи, смеејќи се “Ти благодарам тато”, рече. Тогаш посегна под перницата и извади сноп стуткани пари.
    Кога таткото виде дека детето има пари, почна повторно да се лути.
    Детето полека ги изброи парите и го погледна таткото.
    “Зошто бараше уште пари, кога си имал?!”- налутено рече таткото.
    “Затоа што немав доволно, а сега имам” – рече детето.
    “Тато, сега имам 50 долари. Можам ли да купам еден час од твоето време? Те молам, дојди си утре еден час порано од работа. Сакам да вечераме заедно.”
    Таткото беше скршен. Го прегрна синот и го молеше да му прости.

    Ова е само кратко потсетување за сите кои напорно работите. Не смееме да дозволиме да ги запоставиме луѓето кои ни значат многу, оние кои ни се блиски до срцето.
    Ако умреме утре, компанијата за која работиме лесно ќе ни најде замена.
    Но на семејството и пријателите, кои ќе ги оставиме зад нас, ќе им недостасуваме цел живот.
     
    На Serafima, Hopeful, femina11 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    ^ ;( ;( ;(
    Колку пати и да го прочитам ова, автоматски ми навираат солзи во очите.
    И се потсетувам колку е животот кратот, и колку само имам изгубено..Кога би можела да надокнадам ;( :(
    Ахх.......
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.329
    Допаѓања:
    68.146
    Пол:
    Женски
    Знаете ли колку сакам едно вакво?[​IMG]
    Уффф, одамна не сум сакала нешто толку многу. Солзи на очите ми доаѓаат додека го гледам. Сите книги на дофат. ;(
    Мака ми е, страшно :doh:
    Морам некако да ги ставам рацете на ова, па не знам што да е.
    Морам.
     
    На kate21, julie77, sweet-cherry и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    И колку да е тешко и колку да е мачен овој живот, сепак постои светлост. Сеуште не знаеме што имаме во себе и што можеме.

    Една тажна животна сторија, со среќен крај.
    http://www.youtube.com/watch?v=tZ46Ot4_ ... ure=fvwrel
    Останав без зборови !!!

    СДК: Живејте го животот онаков каков што е, зашто со секое паѓање стануваме посилни! Се има своја позадина, зошто се случува тоа така.
    Секое лошо, за добро е!
     
    На kate21, julie77, MandyLane и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.